дома блог страница 774

Ќе биде величенствено: Во сабота во манастирот во Рајчица, пречек на иконата на Св. Великомаченик Георгиј

Ни претставува неизмерна чест и големо задоволство да ве информираме за претстојното духовно торжество во Манастирот на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица, во навечерието на Втората недела од Чесниот и Велик Пост – информираат од Бигорскиот манастир.

Имено, на манастирската слава во спомен на Светиот отец наш Григориј Палама, во сабота, на 30 март, во 16 ч., во Манастирот ќе пристигне иконата на Светиот Георгиј Победоносец, идентична копија на чудотворната икона на Светиот Великомаченик, којашто во 15. век, на манастирот Зограф во Света Гора му ја подарил големиот добротвор на православните Светињи, легендарниот молдавски воевода Свети Стефан III Велики. Со оваа чудотворна икона трајно ќе биде запечатен и светогорскиот благослов за Рајчица, но и за целата држава. Иконата претходно ќе биде осветена во Света Гора, во двата манастира на Великиот Победоносец, Ксенофонт и Зограф, и ќе биде свечено донесена како моќен чувар на Рајчичкото сестринство, но и за благослов и поткрепа на сите кои со вера ќе ѝ притекнуваат.

И како што му доликува на еден воен трибун, каков што бил Свети Георгиј, неговата чудотворната икона ќе биде пречекана со големи почести, односно со придружба на параден оркестар.

Веднаш по пречекот и поклонението пред чудотворниот образ, ќе следи празнична Вечерна богослужба, а следниот ден (недела, 31 март, во 9 ч.) и Божествена Архиерејска Литургија.

Ве покануваме со раширени срца и радосни души да бидете и вие дел од ова сенародно духовно славје и да ги примите големите благослови на Светите Георгиј Победоносец и Григориј Палама, оддавајќи им достојна чест и слава.

За историјата на молдавската икона на Свети Георгиј, прочитајте ТУКА

ПОТРЕБНА Е ПОМОШ! Исчезнат е 34-годишниот Лазе Ристески од Прилеп

Лазе Ристески, лице со посебни потреби, го напушта домот вчера утрото во 06 часот и му се губи секаква трага.

Лазе е облечен во долни сини тренерки, во влечки и носи црвен ранец.

Живее на адреса “Никола Петров Русински” бр.40.

Неговото семејство и пријателите го бараат во изминатите 24 часа, но не можат да го пронајдат, и веќе ги имаат известено сите надлежни органи и полцијата.

Секој кој има било каква информација, да се јави на телефонскиот број: 077 791 460.

(ФОТО) Отсега сите битолчани ќе можат да ја користат кугланата во спортската сала “Боро Чурлевски”

Во рамките на „Неделата на пролетта“, која ја реализира општина Битола во соработка со јавните претпријатија, попладнево започна со редовна работа кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од денес, кугланата е отворена за сите граѓани кои сакаат рекреативно да куглаат, за разлика од досегашниот период, кога функционираше како затворен тип, односно се користше само за професионалните спортисти.

На настанот во петокот на кој беа претставени и условите кои треба да се почитуваат за користење на салата, заедно со граѓаните љубители на куглањето и членовите на кугларските екипи „Пелистер 1982“ и „Пелистер Пин“, присуствуваа и претседателот на кугларската федерација на
Македонија Игор Михајловски, заменик градоначалникот на Општина Битола Бојан Бојковски, претставници на општината, Советот на Општина Битола и директорите на јавните претпијатија.

Слободните термини за користење на салата ќе бидат редовно објавувани, а дополнителни информации граѓаните може да добијат и директно во
спортската сала.

За да можат граѓаните да рекреираат, задолжително е во просторот каде што се наоѓаат кугларските патеки да ги почитуваат правилата за влез во кугларскиот дел, со цел да се овозможи соодветно одржување на просторот и да се спречи евентуално оштетување на опремата.

(ФОТО) Грозно дело во Прилеп: Дали секој заслужува да се нарекува човек?

Рано утрово наш сограѓанин пронашол две бездомни кучиња, кои со јажиња и челични жици биле престегнати околу вратот и врзани за бетонски блок.

Кучињата едвај дишеле и цивкале од болка, слика на која ретко кој би останал рамнодушен. Александрар Стојчески ги одврзал, а потоа и ги нахранил недолжните суштества, кои од среќа долго потоа трчале по неговиот автомобил. Неговата објава на социјалните мрежи предизвика низа реакции и загриженост.

Дали после едно вакво грозно дело, секој може да се нарече човек? Проблемот со кучињата скитници е еден од најгорливите во Прилеп со години, но тоа не му дава право на никој од нас, на ваков начин да се однесува со овие невини суштества. Апел и до МВР да ги пронајде сторителите на ова дело, затоа што истите се опасни не само за бездомните животни, туку и за околината.

