дома блог страница 87

Прилеп ќе добие нов претседател на ОК ВМРО – ДМПНЕ! Кој е ваш фаворит?

Прва седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која меѓудругото се донесе одлука за генерален реизбор на претседатели на сите општински комитети.

На социјалните мрежи премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информираше дека формирани се и нови партиски комисии, а покрај претседатели на општински комитети ќе се избираат и нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани.

-Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Се донесе одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии. За Претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за Претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, Претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов Претседател на комисија за туризам е Аккан Махмут.

За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински. Промени. Го слушаме гласот на членството -напиша Мицкоски.

Во Прилеп се’ уште актуелен претседател на општинскиот комитет е Дејан Проданоски, кој на минатогодишните локални избори беше избран за градоначалник.

Во комбинација се повеќе имиња, а граѓаните веќе имаат фаворити.

https://www.facebook.com/share/p/1ATUkCRsKZ/

Како да користиме побезбеден Интернет – Одличен едукативен настан во среда во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп

На 11 февруари 2026 година, по втор пат во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, ќе биде одбележан Денот на побезбеден интернет, кој се имплементира од Министерството за дигитална трансформација, а во соработка со проектните партнери.

Настанот годинава ќе се реализира заедно со учениците и наставниците од ОУ „Кире Гавриловски Јане“ – Прилеп, а ќе вклучи изложба на ученички цртежи на тема „Користиме безбеден интернет“, како и едукативно-забавна програма за учениците.

-Со овој настан, Денот на побезбеден интернет го одбележуваме заедно со останатите центри за побезбеден интернет низ Европа, како дел од мрежата Insafe при Центарот за побезбеден интернет на Европската комисија во Брисел. Заедно градиме побезбедна дигитална средина за децата и младите, стои во поканата до сите млади и граѓани кои сакаат да го проследат настанот.

Градоначалникот на Битола со ОТЧЕТ за првите 100 дена од новиот мандат

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати до јавноста со отчет за првите 100 дена од новиот мандат, потенцирајќи дека транспарентноста, отчетноста и континуитетот во работењето остануваат клучни принципи на локалната самоуправа. Во своето обраќање, Коњановски направи осврт на реализираните активности, започнатите проекти и приоритетите во повеќе области – од инфраструктура, образование и спорт, до дигитализација, социјална грижа и енергетска транзиција.

Во продолжение интегрално го пренесуваме целото обраќање на Коњановски:

Во духот на транспарентноста и отчетноста би сакал да го дадам отчетот за првите 100 дена од новиот мандат како градоначалник на Општина Битола. Ние за разлика од други сме прецизни и точно, на 101 ден сакам да го истакнам она што во овој период е правено, односно се случило. А има ли поубаво нешто од тоа да го започнете новиот мандат со посветеноста и грижата за најмалите. Ја отворивме новата градинка „Пчеличка“ во состав на установата „Мајски цвет“.

Со адаптација на дел од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“ новата градинка, ќе згрижува и воспитува деца од предучилишна возраст до 6 години, а е со капацитет за 76 деца. Кога го добив уверението за избран градоначалник без посебни свечености ја продолжив својата работа. А, поводот беше убав Денот на ослободувањето на Битола 4 ноември, многу гости, настани, сеќавања.

Тогаш реков дека во изминатиот мандат поставивме цврсти темели врз кои ќе се надоградува модерна, урбана, чиста и динамична Битола, со акцент на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина. И така продолживме. А, за да може нешто да биде функционално се случи и конститутивната седница на Советот на Општина Битола, кој пак е прв во Македонија, во кој сега има електронско гласање. Нема хронолошки да одам по ред за да не изгледа како некој календар со настани, туку со она што е многу важно за да ја оправдаме довербата добиена на изборите.

Во годината пред нас, освен уличната, во фокусот ќе ни биде и спортската инфраструктура, на која работиме уште од првиот ден на новата локална самоуправа. Во месноста Областа, на улица „Нико Фундали“, изведени беа три нови игралишта на вкупна површина од 629,27 м². За да не стигнуваат дома по кал, жителите од трите краци на улицата „16-та“ во Битола по 40 години со чисти чевли стигнуваат до своите домови, по асфалтирањето на првиот дел од улицата.

Со поплочување на тротоарите продолжува изградбата на новата улица СРУ 5 во некогашната касарна, важна сообраќајница која ги спојува улиците „Партизанска“ и „Крушевска република“, која за скоро и ќе биде асфалтирана.

Инфраструктурата и патната, но и спортската, е тоа е една од важните теми и малку повеќе ќе се задржам на нив. На 4-та седница на Советот на Општина Битола го претставив буџетот за 2026 година и проектите кои ќе бидат опфатени со него. Тригодишната развојна програма со измените изнесуват 1.845.013.734,00 денари.

