OГНОМЕТИ ГО ЗАПАЛИЈА НЕБОТО НАД НЕАПОЛ! Вака се прославуваше победата над Јуве (ВИДЕО)

Синоќа Наполи го совлада Јувентус во Торино со 0:1 и се доближи на само бод до “старата дама” во борбата за Скудетото.

Погодокот на Кулибали во 90-тата минута беше одлучувачки за големата и историска победа на фудбалерите на наполитанците.

Натпреварот беше оценет како најздодевен во целата сезона кога се во прашање дерби натпреварите во Сериа А, но вредеше злато за фудбалскиот клуб од Неапол.

Во преостанатите 4 кола битката ќе биде неизвесна, а со оглед на тоа дека наредниот викенд Јувентус гостува кај Интер во Милано, дава ветер во грбот на сините од Неапол.

Вака се прославуваше во Неапол веднаш после постигнувањето на победничкиот погодок.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.