дома блог страница 98

Големиот спортски караван утре пристигнува во Прилеп – дружење и натпревари за сите деца

„Денот на спортот“ доаѓа во Прилеп. Овој голем спортски настан кој е дел од Плазма Спортските игри за млади ќе се одржи на 03.06.2026 (среда) на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ со почеток во 10:00 часот.

Прилеп е синоним за успешни спортски приказни во Македонија, овој град долги години дава македонски репрезентативци и репрезентативки. На утрешното отворање на СИМ ќе биде присутен поранешниот македонски репрезентативец и актуелен селектор на македонската кадетска репрезентација, Горан Кузманоски, Даниела Проданоска, олимпијка во атлетика Сиднеј 2000 година, Дарко Насески, олимпиец во стрелаштво Атланта 1996 година и фудбалери од СОУ Ристе Ристески Ричко кои беа дел од Европско првенство Бања Лука 2016 година.

Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.

Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставуваедна од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години. Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите.

Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.

Дечињата се натпреваруваат 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Прилеп – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Кавадарци, спортскиот караван пристигнува во Прилеп.

Историски успех на битолските куглари, градоначалникот Коњановски им честиташе

Прием кај градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на кугларите и нивниот селектор кои на Светското првенство во Австрија направија историски успех. Четири сребрени медали од две тандем дисциплини.

Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски светски вицешампиони во Тандем микс на Светското првенство во Австрија, постигнувајќи исклучителен резултат за македонското куглање.

Сребрени медали во дисциплината Тандем жени за Стефанија Алексовска и Андреа Велјановска, за кои тренерот Игор Михајловски вели дека се надминаа самите и изиграа во клучни мигови врвно.

„Како селектор, тренер и дел од управата на Кугларската федерација на Македонија немам зборови да ја опишам среќата и задоволството за постигнатиот успех на Македонија во младинските категории“ вели Михајловски.

Градоначалникот Коњановски им честиташе посакувајќи им уште многу спортски успеси.

Инаку кугланата во Битола, каде што тренираат и која е лиценцирана и за меѓународни натпревари, е местото од каде излегуваат талентирани спортисти што се гордост на Битола.

Отворен новиот базен во Карпош – Ќе дочека ли и Прилеп некогаш?

Општина Карпош доби нов базен. Отворањето е денеска, а истиот се наоѓа до салата „Наум Наумовски Борче – Партизан“ позади Сити мол Карпош.

Базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари.

Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри.

ФОТО/КУРИР.МК

Филип Кузмановски пристигна во Кувајт!

Капитенот на македонската машка ракометна селекција Филип Кузмановски летово ќе има кратка авантура во Кувајт, каде што ќе настапи на претстојниот Азиски шампионат.

Кузмановски ќе ги брани боите на Кувајт Клуб и ќе биде четвртото странско засилување. Претходно, договор со клубот постигнаа Катарецот Франкис Марзо, Црногорецот Владан Липовина и португалскиот ас Виктор Итуриза.

Кувајт Клуб на претстојниот турнир ќе биде сместен во групата Б, заедно со Ал-Араби од Катар каде што тренер е Данило Брестовац, Ал-Најма од Бахреин, Ал-Калејџ од Саудиска Арабија.

Во првото коло Кузмановски и Кувајт Клуб ќе се судрат со Ал-Араби. Натпреварувањетo, кое што е налик на Лигата на шампиони, ќе се игра од 6 до 15 јуни во Кувајт.

Нов закон – Нова можност!

Доколку имате:

✅ најмалку 23 години
✅ возачка дозвола од Б категорија повеќе од 5 години

Сега можете да управувате мотоцикл до 125 cm³ со автоматски менувач, по завршена задолжителна 4-часовна теоретска обука во автошкола.

Закажете ја вашата обука во АМД Прилепец.

📞 За информации и пријавување на телефонските броеви: 073 444 100 / 073 444 200 / 075 316 281

🚦 Безбедно, законски и подготвено за нови авантури на две тркала!

