дома блог страница 5398

Невреме во струмичко: Паѓа град со големина на грашок

nevreme-strumica

Струмица и струмичкиот регион ги зафати силно невреме со интензивен дожд и град со големина на грашок.

Се чекаат официјални информации од Управата за хидрометеоролошки работи за количетсвото вода кое наврна во краток период од половина час.

Денес и во текот на утрешниот ден ќе се утврдуваат и евентуалните штети кои градот ги предизвика врз градинарското производство.

Ако имате ваков телефон, повеќе нема да можете да користите Фејсбук

Од компанијата Фејсбук најавија дека нивната апликација до крајот на 2016 година ќе престане да постои на BlackBerry уредите.

 

fejsbuk-lajk

Оваа одлука објавена е откако WhatsApp, која е во сопственост на Фејсбук, исто така потврди дека ќе престане да ги подржава BlackBerry телефоните до крајот на оваа година.
– Многу сме разочарани од одлуката на Фејсбук со оглед на тоа дека знаеме колку многу луѓе ја сакаат оваа апликација. Пробуваме да ги наговориме челниците на оваа компанија да ја променат одлуката, но моментално и понатаму стојат на својот став, истакна Лу Газола, лидерот на BlackBerry App екосистемите.
Иако Фејсбук апликацијата ќе престане да постои на BlackBerry телефоните, корисниците на овие уреди нема во потполност да останат без можноста за пристап на оваа социјална мрежа.па така наместо апликацијата ќе можат да го користат веб сајтот.
Да потсетиме BlackBerry во ноември 2015 година го претстави првиот смарт телефон со Андроид, а дали одлуката на отстранување на Фејсбук и ВатсАп ќе ги натера во потполност да се посветат на уредитете со споменатиот оперативен систем, останува да видиме.

Јуве и Кавани – ДА ! Го сака Алегри и сака да игра со Дибала

Дали е време да се реализира трансферот кој долго се очекува? Во наредните 3 месеци можно е с, порача братот на Кавани.

14587258257912

Се отвара вратата за трансфер која се чекаше со години. Јувентус и Едисон Кавани? Никогаш не биле толку блиску…. Старата Дама го бркаше Ел Матадор уште кога играше во Наполи, но тогаш беше прескап. Само ПСЖ во тој момент ги имаше потребните 64. 000 000 евра за уругвајскиот напаѓач.

Oд тогаш многу се има променето. Кавани не е веќе оној истиот играч од Наполи. Падната му е цената, а не е тајна дека е во лоши односи со тренерот Лоран Блан и дека ПСЖ размислува да го продаде на крајот од сезоната. Тоа е шанса за Јуве!

“Еди во црно – бело? Во наредните неколку месеци се е можно. Би бил сјаен во тандем со Дибала”, рече братот на Кавани.

Тој упати конкретна понуда за Јувентус да преземе понатамошни чекори кога е Кавани во прашање.

“Јувентус е престижен клуб, со голема историја и сјајна сегашност. Последната сезона играја во финалето на Лига на шампини. Додека играше во Наполи, Едисон стално им даваше голови. Во наредните месеци може се да се пормени, тоа што е вистина денес, не мора да биде и утре”.

Kaвани се поврзува и со Челзи и Манчестер Јунајтед, на кој клупи од наредната сезона ќе седат Антонио Конте, односно Жозе Мурињо. Но и работа под Масимилиано Алегри е привлечно за Уругваецот.

“Кого преферира од тие тројца? Тоа треба да го прашате мојот брат. Но како што знам, нему повеќе му се допаѓа офанзивен фудбал кој го негуваат Алегри и Конте”, порача братот на Кавани и негов менаџер.

ВИДЕО – Луд украински начин како да се избегне густиот сообраќај

Дали знаете како да го избегнете густиот сообраќај во Киев?

2121

Овој возач го има наједноставниот начин. Зошто да се чека долгата и досадна колона на автомобили кога може и вака… Украина и се е можно !

А.Г.

ФОТО: Ова е херојот од нападите во Брисел

heroj

Овој човек кој работи на аеродромот во Брисел каде вчера се случија две силни експлозии, светот го прогласи за херој! Alphonse Youla кој работи како обезбедување на аеродромот, слушнал маж кој зборува на арапски, а кога се свртел, слушнал експлозија. По хоророт во кој сите почнале панично да бегаат, тој не заминал од местото на настанот за да се спаси, туку останал и им помогнал на оние на кои им била потребна помош и не можеле сами да излезат од аеродромот, и покрај опасноста од нови експлозии и напади.

– Спасив двајца изнемоштени старци кои не можеа сами да излезат од хаосот, тие сакаа да одат со мене но јас ги изнесов и се вратив. Имаше многу луѓе на кои им треба помош во тие моменти, вели тој.

Додава дека глетката била страшна. Крв имало насекаде.

– Видов најмалку седум мртви тела како лежат на земја. Луѓе без нозе, без раце…Можеа да им се видат телата, но не и нозете. Беше ужас, вели тој.

Во нападите 35 лица беа убиени, а над 200 ранети.