Течат подготвителните работи за 53 реконструкции на коловози (улици и локални патишта ) во градот и во населените места на општина Битола, како и изградба на 6 паркинг простори.

Нови паркинзи кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, комплексот болници, на улицата „Браќа Џаферови“, позади зградата позната како „Кифлата“, на просторот кај местото викано кај „Хеликоптерот“, кои ќе го намалат недостигот на паркинг места.

Во делот на спортот и рекреацијата течат подготовките на проектна документација за мултифункционалниот спортски комплекс, изградба на атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“, тука се наоѓа и изработката на физибилити студија за изгрaдба на гондола, изградба на центар за спорт и рекреативни активности, кој е во полн ек.

Со оваа развојна програма продолжува и изградбата на детска градинка во АРМ, како и доизградбата на противпожарната зграда, капитални проекти кои бараат подолг рок за реализација, но на кои сме целосно посветени, за што побрзо завршување.

Течат подготовките за изградба и реконструкција на системи за одведување и прочистување на отпадни води на 25 локации, како и за изградба и реконструкција на систем за водоснабдување исто така на 25 локации.

Во капиталните расходи за основното образование, продолжуваме со нашата визија за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите: Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица и изградба на три типски училишни спортски сали во ОУ „Стив Наумов“, подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари и во ОУ „Тодор Ангелевски“. Подготовките се во тек за изградба и на спортски терени и игралишта во подрачното основно училиште „Коле Канински“ во Буковски ливади, изградба на спортско игралиште во поранешно Стрелиште, спортско игралиште во ОУ „Гоце Делчев“, исто така и во турското училиште, потоа во ОУ „Даме Груев“, „Ѓорги Сугарев“, реконструкција на спортските игралишта во ОУ „Климент Охридски“, изградба на спортско игралиште во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“-Раштани, во училиштето во населбата Ушици и во ОУ „Трифун Пановски“.

За да можеме да планираме, она што го ветивме го реализираме, се работи на новиот Генерален урбанистички план, а се одржа и јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во Нова Битола. Во Битола беше промовирана и доделена дел од предвидената опрема за Регионалниот центар за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион. А што пак не направи сите радосни на спортски план.

Откако стадионот „Петар Милошевски” ја помина инспекцијата на УЕФА и доби лиценца за втора категорија, повторно бевме домаќини на голем фудбалски натпревар, помеѓу фудбалската репрезентација на Македонија и репрезентацијата на Шведска, за фудбалери до 21 година.

Кугланата во Битола беше подлежна на реконструкција, односно поправки и замена на опремата која беше дотраена за да биде лиценцирана со цел одржување на натпревари. „Нашиот клуб, нашата гордост-предизвици и можности“, беше насловот на јавната трибина на РК „Еурофарм Пелистер“ која се одржа во рамките на прославата 70 години ракометна Битола. Ален Рустемовски, боксерот на клубот „Пелистерски јунак“ и македонски репрезентативец, беше победник на традиционалниот меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, кој по 54-ти пат се одржа во Скопје, имав средба со него на локацијата каде што се гради боксерската сала.

Со 1 милион денари ќе ги помогнеме подготовките на Ален Рустемовски за квалификација на Олимписките игри, а беше прогласен за спортист на годината на Македонија за 2025 година. Дигитализацијата е важна во денешното современо време. Со министерот за дигитална трансформација на „Магнолија“ го промовиравме националниот портал за електронски услуги Е-услуги.

Присуствував и на националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“ која се одржа во Скопје и во контекст на промоција на проектот „Сејф сити“, проект во кој до крајот на оваа година ќе биде вклучена и Битола.

Не го забораваме и туризмот, туку се фативме за работа па така тим странски и домашни експерти презентираа дел од решенијата од процесот на изработка на физибилити студија за изградба на гондола на „Пелистер“.

Општина Битола активно се престројува во процесот на праведната енергетска транзиција, односно искористување на природните извори на енергија. Aнексот на договорот со Фондацијата Отворено Општество, предвидува фотоволтаици за училишта „Св. Климент Охридски“ и „Даме Груев“. А, Општината ќе постави фотоволтации од сопствени средства на една од зградите на ОУ „Гоце Делчев“. Одржавме и јавна трибина со наслов „Како до подобри услуги за граѓаните од јавните претпријатија“. А, дека се грижиме за секого подеднакво неколку акценти и на оваа тема: По повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост Лајонс клубот Кабадаја организираше настан кој беше под мотото „Сонцето свети за сите или обоиме во пријател“. Го промовиравме и дневниот центар за стари лица со активно стареење во просториите на Црвениот крст- Битола.

