дома блог страница 5395

ВИДЕО – Шокантно: Го удри кола и никој не застанува да види како е

12121

Oва видео е доказ дека солидарноста е целосно изгубена низ светот. Автомобилот го удри човекот и замина, a тоа што запрепастува уште повеќе е што никој друг не застана да види како му е човекот. Во Македонија ова не би било случај. Видеото докажува дека овој народ и овдешниот менталитет во многу се разликува од светот.

А.Г.

Падна првиот притвор во Фабриката за афери на СДСМ – Чауш ќе се сели од Идризово

zahir-bekiri-caus (1)

Триесет дена притвор за еден од осомничените во Фабриката за афери на СДСМ одредил Судија на претходна опстапка по барање на Обвинителството, потврдуваат од Судот за Press24. Покрај тоа, Обвинителот бара мерка притвор и За Захир Беќири Чауш кој доколку му биде одреден ќе мора од ќелијата во Идризово да се пресели во Истражниот затвор во Шутка.
Захир Бекири Чауш кој е предводник на криминалната група задолжена за фалсификување на документи и тргување со незаконските снимки на Заев важи за истакнат член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев. Истрагата се сомнева дека токму тој бил задолжен за тргување со незаконските снимки на Заев, а медиумите веќе објавија дека прислушуваните разговори се продавале и во Косово и останатите земји од регионот.
Останува нејасно како Чауш стигнал до овие снимки особено ако се знае дека лидерот на СДСМ во повеќе наврати имаше јасен став дека сите снимки кои ги поседува му ги предал на Специјалното обвинителство.
Одговор на прашањето се очекува од истрагата, која по вчерашната акција, како докази покрај незаконските снимки веќе поседува и печатарска преса на која најверојатно се штампале незаконските лични карти и пасоши од фабриката за афери но и поголем арсенал оружје и панцири, чија намена дополнително ќе се истражува. Во акцијата беа опфатени 10 лица а приведени петмина.

ВИДЕО – Како изгледа кога 6000 кибритчиња ќе се запалат одеднаш

asas

Сте се запрашале како изгледа кога 6000 кибритчиња наредени едно до друго ќе се запалат? Ова видео го покажува токму тоа. Погледнете го овој неверојатен верижен домино ефект кој се создава. Изгледа навистина неверојатно.

А.Г.

37-мо издание на манифестацијата ” ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА НАРОДНА НОСИЈА”

944954_1067156400015449_2818002516260740068_n

Сабота (26.03.2016) во општина Кривогаштани традиционално по 37 пат се одржува манифестацијата ”Денови на македонска народна носија” која оваа година под покровитетво на Министерството за култура ја организираат општина Кривогаштани и КУД Илинден од Кривогаштани.

Манифестација е од ревијален и натпреварувачки карактер на која годинава ќе учествуваат 20 екипи во коие се опфатени сите региони во државата и повеќе населени места во Македонија. Годинава се очекува манифестацијата да има и меѓународен карактер каде вклучени ќе бидат и претставници со оригинална народна носија од нашите делови од Пиринска и Егејска Македонија како и учесници од Мала Преспа.

Важно прашање: Колку минути дневно поминуваме со семејството?

srekno-semejstvo

Семејствата во просек заедно поминуваат само осум часа неделно. За време на викендот ситуацијата е малку подобра, а родителите и децата заедно поминуваат два часа и 20 минути.

Но, дури и кога се заедно седум од десет родители велат дека тоа време го минуваат во тишина пред телевизорот, компјутерот или читајќи нешто, бидејќи едноставно се премногу уморни за да зборуваат, покажуваат резултатите од истражувањето, кое го спроведоа „Врџн Холидејс“ и „Јуниверсл Орландо Ресорт“ на две илјади испитаници.

Резултатите покажале дека децата заминуваат во посета на своите баби и дедовци само шестпати годишно, што им пречи на родителите. Имено дури 65 проценти од нив открија дека за време на празниците планираат да ги остават децата кај бабите и дедовците, со цел заедно да поминат одредено време.

Дури половина од родителите откриле дека единственото време, кое навистина го поминуваат заедно е за време на празници, далеку од обврските, кои ги чекаат дома.
Интересно е и дека половина од испитаниците годишниот одмор го земаат најмногу за да бидат заедно со своите деца.

Родителите премногу време поминуваат на работа, децата во училиште и градинка, а потоа ги извршуваат вообичаените активности или си играат со своите врсници.

Посетите на бабите и дедовците, како и на останатите членови на семејството се сведуваат само на специјални прилики или меѓу активностите за време на викендот.

Главни причини, поради кои со семејството не поминувате доволно време:

– Премногу работите

– Кога сте дома децата се во училиште

– Децата често гледаат телевизија

– Децата често играат компјтерски игри

– Децата се во години кога веќе не сакаат да поминуваат време со вас

– Децата се надвор и си играат со пријателите

– Времето пред спиење го минуваат учејќи

– Поминувате време на разни спортски и други активности.

Караџиќ осуден на 40 години затвор – погледнете ја неговата реакција откако ја слушна пресудата

zatvor (1)

Радован Караџиќ вчера беше осуден на 40 години затвор. По пет години судењето од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) денеска му ја изрече првостепената пресуда, во која Хашкото обвинителство ставило 11 точки од обвинението.

Тој е прогласен за виновен за геноцид над муслиманското население во Сребреница, злосторствата во Сараево како и за киднапирање и голем број на воени злосторства низ Босна и Херцеговина

Погледнете ја снимката, како изгледаше Караџиќ во моментот кога ја слушна пресудата…

Овие шест работи децата ви ги прават размазени

dete-1 (1)

Се додека не станеме родители, мислиме дека нашите деца нема да бидат такви.