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот, работиме на многу фронтови

Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, Ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот “ Риштази”.

-Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на последните две децении на 20 век, 80-тите и 90-тите години и првата деценија на 21 век, така што еднo 30 години речиси никакви инвестиции во патната инфраструктура не донесе во ситуација каква што не донесе. Први големи инвестиции почнаа да се случуваат таму некаде 2013-2014 година, па после имаше одредени застои, се обидуваме како влада повторно да ги задвижиме. Ние работиме на многу фронтови, истакна вицепремиерот Николоски.

Работиме на многу фронтови. Речиси го завршивме источното крило на Коридор 8, сега интензивно работиме и на изградба на нови автопати на западното крило на Коридор 8, вели вицепремиерот Николоски во поткастот “ Риштази”

-Имено од Страцин до Крива Паланка се изгради експресен пат, изградивме и рехабилитиравме обиколница на Крива Паланка и граничниот премин со Бугарија, сега одиме на втора фаза на проширување на граниќниот премин. Со ЕУ ќе го работиме потегот од Куманово до Страцин. На западното крило веќе интензивно работиме на Тетово-Гостивар. Без разлика што беше потпишан овој договор пред оваа Влада да биде избрана, реалните градежни активности на терен започнаа со изборот на оваа Влада. Работиме исто така на Гостивар до Букојчани, популарната Стража, исто така почнаа активностите со оваа Влада. Тоа е најтежок терен, практично планините се совладуваат таму. При крај сме на евалуација со Европската банка за обнова и развој за уште еден автопат. Тој автопат е од Букојчани до Кичево. Така што тоа ќе биде комплетно нов автопат, кој ќе го започнеме. И од таму веќе е Кичево-Охрид кој интензивно се работи. Веќе 37 километри пуштивме, остануваат уште 20 да ги завршиме до крајот на годината. При крај сме исто така на евалуација и на избор на изведувач за Скопје-Блаце, исто така со Европската банка за обнова и развој, истакна вицепремиерот Николоски.

Две титули државни шампиони за БК АС Прилеп, Карапеев обезбеди место во репрезентацијата

На 30 и 31 мај 2026 година во ФФК спортската сала “МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ”, се одржа 32-то Државно првенство во бокс, а во одлична организација на Македонската боксерска федерација и боксерскиот клуб Аперкат од Скопје.

Од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп учествуваа 7 боксери и забележаа одлични резултати.

Во У15 кадетска конкуренција настапија:
1. Амет Бузески до 52кг.
2. Илин Димоски до 54 кг.
3. Лука Коруноски +76кг.

Во У17 јуниорска конкуренција настапија:
5. Валентин Стризлоски до 70 кг.
6. Давид Карапеев до 80 кг.

Во У19 младинска конкуренција до 70 кг.
7. Влатко Димоски

За настапот на прилепските боксери разговаравме со тренерот на клубот, Дарко Чатлески, кој детално во продолжение опиша со колку и какви медали се вратија во Прилеп:

-Во елиминационите борби во саботата нашите боксери настапија со одлично прикажани борби. Илин Димоски во полуфиналето загуби на бодови со добро прикажана борба против боксер од Бк Шкендија Но Лимит, а наша прогноза дека за брзо време ќе биде конкурентен во шампионските места. Илин мораше да се задоволи со бронзениот медал. Во полуфиналето, Давид Карапеев победи убедливо на бодови против боксер од Бк Шкупи. Во четврт финалето Влатко Димески загуби од домашниот боксер на Бк Аперкат, а борбата беше една од најдобрите борби на денот.

Во неделата, во полуфиналната борба, Мартин Трајкоски загуби во равноправна борба против искусниот боксер од Куманово 84 и остана на бронзениот медал. Финалето за нашиот непоразен боксер Амет Бузоски беше во целосна иницијатива, против боксерот од Шкендија Но Лимит, и го освои златниот медал.

