Страшен пожар во центарот на Прилеп, сирени среде спиење ги разбудија станарите

Picture 006

Синоќа во центарот на Прилеп,во зградата наспроти Зграда Македонија, изби пожар. Според очевидци се работи за застарена електрична инсталација, поради која пожарот избил во приземјето на зградата и се ширел кон погорните спратови.

Екипите на бразата помош и противпожарната бригада, реагираа навремено, а не е познато дали има повредени и жртви во настанатата огнена стихија.

Од очевидци дознаваме дека станарите панично ги напуштале своите живеалишта, кога се огласиле сирените на противпожарната бригада.

Граѓаните исто така  се пожалија на долгото чекање на екипите на ЕВН Македонија.

Повеќе информации во текот на денот.

Picture 004

Picture 005




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.