Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, во интервју за ТВНова потенцира дека Собранието ќе биде распуштено на 7-ми април и дека изборите ќе се одржат на договорениот датум, односно на 5-ти јуни.
-Вака на 7 Април веќе ќе биде распуштено Собранието, значи на 6 Април до вечерта може до полноќ да работи Собранието согласно Одлуката за измена на Одлуката за распуштање на Собранието. Уште два дена се работни кај што може Собранието да носи закони, вклучувајки нели и овој избор на министри и заменици министри. Јас очекувам да има нормален тек овие денови, она што е стигната да се заврши низ собраниската процедура да се изгласат закони и секако на 7-ми април сабајлето Собранието да биде распуштено и согласно моите надлежности јас да распишам избори за 5 Јуни, заклучи тој.
Иако чести се приказните за тоа дека главни виновници за нечие заболување од тумор се гените или било какви канцерогени материи, речиси ништо од овие тврдења не е вистина… Во продолжение дознајте зошто некој се разболува, а некој не од оваа страшна болест:
Имено, колку и да звучи неверојатно, кога станува збор за малигните болести, човековото тело е, наједноставно кажано, лотарија! Едноставно, нема поврзаност со тоа како живеете, како се храните или што правите – ако немате среќа, реалноста е сурова, но ќе добиете рак.
Иако со години научниците тврделе дека физичката неактивност, пушењето, алкохолот, лошата исхрана или гените се главните предизвикувачи на туморите, најновите испитувања ги негираат сите овие тврдења. Новите резултати покажуваат дека оние кои што добиле тумор едноставно, немале среќа!
Истражувањата укажуваат на тоа дека две третини од туморите настануваат поради целосно случајни и неочекувани мутации на клетките при нивната поделба, појава која што во целост е вон човековата контрола.
Значи, човекот може да живее здраво, редовно да вежба и правилно да се исхранува, а сето тоа е добро за да се намалат некои други здравствени ризици, меѓутоа воедно, тоа не е никаква гаранција дека тој нема да добие рак!
Така, новите истражувања врз 31 вид на тумори покажале дека само 9 од нив се поврзани со гените и стилот на животот, додека причините за појава на останатите тумори немале никаква поврзаност со тоа, објавува “The Independent”.
Американските научници објавиле и дека некои видови на рак едноставно е невозможно да се спречат, па затоа би требало да се работи повеќе околу раното откривање на болеста, за истата да може да се излечи во првиот стадиум.
“Сега кога знаеме дека две третини од видовите на тумори се појавуваат поради необјаснивите мутации во ДНК при делбата на клетките, тогаш постојат сосема малку нешта што можеме да ги направиме за да ја спречиме болеста”, порачале експертите.
Сепак, претходните тврдења не важат за ракот на белите дробови и ракот на кожата, чии што причинители навистина имаат поврзаност со лошите животни навики, односно со пушењето и претераното изложување на УВ зраци, без оглед дали тоа е сончањето или солариумот.
Ова мало бебе прави нешто неверојатно. Мајката му се фалела на нејзините пријатели за талентот на своето бебенце, но никој не и верувал дека бебето го прави тоа.
Одлучила да го сними со камера и да сподели со сите.
Погледајте го видеото и споделете со вашите пријатели:
Политиките на Владата продолжуваат во насока за унапредување на правата на лица со инвалидност. Објавен е вториот по ред оглас за самовработување на лицата со инвалидност. Сите оние кои сакаат да основаат свој сопствен бизнис од денеска ќе можат да се пријават во подрачните единици на АВРМ и да добијат грант од државата од 270.000 денари. Дополнително, тие ќе можат да вработат уште најмногу две лица, за кои ќе добијат по 92 илјади денари.
Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека лицата со инвалидност имаат знаење и вештини кои можат да ги искористат за самовработување и отворање на свој сопствен бизнис.
-Преку овој оглас ќе се обезбедат можности за лична егзистенција и токми поради тоа државата предвиде финансиска поддршка која што ќе им помогне да се самовработат. Оваа поддршка опфаќа обезбедување на обука за вештини, обука за претприемништво и бизнис планирање, потврда за завршените обуки, менторство и стручна поддршка во текот на програмата и по регистрацијата на сопствениот бизнис, да се регистрираат како правен субјект во Централниот регистар и да се самовработат, посочи Спасов.
