дома блог страница 97

Градоначалникот Коњановски им се приклучи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди (ФОТО)

Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворка која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.

На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник денот кога низ центарот на градот со ѕвездите в раце ќе ја пеат Вечниот бог, најавувајќи го Христовото раѓање.

На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката.

Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.

Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната вест.

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола.

Во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и директорот на комбинатот, вршеле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тие заедно не ја извршиле својата службена должност за законито и совесно постапување и ги повредиле начелата на економичност, ефикасност, ефективност, сразмерност и конкурентност предвидени во Законот за јавни набавки. Со намера да прибават противправна имотна корист за друг, обвинетите распишале и спровеле постапка за јавна набавка за дислокација на погонските станици од рудникот “Осломеј” во рудниците на РЕК Битола, со цел да се воспостави нов транспортен систем за рудата во РЕК, иако знаеле дека таквиот транспортен систем е спротивен на основниот проект и несоодветен за технолошкиот процес на ископ на откривката, јагленот и меѓуслојната јаловина, како и за транспорт на јагленот во рудниците на РЕК. Имено, поради неправилната форма на површинскиот коп и поради малиот век на експлоатација (околу 14 години) во рудникот Живојно не е предвидена примена на методата за откопување со континуирана технологија (роторни багери и транспортни ленти) какви што биле дислоцираните погонски станици од Осломеј.

Обвинетите го навеле Управниот одбор да го измени Годишниот план и да овозможи реализација на јавната набавка, а минималните услови за учество на тендерот ги предимензионирале, фаворизирајќи само едно правно лице. Со тоа и овозможиле на обвинетата компанија да се јави како единствен понудувач и да го добие тендерот вреден 90.000.000 денари без ДДВ (106.200.000 денари со вклучен ДДВ).

Првообвинетиот сопственик на фирмата, двајца вработени и правното лице се товарат за кривично дело – Злоупотреба на постапка за јавен повик или јавно-приватно партнерство од член 275-в, бидејќи свесно ги повредиле прописите за постапката со потпишување и поднесување на невистинита документација во која тврделе дека работите на монтажа на погонските станици се завршени, иако донесената механичка и електроопрема стоела расфрлана во кругот на РЕК Битола. Незавршената обврска ја наплаќале врз основа на невистинитата документација со што правното лице се стекнало со противправна имотна корист од големи размери. Ова им го овозможиле и тројца од обвинетите директори и раководители во РЕК Битола, кои во 2024 година ги потпишувале записниците и извештаите за наводно извршени работи, иако знаеле дека се невистинити, со што го навеле оштетеното правно лице РЕК Битола да изврши незаконита исплата и сториле продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 од Кривичниот законик.

Со обвинението, јавниот обвинител предложи да биде одземен износот од околу 1,7 милиони евра со ДДВ кои и биле исплатени на компанијата како резултат на сторените кривични дела. За таа цел, обвинителството во текот на постапката, користејќи и инструменти на меѓународна правна помош, лоцираше и обезбеди 1,2 милиони евра, 1.000 швајцарски франци, 3 златни монети и 1 златна плочка од банкарски сеф во Белград, сопственост на првообвинетиот, како и над 500.000 евра на сметки во домашни банки. Дополнително, замрзнати се и 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година од фирма во Србија во сопственост на првообвинетиот, кои исто така можат да бидат предмет на конфискација.

Сознанијата на истрагата се дека обвинетиот поседува две компании во Србија, од кои едната основана на крајот на 2024 година, но и дека согласно анализираното движење на паричните средства има јасна тенденција тој да ги префрла парите со кои располага кон тие компании. Исто така, обвинителството го ценеше фактот дека обвинетиот одржува блиски врски и со други држави каде би можел да има парични средства, што го прави сериозен ризикот од бегство, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за овој обвинет со цел негово обезбедување во текот на судската постапка.

Поранешната девојка со возило и остар предмет го бркала низ град – битолчанец пријави во полиција

-На 30.12.2025 во 23:30 часот во СВР Битола, 34-годишен битолчанец пријави дека неговата поранешна девојка Х.С. му упатувала закани со остар предмет, го бркала со возилото низ градот, при што тој со тврд предмет го оштетил нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од СВР Битола.

Денеска е Свети Игнатиј: Што ќе правите денес, ќе правите цела година!

На 2 јануари се празнува Свети Игнатиј, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Постои верување дека она што ќе го правите тој ден, ќе го правите и цела година.

„Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игнатиј. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.

