дома блог страница 88

„Направи добро дело“ – традиционална крводарителска акција на извидничкиот одред “Феникс” од Прилеп

По повод 22 Февруари – Денот на извидниците, Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп и годинава ја организира традиционалната крводарителска акција под мотото „Направи добро дело“.

Акцијата ќе се реализира во Одделението за трансфузиологија при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, во периодот од 9 до 13 часот.

Крводарителската акција се организира во чест на основачот на извидништвото, Лорд Роберт Баден-Пауел, и претставува хуман гест кој со години го негува извидничкото движење.

Право на учество имаат сите хумани граѓани постари од 18 години, а при дарувањето на крв задолжително е да понесат лична карта.

Кајмакоски потврди: Ми се закануваа со пиштол, зборуваа англиски и турски

Вистинската драма се одвиваше во Белград кога познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43) беше киднапиран во близина на Бетон халата, каде што претходно настапуваше.

Благодарение на брзата интервенција на полицијата и специјалните единици, пејачот Даниел Кајмакоски беше ослободен од рацете на киднаперите, но истрагата сè уште е во тек, јавуваат локалните медиуми.

Како што објави Телеграф, најновите информации ги даде новинарот Малден Мијатовиќ, кој откри што му кажал пејачот откако бил однесен на преглед.

„Операторите на УКП и ПУ за градот Белград, со поддршка на САЈ, жандармеријата, ССК, СБПТЕ, УСП, УЗТ и Полициската бригада, го спасија пејачот Даниел Кајмакоски (43) од киднаперите синоќа“, рече Младен Мијатовиќ и откри што му рекол пејачот по несреќниот инцидент.

„Мислам дека беа странски државјани, комуницираа меѓусебно на англиски и турски јазик, ми се закануваа со пиштол, бараа од членовите на семејството и пријателите да дадат 20.000 за да го ослободат, со закана дека има соучесници пред неговиот стан кои ќе ја спроведат заканата“, рече Кајмакоски.

Да потсетиме, според локалните медиуми, Даниел Кајмакоски преживеал вистинска драма во Белград синоќа кога киднаперите го врзале во близина на Бетон Хала и го одвезле во Рума, барајќи откуп од 20.000 евра.

Киднапиран во сопствениот автомобил

Драмата започнала рано наутро во недела, околу 00:50 часот. Кајмакоски штотуку завршил настап во популарниот ноќен клуб „Лафајет“ во Бетон Хала и се упатил кон своето бело возило „Волво XC 60“, кое било паркирано на свртувањето за трамвај на улицата Караѓорѓева бр. 2-4.

Во моментот кога влегол во возилото и седнал на возачкото седиште, му се приближил непознато машко лице. Со закана со нож и употреба на физичка сила, напаѓачот го принудил пејачот да ги испружи рацете, а потоа ги врзал цврсто со селотејп. Додека првиот киднапер го презел воланот, вториот соучесник брзо седнал на задното седиште зад совозачот, додека Кајмакоски бил принуден да седне зад возачот.

Додека киднаперите се обидувале да ја напуштат Караѓорѓева и да се упатат кон Бранков мост, наишле на патрола од оперативци на УКП кои извршувале редовни активности. Полицајците се обиделе да го сопрат белото „Волво“, возилото забавило за момент, а потоа возачот-киднапер одеднаш притиснал на гаста.

Следело морничаво бегство низ срцето на Белград: преку Бранковиот мост, покрај Палатата на Србија и Белградската арена, каде што „Волвото“ со заложник свртило на автопатот во правец на Шид, обидувајќи се да стигне до границата.

„Луѓето се пред вашиот стан!“

Внатре во возилото, додека полицијата била зад петици на киднаперите, се водела психолошка војна. Возачот му се обратил на Кајмакоски на лош англиски, додека тој ги преведувал упатствата на својот соучесник на турски.

