дома блог страница 5407

Сириските Курди денеска ќе прогласат свој регион

siriski-kurdi-640x447

Лидерите на сириските Курди се очекува денеска да прогласат посебен федерален регион во северна Сирија, за кој Обединетите Нации рекоа дека нема да го признаат.

Овој потег, според оценките, најверојатно ќе ги усложни напорите на Вашингтон за здружување на силите со Турција во борбата против милитантите на исламската држава кои се уште контролираат големи делови од Сирија и Ирак.

Курдските сили се меѓу најуспешните во борбата против ИД.

Од друга страна Турција со голема бунтовна курдска популација стравува дека создавањето на автономна курдска држава ќе биде закана за нејзиниот територијален интегритет.

Сириските Курди се решија на ваков потег откако не беа вклучени во мировните преговори за Сирија што под посредство на он се одржуваат во Женева.

ВИДЕО: Ноу Камп со 105 илјади места

barsa

Фудбалскиот клуб Барселона истакна оти до сезоната 2021/22 ќе го подобри квалитетот на арената „Ноу камп“ со 105 000 места.

Барселона наведе дека на повикот за дизајн и реновирање на арената победила заедничката понуда на јапоснката компанија Никен Секеи и каталонскиот тандем на Џоан Паскал и Рамон Ауис.

Презентацијата на проектот ќе биде објавена на свеченост, додека работата на арената на клубот ќе тргне наредната сезона.

Барселона наведе дека најдобриот предлог за арената на клубот е „отворен, елегантен, смирен, вонвременски, медитерански и демократски“.
„Ноу камп“ може да прими 99 354 навивачи и со тоа е најдобар во Европа, од 1967 година.

Вегетаријанска кујна: Хармонија од компири и црн патлиџан

jadenje (1)

Ова вкусно вегетаријанско јадее ќе го подобри вашето расположение, но и вашето здравје.

Се што ви е потребно за ова јадење е:

-3 црни патлиџани

-2 компира

-5 суви домати во масло

-1 чешне лук

-1 китка магданос

-1 врзоп босилок

-нерафинирано масло, сол  и  мелен црн пипер.

Начин на подготовка:

Измијте го црниот патлиџан и исечете го на коцки. Излупете ги компирите и исто така исечете ги на коцки. Босилокот, лукот и магдоносот исечкајте ги. Во тава загрејте малку масло и кога ќе започне да врие, ставете ги компирите и пржете ги неколку минути. Потоа додадете го црниот патлиџан и пржете го три минути. Додадете го исечканиот босилок, лукот и магдоносот и исечканите суви домати. Посолете, наросете мелен црн пипер по вкус и пржете половина минута со мешање. Послужете го јадењето топло. Пријатен апетит!

 

Уште едно прво место за прваците од „Пехарите“

1

Масовната маска „Пехари“ во изведба на учениците од Основното општинско училиште „Кочо Рацин“ ја доби првата награда за детска маска во категоријата сениори на Меѓународниот карневал „Прочка“ 2016 во Прилеп. Со карневалска возбуда и радост танцуваа, дефилираа и славеа победа вкупно 90 ученици од четврто и шесто одделение, а за целокупниот процес од идеја – до реализација се погрижи тимот наставници: Пеша Крстеска, Павлинче Велјановска, Весна Паноска, Зора Ангелеска, Каролина Тренеска , Габриела Темелкоска, и Гоце Бумбароски со поддршка на директорот Петре Крагуевски. Приказната на маската „Пехари“ започна со божиците кои со звуците на триумфалниот марш ги најавија победниците, а потоа, додека ечеше училишната химна на „ Кочо Раци“ следеше дефилето на победниците претставени во симболот на победата – златниот пехар. Идејата за маската „Пехари“ произлегла од актуелното јавно признание на Министерството за образование на Р. Македонија со кое училиштето „Кочо Рацин“ го добива почесниот епитет: најтрофејно училиште во Република Македонија. Се работи всушност за идеја која е инспирирана не од бајките, туку од вистинита и реална успешна приказна за која се најзаслужни самите победници, а тоа се многубројните ученици од повеќе генерации кои минале и минуваат низ клупите на „Кочо Рацин“ и ја продолжуваат традицијата на освојување први места на државни и меѓународни натпревари.

2

Јовица Обрадовиќ Спортски директор на ФК Победа!

jovica (1)

фото: Левадија-Победа 0-0 25. јули 2007 година

Со одлука на клупското раководство на Победа за нов спортски директор на клубот назначен е поранешниот член на црвено-белите Јовица Обрадовиќ. Роден во Крушевац на 3 април 1984 година Обрадовиќ во кариерата настапувал за:
1994- 2003 ФК Напредак , Крушевац
2003-3005 ФК Јединство, Параќин
2005-2006 ФК Беласица , Струмица
2007-2010 ФК Победа , Прилеп
2011-2012 ФК 11-ти Октомври, Прилеп.
Во 2007 година ја освојува шампионската титула со ФК Победа и Финале Куп на Р. Макеонија.
Истата година настапува во квалификации за Лига на шампиони со ФК Победа.

