Проклетата кривина која одзема човечки животи: Го поклонувам целиот плац само луѓето да не гинат

krivina (1)

Делницата на регионалниот пат Чачак- Краљево точно кривината на влезот во селото Заблаче едно од местата каде најмногу луѓето го губат животот во сообраќајна несреќа. Селаните ја нарекуваат „ проклета кривина“.

Последната трагедија пред куќата на бабата Олгица се случила во февруари. Токму на ова место настрада Стефан Милановиќ голманот на српската репрезентација на глувите.

Откако се омажила, вели дека се нагледала крв и солзи и тврди дека секоја година на овој пат некој гине, а месечно по десетина автомобили излетуваат од оваа кривина.

– Сопругот и јас, но и целото соседство сме извлекувале луѓе од автомобилите, постојано трчаме да помогнеме, вели Олгица.

Приказната ја потврдува и нејзиниот сосед Воислав Савичевиќ кој вели дека неприлагодената брзина и непочитување на сообраќајните прописи не се единствени причини зошто луѓето гинат.

– Ако не е некој одовде од нашето подрачје тој мисли дека доле право има пат, па потоа тргнува таму и прави судар бидејќи не може да го види патот, не се гледа кривината. Патот паѓа надоле, не иде право, вели соседот на Олга.

Бабата Олга е подготвена дури и да го поклони целиот имот само патот да се прошири.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.