дома блог страница 5474

ВИДЕО: Молдавија – следната Украина

moldavija-640x396

Парламентот на Молдавија го избра Павел Филип за нов премиер на земјата. Тој до пред извесно време беше дел од опозициската коалиција и силно ја поддржува интеграцијата на државата во Европската унија.

Според локалните медиуми, илјадници граѓани на Молдавија излегле на протест против одлуката Филип да седне во премиерската фотеља. Дел од демонстрантите се обиделе насила да влезат во молдавскиот парламент во главниот град Кишињев. Тие бараат предвремени избори, а новиот премиер го нарекуваат Јуда.

Претходната влада на оваа поранешна советска република, во која има голем процент на руско и на романско малцинство, беше соборена од власт од парламентот по голем корупциски скандал во банкарскиот сектор. Според досега објавените информации, се покажало дека од банкарскиот систем на Молдавија исчезнале околу една милијарда американски долари. За мала економија, како што е молдавската, ова е огромен удар.

Всушност тие пари изнесуваат околу 12,5 отсто од бруто домашниот производ на земјата.

Откако злоупотребите беа објавени во јавноста, молдавската валута изгуби од својата вредност и тоа доведе до големо осиромашување на и така сиромашното население во Молдавија.

Освен со Романија и со Украина, Молдавија граничи со т.н. Приднестровие – милитаризирана руска енклава, која официјално е дел од територијата на земјата, но реално е управувана од самопрогласената Приднестровска молдавска република.

Од една страна интересите на Русија и на Романија, односно ЕУ, но причините за демонстрациите по се’ изгледа се поврзани повеќе со корупцијата во државата.

Павел Филип е поранешен министер за технологија, за кого е познато дека е во теснии врски со Владимир Плахотњук, еден од најголемите молдавски олигарси.

Минатата недела, молдавскиот претседател Николае Тимофти, одбил да го номинира Плахотњук за премиер и според демонстрантите, со изборот на Филип, само се заобикола таа пречка.

Официјално Филип објави дека ќе работи за воспоставување на тесни врски со Европската унија, но анкетите покажуваат дека довербата кон него во општеството е многу ниска.

Рекордно производство на бурек за празникот Василица Среќната паричка и вредните подароци годинава во рацете на Марија Петреска

zito1

Во однос на претходните години за време на празникот Василица, годинава Жито Прилеп АД произведе рекорден број буреци и тоа со месо, сирење, бурек пица и многу вртени кори. Бурек имаше за сите. За оние кои нарачаа ден претходно, но и за тие кои дојдоа на лице место и побараа топол бурек.

Според традицијата, секое семејство вечерта на 13-ти Јануари или на 14-ти на пладне, токму на Василица, се собира на трпезата на која неизбежно има бурек со паричка. Но, во буреците на Жито Прилеп само една е најсреќна. Годинава, таа се најде во рацете на Марија Петреска.

– Јас не нарачав бурек претходниот ден, ама токму на Василица ја посетив продавницата бр.3 на Жито Прилеп што се наоѓа веднаш до О.О.У Кочо Рацин и прашав дали може да си купам бурек со паричка. Продавачката беше љубезна и ми кажа дека во моментот се пече бурек, така што ме замоли да се вратам за кратко време по топол бурек. Така и направив. Се надевав и подсвесно посакував да ја пронајдам среќната паричка. Најмногу се израдуваа најмалите во домот, внучињата. Јас и сопругот Цане сме пресреќни. Ви посакувам да бидете здрави, живи и многу среќни – рече Марија Петреска.

Традиционално, секоја година пронаоѓачот на паричката добива вредни подароци од раководството на компанијата. Годинава, генералниот директор на Жито Прилеп АД, Николас Атанасоски, на Марија и врачи златен крст, пакет производи од широкиот асортиман на Жито Прилеп, а најголемо изненадување за добитничката беше 40 инчен HD флет телевизор.
-Традицијата нема да ја прекинеме. Василица е еден од најзнчајните празници за православните верници. Како големи верници, го почитуваме и го одбележуваме овој празник. Само една паричка е најсреќна, а годинава таа беше во бурекот кој го купи Марија. На сите наши потрошувачи им се заблагодаруваме за лојалноста и ќе се стремиме и понатаму да работиме на унапредување на квалитетот на целокупното наше производство, задоволувајќи ги сите стандарди за квалитет – изјави Атанасоски.

zito2

ПРИВРШУВА ОПРЕМУВАЊЕТО НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ОБРШАНИ

obrsani

Денес во просториите на ОУ Јонче Смугрески во Обршани каде што ќе биде лоцирана новата детска градинка, доставена е опрема од бела техника и теписонски подлоги со што се привршува подготовката и опремувањето на просторот за отпочнување со функционирање на првата детска градинка во тој дел од општина Кривогаштани.

Досега во општината функционира една детска градинка со вкупен капацитет од 50 дечиња, а со завршувањето на опремувањето и адаптацијата ќе започне со работа и втората детска градинка за која досега има голем интерес од родителите кои имаат дечиња од предшколска возраст.

1 2 3 4 5 6

Едногодишно бебенце застрелано со пиштол во Кичево

pistol-360x200 (1)

Вчера околу 13 часот се одвивала вистинска драма во Медицинскиот Центар во Кичево кога било донесено едногодишно девојче со прострелна рана од пиштол во натколеницата. Според податоците од полицијата, откриено е дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути на улицата Васил Главинов, во семејната куќа на Р.М. 17-годишно момче со пиштол испукал куршум и го погодил детето.

