Хрватскиот портал „glam.hr” на 15 февруари во концертната сала Ватрослав Лисински со почеток во 20:00 часот ќе се избира најгламурозна личност од регионот за 2015 година.
Покрај балканските ѕвезди од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, во конкуренција влегоа и шест Македонци.
Во категоријата за најгламурозна машка личност од Македонија номинирани се: ракометарот Кире Лазаров, пејачот Даниел Кајмакоски и македонскиот шоумен Игор Џамбазов. Во втората категорија за најгламурозна женска личност се најдоа поп-дивата Калиопи, кралицата на ромската песна Есма Реџепова и водителката Ирена Спировска.
Критериумите за избор на најгламурозна личност за 2015 година се личностите да бидат од општествено јавната сцена во подрачјето на целиот регион, да не постојат никакви гласини ниту скандали во својата кариера, и мора да се занимаваат со хумантирана работа во своето слободно време и тоа со свои финансиски средства, а не со пари од спонзорите. Финансиските средства од овој настан ќе се донираат за хрватското здружение „Љубов на дело”, кое за свои штитеници ги има децата кои боледуваат од малигни болести.
Ниту еден авион од типот Боинг 767 не удри во кулите Близначки како што лажно тврдат медиумите и властите. Таквиот судар физички е невозможен од неколку причини, наведува поранешниот пилот на ЦИА, Џон Лир.
Лир потпишал писмено признание дека кулите близначки не се соборени така што авионите се судриле со нив. Според неговото мислење, официјалната приказна за тоа дека двата авиони ги собориле кулите е „физички невозможна“.
Откако рускиот претседател Владимир Путин наведе дека ќе објави сателитски фотографии што докажуваат дека кулите близначки се уништени со „контролирана експлозија“ по се изгледа ќе биде поништен официјалниот извештај на комисијата за 11-ти септември.
Писменото признание е сериозна работа и важи за „правна вистина“ доколку не биде побиено. Сега противниците на тероијата на Лир треба да ги претстават своите докази ако сакаат да ја побијат неговата изјава.
Доколку не го направат тоа, владата на САД ќе мора да признае дека официјалниот извештај на Комисијата за 11-ти септември не бил вистинит.
Инаку, Лир не е било кој пилот. Тој е внук на основачот на Леарџет, Бил Лир. Тој е пензиониран воздушен капетан и поранешен пилот на ЦИА кој управувал со повеќе од 100 различни авиони во текот на 40 години активно летање. Тој има повече пилоткси сертификати од било кој друг сертификуван пилот. Тој летал во Азија, Африка, Источна Европа и на Блискиот Исток.
Со други зборови, Лир добро се разбира во летањето и во авионите. Ако тој рекол дека авионите не ги срушиле кулите близначки, тогаш тоа со сигурност е така. Еве што напишал и потпишал во неговото признание:
Ниту еден Боинг 767 не удрил во кулите близначки како што лажно тврдат медиумите и властите. Таквиот судир физички не е возможен од неколку причини.
Во случај на вистински удар авионот би почнал да се врти кога неговиот преден дел ќе удреше во челичните столбови на кулата.
Потоа би дошло до одвојување на вертикалниот и хоризонталниот опаш на авионот и до нивно паѓање на земја. Моторот на навионот би го задржал својот облик за време на ударот и би бил најден меѓу остатоците на срушената кула.
Ниту еден Боинг 767 неможе да оствари брзина од 810 км/час на 300 метри надморска височина. Моторот едноставно неможе да го издржи густиот воздух при толкава височина и брзина.
Дел од трупот на авионот со 3-4 отвори на прозорците неможел да го преживее ударот во челичниот столб на кулата на бзрочина од 800 км/час.
Голем број делови од авионот требало да паднат на земјата затоа што неможеле да поминат низ масивните челични столбови на кулата, вклучително и 3 те јадра на моторот со вкупна тежина од 4, 5 тони, што неможеле да исчезнат туку така.
Не е возможно авионот во целост да исчезне при судирот, вели Лир.
Македонија, до своето шесто учество на ЕП ќе треба да дојде во дуелите против селекциите од групата Г во која за противници ќе ги има: Унгарија, Велика Британија и Луксембург.
Во останатите групупи ќе играат:
А група: Белгија, Исланд, Швајцарија, Кипар.
Б група: Германија, Холандија, Австрија, Данска.
Ц група: Русија, БиХ, Шведска.
Д група: Полска, Естонија, Белорусија, Португалија.
Е група: Словенија, Украина, Бугарија, Косово.
Ф група: Грузија, Црна Гора, Словачка, Албанија.
Квалификациите ќе се играат летово, во периодот од 31 август и 17 септември.
Учество на шампионатот ќе обезбедат 11 селекции и тоа седумте првопласирани, како и четири од второпласираните од секоја од квалификациските групи.
Пласман на ЕП веќе имаат обезбедено 13 репрезентации. Покрај четирите домаќини, Финска, Турција, Романија и Израел, и финалистите од последното ЕП 2015, Шпанија и Литванија, на следното ЕП сигурно ќе играат и репрезентациите кои ќе настапуваат во квалификациите за ОИ во Рио, а меѓу кои се: Хрватска, Чешка, Франција, Грција, Италија, Летонија и Србија.
