дома блог страница 5475

Вечерва спектакл на небото – вселенското чудо можеме да го видиме со голо око

wqifdiwefji

Пет планети за прв пат по 11 години ќе се израмнат на небото. Ова последен пат се сличило во јануари 2005 година, кога Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн формираа дијагонална линија.

Оваа појава ќе биде видлива од 20. јануари до 20. февруари, а астрономите велат дека најубаво овој спекатакл може да се забележи пред зорите.

Волчешка Месечина носи среќа: Ноќта на 23 јануари почнуваат промени

1

Во ноќта помеѓу 23 и 24 јануари не очекува „Волчешка Месечина“, што е одлична вест  бидејќи се очекува дека конечно ќе ни донесе позитивни вибрации. Почетокот на  2016 година беше поприлично турбулентен, но од 24 јануари ќе може да се надеваме само на позитивни промени.

Оваа полна, односно „волчешка“ Месечина ќе биде пресврте разјасни кој следен потег треба да го повлечете.

Уште една занимливост е дека годинешната „волчешка Месечина“ е биде во знак на Лав, а тој е роден водач на глутницата.

Лавот сака забави и не сака конвенционалности што пак навестува дека наредниот период на сите ќе ни биде повесел. Можеби повторно ќе стапите во контакт со некој кој сте заборавиле или пак едноставно ќе посакате да ги заборавите грижите и да се забавувате. Тоа  е на крајот на краиштата она што Лавот најдобро го прави.

Од друга страна, волкот можеби делува  страшно, но во спиритуализам тој означува силна интуиција  и способност на себе познавање. Во следниот период ви претстои еден вид на „себе откривање“. Кон крајот на јануари и почеток на февруари вистинската слика за вашите квалитети ќе излезе на виделина. Ако имате некои планови поврзани за почеток на нова работа или било што ново ова е идеален момент да започнете со тоа.

Оваа полна Месечина ќе биде посебна и затоа што е стои спроти Водолијата, знак кој ужива во друштво. Како и волкот и Водолиите ја сакаат својата глутница, па немојте да се изненадите ако таа сабота (23 јануари) добиете позив за дружење со луѓе кои долго не сте ги виделе. Во секој случај токму таа ноќ е најдобра за забава во овој месец, а некои од вас можеби ќе посакаат да ја истражат и нивната дива страна.

Денот по полната Месечина, 25 јануари, Меркур ќе прекине да биде ретрограден, а тоа значи дека голем број на работи кои безуспешно се обидувавте да ги испланирате и остварите конечно ќе дојдат на свое место и ќе се реализираат.

Груевски најави пет нови проекти за младите

– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска најави нови пет проекти наменети за младите. ВМРО-ДПМНЕ, како што порача во денешнто обраќање пред членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, иднината ја темели на младите и акцентот го става на нивната иднина.

Како што рече младите се иднината на Македонија и нејзината сила па затоа и продолжуваат со вложувањето во иднината на младите.

Првиот проект, како што посочи, е бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот. Мерката ќе стартува во март 2016 година, а за нејзино спроведување Владата ќе исплаќа дополнителни трансфери кон Македонски железници.

gruevski7

– Преку овој проект младите до 27 години ќе имаат можност да добиваат бесплатен повратен билет со кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај секоја прва и трета недела од месецот во периодот на викенд односно од петок по 12 часот до понеделник до 12 часот, рече Груевски.

Со овој проект, нагласи, ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите.

gruevski-1

– Оваа мерка е практично проширување и збогатување на можноста која и досега постоеше за бесплатно патување во железничкиот патнички сообраќај за млади лица до 27 години, во третиот викенд во месецот што започна во јули 2014 година. За проширување се одлучивме поради исклучително позитивните резултати и големиот интерес кај младите, рече Груевски.

Нагласи дека за шесте месеци во 2014  година и 11 месеци од 2015 година таа мерка досега  ја искористиле преку 48.758 млади со што заштедиле околу 17 милиони денари.

Втората мерка која што ја најави Груевски е бесплатна обука за основни компјутерски вештини за млади до 29 години.

