Сеат развива нов помал SUV модел
Светците молат за спас – селаните слушнале пеење од потопениот манастир
Според тврдењата на селаните кои живееат во близина на Ваљево Граланицата во текот на ноќта од потопениот манастир слушнале пеење.
Манастирот се потпоил откако ја изградиле браната што мештаните велат дека немало потреба за такво нешто бидејќи вода за пиење имало. Тажната слика на потопениот манастир ги остава верниците без зборови, а нивната порака за кратко време е пренесена на социјалните мрежи.
– Што да кажам , а да не заплачам? Споделете ја сликата низ целиот свет да видат како се уништуваме самите себе, стои под фотографијата.
Имате мравки во домот? – Еве како да се спасите од нив
Исчистете ги сите простории во домот
Првиот чекор во борба со мравките е темелното чистење на сите површини каде тие се собираат. Најдобро е тоа да го направите со вообичаено средство за чистење и вода.
Бел оцет
Најпознатото природно средство за истерување на мравките е белиот оцет. Користете го со помош на распрскувач, така што ќе измешате еднаква количина оцет и вода во шишето со распрскувач. Испрскајте ги местата на кои сте ги забележале мравките.
Цимeт во прав
Патеката по која мравките се движат обилно поросете ја со цимет. Мравките не го поднесуваат интензивниот мирис на цимет.
Кујнска сол
Неколку лажици кујнска сол измешајте со врела вода и кога ќе се излади ставете ја во распрскувач. Солената површина ги спречува мравките да влезат во домот.
Креда или детска пудра
Иситнете една креда и ставете ја ивиците на ѕидот – омиленото место на мравките. Истото можете да го направите и со детска пудра.
Проклетата кривина која одзема човечки животи: Го поклонувам целиот плац само луѓето да не гинат
Делницата на регионалниот пат Чачак- Краљево точно кривината на влезот во селото Заблаче едно од местата каде најмногу луѓето го губат животот во сообраќајна несреќа. Селаните ја нарекуваат „ проклета кривина“.
Последната трагедија пред куќата на бабата Олгица се случила во февруари. Токму на ова место настрада Стефан Милановиќ голманот на српската репрезентација на глувите.
Откако се омажила, вели дека се нагледала крв и солзи и тврди дека секоја година на овој пат некој гине, а месечно по десетина автомобили излетуваат од оваа кривина.
– Сопругот и јас, но и целото соседство сме извлекувале луѓе од автомобилите, постојано трчаме да помогнеме, вели Олгица.
Приказната ја потврдува и нејзиниот сосед Воислав Савичевиќ кој вели дека неприлагодената брзина и непочитување на сообраќајните прописи не се единствени причини зошто луѓето гинат.
– Ако не е некој одовде од нашето подрачје тој мисли дека доле право има пат, па потоа тргнува таму и прави судар бидејќи не може да го види патот, не се гледа кривината. Патот паѓа надоле, не иде право, вели соседот на Олга.
Бабата Олга е подготвена дури и да го поклони целиот имот само патот да се прошири.
Oблачно време со повремени врнежи од дожд
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде што на планините врнежите ќе бидат и од снег. Ќе дува ветер од северен правец, долж Повардарието повремено и засилен.
Утринската температура ќе се движи од пет до осум, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје слично време, облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во петок ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од шест до 14 степени.
Од сабота се очекува стабилно време. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти и под нулата, а дневната ќе бележи постепен пораст.
Премиера на новиот македонски филм „ЏГАН”
Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – ЏГАН.
ЏГАН е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30.03.2016 во Градското Кино Милениум во Скопје, а потоа ќе го продолжи својот прикажувачки живот низ кино салите ширум Македонија.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.
Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.
Поведен од слоганот на филмот дека „Никој не е роден насилен”, Вардан Тозија го изработи и сценариото, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на Звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.
Македонската публиката филмот ЏГАН, ќе може да го гледа секој ден почнувајќи од наредниот четврток (31 март) во кината во Скопје и низ цела Македонија.
Терористите во Брисел, Париз и Лондон користеле ист експлозив: „Мајка на Сатаната“ (ВИДЕО)
Се верува дека терористите во текот на нападот го користеле сексплозивот познат под називот „Мајка на Сатаната“, кој бил користен и во нападите на Лондон во 2005 година и во минатогодишните напади во Париз.
-Ацетон пероксид лесно може да се подготви во домашни услови, а популарен е бидејќи не содржи азот па може да помине низ скенерите, пишува британски „Телеграф“.
Еден од учесниците кои направиле такви експлозивни елеци за напаѓачите во париз е Наим Лахрауи кој сеуште е во бегство, па го сметаат за осомничен за нападите во Брисел.
Фантастичен кавер на “Hello” oд Денис и Дино
Студентите на Музичката академија од Скопје Денис и Дино изработија фантастичен кавар на Hello oд Адел.
Преработката на песната која изобилува со одлична интерпретација, вокални способности и пијано звуци, со сигурност ќе ви го одвлече вниманието и ќе ви го освои срцето.
Ова е прво вакво авторско видео на двајцата музичари кои и во иднина планираат слични проекти.
Уживајте…
А.Г.



































