дома блог страница 5396

Цеца раскина со дечкото – Еве ја причината

ceca

Светлана Цеца Ражнатовиќ и шеснаесет години помладиот манекен Александар Јововиќ беа во врска една година, но Цеца одлучи да ја прекине оваа романса.

Според добро запознаените извори, тие веќе не можеле да се борат со притисокот од медиумите поради разликата во години, а сето тоа кулминирало откако нивната љубовна приказна стигнала во јавноста.

Откако се дозна дека се заедно, Цеца и Александар три пати раскинуваа. На 8-ми март се обидоа да престанат да се гледаат, но на врската и дадоа уште една шанса, иако и тоа беше безуспешно. Двајцата сфатија дека врската нема иднина и дека е најдобро да се разделат. Тие немаа кавги, но престанаа да уживаат како претходно кога за нив никој не знаеше. Веќе не можеа да бидат релаксирани и се договорија поради се убаво што доживеаја заедно да ги зачуваат спомените и секој да тргне по својот пат, изјави извор близок до двојката.

 

ВИДЕО – Барак Обама заигра танго во Аргентина

1212

Американскиот претседател Барак Обама очигледно ужива во последните денови од неговиот мандат како претседател. Вчеравечер Обама беше во Буенос Аирес во Аргентина, каде заигра традиционално танго. Претседателот на Америка ја прифати понудата на танчерката, а од видеото се гледа дека добро се носи со овој танц.

A.Г.

Промоција на книгата „За градбите на царот наш, Јустинијан”

IMG_8637

Синоќа во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ беше презентирана книгата која пред два месеци излезе од печат. Станува збор за книгата од античкиот автор Прокопиј од Кајсареа “За градбите на царот наш, Јустинијан”, во превод од латински на македонски од сограѓанинот Миле Богески. Книгата детално беше промовирана од страна на проф. д-р Виктор Лилчиќ.

IMG_8670

IMG_8644

IMG_8646

IMG_8649

IMG_8659

IMG_8661

IMG_8663

IMG_8664

Реномираната компанија БИМФООД ДОО ПРИЛЕП има потреба од работници

phpThumb_generated_thumbnail1-1024x328

Реномираната компанија БИМФООД ДОО Прилеп, има потреба од Работници во производство од Прилеп и околните градови Македонски Брод и Крушево. Познатата печуркара меѓу граѓаните на Прилеп обезбедува организиран превоз и најредовна плата за бараните работници. Заинтересираните кандидати можат да се пријават секој работен ден од 7 до 15 часот на телефонскиот број: 048/455-554 и 076/463-786, или на е-mail адресата [email protected].

За подетално објаснување на условите за вработување во компанијата и запознавање со истата, БИМФООД ДОО Прилеп организира средби со заинтересираните кандидати и тоа:

Во Македонски Брод на 04.04.2016 година (понеделник) во 13 часот во просториите на општина Македонски Брод.

Во Крушево на 05.04.2016 година (вторник) во 13 часот во просториите на Агенцијата за вработување.

ФОТО – Од егзотичната Marie Madore нема да го тргнете погледот

Многумина би сакале да отпатуваат во некои егзотични краеви и да се тргнат од се. Оние кои тоа не го можат, утеха можат да најдат преку погледот кон Marie Madore.

mariemadore

Marie е манекенка со кинески, виетнамски и камбоџиски корени, а од сите тие во неа се собрало најдоброто.

12729534_1574352072856615_503476363_n

1172858_1665213513701195_646099694_n

1388927_1544500412515426_474978109_n

10899383_1785466061682230_1938804154_n

А.Г.

EKO ден во гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп

1235

На 21.03.2016 год. учениците од Гимназијата  „Мирче Ацев“ го одбележаа Денот на екологијта и пролетта. Под мотото „Еко-ден сите заедно“ беа организирани повеќе активности и тоа: уредување на кабинетите,спортските сали и училишниот двор, ученички натпревар за најдобар рецитатор, се рецитираа стихови за пролетта, ученички натпревар за најдобра лична творба на тема  „Ја сакам пролетта“, ликовен натпревар, спортски натпревари, а за пролетта и екологијата учениците пишуваа мисли на англиски и германски јазик.

На овој отворен еко-ден учевство зедоа и родителите со што имплиментиран беше и проектот на МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.

Жири-комисијата во состав Желческа Даниела –родител, Димоска Тања-родител, Патоски Панче-претседател на Младинската заедница на училиштето, Парапанска Надица –претставник од Младинската заедница на училиштето и Ленка Јованоска –професор по македонски јазик и литература имаше тешка задача но сепак ги одбра најдобрите и тоа:

  • Во категоријата најдобар рецитатор најдобар беше заедничкиот настап на Елеонора Михаиловска и Давид Гагалески
  • Во категоријата најдобра лична творба најдобра беше Симона Паскоска и нејзината песна „Пролет“.
  • За ликовна творба најдобри беа Наталија Аризанкоска и Борјана Конеска.
  • Најубава мисла за природата и екологијата на англиски јазик напиша Леонардо Лазов
  • Најубава мисла на германски јазик напиша Теодора Стеваноска.
  • Меѓу спортистите најдобар спортист беше Марко Нанески
  • Најдобра спортистка беше Марија Спасеска.