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ја посети општина Прилеп, при што оствари работна средба со градоначалникот Марјан Ристески.
На средбата стана збор за актуелните случувања и тековни проекти кои се реализираат во Општина Прилеп.
Пред почетокот на посетата на локацијата каде што се гради пречистителната станица за отпадни води за градот Прилеп, се одржа координативен состанок за проектот „Пречистителна станица“. На состанокот присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање како носители на проектот, претставници од договорниот орган CFCD од Министерството за финансии, претставници од Европската комисија, како изведувач на градежните работи „Лудвиг Фајфер“, консултантската фирма IGIP како надзор на проектот, претставници од Локалната самоуправа и ЈКП „Водовод и канализација“.
Во првата фаза, се замени канализациона мрежа во должина од 23 километри, а во втората фаза се очекува да се замени 45 километри канализациона мрежа. Ова е првиот македонски проект со кој се обезбедени средства од третата компонентна на ИПА фондовите на ЕУ во вредност од околу 14 милиони евра, а остатокот на средствата односно околу 6 милиони евра, се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. Овој проект е од исклучително значење за Прилеп бидејќи е една од ретките општини на Балканот која ќе има комплетен третман на отпадните води и ќе има најчиста река која врви низ централното градско подрачје.
Руските снајпери наскоро ќе станат невидливи за непријателот благодарение на новиот иновативен дурбин, развиен од Московска дизајнерска компанија.
“Развиваме дурбин кој ќе дозволи поголема ефикасност од користењето на опремата за инфрацрвено и ноќно гледање. Новите дурбини ќе работат на радиобранова должина, што го прави снајперот невидлив за непријателот”, вели генералниот директор на компанијата Аргус-НВ, Антон Сафин.
Од компанијата претходно изјавија дека засега дурбинот успешно ги поминал тест фазите за работа во секакви временски услови.
Аргус-НВ опремата е лесна, мала и издржлива со батерии со голем капацитет кои обезбедуваат сигурно користење дури и со тешки оружја под секаков вид на временски услови. Компанијата специјализира во развивање на инфрацрвени додатоци за снајпери кои се додаваат на дурбините на пушките ВСС и СВД, Калашников и Пешенег митралезите.
Подготовка:
Деловите од пилето претходно ги вариме во малку посолена вода.
Кромидот и морковот се пропржуваат на масло, се додава брашното, малку се пропржува и на крај се додава црвена пипер. Кон ова се додава претходно сварените пилешки делови заедно со водата, се додаваат зачините по вкус и се остава да поврие неколку минути(5-10). Се трга од оган, се мати едно јајце и во него се додава киселото млеко, го разбиваме заедно со јајцето и го додаваме во сварената чорба. Промешуваме и на крај се додава свеж сецкан магдонос.
За десерт подгответе палачинки.
Потребно:
2 банани
3 јајца
5-6 лажици брашно
Подготовка:
Јајцата се мамат со миксер. Бананата се пасира и се додава во јајцата. На крај се додава брашно и се мати со миксер. Се пржат и се филуваат по желба, а ние препорачуваме крем и шлаг.
Времето во Македонија ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието.
Температурата ќе се движи од минус еден до минус пет, а дневната ќе достигне до три степени.
Во Скопје ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата 0 степени.
Продолжува периодот на стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури. Најстудено ќе биде во сабота наутро, кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -12 степени.
По вчерашниот пожар кој избувна во центарот на Прилеп на ул. „Браќа Ламески“ (над маркет Футура) во влезот на зградата, градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со станарите и со останатите структури кои интервенира при овај немил настан.
Од ТППЕ – Прилеп го информираа градоначалникот за преземената акција, а станарите се пожалија за не навремена интервенција на екипите на ЕВН, кои интервенирале после 45 минути од дојавата на пожарникарната дежурна екипа.
Брзата интервенција на пожарникарите не дозволила да дојде до поголема материјална штета или човечки жртви, иако голема била веројатноста дел од станарите да се задушат, поради неможност да излезат надвор од зградата бидејќи горел влезот.
За среќа при овој пожар нема човечки жртви, но има материјална штета. Полицијата и Јавното обвинителство веднаш излегле на местото на несреќата. Причините за пожарот дополнително ќе бидат утврдени.
Во третата недела од февруари, традиционално, по 19-ти пат ќе се оддржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и екс југословенските простори.
Наградите ќе бидат доделени по список и редослед кој е прочистен и потврден одмузичко забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на оддложената ТВ снимка со среќни ПИМ мерки.
Добрата забава и хумор се потреба во секое нормално хумано опшество и тоа барем еден ден во годината, а додека го чекаме тој убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее „Ново сонце на слободата“, се вели во официјалното соопштение за манифестацијата.
Како можен датум за одржување се посочува 18 февруари.
Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 15 март 2016 е крајниот рок за поднесување Годишна даночна пријава за сите граѓани кои лани оствариле дополнителни приходи по различни основи.
– Задолжително поднесете образец ПДД-ГДП, најдоцна до 15-ти март, ако мината година сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата, пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и приходи од кирии (издавање имот – закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари, приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни, лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација, информира УЈП.
Пријава треба да се поднесе и за приходи остварени преку интернет (е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари, како и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.