дома блог страница 5380

Туристичка Агенција Орбита, единствена можност за незаборавни доживувања

12920957_123256314740385_1941016335_n

Tуристичката Агенција Орбита од Прилеп е свежина во туристичкиот сектор што нуди единствени можности за патување, уникатни дестинации и најдобри аранжмани. 14 годишното постоење е повеќе од доволно за да им ја дадете вашата доверба. За деновите кои ги чекате целата година, за вашите летни одмори или планирани патувања, дозволете да се погрижи некој што работи пред се со љубов, посветеност, некој што во прв план ги има желбите и потребите на своите клиенти.

Понудите за летото кое претстои ги опфаќаат сите атрактивни дестинации на соседните морски ривиери. Во Грција одморете на Халкидики, Олимписката ривиера, уникатните грчки острови и секогаш привлечниот Јонски брег. Во соседна Бугарија резервирајте за луд и полн со забава одмор во Сончев брег, Златните песоци, Несебар и Албена.

[Best_Wordpress_Gallery id=”203″ gal_title=”ORBITA-2″]

Ако сакате уште повеќе сонце тука е Кушадаси во Турција, а ако сте вљубеници во Јадранот, Црна Гора со Будва, Чањ и Сутоморе, е дестинацијата за вас.

За сите рани резервации Туристичката Агенција Орбита нуди попусти и разни поволности.

Во нивното работење вклучуваат и автобуски превоз до Србија, Албанија, Црна Гора и Германија, како и авионски билети за целиот свет.

prevoz 1

prevoz 2

prevoz 3

prevoz 4

За студентите, студентски авио билети за САД, со реномираната компанија Turkish Airlines.

12143250_112543382478345_3648350833438843658_n

За Велигденските празници ТА Орбита нуди аранжмани за голем број европски метрополи. Отпатувајте за Рим, Венеција, Фиренца, Барселона, Париз, Краков, Будимпешта, Милано, Азурниот брег, Истанбул, Стразбург, Виена.

Орбита е единствена можност за млади. Супер привлечни цени за Првомајско патување во Паралија, како и Лето 2016 на Грчката Ибица или островот Иос, оазата на лудата забава островот Кавос и најголемото одморалиште на турско-егејската обала, Кушадаси.

zamladi1

zamladi4

zamladi2

zamladi3

Богатата понуда за патување и летување ја надополнуваат и организираните патувања за концерти. Mоментално активна е можноста да се посети концертот на виолинистот Andre Rieu во Будимпешта, уметникот чија музика го обиколи светот.

andre1

Туристичка Агенција Орбита е тука и за визни посредувања и олеснувања за далечните САД, Австралија и Канада.

Сето ова ги прави единствени, уникатни, препознатливи и привилегирани. Заокружете ја потрагата по вашиот туристички организатор. Посетете ја Турискичката Агенција Орбита, лоцирана на адреса: Александар Македонски 125 Прилеп, веднаш до Стара Црква. За подетални информации посетете го веб сајтот на агенцијата http://www.taorbita.com.mk/ и нивната фејсбук фан страна: https://www.facebook.com/TAORBITA/?ref=aymt_homepage_panel&__mref=message_bubble

Патувајте во светот на орбитата!

А.Г.

СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп второ најуспешно училиште на Државното првенство во карате

DSCN0398

Учениците од СОУ “Ѓорче Петров” кои што освоија медаљи на Државното училишно првенство во карате беа на прием кај директорот Дејан Димоски. На првенството СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп беше второпласирано во листата на најуспешни училишта. Андреј Ристески го освои првото место во категоријата кумите  до +76 кг, Константин Василески се закити со трето место во истата категорија под 70кг, кое го подели со уште еден ученик Звонко Николоски, кој освен во борби беше второ пласиран и во кати. Во женска конкуренција Кириана Камческа го освои првото место во кати.

DSCN0392

12513691_10207548365540000_1965990172717962170_o

12672083_10207548342019412_3387616752508541375_o

12885841_10207548382300419_8086404350099513772_o

This photo is taken by AllWinner's v3-sdv

DSCN0391

ВИДЕО – Гладни мечки го запираат сообраќајот за да добијат храна

2121

Ова се случува постојано на патиштата во Русија. Гладни и неодоливи мечки со мил поглед ги запираат возачите и бараат храна. Едноставно невозможно е да се одолее на ваков поглед. Погледнете го видеото !

А.Г.

