Детали за синоќешната сообраќајка на патот Прилеп – Градско: Повредени две малолетни деца

СВР Велес информира и дека синоќа во 20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ со струшка регистрација управуван од 61-годишниот Д.Д. од Струга и трактор марка „ИМТ“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од 26-годишниот Р.Р. од Росоман.

– При несреќата со тешки телесни повреди се здобиле дванаесетгодишно и петнаесетгодишно дете сопатници од тракторот. Повредените се пренесени во ЈЗУ ОБ Кавадарци, информира Додевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.