дома блог страница 1000

Aмериканската амбасадорка отвараше едукативен центар во село Радово (ФОТО)

Децата од предучилишна возраст од општините Босилово и Ново Село добија современ едукативен центар и безбеден простор за социјализација и игра. Членовите на локалната заедница, компании од приватниот сектор, локални граѓански организации и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) преку Програмата за развој на заедницата ги здружија своите сили во поставување и опремување нов предучилиштен едукативен центар „Огражденски пеперутки“ кој се наоѓа во селото Радово, општина Босилово. Едукативниот центар има капацитет за околу 20 деца со можности за негово проширување во иднина.

Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Анџела Агелер, и ВД. Директорот на Канцеларијата на УСАИД за економски развој, г. Кристофер Доџ, ги посетија децата во едукативниот центар и разговараа со градоначалникот на општина Босилово, г. Ристо Манчев, и жителите за предизвиците со кои тие се соочуваат и како истите може да се надминат. Амбасадорката Агелер ја истакна важноста на соработката помеѓу локалните актери за решавање на локалните приоритети и стимулирање на економскиот развој во руралните средини.

Од почетокот на септември, околу 20 деца од регионот се запишаа во едукативниот центар каде секојдневно имаат пристап до предучилишно образование, дружење и игра со своите врсници што влијае на зголемување на квалитетот и опфатот на образованието во руралните заедници. Со тоа, мајките на овие деца сега можат поактивно да пристапат кон пазарот на трудот и да се вклучат во локалната работна сила. Се очекува овој предучилиштен едукативен центар да има позитивно влијание врз намалување на миграцијата поради тоа што семејствата ќе можат да ги најдат потребните образовни и згрижувачки услуги во својата заедница наместо истите да ги бараат во поголемите, урбани центри.

Преку вакви активности, УСАИД ги поддржува и поттикнува локалните актери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор да осмислуваат, финансираат и имплементираат иницијативи што ги бараат граѓаните како решенија на локалните предизвици. Центарот „Огражденски пеперутки“ е поддржан на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија во соработка со ЛАГ Беласица-Огражден, која ја опфаќа територијата на општините Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, како и останати четири Локални акциски групи од регионот.

Прилеп вечерва под опсада на УЈП…одат ли инспектoриве некогаш во други градови?

Maркукуле дознава дека вечерва инспектори на Управата за јавни приходи од повеќе градови го “чешлаат” Прилеп.

Граѓани информираат дека инспекторите биле групирани во десетина групи и го проверуваат работењето на прилепските угостители и дуќанџии, а неофицијално изречени се и повеќе казни.

Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден.

Притвор за битолчанец: Без посебна причина претепал свој сограѓанин додека тој пиел кафе

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 30 септември, во кафе бар на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице.

Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина започнал да го удира со тупаници по главата, нанесувајќи му телесни повреди. Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен.

Со насилството предизвикал вознемиреност и кај останатите присутни гости во објектот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот. Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи притвор во траење од осум дена.

Најдобри цени за навремена и ефикасна испорака: “Пост Експрес” е вашиот партнер за брзи пратки низ цела Македонија!

Ако досега се двоумевте на кого да му ја доверите доставата на вашите пратки, а притоа истите безбедно и брзо да стигнат на одредената дестинација, не чекајте повеќе, затоа што “Пост Експрес” е вистинскиот избор.

По најниски цени, во современи возила и најважно, побрзо од другите, “Пост експрес” ќе биде ваш главен партнер за развој на вашиот бизнис.

Koмпанијата е една од водечките за брзи пратки, чиј раст и развој не застанува од денот на нејзиното формирање. Нивната визија е поврзување на целата територија на Република Македонија, со цел создавање услови за непречена трговија, каде далечината нема да биде пречка за размената на пратки.

“Пост експрес” изгради нови стандарди во дејноста во Македонија, а нивниот тим ви стои на располагање за транспорт на секаков вид пратки.