Од 6ти до 10ти април Прилеп домаќин на болдеристите од цел свет

IMG_9374

Од 6 до 10 април, градот под Марковите кули ќе биде домаќин на уште еден спортски настан од светски калибар. Имено погодната конфигурација на  теренот околу градот овозможи Прилеп да се етаблира на светската карта  за екстремни спортови па така љубителите на болдерингот ќе можат да ги користат неколкуте прилепски локалитети како Марковите Кули,  Камена баба и  Трескавец за адреналинско спортување и афирмативно дружење со повеќе од 100 учесници од целиот свет.

IMG_9377

IMG_9375

Досегашното искуство на болдеристите вели дека Прилеп е неодминлива  дестинација за овој спорт  и како терен и како добар организатор на овие настани  па затоа спортистите редовно се враќаат. Градоначалникот Марјан Ристески изрази задоволство што Прилеп  секоја година прераснува во една светска дестинација за екстремни спортови, а со тоа има потенцијал и за развој на спортскиот туризам. Оваа година на „Krali Marko Boulder Maraton 2016“ за прв пат ќе биде претставена новата дисциплина насловена како „Highline Meeting“.

IMG_9397

IMG_9384

IMG_9387

IMG_9393

Учесниците ќе бидат сместени во камп кој се наоѓа во близина на самиот локалитет „Трескавец“.

IMG_9396

IMG_9407

Нов скандал во британското кралско семејство?

Откако се родија, принцот Џорџ (2) и неговата 11 месечна сестра Шарлот се трн во окото на Камила Паркер(68).

 

kralsko-semejstvo

Војвотката од Корнвол и сопруга на принцот Чарлс (67) децата наводно многу ја потсетуваат на принцезата Дајана, поради што Камила крај нив не се чувствува пријатно.

Анимозитетот го забележале и принцот Вилијам (33) и Кејт Мидлтон(34), па наводно не сакаат „бабата“ да биде со децата без надзор.

-Камила смее да ги гледа децата само е со сопругот Чарлс – вели извор близок на британското кралско  семејство. Камила наводно се почесто се кара и со сопругот, бидејќи Чарлс, поради љубовта кон внуците секогаш застанува на страната на Кејт, а Камила ја игнорира.

-Камила не успеа да се избори за наклонетост на народот, а малиот принц и принцеза уште повеќе ја турнаа во втор план. Затоа е љубоморна и повредено и е егото -пишуваат Англичаните.

Родените на 13, 14, 16 и 19-ти имаат посебна карма

Во нумерологија постои теорија дека луѓето родени на 13, 14, 16 и 19-ти, независно од месецот и годината, имаат посебна карма.

numerologija-420x240

Луѓето родени на 13-ти

За овие луѓе се вели дека ќе го реализираат секој сон и цел, но треба да се научат да се справуваат со пречки. По секој неуспех тие се во емоционален колапс, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека е крајот на светот, наместо да земат поука и да бидат благодарни што имаат таква можност.

Секоја цел во животот, тие ќе ја достигнуваат задолжително со една или две пречки. Но, тоа не треба да Ве плаши, туку напротив, да ве мотивира!

Луѓето родени на 14-ти

Овие личности се склони да изневеруваат, да не ги почитуваат другите, да си прават што сакаат. Ако сте вие ​​од нив знајте дека Вашата карма вели дека треба да си поставите цел, која ќе ја следите. Таа може да е поврзана со личен развој, развој на бизнисот, со учење. Се проценува дека вие имате моќ да го промените дури и светот, а не само некоја мала ситница од Вашиот живот.

Луѓето родени на 16-ти

Штом сте родени на тој датум, тоа значи дека треба да дејствувате иновативно. Вие имате карма да иницирате и да ги водите останатите по себе. За целта се бара многу храброст и силна интуиција. Не грижете се, и двете ги имате во изобилство, само е потребно повеќе да верувате во себе. Не треба да сте иронични и цинични – ова однесување ќе Ви создаде негативна енергија, која ќе Ви оддалечи од судбинскиот пат кој е потребно да го следите. Секој ден треба да Ви биде почеток на нешто ново. И да го правите со сета своја љубов и желба. На пример, да насадите дрвце, да добиете пријател, да помогнете некому, да направите креативна промена на работното место, да посетите ново место, град или држава.

Луѓето родени на 19-ти

Вие сте луѓето кои изобилуваат од морална и емоционална поддршка за останатите. Склони сте кон затворање и седење дома, но тоа треба да се промени. Секој ден треба да разговарате со познати и непознати. Да давате совети, да се надополнувате, да помагате, да мотивирате. Благодарение на Вас и Вашите зборови, многу луѓе ќе ја откријат среќата, љубовта, а на некои дури и ќе им го спасите животот! Вие сте амбасадорите на доброто, раздавачи на надеж, Вие сте мудри советници – тоа е вашата судбина.