Цело време тие држеле пиштол вперен во главата на пејачот, барајќи итна исплата од 20.000 евра во замена за неговиот живот. За да го скршат отпорот на жртвата, киднаперите упатиле најмонструозна закана: тврделе дека пред семејниот стан на пејачот веќе имало тројца нивни соработници кои биле подготвени да ги ликвидираат неговата сопруга и деца во секој момент ако парите не бидат подготвени или ако полицијата не се откаже.

Несреќа во близина на Рума и бегство во темнина

Откако ја поминале наплатната рампа Шимановци, полицајците на СПИ Рума се придружиле на потера. На излезот за Рума, полицијата се обидела да блокира, поради што киднаперот, со голема брзина, ја изгубил контролата врз „Волвото“ и насилно удрил во заштитната ограда.

Искористувајќи ја темнината и грмушките во непосредна близина на патот, двајцата вооружени напаѓачи скокнале од возилото и избегале во непознат правец. Полициските службеници го пронашле преплашениот Кајмакоски со селотејп на рацете во смачканиот автомобил, но без сериозни телесни повреди.

Епилог и правна низа

Даниел Кајмакоски бил донесен во службените простории на УКП, каде што, по консултација со дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, дал изјава за трауматското искуство. Пејачот, и покрај стресот што го доживеал, одбил лекарски преглед.

Обвинителството официјално го квалификувало овој настан како кривично дело Киднапирање. Наредено е итно собирање на сите траги од ДНК од возилото, како и анализа на снимките од безбедносните камери од автопатот и наплатните рампи, со цел што побрзо да се идентификуваат напаѓачите и да се изведат пред лицето на правдата.

Огромна радост за спортски Прилеп! Матеј Белистојаноски стана европски шампион, во финалето триумфираше над каратист од Грција

Матеј Белистојаноски носи голема радост за спортски Прилеп и за цела Македонија од Европското првенство за кадети, јуниори и У21, кое од петокот до денеска се одржа во градот Лимасол на Кипар.

Македонскиот репрезентативец и член на Карате клубот “Спорт 94”, во Прилеп се враќа со златен медал, што е огромен успех за македонското карате и потврда на неговите квалитети.

Белистојаноски во финалет, во категорија Кумите до 67кг., беше подобар со 2:0 против Гркот, Георгиос Балиотис, и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Честитки за Матеј и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Независниот полициски синдикат на протест во Битола – “Не прифаќаме извинување, за заканите кон полицијата треба да се одреди притвор”

Полициските службеници денеска одржаа мирен протестен марш во Битола, во организација на Независниот полициски синдикат. Маршот започна од објектот на ОЈО Битола и заврши на плоштадот „Магнолија“, со цел да се изрази незадоволство од, како што велат, селективната примена на законот и непостоењето мерка притвор за лица кои упатуваат закани по животот на полициски службеници.

Протестот беше реакција на последниот случај на сериозни закани кон полицијата, за кои синдикатот смета дека мора да бидат третирани со целосна законска строгост. Според нив, извинувањето не може да се смета за доволна санкција, туку ваквите дела мора да резултираат со кривична постапка и мерка притвор.

„Секоја закана и секој напад врз полициски службеник мора да се гледа како напад врз државата. Доколку ваквите девијантни појави се толерираат, утре истото ќе се повтори и врз други категории – работници, судии, обвинители, новинари“, изјави Мартин Ефремов, претседател на Независниот полициски синдикат.

Тој потсети на случај од пред две години во Прилеп, кога за закани кон обвинител веднаш била изречена мерка притвор и започната кривична постапка, посочувајќи дека законот мора да биде ист за сите.

Како дел од барањата, синдикатот апелира до државата да работи на засилена превенција и заострување на казните предвидени во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, особено во делот на навреда и омаловажување на државни службеници и институции. Според нив, актуелните казни од 50 евра се несоодветни и не делуваат одвраќачки.

„Бараме враќање на претходните казни од 1.000 евра за навреда и омаловажување на државен службеник и државен орган, бидејќи сегашните казни не ја штитат ниту институцијата, ниту службениците кои секојдневно ја извршуваат својата должност“, истакна Ефремов.

Протестот помина мирно, без инциденти, а од Независниот полициски синдикат најавија дека ќе продолжат со институционална борба доколку нивните барања не бидат сериозно разгледани.