ВИДЕО: Анџелина Џоли во Грција, ги посети мигрантите

joli

Холивудската актерка Анџелина Џоли денес пристигна во Грција, на пристаништето Пиреја каде се стационирани поголем број на мигранти. Како што е најавено, мисијата на Џоли е лично да разговара со мигрантите, односно со какви проблеми се соочуваат истите. Познатата актерка треба да го посети и Идомени, кое се наоѓа на границата со Македонија.

Харисон Форд повторно како Индијана Џонс!

Харисон Форд по петти пат ќе биде Инди, дефинитивно, а филмот ќе го режира Стивен Спилберг. Во кината ќе биде од 19-ти јули 2019-та.

idijana-dzons

Информацијата ја објавија од Волт Дизни. Кога ќе биде премиерата на филмот Форд ќе има 77 години, а Спилберг 72.

Се уште не се знае насловот на најновиот дел од франшизата, кој е во продукција на брачниот пар Кетлин Кенеди и Френк Маршал.

„Индијана Џонс е еден од најголемите херои во историјата на филмот и едвај чекаме да го вратиме на големото платно. Реткост е да се има таква совршена комбинација од режисер, продуценти, актер и улога и возбудени сме заради оваа авантура со Харисон и Стивен“, изјавил Алан Хорн од Волт Дизни.

Форд се врати во последниот дел од Star Wars, а ќе глуми и во продолжение од Blade Runner чија премиера е во јануари 2018-та.

ВИДЕО: Манастирот Свети Аранхел Михаил под вода

manastir (1)

На Фејсбук се шири фотографијата на која се гледа дека манастирот Свети Аранхел Михаил во Србија целосно под вода.

Тажната слика ги остави верниците без зборови, а нивната порака кратко накратко е пренесена на социјалните мрежи.

– Што да се каже, а да не се заплаче? Споделете ја фотографијата за да види светот како се унишуваме самите себе, стои под фотографијата.

Ставрески: Пречистителната станица во Прилеп е еден од најголемите инфраструктурни зафати

Работите на еден од најкрупните проекти во регионот, пречиститечната станица во Прилеп се одвиваат без застој, а според временските услови очекуваме во текот на годинава да биде готова, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на локацијата каде се одивааат работите.
stavreski-640x294
– Пречиститечната станица е еден од најкрупните проекти, заедно со обновата на канализационата мрежа, еднаш засекогаш ќе го реши прашањето за третман и прочистување на отпадните води за градот Прилеп. Се работи за проект финансиран од ИПА програмата на ЕУ заеднички финансиран со македонската влада во вкупна вредност од 26 милиони евра, од кои 10 милиони евра е пречистителната станица, а 16 милиони евра е обновата на канализацијата. До крајот на годинава треба да биде готова, а обновената канализациона мрежа од 65 километри да биде готова до пролет 2017 година, изјави Ставрески.
Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, овој проект, заедно со проектите за водоснабдувањето и за изградба на фабрика за селектирање на отпадот, се подобрува животот за граѓаните во Прилепско.
– Овој проект, финансиран со средства од ЕУ и од буџетот на Република Македонија, претставува еден од најзначајните проекти во Прилеп. По решавањето на проблемот со водоснабдувањето, решавањето на проблемот со третманот на отпадните води ќе претставува од голема важност и заедно ќе значат подобрување на условите за живеење во идниот период во Прилеп. Нареден проект е изградба на фабрика за селектирање на отпадот. Со овие три проекти Прилеп ќе се вбројува во градовите кои ќе имаат европски активности, рече Ристески.
Директорот на прилепски „Водовод и канализација“ кое ги кординира работите за изградбата на пречистителната станица, Сашо Николоски нагласува дека ќе се стигнат роковите и за обновата на канализационата мрежа и за пречистителната станица.
– Работите во двете фази се во тек и тоа за реконструкција на канализационата мрежа и за изградба на пречистителната станица. Првата фаза за изградба на канализационата мрежа од 23 километри заврши, почна втората фаза на изградба на уште 45 километри од канализационата мрежа. Се интензивираат активностите за изградбата на станицата која ќе биде готова до крајот на годинава, вели Николоски.
Вицепремиерот Зоран Ставрески ги посети и погоните на текстилната фабрика „Тритекс“ во Прилеп која гради и нов погон во индустриската зона „Прилеп1“ со што ги проширува капацитетите, ќе вработи нови работници и ќе го зголеми пласманот на странските пазари.
Попладнево од 15,30 часот во големата сала на локалната самоуправа Ставревски ќе го промовира проектот „Купи куќа за млади“, за што во Прилеп се одвоени 370 плацеви во населбата „Градина“.

ИНЦИДЕНТ ВО СТРУГА: Купувал „БМВ“ на старо, наместо возило добил пиштол во глава

struga-ubistvo

Во понеделникот околу 18.00 часот во Струга две непознати лица извршиле разбојништво над Д.П. (27) од с.Богомила, велешко.

По претходен договор за купопродажба на автомобил „БМВ“, Д.П. дошол во Струга и се сретнал со лицето договарач Телемак „Н“ и уште едно непознато лице. Во еден момент му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка и бил удиран по главата. Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.