Радоста на креирањето новогодишно пакетче! Слатките елфови со голема љубов, во магична атмосфера, ги полнат кутиите со вашите омилени производи. Откријте што подготвија за вас и вашите сакани. Подарете со љубов, подарете Витаминка новогодишно пакетче.
Ги стопли срцата на прилепчани: Македонската поп дива Калиопи со својот настап ја збогати градската слава Св. Никола (ВИДЕО)
Прилепчани по 16-ти пат вчера се помолија пред својот заштитник на градот, Св. Никола. Стотици верници запалија свеќи за здравје пред параклисот во центарот на градот, а покрај литија и празничен ручек, манифестацијата оваа година беше збогатена со настап на единствената, Калиопи.
Македонската поп дива ги исполни своите најголеми хитови и ги стопли срцата на сите присутни, особено на најмалите кои заедно со неа пееја и играа на Камената бина.
Дел од вчерашната празнична атмосфера на плоштадот “Александрија” погледнете ТУКА
Преку донација од Здружението за “Македонско-бугарско пријателство” опремена фитнес салата во државниот училишен дом “Мирка Гинова” во Битола
На 4. декември 2023г. Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” од Битола реализира проект по програмата ОПР финансиран от Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија.
Со проектот “Здраво тело, здрав дух, здрав живот” се опреми фитнес сала во државниот училишен дом “Мирка Гинова”. Целта на проектот е да инвестираме во правилниот раст и развој за одржување на здравјето на сите 300 ученици кои што престојуваат во интернатот, како што и да ги дистанцираме од пороците на 21-от век. На свеченото отварање присуствуваше и Генералниот конзул на Р. Бугарија во Битола, г-н Николај Димитров.
Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” преку програмата ОПР на Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија веќе четврта година по ред реализира трајни и одржливи проекти наменети за младите во град Битола.
Здружението “Бадникови поворки” упати повик до сите градови и населени места: Екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО до сите градови и населени места во Републиката и дијаспората!
Ги започнуваме подготовките за БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024. Затоа, екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди, повторете ја ,,Вечниот Бог” и очекувајте го 6-ти јануари 2024 за во еден глас од сите страни на светот да Му пееме на Христа и да го најавуваме Неговото Раѓање!
Ги замолуваме сите ДОСЕГАШНИ ОРГАНИЗАТОРИ да се вклучат со полна пареа и најголема радост каква што заслужува големиот празник.
Ги замолуваме сите градови и населени места КОИ ДОСЕГА НЕМАЛЕ Бадникови поворки, да ни се придружат во највеличественото празнување на Бадник и Божиќ. Само испратете ни порака на: [email protected] и брзо ќе Ве вклопиме во најрадосната празнична приказна во регионот.
,,Почувствувај радост” е слоганот на БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024, затоа што радост ќе блика во сите облици.
✨ Се поставуваат големи божиќни пештери на плоштадите во сите поголеми градови во Републиката;
✨ Се подготвуваат божиќни концерти и претстави;
✨ Се организираат креативни работилници за секое дете во секоја поворка да има своја ѕвезда;
✨ Се подготвува прием и дарување од Градоначалниците;
✨ Божиќна сликовница;
✨ Божиќни стикери и
уште многу, многу изненадувања кои ќе ги топлат душите и подготвуваат за Божиќ.
Придружете ни се!
Бадникови Поворки
По 16-ти пат прилепчани се поклонија пред својот заштитник и ја одбележаа градската слава Св. Никола – Догодина домаќин ќе биде општина Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Градот под “Марковите Кули” уште еднаш го прослави својот заштитник Св. Никола. Големиот христијански празник, кој за своја куќна слава го празнуваат во речиси секоја трета куќа во Прилеп, и оваа година со богат празничен ручек и музичка програма беше одбележан во центарот на градот.
Домаќини оваа година беше компанијата “Комфи Ангел”, а за в година домаќин ќе биде Oпштина Прилеп.
Одбележувањето на празникот започна со Света божествена литургија во храмот Св. Благовештение, а со истата чиноначалствуваше Владиката Петар, а потоа следуваше Литија во чест на светецот низ улиците на градот.
Традицијата на одбележување на празникот започна пред 16 години, па досега повеќе компании од градот приредија богати посни трпези во центарот на градот, а гости секоја година им се голем број прилепчани и посетители од соседните градови.
Традицијата на празнување во централното градско подрачје ја започна претходниот градоначалник на општината, Марјан Ристески, кој заедно со локалната самоуправа направија бренд од оваа манифестација.
Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест.
Трпезата како и секоја година ја сочинуваа малите поосни сармички, вкусното светиниколско гравче и риба, а посетителите се загреваа со топла ракија, греано вино и чај.
Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.
Прилепчанец ќе одговара за лов на заштитени видови птици
На 18.12.2023, поради сомнение за сторено кривично дело „убивање или уништување на заштитни видови на дива флора или фауна“, казниво по член 232 од Кривичниот законик, а по наредба од Основен суд Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп извршиле претрес во домот на Н.З.(60) во Прилеп, при што пронајдени биле 19 птици од сортата трнан и цајзли, кои биле предадени во Државен инспекторат за шумарство и ловство на РСМ.
По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Еве како до финансиска поддршка на учениците – AПЛИЦИРАЈТЕ!!!
Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари
Врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/23), министерот за образование и наука распишувa
ЈАВЕН ПОВИК
За финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари
Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта:
1. Да се државјани на Република Северна Македонија;
2. Да се редовни ученици во основното, односно средното образование
3. Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари
I. Начин на пријавување
Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците за:
– основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;
-средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател
II. Потребни документи
O Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата
O Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели
O Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија
O Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда
O Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен чек од пензија
O Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместокот
O Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.
III. Рок за пријавување
Рокот за пријавување е од 18 до 24 декември 2023 година.
Домаќинот ги реди масите: Се’ е подготвено за градската слава во Прилеп (ФОТО)
Со Света литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Петар во црквата Св. Благовештение, започна чествувањето на патронот на Прилеп, Св. Никола.
Во 11 часот ќе следува Литија низ улиците на градот, а после сечењето на славскиот колач пред параклисот посветен на светецот, ќе има празничен ручек и пригодна музичка програма.
Домаќин оваа година е компанијата “Комфи Ангел”, а масите за празничната трпеза се веќе поставени во центарот на Прилеп.
Нека е за многу години и напомош!
Пола Македонија слави, пола оди на слава: За многу години Свети Никола! Честит именден Никола, Нико, Николина…
Свети Никола е голем празник кој го чествуваме денеска, а како слава го има речиси секое трето македонско семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола се смета за заштитник на морињата.
Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.
Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.
И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината.
Така на пример во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на Св. Никола, затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.
Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат Св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале стреде море како крепи една гемија готова да потоне.
Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво.
Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.
Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како Свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој.
Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за Свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.



























