Во нивната листа на услуги спаѓа:

Стручниот тим, амбициозноста, професионалноста и љубезниот приспат со клиентите се примарните принципи на работа на компанијата.

“Пост експрес” има свои пунктови на три локации во Скопје и во 21 град во Македонија. Повеќе погледнете ТУКА

Вашата доверба доверете им ја на најдобрите. Кога “Пост Експрес” е вашиот партнер за достава, веќе сте го направиле вистинскиот избор!

Сајкоски вечерва на жежок терен во Прилеп

-Почитувани, ги покануваме сите членови и симпатизери на МК Рид 36, на средба со генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски пред просториите на месниот штаб, во текот на утрешниот ден со почеток во 18 часот и членовите и симпатизерите на МК Жабино Маало во 18:45 во паркот во населба Жабино Маало – информираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Незапирливи! Прилепските велосипедисти од “Илинден” со маестрален настап на трофеј “Скопје” (ФОТО)

Во саботата, во центарот на Скопје се одржа Меѓународната велосипедската трка трофеј „Скопје“, која е единствена трка во Македонија која се вози во попладневен термин. Трката беше следена од голем број граѓани, кои беа воодушевени од овој спортски настан. Велосипедистите на ВК и Сервис „Илинден“ oд Прилеп настапија со 5 велосипедисти и ја покажаа моќта што ја поседуваат.

Пласманот на велосипедистите е следниот:

– Андреј Маџоски II место – Јуниори ( I место за ранг листа)
– Константин Костоски I место – Кадети
– Никола Ристески II место – Кадети
– Младен Петрески VI место – Кадети
– Стефан Маџоски II место – У15

Следна планирана препрека е престижната трка “Juniori kroz Vojvodinu”, која е во 2 етапи и ќе се вози на 7. и 8. октомври во Србија, каде ВК и Сервис „Илинден“ е поканет да учествува.

Пензионерите извисени: Нема линеарно зголемување на пензиите, рече министерката

Министерката за труд „ги израдува“ пензионерите кои со душа чее да добијат вистинско зголемување на нивните примања. Рече дека не е предвидено линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем. Оваа недела се очекува да биде готов извештајот на работната група за пензиите, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

– Очекувам оваа недела да биде доставен извештајот на работната група којшто ќе биде доставен до Владата за сите заедно да одлучиме кои мерки дополнително ќе бидат донесени во новиот пакет на антикризни мерки. Меѓу тие мерки нема линеарно зголемување затоа што линеарното зголемување не им оди во прилог на сите пензионери. Со новата методологија, само за година и пол, најниската пензија е зголемена за речиси 2.200 денари, а согласно растот на пензиите, и понатаму ќе се применува новата методологија и ќе се оди со она што е законско решение сега во моментот. Ќе имаме мерки што ќе значат дополнителен приход, финансиска поддршка на пензионерите, меѓутоа ќе бидат опфатени оние пензионери кои се со ниски пензии и кои се во најранливата категорија, изјави Тренчевска.

Тренчевска рече дека како Влада остануваат отворени за разговор со пензионерите, но дека не се согласува со линеарно зголемување на пензиите како што бараат пензионерите поради стабилноста на пензискиот систем.

„Секое нереално покачување на пензијата и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 336.000 пензионери. Ниту како Влада, ниту како министерка за труд и социјална политика нема да дозволам да се наруши стабилноста на Пензискиот фонд. Од 2017 година наваму работиме на зголемување на приходите во Фондот за пензиско и тоа го покажуваме со намалување на дефицитот којшто во 2017 беше околу 47 проценти, а сега е намален на 33 проценти“, истакна Тренчевска.

Посочи дека за година и полoвина пензиите се зголемени за 24 проценти од јануари лани согласно усогласувањето со животните трошоци.