Младиот Лука Коруноски во финалето загуби од боксер на Бк Шкупи, и го освои сребрениот медал. Непоразениот Валентин Стризлоски, во финалето загуби од боксер на Бк Универзалци, и го освои сребрениот медал.

Последниот наш финалист и перспективен боксер Давид Карапеев, победи со прекин во втората рунда, и го декласира боксерот на Бк Фамилија Демирови, златниот медал е кај Карапеев, кој со тоа обезбеди место во Македонската боксерска репрезентација.

Честитки за сите боксери и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Еве зошто на Прилеп под итно му треба нов театар

“Девојките на Марко” e новата урнебесна комедија на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”, која деновиве предизвика огромен интерес кај вљубениците во театарските штици во Прилеп.

„Девојките на Марко“ според „Боинг Боинг“ од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во превод, адаптација и режија на Синиша Ефтимов, на сцената во Домот на културата “Марко Цепенков”, веќе одлично два пати ја одиграа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, а за рекордно време, речиси од неколку часа, се распродадоа и следните две изведби, за 01 и 02. јуни.

Ова е доказ дека на Прилеп ден поскоро му е потребен нов театар, и дека во Прилеп живее илјадна публика која се радува на секоја нова театарска претстава.

Секоја чест за актерската екипа на “Девојките на Марко” и секоја чест на целиот ансамбл на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”, театарот кој не функционира во своја театарска зграда, но сепак успева да ја одржи театарската уметност жива во градот под Марковите Кули.

„Педали и приказни“ финишира во Прилеп: Откривање на мурал, вело-кино и критична маса на 3 јуни

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green повеќе од половина година работеа на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment.

Во Прилеп – како и во многу други помали градови во Македонија – јавниот простор останува недоволно искористен како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност. Културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати, што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе уметници, надвор од системот и ги прави маргинализирани групи.

Воедно, вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препознаена како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други. Проектот „Педали и приказни“ одговара на овие предизвици со тоа што ја отвора културата кон улицата, создава простор за дијалог, уметност и активизам и ја приближува до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.Паралелно со активностите кои се одвиваа на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ Ристе Ристески Ричко изработија мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот, на 3ти јуни 2026г.

Во рамките на петтата епизода, во среда на 3ти јуни 2026г, граѓаните на Прилеп ќе можат да бидат дел од завршниот настан на проектот и да учествуваат во следните активности:

12:00 Плоштад „Александрија“ – почеток на критична маса
12:00 СОУ „Ристо Ристески-Ричко“ – почеток на главниот настан со диџеј-сет на ученици од СОУ „Ѓорче Петров“
12:30 Пристигнување на критичната маса во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“
12:45 Кратко обраќање на реализаторите и поддржувачите на проектот и официјално откривање на муралот
13:10 Музичка програма со настап на училишниот бенд пред СОУ „Ристо Ристески-Ричко“
14:00 Вело-кино во спортската сала на СОУ „Ристо Ристески-Ричко“
14:30 Панел-дискусија со присутните
15:00 Завршување на настанот

Ве охрабруваме да ги стартувате своите велосипеди и да бидете дел од завршните активности на проектот „Педали и приказни“.

Крушево чисто, како никогаш досега (ФОТО)

Општина Крушево во координација со ЈП „Комуна“ продолжува со редовните активности насочени кон одржување на јавната хигиена и уредување на јавните површини во градот.

Во текот на денешниот ден се реализира косење на тревните површини на повеќе локации низ Крушево, а паралелно се спроведува и чистење на улиците со помош на противпожарното возило.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека ваквите активности се дел од континуираните напори за создавање почиста, поуредна и побезбедна средина за живеење на сите граѓани.

Градоначалникот Нико Чонески нагласува дека Општина Крушево останува посветена на редовното одржување на јавните простори и на унапредување на условите за живот во општината, преку навремени и координирани комунални активности.