дома блог страница 971

Ден пред Прилеп и Битола го празнува својот заштитник: Со Литија низ битолските улици и пригодна програма одбележан Св. Нектариј Битолски (ФОТО)

Општина Битола, во соработка со Преспанско – пелагониската епархија, денес го одбележува Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“. Програмата започна синоќа со Концерт на Хорот „Стив Наумов“, во Офицерскиот дом, а денес продолжи со Литургија во Соборниот храм „Свети Великомачник Димитриј“. Од храмот, верниците продолжија со Литија низ битолските улици, движејќи се по улицата „Кирил и Методиј“, покрај Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ и низ Широк Сокак.

Денот на заштитникот на градот, Битола го одбележува од 2008 година. Свети Нектариј Битолски, бил роден во Битола во 20 те години на 15 век, со световно име Никола, а своето светителско достоинство го добил на Света Гора, во најголемиот христијански центар на Балканот.

Соочувајќи се со човечката завист, демонските напади и тешка телесна болест, тивко и достоинствено, се преселил во вечното царство Христово на 5 декември 1500 година.

Како што стои и во Тропарот за Свети Нектариј, Битола е градот кој го воспита овој светител, а во насока на изградба на интелектуално силни личности, на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски, втора година по ред, по повод патронот на градот, општината ги наградува најуспешните и талентираните ученици од основните и средните училишта во Битола.

Tрадицијата продолжува: Жителите на Жабино Маало го одбележаа заштитникот на Прилеп, Св. Никола Чудотворец (Фото галерија)

Секоја година, еден ден пред празникот „Св. Никола“, жителите на прилепската населба “Жабино Маало” со богата посна трпеза, топли напитоци и со желби за успех го слават патрониот празник на Прилеп.

Редици верници и денеска се собраа пред параклисот во оваа населба, запалија свеќи и се помолија за здравје за себе и своите најблиски.

На настанот беше присутен и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој го честиташе христијанскиот празник Св. Никола посакувајќи здравје, среќа и бериќет во домовите на сите граѓани.

-Сакам да ви посакам пред се добро здравје на сите, мир, среќа и бериќет во вашите семејства. Голема благодарност за организацијата упатувам до годинешните домаќини Љупче и Менде со нивните фамилии а исто така го честитам кумството на новите домаќини за в година и се надевам дека здрави живи сите ќе се видиме повторно тука да го одбележиме овој голем празник. Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги поканам сите жители на општина Прилеп утре заедно на централната прослава на празникот во центарот на градот пред параклисот на Св. Никола и на плоштадот „Александрија“! Нека ни е за многу години празникот – напиша Јовчески.

Универзитетот Скопје промотор на Македонија: Студентите се враќаат со 7 златни и 2 бронзени медали од силен гастрономски натпревар во Турција (ФОТО)

Студентите од Универзитет Скопје, од 13-16 декември беа учесници на Меѓународниот гастрономски натпревар ,,Гастро Истанбул – 2023,, кој се одржуваше по дваесетти пат во областа Тузла Марина.

Студентите под менторство на проф. Даниела Пантич Влахович – меѓународен судија, се натпреварува во 4 категории (паста, пилешко, риба и модерно јадење).

На овој јубилеен натпревар, кој е организиран од страна на турската готварската федерација TASFED и господин Бајрам Озрек, во конкуренција од 23 држави, студентите се закитија со 7 златни и 2 бронзени медали.

Прилепчанецот Христијан Јандриоски освои 3 златни медали, Бојана Богоеска 2 златни медали, Виктор Арсоски и Дијана Петковиќ зедоа по 1 златен и 1 бронзен медал.

Универзитет Скопје е горд на своите студенти, горд на нивниот успех, а со оглед на фактот дека овие студенти беа единствени претставници од Македонија, ова е и успех за нашата држава.

Што се случува? Во два дена две опожарени возила во Прилеп

На 17.12.2023 во 22.00часот во ОВР Пилеп, Д.В. (47) од Прилеп пријавил дека на ул. “Кузман Шапкарев” било опожаено неговото патничко возило “фолксваген голф” со битолско регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистуување на настанот – информираат од СВР Битола.

Ова е втор случај на опожарено возило во Прилеп во изминатите два дена.

Претходно на 16.12.2023 во 15.09 часот во СВР Битола, С.А.(45) од Прилеп пријавил дека на ул„Орде Чопела” било опожарено неговото патничкото возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки.

Извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампиони: Нашиот Елмас со Наполи го доби најтешкиот можен противник

УЕФА ја одржа ждрепката за осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Во седиштето на УЕФА во Нион беше организирано извлекувањето за првата нокаут рунда на елитното натпреварување.

Наполи на нашиот Елмас ќе има тешка задача во дуел против Барселона, додека пак англиските великани Арсенал и Манчестер Сити добија навидум лесни противници.

Ова е комплетната ждрепка:

За прв пат досега – Три дена Новогодишен базар во Прилеп

Општина Прилеп оваа година, зa прв пат ќе организира Новогодишен базар на Платото кај Градскиот Саат.

Пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе ги чуваме, ќе им се понудат на Прилепчани во трите предновогодишни денови.