5 намирници кои ќе ја „убијат“ желбата за слатки

5 namirnici

Овие здрави намирници ќе ја задоволат вашата дневна потреба за шеќер, а притоа нема да му наштетат на вашето здравје. Шеќерот во прехранбената храна предизвикува побрз раст, но и брз пад на гликозата во крвта, а тоа создава поголема потреба за слатки и така се запаѓа во магичниот круг. Намалете ја потребата за шеќер така што ќе ги јадете овие намирници.

1. Јаболко

Ова можеби е најдоброто овошје за задоволување на желбата за слатки. Нема потреба да го лупите, бидејќи во неговата лушпа се кријат голем број витамини. Дури и киселите јаболка содржат многу здрави јаглехидрати. Ова овошје е богато со прехранбени влакна, кои даваат чувство на ситост и го намалуваат гладот.

jabolko

2. Домат

Доматот е делотворен против желбата за шеќер, бидејќи содржи големо ниво на триптофан – материја која телото ја претвора во серотонин. Овој плод е богат и со хром, минерал кој ја намалува желбата за храна и го регулира нивото на холестерол и гликоза во крвта.

domat

3. Пченка

Пченката е уште една намирница која може да ви помогне во „одвикнувањето од шеќерот“. Посебно добро ја потиснува желбата з слатко кога е зготвена. Богата е со антиоксиданси, витамини, минерали и прехранбени влакна. Освен желбата за шеќер ја намалува и желбата за глад.

pcenka

4. Сладок компир

Уште еден зеленчук кој може да ви помогне е слаткиот компир. Оваа намирница нема само да ја задоволи вашата потреба за слатки, туку и додатно ќе му обезбеди на организмот витамини Ц, Д и Б6. Хранливите материи во слаткиот компир може да ги спречат болестите на срцето, ракот и други дигестивни проблеми.

kompir

5. Цимет

Циметот е фантастичен зачин кој има извонреден мирис и вкус, па може да го додадете во многу јадења. Циметот одлично помага против желбата за слатки. Овој зачин ги спречува ненадејните осцилации во нивото на гликоза кои придонесуваат за желбата за слатки и со тоа ја одложува потребата за внесување нова порција шеќер.

cimet

 

Не се откажува: Роналдињо се враќа на теренот – ВИДЕО!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо, кариерата ќе ја продолжи во втората перуанска лига.

Славниот Бразилец одлучи да настапува за клубот Sijensijano, па неговите фанови и публика на тамошните терени ќе можат да уживаат во магијата на 36 годишниот мајстор.

Роналдињо во кариерата ги носеше боите на ПСЖ, Барселона и Милан, а без клуб е од септември, кога го раскина договорот со Флуминенсе.

Би било вистинска штета да се повлечи, затоа што неговите дриблинзи, голови од слободни удари, потези, брзи продори, своевремено беа ремек дела.

А.Г.

Прва снимка од рускиот “алигатор” во Сирија

Toj служи за откривање и распознавање на различни објекти, подвижни и неподвижни цели, уништување на оклопни тeхники, хеликоптери и нисколетачки авиони со мала брзина.

ka-52-rusija-640x360

На интернет се појави видео снимка на рускиот хеликоптер во близина на сирискиот град El Karjatejna.

Рускиот хеликоптер Ка-52 “алигатор” прв пат е снимен во акција, пренесува телевизијата “Rusija 24”.

“Снимката е направена во близина на градот El Karjatejna, кој во неделата беше ослободен од терористите.

На снимката се гледа ‘aлигатор’ кој уништува цели со непознати реактивни гранати”, се наведува во телевизискиот прилог.

Прв пат Ка-52 се забележани во Сирија на 16 март, иако немаше потврдени податоци за нивното праќање таму.

Хеликоптерот К-52 “алигатор” е модификација на ударниот хеликоптер Ка-50 “црна ајкула”.

A.Г.

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина прилепскиот моторџија Љупчо Црвенковски

Рано утринава на 27 годишна возраст почина Љупчо Црвенковски, објави порталот Мотори.

ljupco-crvenkovski-1-640x424

Младиот моторџија Љупчо Црвенковски од Прилеп боледуваше веќе извесно време, за него се организираше и хуманитарна акција, а многумина од нас помогнаа преку броевите за донации. За жал тоа не беше доволно, Љупчо не ја издржа борбата со подмолната болест и утринава замина од овој свет.

Погребот ќе се одржи утре (05.4.2016) на новите гробишта во Прилеп со почеток од 14.00 часот.

Нека почива во мир!

ljupco-crvenkovski-640x337