дома блог страница 943

Притвор за Албанец кој претекнувал на полна лента на патот Прилеп-Градско и предизвикал несреќа!

Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Република Албанија со привремен престој во Кавадарци, за кого, како што појаснуваат од Обвинителството, „постои основано сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик“.

– На регионалниот пат Р1103 Кавадарци – мотел Дреново, на 29 септември, осомничениот под дејство на алкохол во крвта, управувал со товарно возило „Форд транзит“ во сопственост на кавадаречка фирма. Кога пристигнал кај местото викано „Лазово мовче“, пред него се движела работна машина – трактор со приколка. На место забрането за престигнување, обележано со полна линија, во близина на кривина во лево, осомничениот започнал да го престигнува тракторот и тоа без да ја прилагоди брзината на возилото. Со предниот дел од камионот, при престигнување удрил во задниот дел на приколката, се вели во соопштението од Обвинителството.

Тракторот излетал од коловозот во лево, а камионот се извртил странично на спротивната сообраќајна лента, удирајќи во автомобил „Мини купер“ со прилепски регистарски ознаки кој доаѓал од спротивен правец.

Во несреќата, како што појаснуваат од Обвинителството, возачот на тракторот се здобил со тешка телесна повреда, со телесни повреди се здобил и возачот на прилепскиот автомобил, а шоферот на камионот го напуштил местото на настанот.

– Бидејќи постои опасност од бегство, по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице, соопштија од Обвинителството.

Борачките направија растур, а одлични и младите борачи: БК “7-ми Мај” се врати со 7 освоени медали од меморијалниот турнир “Јован Димитров” во Неготино

Денеска во Неготино се одржа меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров”. На турнирот учество зеде и прилепскиот клуб “7-ми Мај”, a нивните борачи и борачки забележаа одлични резултати:

Во женса конкуренција прилепскиот клуб освои три први и едно второ место.

Ангела Трајкоска – 1-во место во категорија до 48кг,
Тамара Цветкоска – 1-во место во категорија до 57кг,
Анабела Стојаноска – 1-во место во категорија до 54кг,
Марија Велјаноска – 2-ро место во категорија до 44кг.

Во машка конкуреција прилепчани стигнаа до три бронзи. Со медали се закитија: Андреја Трајкоски во категорија до 28кг., Стефан Аризанкоски во категорија до 36кг. и Антонио Цветаноски во категорија до 30кг.

АПЕЛ ЗА ПОМОШ од црковниот одбор на црквата Рожденство на Пресвета Богородица во Штавица: Дојдете сите кои сте во можност! Огнот брзо се шири! (ФОТО)

Голем пожар попладнево пламна во близина на прилепското село Мало Рувци. Зафатена е голема површина со сува трева, а наместа гори и борова шума. Пожарот се шири кон селото Штавица, па од црковниот одбор на црквата Рожденство на Пресвета Богородица во ова село, упатија апел за помош до сите граѓани кои се во можност да дојдат и да помогнат во гаснењето.

-Повик до сите штавичани и прилепчани кои се во можност да помогнат во гаснење на пожарот, кој се шири од с. Мало Рувци, кон село Штавица. Секој кој може нека помогне! – стои во апелот за помош.

Голем пожар кај прилепско Мало Рувци: Зафатена е голема површина, пожарот се шири кон село Штавица (ФОТО)

Голем пожар попладнево пламна во близина на прилепското село Мало Рувци. Гори сува трева, а на места и борова шума. Пожарот се простира на голема површина и се шири кон целото Штавица.

Екипи на ТППЕ Прилеп се излезени на терен. Засега нема информации која е причината за овој најнов пожар во околината на Прилеп.

САСА-ПОБЕДА од двојка во кец! Црвено-белите се жалат на лошото судење во Македонска Каменица

Екипата на САСА од Македонска Каменица стигна до првата сезонска победа во Втората фудбалска лига, откако попладнево со пресврт во второто полувреме триумфираше на Победа со 2:1.

Црвено-белите водеа на полувреме со голот на Дарко Грозданоски во 45-та минута, а во вториот дел САСА дојде до пресврт со головите на Сашо Дуков, најпрво во 63-та минута од белата точка, и во 88-та минута.

Прилепчани после натпреварот се пожалија на судењето на овој натпревар, а за главниот судија велат дека досудил непостоечки пенал.

Всушност, на натпреварот во Македонска Каменица, правдата ја делеше истиот судија кој пред неколку кола исклучи тројца играчи на Победа, на натпреварот против Осогово во Прилеп.

Со овој нов пораз Победа тони на табелата и сега е на 11-то место со само 8 освоени бода после 7 одиграни кола. Наредниот викенд црвено-белите ќе ја дочекаат екипата на Детонит Плачковица.

Загрижувачки: Две пријави за тепачки помеѓу малолетници во Битола во еден ден – во едниот случај меѓусебе се тепале девојчиња

На 29.09.2023 во 14.30 часот Е.П.(38) од Битола пријавила дека на 28.09.2023 околу 12.00 часот, во двор од основно училиште во Битола, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.

На 29.09.2023 во 16.30 часот И.Т.(41) од Битола пријавила дека околу 12.00 часот во Битола нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи – информираат од СВР Битола.

Во Прилеп отворена изложбата “Копнежот на светлината” од Душан Коцев (ФОТО)

Синоќа, 29.09.2023 во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”во Прилеп, беше отворена изложбата “Копнежот на светлината” од Душан Коцев.

Уметникот кој одбележува 30 години уметничко творештво се претставува со 22 дела. На отворањето Коцев рече:

“Моите дела се приказна на светлината и мракот, одраз на патот што го изминуваме во борба со светлината. Тие ни ја прикажуваат тежината на борбата, но ја подигнуваат светлината на надежта што несомнено се наоѓа во секој аспект на човековиот живот.Делата не потсетуваат дека светлината никогаш не избледува…Делата се доказ дека светлината може да биде најсилната креативна сила способна да ги осветли и најдлобоките аглови на човечката душа и да ни помогне да ја победиме темнината”.

Душан Коцев е роден во Радовиш. Годинава полно 30 години активно уметничко творештво. Досега реализирал пет самостојни изложба, а бил учесник на групни изложби во земјата и во странство. Осум години е организатор на Радовишката ликовна колонија.

Повторно несреќа на патот Прилеп-Градско: Се судрија товарно возило, “мини купер” и трактор – виновникот се дал во бегство, па бил фатен

На 29.09.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, поточно кај место викано „Лазов мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, патничко возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(25) од с.Воѓани, прилепско и трактор со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(62) од Кавадарци.

По несреќата, возачот на товарното возило го напуштил местото, но по кратко време бил пронајден од полициските службеници и лишен од слобода, при што било констатирано дека станува збор за К.А.(47) од Р.Албанија, со престој во Кавадарци.

Во несреќата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.Б. со телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци – информираат од МВР.

Вест од студентски дом во Македонија: “Тинејџер од Таџикистан нападна момче од Пакистан”

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.М.(19) од Таџикистан поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 27.09.2023 во студентски дом во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Х.Т.(21) од Пакистан и му нанел повреди.

Одлука на РКЕ: Нови цени на горивата

Од денеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 95 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.