Игнатиј е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

За тој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на втори јануари да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е на тој ден да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

Беа светла точка на прилепската чаршија во 2025, во ист ритам продолжуваат и во 2026 – Terasa ве кани на првиот викенд од Новата година

На најдобрата тераса во Прилеп, онака како што ја испративме старата година – со насмевки, добра музика и полна енергија – така ја започнуваме и Новата 2026 година.

Terasa Pub Club ве поканува на првиот викенд од годината со одлична музичка понуда, позитивна атмосфера и забава што се памети.

Во петок 02.01. повторно ни доаѓаат дечките од ARTIUM BAND од Битола – веќе добро познати по одличниот ритам кој го држат во текот на целата вечер и шират прекрасна енергија.

Во сабота, 03.01. уживаме заедно со дуото од Прилеп – Боби и Никола, за уште еден прекрасен викенд исполнет со убави моменти.

Ова е место каде што секоја вечер има своја приказна, каде што музиката ги спојува луѓето, а добриот помин доаѓа природно. Повик до сите љубители на убавата забава – да ја започнеме 2026 заедно, со многу смеа, дружење и добра енергија.

И не само за викенд – вашата Terasa ве очекува секој ден. За утринско кафе, топли пијалоци, разговори со најблиските и моменти што значат.

Новата година почнува таму каде што срцето се чувствува најубаво. 💫

Резервирајте навреме на тел.бр. 070-304-967

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето на пензиите во наредниот период.

-Ќе има повторно линеарно зголемување на пензиите за пензионерите во април, за мартовската пензија. Продолжуваме со таа политика. Последните статистички параметри кои што ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и „џини-коефициентот“, само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите, најпрвин за 2.500 денари кои се случија во ноември за октомвриската пензија во 2024 година, па дополнителните 2.500 денари во април за мартовската пензија, оние 1.000 денари дополнително линеарно зголемување во ноември за октомвриската пензија 2025. Така ќе биде и сега во април за мартовската пензија во 2026, беше категоричен Мицкоски.

Тој посочи дека со ова се сака да се намали стапката на сиромаштија кај оваа група граѓани, а со тоа да се намали и „џини-коефициентот“ кој подразбира нееднаквост во распределбата на доходите кај различни групи на граѓани.

-Во таа насока добро се движиме, што се однесува до „џини-коефициентот“ сме најдобри во регионот и сме над европскиот просек, а борбата против сиромаштијата е една од главните цели на оваа Влада и ќе се движиме и понатака во таа насока, рече премиерот Мицкоски.

52-годишен маж со прострелна рана донесен во прилепската болница на новогодишната ноќ

-На 01.01.2026 во 03:17 часот во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош Македонски Брод пријавил дека кај со повреда на рака од огнено оружје е донесен Н. Н.(52) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош, тој е пренесен во болницата „Борка Талески“ во Прилеп за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

38-годишна прилепчанка заврши во болница – додека возела во неа удрило друго возило, а возачот избегал

-На 31.12.2025 во 12:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната К.Ц. од Прилеп и друго патничко возило, кое по несреќата го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ц., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Македонец исчезнат по пожарот во Швајцарија, семејството бара помош

Семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. Стивен последен пат е виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ во познатиот зимски центар Кран-Монтана.

Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на сликите.

Апел за помош: Семејството упатува молба до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат информација дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да контактираат на следните телефонски броеви:

076 415 0868
076 385 7165
078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот напишан на македонски јазик

(ФОТО) Одличен гест! Перканоска во име на РСБСП на првото родено бебе во Прилеп му подари седиште за во автомобил

Првото бебе во Новата година во Прилеп е машко, се роди два часа после полноќ. Ќе се вика Герасим и тој е втора рожба на мајката Софија.

Утрово покрај претставници од локалната самоуправа, мајката и бебето, како претставник на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ги посети и Даниела Перканоска – Генерален менаџер на “Авто Контрол”.

Покрај желбите за здравје и среќна Нова година, Перканоска како симбол за безбедност во сообраќајот на најмалите патници, во името на РСБСП, на мајката и’ подари седиште за во автомобил.

РСБСП преку овој гест потсетува на важната улога која сите ние ја имаме во безбедноста на сообраќајот и нашиот придонес кон унапредување на заедничката сообраќајна култура и свест.

„По повод Новата година, РСБСП упатува искрени честитки со желба 2026 година да биде година на безбедни патишта, одговорни учесници во сообраќајот и среќни семејства”, порача Даниела Перканоска.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за време на празниците апелира до сите возачи: “Прославувајте одговорно и не возете под дејство на алкохол”.