ВИДЕО – Вистинска Амазонка во акција: Руска жена офицер ја врши својата должност

Жена војник издава наредби на мажи војници кои внимателно ја слушаат.

Kaпетан Марина Турко, Руски женски воен инструктор, води цел машки контингент за анти-тенковски воени вежби во градот Коломна.

А.Г.

 

 

 

Цената на славата: Роналдо одлучи да пие чај во јавност, еве што се случи

Дали би можеле да живеете како Кристијано Роналдо? Јасно е дека тој не се грижи за тоа дали на први во месецот ќе му легне плата на сметката, или колку ќе му остани за отплаќање од земениот кредит. Освен финансиските предности, тука се и предностите на славата, црвените теписи, манекенките, скапи ресторани и.т.н.

1212

Меѓутоа, постои нешто што многумина славни личности го немаат, а тоа е сопствен мир. Како тоа изгледа покажа Роналдо кој одлучил да отиде и да се напие чај во некој шопинг центар, а ниту една минута откако порача не беше “рајат”. Обовожавателите го молеја за фотки. Нему секако тоа не му сметаше со оглед на тоа дека ова видео е замислено како промоција за новите CR слушалки и CR парфеми.

А.Г.

Бруталниот цар: Ја убил сопругата, мајка му, запалил град…

Римскиот император Нерон владеел 13 години, а зад себе оставил свет полн со уништување. За време на неговото владеење бил познат по невидени злосторства.

carot-neron-640x453

Ја убил својата мајка

Набрзо откако станал цар, Нерон бил убеден дека неговата мајка подготвува заговор против него. Тој наредил на неговата војска да го потопи бродот во кој се наоѓала. Таа успеала да преживее и да доплива до брегот, но се соочила со група војници кои ја убиле.

На најбрутален начин се ослободил од сопругата

Нерон и неговата сопруга Октавија не се сложувале. По неколку години од бракот, тој ја обвинил за прељуба и одлучил да се ослободи од нејзе. Се обидел да издејствува смртна казна за прељуба, но немал докази. На крајот, сепак, успеал на најбрутален начин да се ослободи.

Го запалил Рим

Нерон, според тврдењата на некои историчари е одговорен за големиот пожар што го зафатил Рим. Тој, наводно, ги слушал музичарите во својата палата додека градот во позадина горел.  Иако не постои доказ како избувнал пожарот, некои веруваат дека Нерон тоа го направил за да има место каде да изгради поголема палата за себе.

Ги обвинил Христијаните за пожарот

Нерон ги обвинил Христијаните за големиот пожар, по што следела невидено брутална тортура и убивање. Телата на обесени луѓе во пламен виселе во градините, покрај кои Нерон ладнокрвно шетал.

Самоубиство за крај
Бруталното владеење на Нерон, на крајот го стаса. Сенатот го прогласил за непријател на народот и сите се свртеле против него. Плашејќи се за својот живот, се самоубил и бил првиот римски император кој тоа некогаш го направил.

Пијаниците се познаваат по паѓањата: Им беше супер се додека не испопаѓаа „како крушки“ (ВИДЕО)

pijani (1)

Претерувањето со алкохолот може да има бројни негативни последици. Во оваа видео компилација се собрани баш таквите последици.

Луѓе кои поради прекумерното консумирање алкохол паднале на најразлични можни начини и притоа извеле речиси гимнастички акробации погледнете ги во продолжение и учете од нивните грешки.

Корисни совети како полесно да се справите со пролетните алергии

alergija-650x396

Докторката Нита Огден има неколку корисни совети на оваа тема. Таа работи како имунолог во Њујорк и е дел од American College of Allergy, Asthma and Immunology.

Ако понекогаш почувствувате дека вашите алергии секоја година се различни, во право сте, не ви се причинува. Огден вели дека алергиите зависат од тоа дали зимата била студена или топла. Така, топлата зима може да предизвика да го чувствувате ефектот од алергиите во текот на целата година. Студените зими можат да ги одложат алергиите, што од друга страна значи дека одеднаш можат да се појават.

Иако постојат различни фактори за појава на пролетни алергии, главната причина е поленот. Покрај лековите кои овозможуваат 24-часовно олеснување на тегобите, друг начин е и солената терапија како назален солен раствор за нос и капки за очи.

На тој начин ефективно се отстранува поленот од телото, заедно со секојдневно туширање и миење на лицето пред спиење. Покрај медикаментите и природните лекови за справување со пролетните алергии, ова се советите на Огден:

1. Затворајете ги прозорците додека работи климата

2. Веднаш по пристигнувањето дома соблечете ја облеката

3. Секоја вечер туширајте се и мијте го лицето

4. Исчистете ја машината за перење алишта, влажната облека вадете ја веднаш по перењето, а вратата оставете ја отворена за да се исуши внатрешноста

5. Менувајте ја постелнината почесто

6. Избегнувајте ги утринските вежби, тогаш има најмногу полен во воздухот

7. Чистете го домот почесто, внимавајте на орманите, еднаш годишно извадете ја целата облека  и детално исчистете.

8. Внимавајте на цвеќињата што ги чувате во домот, повеќето луѓе не знаат дека се алергични на билки, најчесто на фикусот.