На 5-ти декември го одбележавме меѓународниот ден на волонтерите со доделување наградите за најдобрите волонтери. Бев и во посета на ООУ „Елпида Караманди“ каде изминатиов период беа извршени повеќе реконструктивни зафати, со цел подобрување на условите за одвивање на наставно-образовниот процес.

Битола и нејзината дипломатија. Во прва официјална посета на Битола дојде и британскиот амбасадор во Македонија, а претходно беа и амбасадорите на Кина, Германија, Франција, Израел и Австрија. Со пригодна свеченост во Битола беше отворен почесниот конзулатот на Австрија. Како почна одбројувањето за дочекот на новата година, Битола блесна во нова новогодишна светлина.

Со „Нокаут“ и без огномет ја дочекавме Новата година, првото бебе во новата година беше женско, а имавме и зимска забава на Пелистер. И годинава во Битола беше организирана Бадникова поворка, прославувајќи ги божиќните празници. Во делот на транспарентноста „Транспаренси Интернешнл Македонија“ не прогласи за најтранспарентна општина.

Ја промовиравме апликација „Битола-зимска служба“, а одржавме и трибина за Програмата за култура во 2026 година. На работна средба со инволвираните во изградбата на планинарскиот дом „Копанки“ беше заклучено дека следната сезона домот „Копанки“ ќе ги отвори вратите за посетителите. Најсреќниот кој го фати светиот крст на Водици во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, Христијан Бошевски беше награден со парична награда и икона од Заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.

Со почетокот на градежната сезона за секој проект, а ги има многу, само од владата одобрени и финансирани 64, дополнително и за нашите општински проекти, редовно ќе информираме.

Ние не се фалиме, само работиме, а позитивните коментари доаѓаат од други. Понекогаш има и критики, но тоа не не обесхрабрува, туку напротив дополнително не мотивира во нашата мисија да бидеме сервис на граѓаните.

Kрвав инцидент во “Три багреми” во Прилеп

-На 08.02.2026 во 20:00 часот на ул.„Дабничка” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.А.(40) и И.Џ.(27), двајцата од Прилеп, постапувајќи по пријава дека истиот ден во населба „Три багреми” во Прилеп со остар предмет го нападнале С.А.(36) од Прилеп и му нанеле повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од МВР.

Заглавил в банка, чека бројче, кај да е ќе заврши работа, па ќе ја тргне и колата (ФОТО)

Прилепски резил примери за тоа како не треба, секој ден, на секој чекор низ градот…

Овој веројатно брка некоја работа во банка, кај да е ќе заврши, па ќе го тргне и автомобилот од плоштад….

Седмо издание на „Љубење со стихови“ во Прилеп

Вo сабота на 14 февруари од 20.00 часот, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ.

Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во програмата ќе прозвучат стиховите на француските поети на љубовта како Жак Превер, Гијом Аполинер, де Беранже, Бодлер, Пол Елијар, Стефан Маларме, Артур Рембо и други.

Специјален гостин во програмата овојпат е Љупка Томиќ, авторка и професорка по француски јазик, благодарение на која публиката ќе може да чуе поезија на француски.

– Кога мислиме на љубов, вино, светлина, мода и задоволство, помислуваме на Франција. Македонија го нема Париз, но Прилеп ја има кафе-галеријата „Лувр“ во која в сабота ќе си ги отвориме душите, ќе мечтаеме и ќе уживаме во поетската реч-велат органиѕаторите.

Влезот е слободен, а местата се ограничени.

Испукале неколкупати, па побегнале, но полицијата ги фати – Тројца прилепчани фатени со оружје, детектори, полициска опрема…

Маркукуле дознава дека на ден 08.02.2026 година по претходно изготвен план по ОА “Гора”, во атар на с.Степанци, велешко, полициски службеници забележале неколку лица кои испукале неколку истрели, по што влегле во возило и заминале во непознат правец.

По пребарување на теренот полициските службеници го пронашле возилото и лицата, при што било утврдено дека се работи за: В.К., И.Т. и Б.Н., сите тројца од Прилеп.

По извршен преглед кај истите пронајдена е една малокалибарска пушка мaрка “Брно”, еден пиштол мaрка “Застава” со муниција за истите, 5 ножеви, една стоп палка – полициска, полициско палто, два детектори.

Истите се лишени од слобода, а за настанот известен е јавен обвинител од ОЈО Велес.

Помалку дена, помалку грижи – Минт Промо, најповолен кредит


PR oбјава

Февруари е месец што доаѓа тивко, но остава простор за размислување. По празничната еуфорија и долгиот јануари, токму овој краток месец нè тера да се запрашаме: Што навистина ми треба во моментов?

За некого, февруари е месец на љубовта. За друг, месец кога му треба мал одмор од зимската рутина. За трет, период кога конечно решава да направи нешто за себе: нов почеток, мала промена или остварување на одамна планирана идеја.

