Maичка со Гоце Делчев, фустан со сонце од Кутлеш! Вака се сака Македонија (Фото)

Aнгела Тасева е млад студент на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје и е една од ретките девојки со илјадници следбеници на социјалните мрежи. Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 37.000 корисници, а нејзините објави изнудуваат огромен број позитивни реакции.

На нејзината најнова фотографија Ангела носи маичка со ликот на Гоце Делчев, а како сукња го носи знамето со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

“Страдаме, како што страдал тој, живееме за народот свој, како што живеел тој. Сакаме да умреме за слобода, како што умрел и тој. Гоцевиот дух никогаш нема да згасне затоа што буди народ за борба света! А, за борците млади што Македонија си ја љубат, спремни се сé да изгубат!”, напиша Ангела.

За кратко време нејзината фотографија доби стотици позитивни коментари и допаѓања.

Неодамна во интервју за Маркукуле Ангела откри повеќе за себе, кои се нејзините афинитети, желби, како и совети за да се изгради еден ваков “инфлуенсерски” профил.

Прочитајте повеќе ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.