дома блог страница 972

Медицинската сестра која е обвинета за кражбата во Онкологија и се обратила на новинарката која го објави скандалот: “Ме упропасти психички“

Новинарката на Слободен печат Мирослава Симоновска, која со месеци известува дека една иста медицинска сестра, младата А.О. од Скопје (која на Клиниката за Онкологија е вработена од својата 18-та година), била пријавена за кражба на цитостатици на Клиниката за Онкологија, е мета на притисок од медицинската сестра да не објавува повеќе за нејзиниот случај и ја обвинува новинарката за психолошка тортура, објави редакцијата на печатениот и електронски медиум.

И двете пријави за сестрата немаат судска завршница. Во меѓувреме таа ја обвинува нашата новинарка за психолошка тортура и врши притисок во иднина да се внимава како и што се објавува.

Целата статија на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ можете да ја проитате ТУКА.

Карневали, изложба на олдтајмери, Лепа Брена, Халид Бешлиќ, Харис Џиновиќ…Кавадарци викендов ќе биде центарот на случувањата во Македонија!

Oд 08.09 до 10.09. во Кавадарци ќе се одржи традиционалниот “Тиквешки гроздобер 2023”, а денеска организаторите ја објавија целосната програма.

Во неа нема што нема. Голем број познати изведувачи, карневали, изложба на олдтајмери, таблијада… се само мал дел од настаните кои ќе се случуваат викендов во градот од Тиквешијата.

Нови цени на горивата во Македонија, еве колку ќе чинат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 29.8.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек: зголемување кај бензините за 0,396%, кај дизелот има намалување за 0,764%, кај екстра лесното масло исто има намалување за 1,028% и кај мазутот намалувањето е за 0,027%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,246%

Од 5.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,158 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,094 ден/кг и сега ќе изнесува 46,158 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.9.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Доктор Даниловски: Овој срам никогаш нема да си го испереме

Доктор Драган Даниловски се огласи за Фејсбук по случувањата на Клиниката за онкологија велејќи дека ова што се случува е голем срам.

-Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се: И овој да не е од „таквите“? Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“. Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!
Едит:
Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж…,
пишува доктор Даниловски на Фејсбук.

Најмакедонскиот настап досега на “ПИВО ФЕСТ” во Прилеп (ВИДЕО)

Покрај гостите од соседството, на PRILEP BEET WEEKEND имаше одлични изведувачи од домашната музичка сцена, а најголем впечаток пред публиката остави Бојана Скендеровски, која успеа да ја дигне и целосно да ја загрее атмосферата на третата фестивалска вечер. Погледнете дел од атмосферата во продолжение:

Комуналец се пофали: Го исчистивме целиот отпад од фестивалот во центарот на градот (ФОТО)

По последната фестивалска вечер , големата посетеност, но и денешните врнежливите временски услови, комуналните работници го доведоа градов во првобитната состојба. Купишта отпадна хартија, отпадоци од пластичен прибор, лименки, отпушоци и што ли не, чистеа комуналците утрово – информираат од ЈКП Комуналец Прилеп.

“Најнапред одделението за селекција на отпад собира се она што може да се рециклира. Додека пак, единиците метачи и паркови и зеленило пристапуваат кон темелно метење и миење на плоштадите, улиците, тротоарите и зелените површини. По ова, собраниот отпад се транспортира и депонира во депонијата Алинци, каде за време на трите фестивалски дена се депонирани над 40 м3, мешан комунален отпад. Во функција се и двете цистерни кои веќе го измија поширокото градско подрачје.

По сите убавини кои се случуваат на пивофестовските забави, останува комуналците да исчистат се она што многубројните посетители оставаат зад себе, со цел убавините кои ги нуди централното градско подрачје да се доведат во првобитната состојба, како и ништо да не се случуавало пред тоа. Задача на комуналците е до 7 часот наутро централното градско подрачје да биде со врвна чистота. Денеска останува уште да се да се размонтираат штадндовите, да се исчисти и измие Булеварот,, Гоце Делчев’, и да се пушти за проток на возила.
Уништените тревнати површини на плоштадот,, Александрија,, ќе се третираат со препарати и ќе се доведат во првобитната состојба.