Но, без разлика на желбата, сите имаме една заедничка дилема: како да ја реализираме без финансиски притисок? Токму тука доаѓа вистинската поддршка Минт Промо –најповолен кредит што се прилагодува на вашиот живот, а не обратно.

Краток месец, долга листа на трошоци

Иако февруари е најкраткиот месец во годината, тоа не значи дека треба да се занемарат плановите. Секој план заслужува шанса да се реализира:

-Мали бегства и патувања
-Убави изненадувања за саканите
-Инвестиции во домот или во себе
-Планови што конечно сакаме да ги реализираме

Често ги одложуваме овие работи не затоа што не се важни, туку затоа што мислиме дека „сега не е моментот“.

Но вистината е едноставна, подобриот момент ретко доаѓа сам. Ние го создаваме, особено со пристап до финаниски решенија како Минт Промо – најповолен кредит што не носи дополнителен стрес.

Кога желбата е тука, решението треба да биде брзо

Без разлика дали станува збор за кратко патување, подарок што има значење или личен проект, заедничко за сите овие желби е едно, сакаме да се реализираат лесно, без компликации и непотребен финансиски стрес. Токму затоа финансиската поддршка треба да биде практична, транспарентна и брза.

Со Минт Промо од Минт Кредит идејата не мора да остане само план. Процесот е јасен, онлајн и прилагоден на реалниот живот –без чекање, без сложени процедури и без непријатни изненадувања.

Минт Промо – Најповолен кредит брзо и без компликации

Минт Промо од Минт Кредит е финансиски производ создаден за луѓе кои знаат што сакаат и не сакаат да губат време. Аплицирањето е онлајн, процесот е јасен, а одговорот доаѓа брзо, за 10 минути.

Ова значи помалку чекање и повеќе време за работите што навистина се важни. Без разлика дали планирате нешто мало или нешто поголемо, важно е да имате поддршка на која можете да се потпрете.

Со Минт Промо добивате можност да ја добиетте таа финансиска поддршка, со износи достапни од 60.000 до 1.000.000 мкд. Рокот на отплата е од 12 до 84 месеци со фиксна каматна стапка од само 7%.

Февруари е месец за „да“ со Минт Промо

Колку пати сте си рекле:

„Ќе почекам уште малку“
„Можеби не е вистинскиотмомент“
„Подоцна ќе се посветам на тоа“

Февруари нè потсетува дека не секогаш мора да се чека вистинскиот момент. Понекогаш, доволно е да кажеме „да“ на она што ни значи, сега.

Да на краток одмор.
Да на идеја што ве радува.
Да на мала промена што прави голема разлика.

Со Минт Промо, финансиската поддршка е тука за да ве охрабри да го направите тој чекор кон остварување на вашите желби.

Минт Промо – Искористете го февруари за работи што Ви значат

Февруари можеби е краток месец, но токму затоа вреди да се искористи паметно. Наместо да помине незабележано, нека биде месец во кој ќе си дозволите малку повеќе – повеќе радост, повеќе слобода и повеќе моменти за себе и за оние што ги сакате.

Со нашиот најповолен кредит-Минт Промо, желбите и плановите не мора да чекаат. Февруари е краток. Искористете го за работи што ви значат.

За дополнителни информации контактирајте нѐ на 15 107или посетете нѐ во една од нашите филијали ширум државата.

Промотивните услови важат само за производот Минт Промо (Потрошувачки 2), а СВТ варира во зависност од избраната понуда, но не повеќе од 46.6673% за овој производ!

Штета! Пораз на стартот од плеј-офф разигрувањето за Мега Баскет – Бутел подобар во Прилеп

Се повозбудливо станува во Првата македонска кошаркарска лига, особено во ТОП 8 групата, во која гостинските екипи забележаа три победи во првото коло од втората фаза…

Екипата на прилепски Мега Баскет со пораз пред домашна публика го започна плеј-оф разигрувањето. Вчера во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, прилепчани беа поразени од КК Бутел со 99:106.

Дури петмина играчи имаа двоен број на реализации на натпреварот. Кај Бутел Атанасов застана на бројката од 26.поени, искусниот Јанески и Киров го следеа со 22. поени, додека Хот и Мартиноски запишаа по десет.

Кај Мега Баскет, вообичаено, најголем број на поени дојдоа од Враниќ, вкупно 25. Јовановски имаше 17, Домлески 14, а Димитриевски уште 11. поени.

Идното коло Мега Баскет гостува кај Соколи 1933

Се подготвува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола.

Подготовките за првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, се во тек и освен филмови на прграмата ќе има дружења со реномираните светски кинематографери и разговори за седмата уметност.

Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската камера од Балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки. На 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, посетителите можат да очекуваат исклучителен избор на играни филмови, документарни филмови, кратки филмови и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат.

И годинава ќе бидат доделени наградите Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува ДФРМ.