Ќе успеат ли прилепчани да ја одбранат титулата – Првата шанса пропуштена, остануваат уште две (ФОТО)

На Државно првенство во категорија до 17 години, што вчера се одржа во Штип, боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна рака” од Прилеп, освои едно прво и две трети места во женска категорија, каде се очекуваше одбрана на титулата во екипна конкуренција.

Во машка конкуренција близнаците Христијан и Стефан Аризанкоски се закитија со сребро и злато на нивната категорија.

Остануваат уште две шанси за одбрана на титулата, денеска во У23 и следниот викенд сениорско првенство.

Се надеваме дека “7-ми Мај” повторно ќе ја донесе титулата во Прилеп.

Уапсен 21-годишен дилер на дpoга од Прилеп

-На 07.02.2026 во 18:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(21) од Прилеп. Имено, врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот на А.А., при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и предмети со траги од марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

Заев се јави! Вистина се јави!

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук реагира на, како што вели, континуираните лаги, клевети и навреди, што веќе пет години ги пласира ВМРО-ДПМНЕ и нејзините претставници.

Заев јавно побара извинување од пратеникот Бране Петрушевски и од владејачката партија, најавувајќи тужба доколку тоа не се случи во законскиот рок.

„Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа“, дециден е Заев.

Тој посочува дека иако е надвор од политиката веќе пет години, континуирано е мета на напади. Заев ги отфрли и останатите наводи кои се пласираат во јавноста, како оние за изградба на облакодери во Дубаи или притисоци за купување на болницата „Жан Митрев“. Поранешниот премиер нагласи дека досега не сакал да тужи поради борбата за слобода на говорот, но дека овојпат ќе ги искористи сите правни средства за да го заштити своето име.

Винарија “ВЕНЕЦ” лидер по квалитет на винскиот пазар (ФОТО)

Во срцето на тиквешкиот регион, кај селото Долни Дисан – Неготино, се раѓа приказната за Винарија ВЕНЕЦ. Место каде што виното не е само пијалак, туку љубов, традиција и трпение преточени во секоја чаша. Создадени со посветеност, негувани со време и внимание, вината на ВЕНЕЦ носат автентичен карактер и искрена емоција – токму она што го прави доброто вино незаборавно.

Винската палета на ВЕНЕЦ е вистинско шаренило на вкусови, создадено за секој љубител на вино. Од лесни и питки трпезни вина, до внимателно селектирани сортни вина со изразен карактер и длабочина. Различните стилови, ароми и пакувања нудат задоволство за секоја пригода – било да е интимна вечера, свечен настан или елегантен подарок. Секое шише раскажува своја приказна и остава впечаток кој се памети.

Целата лепеза на вина од Винарија ВЕНЕЦ можете да ја пронајдете во Liquor Store – Прилеп, најголемата и најснабдената продавница за алкохолни и безалкохолни пијалоци во градот. Место каде што квалитетот, изборот и вистинското уживање се на прво место.

Кога барате добро вино – знаете каде да го најдете!

Повелете во Liquor Store на ул. “Егејска” во домот “Спиро Забрчанец”

Избегната голема трагедија во Прилеп – Стакло падна од Градскиот Саат во моменти кога 20-тина дечиња играа на платото (ФОТО/ВИДЕО)

Попладнево околу 14:00 часот, стакло од прозорец од горниот дел на Градската Саат Кула падна на платото, во момент кога дваесетина дечиња трчаа и си играа околу Саатот.

За среќа стаклото не падна врз главата на ниту едно дете, а срчите кои разлетаа наоколу не ги погодија дечињата на витални места.

Родителите револтирани и избезумени, но среќни бидејќи нивните најмали не завршија со повреди, кои во случајов можеа да бидат фатални.

Апел до надлежните, ПОД ИТНО, да се проверат останатите прозорци на Саат Кулата, за да нема нареден пат!

Кучиња испокасале двегодишно дете во Битола, граѓаните револтирани и небезбедни

Вчера во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници.

Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.