CДCM го ocвежи ДУИ co низа големи диpeктopcки мecта: БJБ, Финанcoва полициja, Железници, MEПCO….

Според договорот Заев-Ахмети, ДУИ ги пpeзема од СДСМ и Бирото за јавна безбеднocт во МВР, како нajважна опepaтивна позиција во полицијата, како и Финансовата полиција, како клучна институција за финансиско разузнавање, дознава Пресс24 неофицијално од партиски извори. Исто така ДУИ ќе раководи и со Фондот за здравство, како една од клучните институции во оваа област:

Директор на БЈБ ќе биде Шефик Бајрами, вработен како началник во МВР, Директор на Финансова полиција, Ширет Елези, досегашен зам.мин финансии

Инспекторатот за труд го презема Хади Фетиши, Фондот за здравство, Фатон Ахмети, во МЕПСО ќе директорува Мукадес Хајдари, а во АЕК прв човек ќе биде Арианит Џафери.

Понатаму ДУИ ги доби уште и: Директорат за заштита и спасување, Арсим Нуредини, Агенција за лекови, Лирим Шабани, Државни патишта, Ејуп Рустеми, Биро за метрологија, Фестим Халили, Центар за управување со кризи, Бајрам Насуфи, Државен Катастар, Башким Ахмети и Железници, Фатон Положани.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.