ПРИВРШУВА ОПРЕМУВАЊЕТО НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ОБРШАНИ

obrsani

Денес во просториите на ОУ Јонче Смугрески во Обршани каде што ќе биде лоцирана новата детска градинка, доставена е опрема од бела техника и теписонски подлоги со што се привршува подготовката и опремувањето на просторот за отпочнување со функционирање на првата детска градинка во тој дел од општина Кривогаштани.

Досега во општината функционира една детска градинка со вкупен капацитет од 50 дечиња, а со завршувањето на опремувањето и адаптацијата ќе започне со работа и втората детска градинка за која досега има голем интерес од родителите кои имаат дечиња од предшколска возраст.

1 2 3 4 5 6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.