Во четврток The Doctors со tribute на Мајкл Џексон на Камена бина во Прилеп

Продолжува програмата на проектот “Од 0 до култура”. Овој четврток на Камената бина во центарот на Прилеп, настап со tribute на Мајкл Џексон, ќе имаат дечките oд Тhe Doctors.

The Doctors е прилепски рок-фанк бенд формиран на крајот од 2022 година. Овој бенд сега е составен од 5 члена, меѓу кои Сергеј Попоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани, Филип Сотиров на ритам гитара, Марко Стојаноски на соло гитара и Мирослав Миленкоски на саксафон.

Добро познати на локалната сцена и пошироко со настапи во Прилеп, Битола и Скопје, бендот The Doctors изведува англиски рок, фанк и поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани и авторски песни, оддавајќи им почит на великаните кои ја насочиле душата на рок, фанк и поп музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена.

Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток ќе свират трибјут на еден од најмаркантните и најпрепознатливите имиња на светската сцена – MICHAEL JACKSON!

Настапот на The Doctors е со почеток 21.00ч. Дојдете и уживајте во одлична свирка!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.