На 28, 29 и 30 декември 2023г. од 11:00-15:00, на Новогодишниот базар, ќе има различни музички, забавни, гастрономски и други содржини и изненадувања за сите генерации.

Организацијата на овој настан е во соработка со здружението Слоу Фуд Прилеп, чии членови ќе им подготват на прилепчани многу разновидни производи, направени од вредните раце на малите локални производители.
Базарот ќе биде проткаен со забавна програма презентирана од локалните уметници и интерпретатори.

Среќна Нова Година, добро здравје и убави желби Ви посакува Општина Прилеп!

Програма :

ЧЕТВРТОК 28.12.2023г
11.00ч Oldschool Selector – Christmas party
12.00ч Оркестар ТРИО ГРАНДЕ – староградска музика
13.00ч Женски камерен хор “Керамија“
14.00ч Oldschool Selector – Чалгија во стара чаршија

ПЕТОК 29.12.2023г
11.00ч Забава за деца со кловнот Лили
12.00ч Оркестар ТРИО ГРАНДЕ – староградска музика
13.00ч “Acoustic Trio – Македонски евергрини
14.00ч DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов

САБОТА 30.12.2023г
11.00ч Забава за деца со кловнот Лили
12.00ч DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов
13.00ч Оркестар ТРИО ГРАНДЕ – староградска музика
14.00ч ИГИ БОК – Македонски рок

Дури 130 возачи викендов казнети на територијата на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот(15/16/17.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 130 возачи, меѓу кои 48 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за непрописно престигнување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.

Еве како ќе изгледа парламентот на Србија

.

Според 50 отсто обработени избирачки места, листата „Србија не смее да запре“ има 47,1 отсто поддршка, објави синоќа премиерката Ана Брнабиќ од седиштето на СНС.

Прва зад листата „Србија не смее да запре“ е листата „Србија против насилство“ со 23 отсто, додека СПС има 6,7 отсто.

На четврто место е Нада со 4,9 отсто, додека на листата на Бранимир Несторовиќ има 4,6 отсто, додека Двери е меѓу 2,9 и 3 отсто.

Вака ќе изгледа Парламентот:

Според проекциите, „Србија не смее да запре“, треба да именува 129 пратенички места во Собранието, „Србија против насилство“ 64, Ивица Дачиќ – премиер на Србија – 18, Надеж за Србија – 13, МИ – Глас на народот – 13 , Алијанса на Војводински Унгарци – 6, Усаме Зукорлиќ – 3, СДА Санџак – 2, Политичката борба на Албанците продолжува – 1 и Руската партија 1.

Убавина која полни душа! Над 500 птици на 28-от Орнитолошки шампионат на Македонија, кој деновиве се одржа во Прилеп (Фото галерија)

Од 14 до 17 декември во Домот на култура “Марко Цепенков” се одржа 28-миот по ред Орнитолошки шампионат на Македонија, кој го организираше Друштвото за заштита и одгледување на птици ,,Кардинал” од Прилеп.

Во Орнитолошката федерација на Македонија членуваат 8 здруженија, а денешниот и последен ден на изложбата беше отворен ден за посетители, при што сите наши сограѓани имаа прилика да видат над 500 различни птици.

За најдобрите изложувачи беа доделни медали и признанија.

Инаку ретко кое граѓанско здружение од нашиот град може да се пофали со 56 години континуитет, ентузијазам, љубов и посветеност.

Од 1967 година како “Канарија” до 1998, а потоа како “Кардинал”, па се до денешен ден, друштвото за заштита и одгледување на птици од Прилеп опстојува континуирано како непрофитно и аполитичко здружение на граѓани – вљубеници во природата и птиците.

Низ годините во друштвото членуваат бројни активисти и ентузијасти од сите социјални слоеви, кои на свој начин дале несебичен придонес во развојот и работата на друштвото.

Петар Настески, Блаже Тодороски,Слободан Данче Михајлоски, Кире Илиески, Боро Рикалоски, Милан Мимичкоски, се само дел од плејадата на активисти кои поминале низ друштвото и добар дел од своето слободно време го посветиле во практикување активности кои произлегуваат од статутот на друштвото.

Главните приоритети на друштвото секако се активности од еколошки карактер, како: пошумување на месноста Шаторов камен, вештачкото езеро и други локации во околината на Прилеп, прихрана на птиците во природата за време на екстремни временски услови, и особено организација на изложби од натпреварувачки и ревијален карактер (градски ревијални изложби и организација на Државен шампионат на Македонија).

Лица со оштетен вид од цела Македонија се натпреваруваа во “Гол бол” денеска во Прилеп (ФОТО)

Здружението на слепи лица од Прилеп, Национален сојуз на слепи на Република Македонија, во соработка со ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” Прилеп, денес организираа спортски активности и натпревар во ,,Гол бол” помеѓу вакви здруженија и клубови од повеќе градови од Македонија, во спортската сала на училиштето.

-Оваа игра е наменета за лица со оштетен вид. Грижата за лицата со попреченост и инклузијата која што ја практикува директорот на ова училиште Влатко Кузманоски, Локалната самоуправа секогаш ја поддржува, а и во иднина се разбира секогаш ќе ги помагаме ваквите настани и активности – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.