дома блог страница 5399

Ајфон за сиромашни: Еве колку ќе чини новиот авион на Епл

 

ajfon-1 (1)

Американската компанија „Епл“ денес го претстави помалиот и поевтиниот модел на Ајфон наменет за пазарот во Кина и во земјите во развој.

Новиот модел, Ајфон СЕ со екран од 10 инчи ќе чини 399 долару. Како што пренесува Ројтерс телефонот ќе биде пуштен во продажба на 31-ви март.

Новиот уред би требало да биде многу побрз и подобар во однос на претходниот модел, кој пред 3 години претрпе неуспех.

Извонреден настап на Пролетер на Државното првенство за пионери и јуниори во Битола за 2016 година

12528706_10209248618202138_394119598_o

ЏК Пролетер се закити со нови 23 државни титули, од кој 10 Први, 9 Втори и 4 Трети места во поединечна конкуренција.

Најуспешни (прво место) освоија:

 Теодора Ристеска, Самарџиоска Марија, Томеска Марија, Марко Кироваков, Давид Спирковски, Годе Ристески, Димитар Петрески, Јордан Георгиоски, Борче Ангелов и Марко Паноски.

Второ Место освоија: Христина Ристеска, Хелена Зографска, Наталија Димеска, Барбара Башеска, Никола Кочоски, Христијан Ангелески, Валентин Цаневски, Дарко Велкоски и Лука Петејчук.

Трето Место освоија: Марија Георгиеска, Мартин Милчиноски, Михаил Стојкоски, Дино Спиркоски.

Пионерите и Јуниорите на ЏК Пролетер со својата борбеност и желба за победа потврдија дека во нив има голем потенцијал за големи успеси а следната проверка на џудистите е наредната недела на државното првенство за помлади Пионери и Кадети.

Оаа година државните прваци ќе имаат можност да настапат на Балканското Првенство за Пионери ки,  кое на големо задоволство ќе се оддржи во Македонија.

12380263_10209248616642099_633520819_n

12527710_10209248617602123_1505535107_n

12528141_10209248639082660_1148809517_n

12721545_10209248621922231_1119551607_n

Хуманитарна после-работна забава за помош на Сара Шошеска

humanitarna (1)

14 годишната Сара Шошеска веќе четири години се лекува од meduloblastom или тумор на мозок. Трите оперативни зафати до сега во Скопје не го отстранија целосно туморот, па постои ризик за големи оштетувања во иднина. Спасот за нејзиниот млад живот е во Аџибадем Истамбул или Белград, каде треба да биде подложена на операција со гама нож. Операциониот зафат чини 8. 000 евра, средства кои семејството не може само да ги обезбеди.

Утре среда, 23.03.2016 год. со почеток од 16:00 часот,  ќе биде организиран настан за после-работно дружење, каде ќе можете со вашето присуство да помогнете во спасувањето на овој млад живот.

Кафе Вирус ќе излезе во пресрет и дел од направениот промет ќе го донира за малата Сара, а воедно ќе има место каде и самите можете да донирате средства

Прво место за франкофоните од гимназија “Мирче Ацев” Прилеп

prvo-mesto-frankofonija

Група ученици од Гимназијата „Мирче Ацев“ кои го изучуваат францускиот јазик зедоа учество на Натпреварот по франкофонски театар „Една личност – една професија“, во организација на Францускиот институт во Скопје. Натпреварот се одржа на 19.03 во Младинскиот културен центар во Скопје и на истиот учествуваа екипи од повеќе средни училишта во Македонија.

