“Лидер”: Васко Ефтов нов директор на “Алфа ТВ”

Познатиот новинар и уредник Васко Ефтов од денеска е управител на телевизија Алфа, дознава Лидер од извори во медиумот.

На директорската позиција Ефтов доаѓа како автор на емисија „Во Центар“ која се емитува токму на Алфа и претставува најгледан ТВ продукт на телевизијата.

Ефтов неговата кариера ја има започнато во осумдесетите години како новинар во НИП Нова Македонија. Во деведесетите ја почнува неговата емисија, која од тогаш па наваму е политичка емисија со најдолг континуитет во Македонија и постојано котира на врвот во рејтинзите на гледаност, на која телевизија и да се емитува, пишува Лидер.

Телевизија Алфа е телевизија со национална концесија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.