-Во насока на зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот, млади лица до 29 години ќе имаат можност за посета на обуки за познавање на компјутерски вештини и странски јазици, со што ќе им се помогне на младите за стекнување на соодветни знаења, потребни за воведување во работниот процес. Овој проект предвидува секоја година, почнувајќи од март 2016 година, 2000 млади лица на возраст до 29 години да бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд, односно англиски, германски и француски, ширум територијата на Република Македонија. Ќе постојат три нивоа на изучување на јазиците и тоа почетен, среден и напреден. За таа цел кон крајот на февруари оваа година ќе биде распишан јавен повик преку АВРМ со цел да се пријават заинтересираните кандидати, додека селекција на кандидатите ќе биде по принципот успех на студии согласно ранг на универзитетот, 35 бода и социјален статус кој ќе носи и до 65 бода. А за младите кои не студираат, ќе се земе во обзир само социјалниот статус, сметајќи го вкупниот приход во семејството на годишно ниво. Со оваа мерка им се помага на младите да се стекнат со вештини и знаења потребни и барани на пазарот на трудот. Покрај активните мерки за вработување кои се нудат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, ова ќе биде можност плус за оваа категорија на граѓани. Значи секоја година по 2000 лица, за 4 годишен мандат 8000 лица, истакна тој.Тој посочи дека биде распишан јавен повик преку АВРМ со цел да се пријават кандидатите, додека селекција ќе биде по принципот успех на студии согласно ранг на универзитетот 35 и со статус до 65 бода. Со оваа мерка им се помага на младите да се стекнат со вештини барани на пазарот на трудот. Ова ќе биде можност плус за оваа категорија на граѓани.

Во мерките за млади се најдоа и студентите . Во петте државни студентски домови ќе бидат изградени перални и сушални во петте државни студентски домови.

-Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна и кој можеби целокупната јавност и не е току приоритетен. Но, за над 6500 студенти во домовите значи проблем за нивно функционирање но и финансиски товар за нивните буџети. Во насока на задоволување на потребите на студентите сместени во студентските домови,и зголемување на студентскиот стандард, ВМРО-ДПМНЕ следејќи ги најновите позитивни искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави, се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Македонија, истакна Груевски.

Станува збор за 5-те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип.

-Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна, и кој можеби за целокупната јавност не е толку приоритетен, но за 6 500 студенти присутни во домовите значи проблем за нивното функционирање, но и финансиски товар за нивните буџети. ВМРО-ДПМНЕ во насока на задоволување на потребите на студентите, сместени во студенстките домови во Република Македонија и воедно зголемување на студентскиот стандард, следејќи ги најновите позитивните искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Република Македонија. И тоа 5те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, во Охрид, во Штип, во Прилеп и воПробиштип. Вкупно за сите државни студентски домови се предвидени 50 машини за перење и 50 машини сушење распоредени во зависност од бројот на студенти во секој од нив. Со ова ќе се надмине еден реален и дологодишен проблем на студентите сместени во државните студентски домови и кои минуваа низ бројни непријатности, и практично ова ќе биде задоволување на уште едно нивно барање. Проектот ќе се спроведува преку министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017та година.

Проектот ќе се спроведува преку Министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017 година, а до тогаш ќе се одвиваат подготвителните активности.

Груевски најави дека од октомври оваа година ќе започне изградба на фитнес зони во 18 градови низ Р. Македонија. Овој проект ќе биде реализиран преку Агенцијата за млади и спорт и локалните самоуправи.

-Четвртиот проект кој денес го објавувам е проектот за изградба на ФИТНЕС ЗОНИ низ 18 градови на Република Македонија. Во насока на поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот и спортските активности, ќе бидат изградени фитнес зони во градските паркови на отворено во 18 општини во РМ и тоа Скопје, Гостивар, Кочани, Струмица, Куманово, Струга, Кичево, Гевгелија, Маврово, Крушево, Берово, Дојран, Тетово, Прилеп, Битола, Охрид, Ресен и Велес. Од овој проект ќе имаат бенефит пред се младите, но и останатите граѓани заинтересирани за овој вид активности. Плановите се проектот да се реализира преку Агенцијата за млади и спорт во соработка со општините, за што ќе бидат издвоени одредени зони во градските јадра каде ќе бидат поставени соодветни спортски направи за одвивање на финтес активности. Проектот ќе започне да се реализира од октомври 2016та година.

Нови читални ќе се градат во Струмица, Аеродром и Велес.  Ова е уште еден од петте проекти наменети за млади луѓе кои денес ги најави Никола Груевски.

-Работејќи посветено на отворањето нови просторни капацитети кои го помагаат процесот на студирање и едукација, ВМРО ДПМНЕ предвидува отворање на нови читални во Струмица, Велес и Аеродром. Министерството за образование и наука кое ќе го спроведува проектот, ќе обезбеди работа на читалните секој ден од неделата, а ќе имаат капацитет од 100 до 150 места и 10 компјутери кои ќе бидат на располагање за корисниците на читалната. Се одлучивме за отворање на читална во Струмица бидејќи тоа е град каде постојат дисперзирани студии и има 670 студенти, додека пак на постдипломски студии има дополнителни 1200 студенти. Првичниот план е читалната која ќе биде опремена со соодветна литература да биде сместена во центарот за култура. Отворањето на читалната во Аеродром ќе биде од значајна корист за студентите, учениците и посдимпломците кои потекнуваат од тоа подрачје на градот Скопје а кој се карактеризира со млада популација и на тој начин ќе се придонесе кон растоварување на постоечките капацитети на читалните во градот Скопје. Исто така и градот Велес ќе добие современа читална, тоа е град каде студираат над 600 студенти, и место каде егзистираат повеќе диспрезирани студии од различни насоки, рече Груевски.

