дома блог страница 752

Македонските ракометарки во група со Ангола, Исланд и САД на СП 2024

Македонската женска јуниорска репрезентација ќе игра во Х-групата заедно со националните тимови на Ангола, Исланд и САД на претстојното Светско првенство.

Мундијалот во втората половина на јуни оваа година ќе се игра во Македонија која како домаќин одбра да игра во групата Х.

Другите групи се:

А-група: Романија, Холандија, Бразил, Иран

Б-група: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле

Ц-група: Унгарија, Кореја, Аргентина, Мексико

Д-група: Данска, Норвешка, Јапонија, Тајван,

Е-група: Шведска, Чешка, Кина, Алжир

Ф-група: Франција, Германија, Шпанија, репрезентација која ќе добие валјд карта

Г-група: Португалија, Црна Гора, Гвинеја, Узбекистан.

Tука победата во ЧЕТВОРКАТА ќе биде најголема! Кавадарци нагази на терен

Кампањата за првиот круг на претседателските избори е во полн ек, а партиите се постојано на терен, но еден општински комитет на ВМРО ДПМНЕ особено се истакнува во Четвртата изборна единица.

Станува збор за ОК Кавадарци, каде се чини дека победата за ВМРО ДПМНЕ ќе биде најголема во оваа изборна единица.

Кавадарчани безрезервно нагазија на терен и се убедени дека Гордана Силјановска Давкова ќе биде иден Претседател на државата.

Ако се погледнат фотографиите на Фејсбук страната од општинскиот комитет, ќе забележите за каква масовна мобилизација станува збор, нешто со кое ретко кој друг комитет на партијата може да се пофали.

Токму затоа кавадарчани веруваат дека разликата во гласови тука ќе биде петцифрена.

Дванаесет наставници од Македонија прогласени за најдобри во земјите во екс ЈУ

Во Бања Лука, пред неколку дена беше прогласена шестата генерација на најдобри наставници од земјите на екс Југославија. Од повеќе од неколку стотици пријавени просветни работници, со тутилата „Најдобар наставник на просторите на поранешна Југославија“ се стекнаа вкупно 28 наставници избрани според строги критериуми, од кои дури 12 се од нашата држава.

Прогласувањето се одржа во рамки на шестата регионална конференција насловена како „Светот на образованието ги брише границите“, во организација на Асоцијацијата на наставници.

Признанија добија наставниците Марија Богатиновска, Александра Митровска, Билјана Лазареска, Дивна Карапанчева, Јелена Мандиќ, Ксенија Николова, Марина Станиславова, Олгица Бајалџиева, Раде Илијевски, Валентина Клопчевска, Весна Бошковска и Весна Недановска.

Целта на конференцијата е да поттикне регионално вмрежување на најдобрите едукатори, наставници, професори, стручни соработници.

„Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи, на кои се повикуваат сите земји во регионот.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. За време на доделувањето на наградите на најдобрите наставници и директори од регионот, во Асоцијацијата беа примени нови полноправни членови од сите 6 земји, а од нашата земја член на Асоцијацијата стана наставничката Роза Николова од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Кочани.

Музичкиот настан „Градот ме тера да пеам“ денеска во Битола

Денеска во Битола се реализира целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ во партнерска соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

Во рамки на настанот со концертни и диџеј настапи ќе се претстави дел од македонската музичка сцена составена од млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура. Програмата ќе се реализира на две локации.

Преку ден во кафе барот Јагода од 12 до 16 часот, на битолскиот широк сокак ќе се промовира ПОП КУЛТУРА – винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари. Ова исклучително винил издание е реализирано како дел од платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и опфаќа песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена.

Вечерната програма од 22 часот до 5 часот наутро ќе се реализира во култниот битолски клуб Јагода и ќе се состои од концертни настапи на младата генерација музичари и музичкиот избор на млади диџеи.

„Градот ме тера да пеам“ е една од бројните програми уредени од Мирко Попов, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура.