После 10 години ќе нема кој да ви вели: “Намалете го тонот од телевизорот” – Новинарот од Прилеп се одјави од емисијата “Очи во Очи”

Новинарот од Прилеп, Огнен Јанески после една деценија се одјави од контактната емисија “Очи во Очи” на ТВ 24.

-Емисијата ,,Очи в Очи” започна пред 10 години, на 8 мај 2013 година. По 10 години во оваа емисија, а 15 години откако започнав да водам контактни емисии, време беше една оддишка да се земе од нив и да се одмори од фразите ,,Ве молам, намалете го тонот на телевизорот” и ,,Зборувајте на темата”.

Што сè не поминавме заедно во емисијата #ОчиВОчи – од најпозитивниот до најнегативниот екстрем. Од најголемите среќи и најдлабоките таги, споделени по сите основи – лично мои, лични од гледачите, општествено важни и животопроменувачки.

Не мислев дека дотолку ќе се вгнезди еден ваков формат на емисии, но, циклусот на кругот на животот треба да се затвори како што и започнал. Најголемите умови во историјата рекле дека треба да знаете кога да се повлечете при успехот, и можеби времето за некого е задоцнето, но, секој си го следи својот пат.

Телевизија 24, преку оваа емисија обезбеди стандарди за гледачите кои претставуваа сè што нашето општество е. И токму тоа беа едноставните причини за постоењето на емисијата – почитување, слушање, коментирање, фокусирање и одржување.

Ви благодарам што емисијата ја направивте да биде на тој пиедестал на кој вие ја поставивте, и што ми бевте водилки во текот на моето битисување низ неа.

Денеска, 10 и пол години подоцна, а 10 ефективни за мене, конкретно од оваа емисија се одјавив, а и јас си дадов за право да си го кажам своето мислење (иако повеќе од две минути) наспроти тоа што секогаш велев дека е неважно моето, и тоа е за гледач(к)ите. – напиша Јанески на својот ФБ профил.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=2560814070738964&set=a.101493003337762

(ВИДЕО) Стојанче покажа како се брка мечка: “Опасностите изгледаат поедноставно кога се гледаат на ТВ или мобилен телефон”

Стојанче Ангелов, претседателот на Центарот за управување со кризи, на Фејсбук објави видео во кое се гледа како граѓаните на село Жировница бркаат мечка со батериска ламба низ улиците. „Ајде, ајде“ и „а,а“ се слуша додека мечката бега, а по неа се затрчуваат и кучиња.

Под видеото Ангелов напиша:

„Вечерва низ тесните улички на с. Жировница…Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“.

Владата на седница во вторникот донесе превентивни мерки во врска со проблемот со мечките во Маврово. Освен мерката да се дохрануваат на посебни хранилишта надвор од населените места, Владата одлучи навреме да се чисти сметот од ѓубре кое ги привлекува мечките во деловите каде живеат луѓе, а објектите за одлагање комунален отпад да имаат метална ограда.

Мерката ги задолжува локалните власти и јавната установа Национален парк Маворово да сораоботуваат и да ги чистат депониите, улиците и патиштата, да ги проверуваат придружните објекти со храна, да ги обезбедуваат имотите, да користат стандардизирани методи за заплашување и одвраќање на мечките во соработка со државните органи.

Вучиќ: Виновен сум што им верував на ЕУ и САД

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тој е виновен за ситуацијата на Косово бидејќи верувал дека ЕУ и САД ќе го исполнат тоа што го напишаа во решението од пред една година и дека дозволил Србија да зависи од други.

„Јас сум виновен затоа што верував дека ќе го исполнат тоа што го напишаа и дека ги доведов Србите на оваа позиција. Втората грешка е што си дозволив да зависам од другите и не крунисаа дел по дел стоејќи на страната на Курти. изјави Вучиќ за телевизијата „Хепи“, зборувајќи за настаните на северот на Косово од пред една година.
Како што потсети, барикади беа поставени во септември минатата година по расправијата за регистарските таблички, како и поради разрешувањето на регионалниот полициски командант Ѓуриќ, што, според привремените институции на премиерот на Приштина, тој го наредил директно од Берлин.