Tеатарска екипа во состав Дарио Илиоски, Боркица Тинтоска, Симеон Мерипушкоски, Симона Стризлоска и Теодора Тасевска во режија и под менторство на професорката Мирјана Бошкоска, со волонтерите Yoan Schumacher и Albane de Lisle како сценаристи изведувајќи го на француски јазик десетминутниот скеч “Un métier peut en cacher un autre” („Позади една професија се крие друга“),  ја насмеа присутната публика и ја воодушеви жири комисијата.

pretstava-frankofonija-teatar

frankofonija-pretstava-prilep-gimnazija

frankofoni-prilep-pretstava

frankofonska-pretstava

makedonija-frankofonija-2016

Токму поради одличниот настап и впечатокот кај го остави, нашата театарска екипа го освои првото место на овој натпревар.

pobednickata-ekipa-frankofonija-2016

Водени од желбата за повеќе меѓусебно дружење говорејќи го францускиот јазик и истакнување на своите таленти, со максимална посветеност и вложување на својот труд, учениците овозможија претставување на нашата Гимназија, а воедно и нашата држава на Франкофонијата на балканско ниво во месец април во Стара Загора, Бугарија.

ЦЕНИТЕ ПАЃААТ, Повелете во Стибера Центар Прилеп и искористете од многубројните попусти

Стибера Ценар од Прилеп е најголемиот и најснабдениот шопинг центар во градот. Како никаде на друго место можете да најдете се за вашата кошничка.

До крајот на месецот попуст на голем асортиман на производите. Побрзајте,искористете и заштедете од семејниот буџет.

На дезодорансите SRT8, BU и C-THRU, попустот важи до крајот на месец мај.

14 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13

ГОЛЕМО НАУЧНО ОТКРИТИЕ – пораснале функционално човечко срце во лабораторија со помош на матични клетки

Стотина илјади луѓе моментално чекаат за пресадување на срце, но како што донори има се помалку, многу пациенти нема да дочекаат трансплатација. Да се порасне срце во лабораторија стана еден од основните задачи на медицинската заедница. Студијата објавена во списанието “Circulation Research” направи еден значаен чекор кон остварување на таа задача. Тим на истражувачи успешно порасна функционално човечко срце со користење на матични клетки.

86e3051348d754a45bde879c1a1c1d4d

Тим од научници од општата болница во Масачусец и Медицинското училиште на Харвард го применија овој концепт.

Основните проблеми кај трансплатацијата на срце, освен малиот број на донори, е дека примателот на органот ќе го исфрли срцето. Имуниот систем на страно ткиво реагира како на закана, па ќе го напаѓа и ќе се обиде да го уништи. Единствениот начин ова да се запре се лековите кои го гушат имуниот систем, што успева само во одредени случаеви.

За оваа студија 73 човечки срца се сметале дека не одговараат за трансплатација, па внимателно се ставени во раствор кој требало да ги ослободи од сите келии кои би го предизвикале имуниот систем. Опстанал само средишниот дел на срцето со својата сложена структура и крвни садови, кој послужил како основа за нови срцеви келии.

Матичните келии имаат способност да се претворат во било која врста на келии на телото, вклучително коски, нерви, па дури и мускули. Тие се наведени да станат срцеви келии, откако ќе бидат одгледани во лабораторијата. После две недели добиени се незрели, но комплексно структуирани срца. Тимот ги исложил срцата на електрицитет по што тие почнале да отчукуваат.

6c7f14f13f8a3a2d2c79509206ee4d62

Она што е посебно добро во овој случај е фактот што растењето на срцевите келии на овој начин, имуниот систем ги препознава како “пријатeлски” , како да се келии кои потекнуваат од домашното тело. Тоа значи дека овие срца нема да бидат отфрлани и дека болните нема да треба да чекаат на донор.

  • Нашиот следен чекор е подобрување на методот со кој ќе одгледаме уште повеќе срцеви келии – вели Жак Гајет, истражувач од Харвард.

Иако за време на студијата произведени се неверојатни 500 милиони срцеви келии, за да се порасне цело срце потребни се “десетина милијарди” келии.

А.Г.

Специјалци на секој чекор во Скопје – надлетуваат полициски хеликоптери

skopje (1)

Полицајци на секој чекор и полициски хеликоптери денеска можат да се забележат во Скопје. Под силно полициско обезбедување продолжува судењето за настаните во кумановската Дива Населба од Мај минатата година.

Последното рочите беше на 8 Март, а во него сведочеа роднини на загинатите полицајци во крвавите настани.

Инаку, на 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Во декември минатата година сите 29 обвинети лица за тероризам пред Советот од судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.