Николоски од прилепско: Пендаровски е човек кој нема допир со сопствената држава и народ, тој не знае воопшто и дека Беровци постои

Македонија во моментов има претседател на држава на заминување кој веројатно е најодродениот претседател кој државава го видела. Човек кој нема допир нити со сопствената држава, нити со сопствениот народ. Мислам мапата да ја извадиме и да му речеме Стево Пендаровски ако погодиш кај е Беровци имаш втор мандат, без избори ќе остане и втор мандат, но нема поима кај сте и што сте нити знае дека воопшто постоите, тоа е тажната вистина за Стево Пендаровски“, истакна носителот на ИЕ 4 Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп од населеното место Беровци.

Николоски додаде дека најдобриот начин да се стави крај на оваа работа е масовна излезност и на 24 април и на 8 мај.

„Клучна е масовна референдумска излезност затоа што никој не прашува дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашањето е како и со колку ќе победи. Никој не прашува дали Гордана Силјановска Давкова ќе победи, туку прашањето е со колку ќе победи“, кажа Николоски.

Николоски истакна дека има бројни т.н сценаристи кои размислуваат на разни сценарија.

„Една од главните сценарија им е да го бојкотираат вториот круг на избори со цел изборите да не успееле. Најдобар начин да се спротивставиме на таа работа е масовна излезност на 24 април, шест цифрена разлика над 100,000 гласа разлика гласа за Гордана Силјановска Давкова како би можеле да ги демотивираме сите овие кои размислуваат на оваа опција и затоа е битно да се мобилизираме сите и да излеземе на гласање“, истакна Николоски.

Тој посочи дека Стево Пендаровски е обожувач сам себе да се претставува и портретира како чесен, скромен и без скандали.

Втората работа која сакам да ја кажам за Стево Пендаровски е дека обожува себеси да се претставува и да се портретитира како чесен, скромен, човек без скандали. Обично тоа се работите кои други треба да ги кажуваат за вас ама кај Стево самиот ги кажува за себе па можете да видите дека држи говори и прави промо видеа каде вели јас сум чесен човек, немам ниедна афера, ниеден криминал“, вели Николоски.

Николоски продолжи и на Пендаровски му упати три прашања.

„Трите прашања кои ги поставувам се следниве. Прво ако е толку чесен зошто го потпиша законот за измени на кривичниот законик со кои се направи амнестија на криминалците? Второто прашање каков е тој чесен претседател кој збор не кажал за ниедна крими афера која се случува во државата? за ниедна крими афера во Македонија која ја обзнанувала ВМРО-ДПМНЕ збор нема кажано, а нема кажано и третата работа каков е тој чесен претседател кој дозволува кампањата да му биде финансирана од крадени ваши пари главно преку тендери од РЕК Битола кој е на 50км воздушно од овдека од вас? Ова се трите прашања кои ги поставувам на секој јавен собир, еве ги поставувам и му правам шанса на Стево Пендаровски да одговори на истите доколку е така чесен како што тврди, но очигледно не е“, запраша Николоски.

Николоски во однос на парламентарните избори за неговиот против кандидат во 4 ИЕ истакна дека тој е еден повратник во политиката, човек за кој тој лично очекувал дека ќе гледа да се скрие и да го заборави јавноста и никогаш повеќе да не се потсети на она што го правеше, но наместо тоа реши да се врати во политиката.

„Колку што знам ни тој овдека во Беровци не дошол, веројатно нема ни да дојде затоа што пиар агенцијата „Рејтинг“ која му ја води кампањата не знаат дека воопшто Беровци постои, води кампања како да е во Скопје, веројатно Беровци најмногу на Буњаковец го асоцира така што место во Беровци можно е во Буњаковец да го пуштат“, кажа Николоски.

Претреси во Битола, паднаа двајца дилери на дрога

На 12.04.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени се од слобода О.П. и О.Н.(38), двајцата од Битола. Имено, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето О.П. од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Истиот ден, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи О.Н. од Битола биле пронајдени дигитални ваги, грутчеста материја, кутивчиња со таблетки, опаковка со кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од кафеава материја, бела прашкаста материја, опаковки со бела грутчеста материја, растителна материја и останати предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, како и поголем износ на пари во различни апоени. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава.

Николоски во целодневна посета на прилепските населени места: “Луѓето се желни за промени и сакаат да ја видат Македонија повторно горда” (ФОТО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во посета на прилепските населени места.