Овој отворен еко-ден беше ден на чиста околина, Сонце, другарување, музика и насмеани лица. Целта на овој настан беше подигнување на еколошката свест кај младите.

За реализацијата на настанот одговорни беа: Светлана Барлакоска -педагог во училиштето и професорите: Весна Михаиловска, Ленка Јованоска, Весна Илиеска, Бети Наумческа, Гордица Димитриевска Груеска, Николче Богданоски, Татјана Иваноска, Анкца Стеваноска Јанческа и Дејан Стерјоски.

ВИДЕО – Како пролетни цвеќиња: Руски воени возила излегуваат од под снег

Не само цвеќињата имаат мускули да пробијат од под снежната покривка во пролет.

12121

Oва видео кое е направено во Руска воена база, покажува како МТ-LB воените возила буквално проникнуваат и го пробиваат снегот. Изненадување за секој кој би се обидел да биде закана.

A.Г.

Почина великанот на светскиот фудбал, Холаѓанецот Јохан Кројф

На Кројф есента минатата година му беше дијагностициран рак на белите дробови, што било последица на пушење на цигари.

87add50cb02c58da8175ed93077a49dd

  • После неколку медицински третмани можам да речам дека резултатите се многу позитивни. За тоа можам да им се заблагодарам на лекарите, поддршката од луѓето и мојот позитивен менталитет. Моментално имам чувство дека водам со 2-0 во првото полувреме. Утакмицата сеуште не е завршена, но сигурен сум во конечниот исход, изјави пред 2 недели.

Три пат е прогласуван за најдобар европски играч (1971. 1973, 1974), повеќекратен клубски првак на Европа како играч и тренер, финалист на Светското првенство и освојувач на повеќе државни првенства во земјите во кои играше.

dcb5b18d9ca9326c35a5aabe37a17442

Беше препознатлив по ставот и водењето на топката и типичен претставник на тоталниот фудбал, доктрина на седумдесетите години на минатиот век.

Со Ајакс ги освои насловите европски првак во 1971,1972 и 1973година, а после преминот во Барселона го освои и насловот шпански првак, како и купот на Шпанија. Потоа играше за Los Angeles Aztecs,Washington Diplomatse, Леванте, па повторно во Ајакс и Фејнорд.

0cc68a7031752749a397f45864f59ea8

Најголемиот успех го постигна со Холандија и тоа финале против Западна Германија на Светското првенство 1974 година.

Како тренер го одведе Ајакс до две титули во Холандија и победник на Купот на куповите во 1987 година. После тоа во 1988 година ја презеде Барселона, а четири години подоцна со Каталонците ја освои и првата титула Европски првак.

A.Г.

ЕКСКЛУЗИВНО: Полицијата во голема акција за расчистување на „Фабриката за афери“ од Чаушот

132955753

По наредба на Основниот суд Скопје 1 Скопје, полицијата утринава отпочна обемна акција за документирање на сомненијата против сите инволвирани во „Фабриката за афери“ на Захир Бекири – Чауш член на СДСМ, кај кого беа откриени 70.000 прислучувани разговори и десетици фалсификувани лични карти, но и лични податоци за стотици илјади граѓани.

Според информациите на Прес 24, со наредба на судот извршени се претреси на 7 локации во Скопје.

На една од локациите е пронајден уште еден хард диск, кој ќе биде предмет на дополнителна проверка за да се утврди дали Захир Бекири Чауш и неговите соработници и на него чувале приватни разговори со намера да уценуваат бизнисмени и личности од јавниот живот. Дискот според извори од истрагата бил пронајден сокриен во душек во еден од домовите на осомничените.

Захир Бекири Чауш е прво осомничен во фабриката за афери на СДСМ. Тој се сомничи дека е одговрен за фабрикувањето на аферите со „фалсификуваните пасоши“ и „фалсификуваните лични карти“. Според истрагата, тој печател документи и потоа им ги предавал на медиумите блиски до опозицијата за да можат тие подоцна да фабрикуваат афери со кои ќе влијаат на јавноста и ќе работат за намалување на рејтингот на владејчката партија.

Захир Бекири Чауш важи за истакнат член на СДСМ. Тоа не го сокри ниту лидерот на СДСМ Зоран Заев но откако излезе слика од нив двајцата во кабинетот на Бихаќка.

ГАЛЕРИЈА – Градоначалникот Марјан Ристески присуствуваше на манифестацијата „Вешта жена“

[Best_Wordpress_Gallery id=”188″ gal_title=”Vestezena”]

Градоначалникот Марјан Ристески ја посети манифестацијата „Вешта жена“ на која своите способности во поглед на кулинарството ги изнесоа голем број прилепски домаќинки. Одлично поставени маси со традиционални и модерни јадења, типични за Прилеп и Македонија, а повеќето изработени со карактеристики од природата и симболите на прилепското поднебје. Манифестацијата се стреми кон привлекување на млади домаќинки, се со цел задржување и пренесување на традицијата и кулинарските способности.