ФОТО/Александар Џо Стојчески

По 100 евра за Нова година: Ковачевски им вети на пензионерите бакшиш за најлудата ноќ доколку победи на изборите

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во своето обраќање на Конгресот на политиката ја претстави програма, за која рече дека е на 250 страници.

Тој ветува поголем извоз на земјоделски производи, просечна плата од 1.100 евра, додека пак минималната до 2028 година ќе достигне 600 евра.

„Ќе задоволиме 100 проценти од потребите за електрична енергија од сопствено производство. Ова ветување нема да може никој да го спори. Ние сме тие кои историски направивме најголем прогрес во производството од домашни обновливи извори на енергија. До 2028 ќе имаме 20.000 денари минимална, а просечна пензија од 30.000 денари. Плус од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите“, рече Ковачевски.

Како што вели Ковачевски, еден од проектите ќе биде по 200 евра месечно за секое прво вработување на лица до 26 години во првите 12 месеци, а најави и дневен оброк за секој ученик од основно и средно чии родители немаат поголеми плати од просечните.

Првиот третман вроди со плод: Да помогнеме сите за малиот Марко од Прилеп

Maлиот Марко од Прилеп, боледува од Ангелман синдром – еден од најретките во светот. Марко се’ уште не оди и не зборува, а често се соочува и со бубрежни инфекции, за што досега му се извршени 4 хирушки интервенции.

Неговите родители можност за лекување пронајдоа преку третманите со матични клетки, кои се многу скапи и семејството не е во можност да ја обезбеди целата сума.

Благодарение на сите хумани граѓани, Марко веќе имаше еден ваков третман во болница во Турција и веќе има напредок во неговото лекување.

Но, за да има нормално детство, на Марко му е потребен и втор третман, кој чини 19.000 евра, а секоја донација е добредојдена.

Донирајте на телефонскиот број и жиро сметките во продолжение:

Прилепскиот карвинг виртуоз, втора година по ред освои медал на најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот (ФОТО)

Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најновото издание на најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој 19 години се одржува во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион.

Како дел на тимот од “Гастромак”, на истиот по втор пат учествуваше и прилепчанецот Влатко Алексоски, кој повторно ги презентираше своите карвинг мајстории и оваа година освои второ место – сребрен медал.

Алексоски, кој прераснува во вистински амбасадор на Прилеп и Македонија, минатата година на овој натпревар го освои златото.

Покрај Алексоски, од тимот на “Гастромак” со признанија се закитија и: Виктор Радевски од “Етно Село Тимчевски” со сребрен медал, a Дени Шубашевски од “Вила Виста” oсвои две сребрени медали.

Oд видео во видео стануваат се подобри: Двајца млади прилепчани со прекрасна дрон приказна од Охрид

Истражете ја волшебната убавина на македонскиот Ерусалим преку извонредно ДРОН ВИДЕО на двајцата млади прилепчани Гоце Дојчиноски и Валентин Цветановски.

Дечките се веќе мајстори на својот занает и пронашле одличен начин да ги презентираат убавините на Македонија. Во описот на своите видеа пишувааат и кратки стории на англиски јазик, па секој странец кој ќе дојде до нивните репортажи на јутјуб, ќе може да се запознае со нашите природни убавини.

Да им дадеме поддршка со тоа што ќе го заследиме нивниот канал Skyscapes Production

Уживајте во глетката во продолжение:

Што се случува со нашата младина? Петмина малолетници фатени со марихуана во двор на црква во Битола

На 20.03.2024 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Битола привеле пет малолетници и С.М.(19), сите од Битола.

Тие биле затекнати во двор на црква во Битола и при преглед кај нив, кај двајца од малолетниците биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ: Петнаесетгодишно момче спаси речиси стотина луѓе за време на нападот во „Крокус“ (Видео)

Петнаесетгодишно момче им помогна на речиси стотина луѓе да ја напуштат концертната сала „Крокус“ ​​кога се случи терористичкиот напад.

Ученик од осмо одделение, по име Ислам, работел како гардеробер во концертна сала.

Кога почнала пукањето, тој успеал да ја задржи присебноста, брзо да си го најде патот и да ги насочи испаничените луѓе кон излезот од зградата.

Така спасил многу животи, пренесува Спутник.

Пред тоа Танјуг објави дека маж кој во петокот бил со жена во концертната сала „Крокус“ ​​за руските медиуми изјавил дека совладал терорист и му го одзел оружјето.

Според неговите зборови, тој во моментот на нападот ја оттурнал сопругата, потрчал кон терористот, ја грабнал неговата автоматска пушка, ја одзел и почнал да го удира напаѓачот по главата, пренесува РТ.

Овој човек наведува дека набрзо притрчал друг маж и му помогнал да го онеспособи напаѓачот.

Да немаше такви херојски жртви во нападот врз посетителите на концертот во Москва, што се случи во петокот вечерта, сигурно ќе ги имаше уште многу. За жал, загинаа најмалку 133 лица, а се претпоставува дека оваа бројка ќе се зголеми.