Горди на својата работа, горди на постигнувањата и пофалбите кои ги имаа од посетителите, комуналците остануваат на заложбата градов да го држи приматот за најчист град и да биде пример во државава, како и за големи манифестации може да се постигне врвна чистота до рани зори”, стои во соопштението.

Кинолошкиот Сојуз на Македонија прослави 70 години постоење: Д-р Панче Дамески награден со плакета за долгогодишна афирмација и унапредување на македонската кинологија (ФОТО)

Кинолошкиот Сојуз на Македонија прослави голем јубилеј – 70 години постоење, и е еден од ретките сојузи воопшто кој може да се пофали со таква долга историја и јубилеј вреден за почит.

На манифестацијата во Охрид беше присутен и Д-р Панче Дамески од Прилеп, на кого од КСМ му беше доделена плакета за личен придонес, унапредување и долгогодишна афирмација на Македонската кинологија на национално и интернационално ниво.

Д-р Дамески прв доктор по ветеринарна медицина од Прилеп и втор доктор по ветеринарна хирургија од Македонија, кој своето звање го стекна на реномираниот универзитет во Загреб. Неговото име долги години е синоним, како за стручност и посветеност во областа на ветеринарната медицина, така и во кинологијата.

Денеска нова одлука за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката од минатата недела, цените на бензините се намалија за половина односно за еден денар, додека дизелот поскапе за 1,5 денари.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,064 (денари/килограм)

Гимназијалецот Петар Мирчески, кој освои бронза на Олимпијадата по хемија во Цирих, на прием кај министерот за образование (ФОТО)

На 30.08.2023 год. гимназијалецот Петар Мирчевски оствари средба со министерот за образование Јетон Шаќири. Повод за средбата беше освоениот бронзен медал на 55 Интернационална Олимпијада по хемија во Цирих, Швајцарија.

Освен Петар на средбата присуствуваа и другите двајца ученици од натпреварувачкиот тим на Република Македонија, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје, нивните ментори Блаже Димески, Марјана Младеновска Петровска и директорката на прилепската гимназија, Весна Михаиловска.

“Задоволство ми е секогаш кога имам средба со успешни ученици, но уште посреќен сум кога нивните успеси ја претставуваат нашата земја на меѓународно ниво”, истакна министерот.

Директорката Весна Михаиловска ги пофали прилепските гимназијалци, кои оваа година освоија 35 први, втори и трети места на државни и меѓународни натпревари.

“Ваквиот успех е резултат на мотивирани и талентирани ученици и квалитетен наставен кадар ,кој и покрај проблемите во образованието, успешно се справува со предизвиците пренесувајќи им го своето знаење и искуство на учениците” рече Михаиловска.

На крајот од разговорот министерот уште еднаш им честиташе на учениците и порача: “Нивниот успех нека биде модел за сите други ученици”.

Враќање на крајот од школската година: Од утре забрането носење мобилен телефон во основните училишта

Соопштение до сите ученици што учат во ООУ”Климент Охридски” Прилеп

По упатството на Министерството за образование и наука, исто така целосната поддршка на Локалната самоуправа и градоначалникот,едногласно усвоена на наставнички совет на училиштето.

ООУ “Климент Охридски” Прилеп им соопштува на сите ученици од прво до деветто одделение дека од утре 4.09.2023 год стапува во сила апсолутна забрана на носење телефни во рамките на училиштето,и ограничено користење на телефон на наставниците.

Секој родител ќе има телефонски број од класниот раководител, стручната служба и директорот за било каква потреба од ученикот.

Ова соопштение треба да се сфати за сериозно,бидеќи секој телефон откриен во рамките на училиштето ќе биде одземен и вратен до крајот на учебната година – стои во соопштението кое на социјалните мрежи го сподели директорот на училиштето.