Овој проект ќе се реализира во јануари 2017та година, преку министерството за образование и наука.

-Ова е се 5 конкретни проекти кои вие знаете дека ќе ги реализираме, како што реализиравме и реализираме многу други. Како што претходно кажав, за сите проекти што ги набројав ресорните министерства во соодветна процедура, ќе бидат реализирани од страна на институциите, органите и телата управувани од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со почитување на сите законски прописи. Овие проекти се добро обмислени, и се обезбедени сите потребни услови и ресурси за нивна реализација и од содржински и од формален аспект, рече Груевски.

ВИДЕО: Ова е најстрашната скриена камера досега

camhid

Ова дефинитвно е најстрашната скриена камера, поради која ќе се подзамислите пред да се качите во јавен превоз.

Направена е во Бразил, затоа не мора да ви објаснуваме колку е страшна.

Прво започнува да трепка осветлувањето, потоа започнува врескањето и на крај се појавува најстрашното.

Луѓето се плашат многу без разлика кој е маж, а кој жена.

Погледнете…

Украдени повеќе од 30.000 евра и златен накит од куќа во Прилеп

Од куќа на прилепчанец, вчера се украдени околу 31.000 евра, 43.000 денари, 17 франги и разновиден златен накит. Кражбата се случила во периодот од 13 до 14 часот во Прилеп на улица Киро Крстески Платник во куќа сопственост на К.И. (36).

Полицијата извршила увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

ВИСТИНСКО ЧУДО: Британец претрча базен полн со вода

1111111111

Скот Козби (27) од Велика Британија го доби прекарот Исус, откако неколку пати претрча базен пол со вода.

Чудото кое според Библијата го направи Исус, Козби го изведе неколку пати во базен во локално училиште. Имено, тој неколку пати но претрчал базенот пол со вода.

Но, доколку снимката ја погледнете неколку пати, на површината на водата ќе забележите еластичен материјал кој на Козби му овозможи да го направи ова „чудо“.

Се обложив со другарите дека ќе претрчам базен полн со вода, а притоа да не потонам. И сега ме викаат Исус. Кога прв пат го гледате видеото навистина ќе помислите дека станува збор за чудо, истакнал Козби.

Собор на Свети Јован Крстител

jovan-krstitel.jpg-500-640x445-640x396

Православните христијани денеска го празнуваат празникот Собор на Свети Јован Крстител, именден слават Јовановци.

Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е затоа што главната служба на Свети Јован, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден, односно на 7-ми јануари според стариот календар.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи

Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот и според улогата на Крститетл за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот.

Се одликувал со толку голема морална чистотта што попрво можел да биде нарекуван ангел отколку смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да го покаже оној за кој прорекувал.

crkva-krst-640x429-597x400

Во младоста Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години по божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Во тоа време Исус се подготвувал за учител. Но според тогашните закони учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус кога наполнил 30 години дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован кој дотогаш не го имал видено, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот Јован го одвраќал велејќи му: „Јас треба од тебе да бидат крстен, а ти при мене ли доаѓаш?“ Но кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи, и жестоко ги критикувал неморалот, лагите, развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв.

Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прославил со својот расипан карактер. Овој наследил некои особини од татко си, па ја избркал својата законита жена и живеел незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекорувал и го разобличувал за тоа, па Ирод го затворил. Во една прилика Ирод приредил гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхитила Ирод со својата страсна игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и ветил се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка си, која не можела да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побарала главата на пророкот. Ирод наредил и Јован бил обезглавен. Иродијада продолжила да се изживува над мртвата Јованова глава и го избодела неговиот јазик со игли. Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопал главата на Свети Јован Крстител.

КОМФИ АНГЕЛ ПРИЛЕП, ПРИМЕР ЗА РАБОТЕЊЕ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

1896959_904035989687143_884259814759863848_n

Малкумина говорат позитивно кога ќе се спомене некоја текстилна конфекција. Реткост е вработените да се пофалат со убави услови за работа, одличен однос од менаџментот и сопствениците на ваквите производствени капацитети. Но кога се говори за компанијата Комфи Ангел од Прилеп, сите вакви негативни коментари паѓаат во вода. Оваа компанија којa успешно работи и продуцира во нашиот град, вработува повеќе од 1000 луѓе и се грижи за нивните потреби, нивното задоволство, ги цени и наградува сите залагања на своите вработени. Компанијата претставува странски капитал и своето производство во најголем процент го извезува на странски пазари. Она што ја прави лидер во својата работа е огромната посветеност, одличните човечки ресурси, како и вредна и мотивирана работничка рака.