Овие шест родителски грешки оздаваат размазени деца.

Брзање, брзање, брзање

Ако итаме низ дневните рутини, детето е под постојан стрес. Ништо чудно и самите родители да се под стрес во такви итуации. Брзањето испраќа пограшна порака (која најверојатно не сакаме да ја испратиме), а тоа е дека малите луѓе не се вредни за нашето време. Затоа друг пат застанете и дајте им време да го изедат појадокот на мир и самите да се служат со приборот за јадење, а вечерта прочитајте им неколку приказни за добра ноќ. Ништо нема да ви побегне, освен нивното детство.

Погрешен распоред на спиење

Одењето на спиење не е нешто што децата едвај сакаат да го чујат и чето ќе се обидат да го одложат заминувањето в кревет. Но, детето на кое му недостига сон и одмор, обично не е среќно дете и плаче за најмала ситница. Одложувањето на заминувањето на спиење, бидејќи децата го сакаат тоа е сигурен пат до намуртени лица на сите во семејството.

Пренатрупан распоред

Нашите распореди ни се пренатрупани, а тоа влијае распоредите на децата да им ги натрупаме со разни активности, дружења, настани кои „не смеат“ да се пропуштат. Понекогаш не е лошо да застанете и да ги исфрлите од распоредот помалку важните работи и едноставно да дојдете до воздух во војот дом. Ако потполно ја менувате рутината на своите малечки, обидете се тоа да го сторите постепено.

Лош став

И тоа лошиот став на родителите, не на детето, бидејќи ставот на детето многу зависи од ставот на родителите. Немојте да го потценувате своето влијание врз вашето дете. Ако сакате среќно дете, бидете родители кои шират среќа и позитивна енергија.

Недостиг на контакт со очи

Обичен контакт со очи и времето кое ќе им го посветиме можат да сторат чуда и да ја смират напнатоста во разни ситуации. Освен тоа, важно е времето кое во потполност им го посветуваме на децата. Малите луѓе ја заслужуваат нашата потполна посветеност, барем за она кратко време колку што можеме да одвоиме од работата и другите обврски.

Наградување со пари

Никој не сака да слуша плачење и хистерија. Многу полесно е на децата да им се даде се што ќе посакаат, отколку да ги шслуаме тие страшни звуци. Но, што ако така ги научиме децата дека хистеријата е начин преку кој можат да добијат се што ќе им падне на ум? Децата брзо учат и брзо ќе сфатат дека е доволно да вриштат за да им се исполни желбата. Наредниот пат едноставно издржете.

Прсти да излижете: Пилешко во крем од авокадо

pilesko-650x396 (1)

Доколку се уште не знаете што да подготвите за ручек или вечера, пилешко во сос од авокадо е идеалното решение за вас!

Начин на подготовка:

Парчињата стек се зачинуваат со сол и црн пипер и се пржат на маслиново масло. Потоа месото се остава да се излади.

Кремот се подготвува на тој начин што две парчиња авокадо се лупат и се пасираат со лвилушка додека не станат кремасти. Во авокадото се додава сирење, сос од домати и сок од лимон. Во смесата се додава и сечкан млад кромид и сол по вкус.

Над секое парче пилешки стек се става од смесата со авокадо и сирење. Одозгора се ренда кашкавалот, а потоа парчињата се ставаат во рерна доволно да се истопи кашкавалот.

Парчињата со пилешко месо се сервираат декорирани со ситно исецкан млад кромид и авокадо

ОТКРИЕНО: Еве колкава сума на пари добива секој терорист за нападите

isis-teroristi- (1)

Еден од мажите кои биле тренирани од ИСИС за напади во Европа, Николас Мореау, открил важни информации за начинот на делување на нивните терористички ќелии.

Тој во 2014. година заминал во Сирија за да се бори за ИСИС, а бил уапсен по враќањето во Нант следната година.

Како и многу регрути на ИСИС, тој бил ситен криминалец кој во затвор се преобратил во ислам, разочаран од животот во Франција. Рекол дека не можел да поднесе неправда и дека не видел иднина во државата.

На инспекторите им открил важни информации за одделот на ИСИС за меѓународни операции познат како “Амни”, кој одбира добро обучени борци со цел враќање во Европа и извршување на напади.
“Секој од нив добива по 50.000 евра за напад”, рекол Мореау.

МЕРКЕЛ СИ НАПРАВИЛА СЕЛФИ СО ТЕРОРИСТОТ ОД БРИСЕЛ: Социјалните мрежи во Германија вријат поради оваа фотографија!

Сличноста на младиот човек од сликата со Наџи Лашрауи е шокантна, сметаат корисницте на социјалните мрежи.

merkel_terorist

Се фотографирала ли Ангела Меркел со најбараниот терорист Наџи Лашрауи, кој белгиската полиција го бара под дрво и камен? Ова прашање како лавина се поставува на социјалните мрежи, каде се појави селфито на канцеларката на Германија со млад човек кој ја прегрнал и кој неверојатно многу личи на еден од терористите, кои ги извршија нападите во Брисел.

Сличност е неверојатна и шокантна, коментараат корисници. Според повеќето од нив на сликата е токму Наџи Лашрауи. Тој беше снимен од безбедносните камери на бриселскиот аеродром “Завентем” непосредно пред нападот во вторникот.

Лашрауи е на 25 години и исто така е баран во врска со нападите во Париз. Негово ДНК е пронајдено на “експлозивен материјал кој се користел при нападите” на 13 ноември.