Поради серизоноста на повредите малото било пренесено во Ургентниот Центар во Скопје.

Полицијата го расветлува случајот.

Откупени 11.235 тони тутун, просечната цена 186,7 денари

Вкупно 11.235 тони тутун во вредност од 2,098 милијарди денари се откупени заклучно со вчера, 20-ти јануари.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), просечната откупна цена е 186,7 денари, а се исплатени 81 отсто од преземените количини тутун.

-Родот годинава е со добар квалитет, а тоа го потврдува и постигната цена, истакнуваат од МЗШВ.

Тутунарите први ги добиваат субвенциите од 60 денари за килограм, по завршувањето на откупот.

Бизарно видео: Уловиле aнаконда, а она што го извадиле од нејзината утроба ги шокирало сите!

Шокантна видео снимка се појави на сервисот на LiveLeak, а на неа се гледа aнаконда која ја уловиле мештаните на едно село во Бразил.

Сепак, најстрашното на снимката е моментот кога од утробата на Анакондата го извадиле пленот кој таа претходно го уловила.

Станува збор за голем пит-бул кој Анакондата претходно го уловила.

ВИДЕО: Како да ја одмрзнете замрзнатата брава на автомобилот?

zamrznata-brava-640x396

Зимата одамна пристигна, а возачите знаат дека со студот доаѓа и замрзнувањето на бравата, што може да ги доведе до „нервен слом“, особено наутро кога брзаат на работа. За среќа, постои многу едноставно решение.

Следниот пат кога наутро ќе ве пречека замрзната брава, наместо да ги кршите клучот и прстите, обидувајќи се да ја олабавите, едноставно на клучот нанесете малку средство за дезинфекција на рацете.

Станува збор за оние мали шишиња гел што секогаш треба да ги носиме со себе и да ги чистиме рацете кога не сме во можност да ги миеме.

Се што треба да направите е да се ставите малку гел директно на клучот, а потоа да го ставите клучот во бравата и да го оставете неколку секунди. Алкохолот во гелот ќе го стопи мразот и бравата полека ќе се отклучи.

Ако, пак, немате кај себе гел, може со обична запалка неколку секунди да го греете металниот дел од клучот – жешкиот метал ќе ја одмрзне бравата.

Домашен чипс кој ги топи масните наслаги

cips

Познатата поговорка вели дека летната форма се постигнува во текот на зимата. Но, секој од нас знае колку е тешко да се одолее на чипсот, особено во зимскиот период, кога обожаваме да се стуткаме под покривка и да го гледаме омилениот филм.

Меѓутоа, грицките не мора да бидат масни и нездрави – напротив, може да ви помогнат да ослабете. Воедно вкусни се!

Станува збор за чипс од кељ, кој многу едноставно можете да го подготвите уште денеска.

Се што ви треба е кељ, маслиново масло и сол.

Начин на подготвка:

Убаво измијте го кељот и оставете го да се исуши. Со помош на кујнски ножици исечете го секој лист на помали парчиња, а средината не ја употребувајте бидејќи е премногу горчлива. Парчињата кељ ставете ги во пластична чинија и прелијте ги со маслиново масло. Секое парченце треба да има масло на него.

Во тепсија ставете јартија за пеење, а потоа на неа распоредете ги ливчињата кељ. Врз нив наросете сол, но не претерувајте.

Загрејте ја рерната на 150 степени, а ливчињата кељ печети ги 8-12 минути. Се зависи од видот на кељ кој го користите. Затоа е потребно постојано да ја проверувате рерната. Извадете го кељот кога ќе забележите дека е крцкав.

Пред да го пробате чипсот оставете го да се излади. Можеби на почеток вкусот ќе ви биде чуден, но во секој случај овој чипс е одлична замена за купените грицки и секако неспоредливо поздрав.

Страшен пожар во центарот на Прилеп, сирени среде спиење ги разбудија станарите

Picture 006

Синоќа во центарот на Прилеп,во зградата наспроти Зграда Македонија, изби пожар. Според очевидци се работи за застарена електрична инсталација, поради која пожарот избил во приземјето на зградата и се ширел кон погорните спратови.

Екипите на бразата помош и противпожарната бригада, реагираа навремено, а не е познато дали има повредени и жртви во настанатата огнена стихија.

Од очевидци дознаваме дека станарите панично ги напуштале своите живеалишта, кога се огласиле сирените на противпожарната бригада.

Граѓаните исто така  се пожалија на долгото чекање на екипите на ЕВН Македонија.

Повеќе информации во текот на денот.

Picture 004

Picture 005

Немате идеја за ручек? Ова мора да го пробате

30173-prokelj-580x326trh45y54y45

Направете си вкусен ручек за неколку минути за кој сите ќе ви завидуваат. Ова е и ефтино и здраво.

ПОТРЕБНИ ВИ СЕ:

2 лажички путер

240 грама сланина

450 грама прокељ

сол и бибер

толчена црвена пиперка

павлака за готвење

1/2 чаша лебни трошки

Уклучете ја рерната да се грее на 200 степени. Во голема шерпа ставете вода, посолете ја, ставете ја да врие и потоа сипете ги прокељот и оставете да се готви 8-10 минути. Сланината исечете ја на коцки да стане покрцкава и прокељот и половина сланина ставете ги во тава за печење. Зачинете и ставете ја павлаката, а на крај и остатокот од сланината и лебните трошки.

Печете во рерна 15 минути.

Добар апетит!