„Потоа Србите поставија барикади, од нив добиваме изјави од КФОР дека биле поставени експлозивни направи за да не се влечат камиони, истите направи што убиле полицаец, а тие нема да го признаат тоа. Потоа продолжува, Србите се креваат во мирно востание, но со безброј проблеми Петнаесет дена имаме тешки разговори и дојдовме до документ што го прифаќаат и САД и ЕУ, имено дека нема список за апсење и дека ќе ги објават сите Србите од барикадите без апсење“, рече тој.

Тој додава дека на средбата во Рашка Србите со Косово не ја прифатиле, поради што побарал дополнителни гаранции за Србите.

„Ескобар прво рече дека не можат, а потоа прифати. Втората вечер тие го одбија истото, третата слушнавме што навистина мислат. Верував дека тоа е единственото можно, верував дека ќе се спроведе се што е договорено. Ги имав најголемите гаранции светските сили“, изјави Вучиќ. На прашањето за интервјуто што го даде за Си-Ен-Ен претходно денеска, Вучиќ рече дека тоа е производ на „наша напорна и напорна работа, а не на дипломатска офанзива“.

Тој посочи дека коренот на проблемот е во режимот на Курти.

„Корените се во она што се случи пред една година. Пред две години, кога дојде Курти, почна прогонот на Србите. Кога германските новинари велат дека тоа е гротескно – тие лажат, бидејќи нивната амбасада знае дека 11 проценти од Србите си заминале. затоа што чекаат Косово да остане без Србите“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека кога станува збор за актуелната ситуација на Косово, колку и да бевме во право и компромисно ориентирани, некои, особено од Европа, се обидоа да направат контрамерки и да застанат на страната на Курти. Тој истакна дека Курти ќе продолжи со прогонот на Србите од Косово и оти за тоа ќе има поддршка.

Дали т.н „Ако меѓународната заедница дозволи теророт да продолжи, луѓето ќе си ги пакуваат работите и ќе си заминат со трактори“, рече Вучиќ.

„Морам да кажам дека не сме далеку од тоа“, додаде тој.

Тој нагласи дека не е првпат Србија да се соочува со тешки искушенија и им порача на граѓаните во “централна Србија и на Косово и Метохија” дека е неопходно да се продолжи со борбата за да се одолее на теророт што го спроведува Албин Курти.

„Ова е проблем кој бара наше единство, да бидеме одговорни, да го заштитиме нашиот народ и да ја градиме земјата. Да размислуваме како да одиме напред. Да знаеме дека не можеме да веруваме никому, но дека и ние мора да бидеме дел од светот Виновен сум што им верував во еден момент, но им поверував бидејќи немав каде да одам“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека сега е јасно дека Курти апси Срби на Косово врз основа на претходно подготвени списоци што секојдневно ги ажурира.

Тој додаде дека специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, му рекол дека Курти го лажел за списоците за апсење.

„Тогаш започна прогонот на луѓето во КиМ, кои сакаат да живеат со своите семејства. Тоа беше една од клучните причини за овој бунт. Реков дека не можете да судите и апсите луѓе без докази. Не можете да пукате Драгиша Гаљак, Јовановиќ, Миљевиќ и другите, а нема обвинение против оние кои тоа го направиле“, рече Вучиќ.

Вучиќ потсети дека Основното обвинителство во Урошевац му ја замени мерката притвор со мерка куќен притвор за членот на КБС, Азем Куртај, кој на Бадник ги застрела момчињата Стефан и Милош Стојановиќ.

„Не можете да го казните човекот кој застрела две деца затоа што тие носеа крст пред Божиќ“, рече Вучиќ, оценувајќи дека ваквите потези на властите во Приштина придонеле за бунтот на Косово.