Карактеристично за оваа компанија е општествено одговорната свест, па така во текот на своето работење, компанијата Комфи Ангел има реализирано многу соработки со невладиниот сектор, многу хуманитарни акции, меморандуми за соработка, реализирани проекти за кревање на претприемачкиот дух кај младите во средните училишта и факултетите и.т.н.

11952050_876395959117813_6776561707124894962_n

11873626_876395955784480_5211826256890765419_n

11896189_876395945784481_7104968738738484379_n

Тоа сето говори за отвореноста и достапноста на оваа компанија, како и подготвеноста да се помогне секоја манифестација, настан, да се подигне некоја свест, да се истакнат човековите вредности, да се докажи дека компаниите и фирмите не се тука само и само да остварат приходи, туку дека тие се главните двигатели на општеството, и дека компаниите треба да им возвратат на оние кои работат во нив и за нив.

1928302_935221376568604_2119655363075524215_n

1923394_935221369901938_360922840921743389_n

Еден таков настан компанијата Комфи Ангел организираше во месец ноември 2015 година, кога дел од своите производи, перници и постелнини, на градскиот плоштад Методија Андонов Ченто во Прилеп, ги пласираше по пониски цени, а собраните парични средства ги намени за Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во РМ, – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА.

12246798_918755961548479_2475176830612720503_n

12249697_918756044881804_1760763218403196549_n

12241727_918755951548480_2889376540507661244_n

Оваа акција беше прифатена со огромно задоволство од сите граѓани и предизвика огромна масовност.

Генерелниот менаџер Ирена Јакимовска, е главниот столб и двигател на компанијата кон успехот што го остварува. Нејзините постојани ангажмани, работни средби, предавања, ја прават личност од која треба да учат најдобрите студенти и сите оние кај кои постои претприемачки дух и смисла за бизнис треба да ги следат нејзините чекори.

12295233_921867984570610_2837838861053499457_n

Дека сето погоре кажано е вистина говори и фактот што Комфи Ангел измината година беше наградена и со две престижни награди во Лондон од Асоцијацијата „RSM international at European Business Awards“. Прво место освои за национален шампион за увоз-извоз и второ место за увоз-извоз на европско ниво, во конкуренција на десет компании.

11412415_837356593021750_4895692569061802066_n

Грижата кон вработените ја докажуваат со организирани Тим Билдинг викенди, трибини во соработка со реномирани професори, што ретко која компанија го прави. На ваков начин се издигнува секако мотивацијата, се намалува работниот стрес, се вложува во своите вработени и се зголемува нивната продуктивност при работа.

12122820_904035693020506_6843808170364922320_n

1896959_904035989687143_884259814759863848_n

12347954_929629187127823_7191651127165602064_n

12373367_929629197127822_7845893409528553061_n

Во 2013 година, вработените од Комфи Ангел ја направија најголемата перница во светот, и ја внесоја компанијата и Прилеп по втор пат во Гинисовата книга на рекорди.

Ова е мал дел од една успешна сторија која постои 11 години, постојано чекори кон напредок, постојано насочена кон освојување на нови пазари, на зголемување на производствени капацитети, мал дел од успешната сторија Комфи Ангел.

10929216_761472333943510_5689742084661456876_n

10929084_761472287276848_5940854467710367938_n

Посакуваме само едно, ваквите трендови на комуникација, соработка, отвореност и посветеност да се пресликаат и на другите компании, особено на оние кои работат во текстилната гранка на индустријата.

Видео кое ќе ве одушеви – како се чека ред во Јапонија?

Ова видео навистина ќе ве одушеви.

 

 

(Видео)ГАДАФИ САКАЛ ДА СЕ ПОСВАТИ СО ПУТИН: Гадафи понудил неговиот син да ожени една од ќерките на Путин!

gadafi-2zi5dna7fg6jlxcg8obt34

Покојниот лидер на Либија Муамер Гадафи, наводно сакал да го ожени неговиот втор син со една од ќерките на претседателот на Русија Владимир Путин, изјави еден од советниците на екс-лидерот на Либија.

saif-al-islam-gadafi-yt

Гадафи му пришол на Путин и го прашал со цел зацврстување на врската помеѓу двете држави, неговиот син, Саиф ал Ислам Гадафи, да и понуди брак на една од неговите ќерки, наведува Мухамед Абд Моталеб ал Хуни за агенцијата “Ал Арабија”