Cipriani носи вистинска празнична приказна во Прилеп: Богата музичка програма и мени, плус на тоа и награди – iPhone 18 Pro и електричен тротинет!

Празничниот период во Прилеп годинава добива една поинаква димензија, а едно од местата каде што ќе се слави со полна пареа е Cipriani. Со внимателно подготвена предновогодишна програма, познати музички имиња, одлична гастрономска понуда и посебна празнична атмосфера, Cipriani се наметнува како вистинско освежување во претпразничниот период во градот.

Наместо да чекате само една новогодишна вечер за добро да се забавувате, во Cipriani ве очекуваат дури 15 датуми исполнети со музика, дружење и добра енергија. Програмата започнува на 12 декември, а завршува со дневна новогодишна забава на 31 декември.

На музичката сцена ќе се менуваат добро познати изведувачи и групи, секој со свој препознатлив стил, па секој ќе може да го пронајде вистинскиот повод за излегување, без разлика дали планира вечер со пријателите, дружење со колегите, семејна прослава или забава со најблиското друштво.

Ова е предновогодишната програма на Cipriani:

12.12 – Куку Леле, 21:00 часот

17.12 – Тајфата, 21:00 часот

19.12 – Трио Манифико, 21:00 часот

20.12 – Екстра Бенд, 21:00 часот

21.12 – Група Марифет, 21:00 часот

22.12 – Алтернатор, 21:00 часот

23.12 – Модус Бенд, 21:00 часот

24.12 – Алтернатор, 21:00 часот

25.12 – Феникс Бенд, 21:00 часот

26.12 – Екстра Бенд, 21:00 часот

27.12 – Тамара Волческа, 21:00 часот

28.12 – Тајфата, 21:00 часот

29.12 – Марифет, 21:00 часот

30.12 – Екстра Бенд, 21:00 часот

31.12 – Дневна новогодишна забава со Екстра Бенд

Но, добрата музика е само дел од понудата. За празничните дружења да бидат комплетни, во Cipriani подготвиле и посебни менија по цена од 1.850 денари.

За љубителите на традиционалната гастрономска понуда, на располагање е мени со витаминска салата, богато топло и ладно предјадење, како и главни јадења – роловано свинско ребро со песто сос и пилешка салтинбока со крем-сос од пршута и пекарски компир.

Подготвено е и посно мени, кое вклучува витаминска салата, поховани тиквици, маслинки, кромид, крокети и печурки на скара, а за главно јадење гостите можат да изберат калifornиска пастрмка со пекарски компир или паста со морски плодови.

На менито се предвидени и различни алкохолни и безалкохолни пијалаци, меѓу кои ракија, виски, џин, вотка, коњак, вино, пиво и газирани и негазирани пијалаци.

А празничното изненадување не завршува тука!

Cipriani подготви и голема новогодишна наградна игра во која ќе бидат доделени две атрактивни награди – нов iPhone 18 Pro и електричен тротинет!

Право на учество има секој гостин кој ќе направи сметка поголема од 1.800 денари, при што секој гостин на масата добива посебно ливче за учество. Во наградната игра ќе учествуваат и сите оние кои ќе купат карта за некоја од предновогодишните забави во Cipriani.

Дополнително, нема ограничување на бројот на учества – секоја нова сметка над 1.800 денари или секоја новокупена карта за предновогодишните забави носи нова шанса за освојување на една од наградите.

За учеството да биде валидно, потребно е на ливчето да се запишат името, презимето и контакт-телефонот, да ги заследите официјалните профили на Cipriani на Facebook и Instagram и наградната игра да се сподели на личниот профил, преку објава или стори.

Големото извлекување ќе се одржи на 31 декември, за време на дневната новогодишна забава со Екстра Бенд, пред присутните гости, а ќе може да се следи и преку лајв пренос на официјалните профили на ресторанот. Доколку биде извлечен учесник кој не ги исполнува условите, ќе следува ново извлекување.

Со ваква музичка програма, богато мени, внимателно осмислена понуда и дополнителни празнични изненадувања, Cipriani годинава навистина има со што да го привлече вниманието на прилепчани.

Без разлика дали барате место за предновогодишна прослава со колегите, вечерно излегување со пријателите или убаво дружење со семејството, тука ве очекуваат многу поводи за наздравување и создавање убави празнични спомени.

Резервации и информации: 078 534 334

Cipriani – празничните денови заслужуваат да се прослават во вистинска атмосфера!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.