Засилени безбедносни мерки се преземени околу судот и локалните сообраќајници. Скопје го надлетуваа полициски хеликоптери.

Репертоар нa киното „Мис Стон“ од 23 до 26 март

123

Од 23 до 26 март во кино Мис Стон ќе бидат прикажани два атрактивни филмови ,,Под лупа,, и ,, Дете на злото,,. Филмовите деновиве ќе бидат наизменично прикажувани од 18 и од 20.30 часот.
,,Под лупа,, (Spotliht) – драма


Победник на наградата ОСКАР за најдобар филм. Филмот е заснован на вистинска приказна од 2002 година, кога тимот на бунтовниот новинар на Бостон Глоуб почнува да ги истражува наводите за злоставување деца во католичката црква. Нивното долготрајно истражување открива децении заташкувања на највисоките нивоа од верскиот, од правниот и од државниот систем. Тие го придвижија бранот револуции во целиот свет. Филмот доби шест номинации за Оскар – за најдобар филм, за најдобра режија (Томас МекКарти), за споредна машка улога (Марк Рафало), за споредна актерка (Рејчел МекАдамс),за монтажа и за оригинално сценарио.
,,Дете на злото,, – хорот


Грета, млада девојка од Америка, барајќи начин да му побегне на своето проблематично минато, прифаќа работа како дадилка во мало англиско гратче каде треба да чува осумгодишно дете од богато семејство, додека родителите се на долг одмор. Веднаш при пристигнувањето Грета открива дека детето, всушност, е кукла во природна големина која богатата двојка ја користи како одбранбен механизам поради смртта на нивното дете пред две децении. Сепак, Грета решава да остане, но кога нема да ги испочитува строгите правила за негова грижа, низа вознемирувачки и необјасниви настани доведуваат до нејзиниот најголем кошмар, наведувајќи ја да помисли дека куклата е жива.
Влезници на билетарницата од киното половина час пред проекција

Гвардиола со понуда од 60 милиони за Левандовски

PORTLAND, OR - AUGUST 03: Head coach Josep Guardiola jokes with Robert Lewandowski during a Bayern Muenchen training session at day five of the Audi Summer Tour USA 2014 at Portland University on August 3, 2014 in Portland, United States. (Photo by Lars Baron/Bongarts/Getty Images)

PORTLAND, OR - AUGUST 03:  Head coach Josep Guardiola jokes with Robert Lewandowski during a Bayern Muenchen training session at day five of the Audi Summer Tour USA 2014 at Portland University on August 3, 2014 in Portland, United States.  (Photo by Lars Baron/Bongarts/Getty Images)

Предводникот на Баерн Минхен, кој ќе седне на клупата на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, подготвил 60 милиони фунти за Роберт Левандовски.

Шпанецот е подготвен најдобриот фудбалер на Баерн Минхен да настапува со Аргентинецот Серхио Агуеро за „Граѓаните“ наредната сезона.

Гвардиола истакнува дека ќе ги подобри квалитетите на клубот од „Итихад“, тргнувајќи од најдобриот фудбалер во Бундеслигата.

Како и да е, Баерн Минхен ќе се потруди да го договори Полјакот, а во клубовите го поканија и на „Сантијаго Бернабе“ „Олд Трафорд“ и на „Енфилд роуд“.

Левандовски оваа сезона е одличен, на 39 натпревари успеа да постигне 36 погодоци.

Хорор во Градинка: Мајка влегла и си го затекнала детето како…

horor (1)

Мајка се шокирала кога отишла да си го земе детето од градинка. Ф.Ј. од Хрватска се запрепастила кога влегла во градинката Сонце откако си го видела детето како плаче, врзано со дуксер на нозете за да не може да стане. Детенцето било оставено во тоалет, а мајката решила да ја сподели приказната на социјалните мрежи за да се дознае каква е грижата за децата во таа градинка.

Како што пренесуваат Новости, мајката направила драма откако си го нашла детето такво, а директорот ја убедувал дека воспитувачката ќе биде санкционирана.

Од градинката сеуште се немаат огласено.