-Ги посетивме Мало Коњари, Големо Коњари, Ерековци и Беровци. Многу искрени активности со чесните жители на овие населени места. Разговаравме за проблемите со иселувањето на младите, за проблемите со откупот и ниските цени како и за задоцнетите субвенции. Во сите населени места во прилепско луѓето се желни за промени и сакаат да ја видат Македонија повторно горда. Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, напиша Николоски на ФБ.

Димитриевски: Ќе иницирам законски решенија за директна поммош на вистинските винопроизводители

Kампањата на претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во посета на Демир Капија.
Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека она што го работат граѓаните коишто живат во Повардарието и Тиквешијата е пример кој треба да се потенцира.

„Сметам, додаде тој, – дека тие со својата работа во голем дел придонесуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ. Само со
посветана работа која ќе влијае на зголемувањето на богатстово во државата можеме да зборуваме за самоодржлива држава Македонија“.

Димитриевски рече дека винопроизводството, одгледувањето на виновата лоза е дополнителен приход за секое семејство, но и зголемување на Бруто домашниот производ на државата.

„Од позиција на Претседател на Македонија ќе иницирам нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а се со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, а малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси. Тоа ќе придонесе во равојот на економијата, како и во зголемувањето на приходите во буџетот“, рече Димитриевски.

Денеска караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски покрај Демир Капија ќе ги посети Неготино, Росоман и Кавадарци.

Вклучен алармот во Тел Авив: „Иран денес би можел да не’ нападне“

Израел се подготвува за директен напад од Иран во рок од два дена, но Иран сè уште нема донесено конечна одлука за нападот, се вели во најновиот извештај на светските агенции.

Како што пренесува агенцијата „Anadolu“, повикувајќи се на извор, американскиот „Wall Street Journal“ тврди дека по нападот на Израел врз зградата на конзулатот во комплексот на иранската амбасада во Дамаск, се очекува потенцијалната одмазда на Техеран да биде директно насочена кон Израел.

Тел Авив се подготвува Иран да изврши директен напад врз јужен или северен Израел уште во петок или сабота, рече изворот за овој медиум.

Друг извор, наводно информиран од иранскиот државен врв, изјавил дека додека траат дискусиите за плановите за напад, не е донесена конечна одлука, пренесува „Јутарњи лист“.

Иран најверојатно ќе изврши одмазднички напад во Израел во следните неколку дена, според проценката заснована на разузнавачки извештаи од американски функционер, објави тој.

Советникот на иранскиот ајатолах Али Хамнеи исто така рече: „Плановите за напад се пред врховниот лидер и тој сè уште го мери политичкиот ризик“.

На 1 април, воздушен напад ја погоди зградата на конзулатот во комплексот на иранската амбасада во Дамаск, што резултираше со смрт на седум лица, вклучително и двајца високи генерали од Иранската револуционерна гарда.

Во средата, иранскиот врховен водач Али Хамнеи рече дека Израел згрешил што го нападнал иранскиот конзулат во Дамаск и убил генерал, велејќи: „Израел мора да биде казнет и тие ќе платат за своите грешки“, барајќи одговорност и од САД.

Како одговор, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на посетата на ракетната одбранбена единица „Железна купола“ во Израел, ги предупреди Иранците да не го напаѓаат Израел, велејќи дека оние што ќе се обидат да го направат тоа ќе се соочат со силна одбрана и силен одговор.

Во прилепскиот театар се подготвува претставата “Поблиску” во режија на Кирил Петрески

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за претставата „Поблиску“, текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Текстот и авторот првпат се поставува во прилепскиот театар.

-Се работи за еден специфичен драмски текст кој што се занимава со односите на маж – жена и прави анализа на деструктивните можности на љубовта, интимноста и телесните желби меѓу два модерни парови – вели режисерот Петрески.

Во претствата ќе играат Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Илија Волчески и Дарко Карбески.

Костимограф е Александар Џинго, изборот на музиката е на режисерот Петрески и Томе Темелкоски. Премиерата е планирана за месец мај.

Авторот Патрик Марбер е современ англиски драматург, театарски и филмски режисер, актер и сценарист. Автор е на повеќе пиеси, сценарија за филмови, професор по современ театар на Оксфордскиот универзитет.