Со програмата за самовработување лицата со инвалидност ќе добијат грант во форма на метеријали во износ од 270.000 денари и можност да остварат дополнително вработување до две лица со дополнителен грант во форма на опрема и метеријали во износ од 92.000 денари по вработено лице. По истекот на 9 месеци правното лице доколку има исплатено плати и придонеси ќе може да поднесе барање до управниот одбор на АВРМ за користење на неповратни средства од посебен фонд и да добијат дополнителна финансиска помош од 20 просечни бруто плати.
Лицата со инвалидност од АВРМ ќе добијат соодветна поддршка во текот на првата година од регистрирање на бизнисот.
Спасов ги повика сите лица со инвалидност кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис да се пријават во центрите за вработување на АВРМ или на веб страната samovrabotuvanje.mk или avrm. gov.mk.
За реализација на овој проект, буџетот за 2016 година изнесува 49 милиони денари.
Директорот на АВРМ Влатко Поповски информира дека ова е втор оглас кој се објавува, а се однесува на самовработување на лицата со инвалидност.
– Во првиот се пријавија над 160 лица. Во тек се обуките, дел се завршени и се пристапува кон определување ментор кој ќе им помогне да го направат бизнис планот, по што тој ќе биде оценет и ќе им бидат доделени средствата, рече Поповски.
Појасни дека аплицирањето на овој оглас стартува од денеска, а како што рече, нема временско ограничување и ќе се аплицира до исполнување на бројката за која има средства.
Задоволство од мерката изразија и претседателите на националните сојузи на здруженијата со инвалидност во Македонија. На ваков начин, сметаат тие, ќе се реши еден голем проблем на овие лица и дел од нив ќе можат да дојдат до вработување.
– Овие мерки кои водат кон можноста за решавање на суштествено егзистенцијално прашање на секој човек, а со тоа и на самите лица со телесен инвалидитет, како што е вработувањето, се мошне корисни и ние ги повикавме нашите членови да се јават на овој повик бидејќи ова е една од можностите да го надминат проблемот и да се вработат, рече претседателот на Националниот сојуз на здруженија на лица со телесен инвалидитет Бранимир Јовановски.
Истиот став го дели и претседателот на Националниот сојуз на слепи и слабовидни лица Жарко Селковски кој ја искористи приликата да ги повика членовите на овој Сојуз да аплицираат за оваа мерка и да се обидат да се осамостојат преку самовработување.
Претседателот на Нациоалниот сојуз на глуви и наглуви лица Васко Марков истакна дека се надева оти и за овој повик како и за претходниот ќе има интерес, бидејќи, како што потенцира, ова е начин како тие да се интегрираат во општествените текови и да обезбедат сопствена егзистенција.
Вчера во Прилеп се одигра десеттото коло од Првата пингпонгарска лига на Македонија, помеѓу екипите на Младост96 и Студент од Скопје. Домаќините победија со резултат 5-3 и не оставија ни малку можност за гостите да се надеваат, дека во Прилеп можат да се вратат непоразени. Иако ППК Младост 96 настапи ослабен на овој натпревар без Александар Рикалоски, сепак неговото отсуство не претставуваше проблем за искусните прилепски пингпонгари. По две победи извојуваа Златко Рикалоски и Антонио Стомнароски, а една победа имаше Методија Иваноски. Со оваа победа ППК Младост96 останува на второто место на табелата кое води во баражот за Супер лига, а до крајот остануваат уште четири кола. Наредното коло повторно во Прилеп се игра натпреварот од единаесеттото коло со екипата на Дебар Мало од Скопје и повторно се очекуваат нови два бода за екипата на Младост96.
Да напомениме и тоа дека после пауза од пет години пингпонгарите се вратија во реновираната пингпонгарска сала на ДТЦ Партизан, каде ги постигнуваа своите најдобри успеси и резултати. Со тоа се отвара и можноста за брзо време да профункционира и пионерската школа на ППК МЛадост96.
Малиот тенок мобилен телефон Long-CZ, тежи само 18 грама, долг е 68 милиметри и широк 23 милиметри. Доволно е мал да може да се внесе во затворска келија. Се продава по пат на интернет и чини 31 евро.
Овој модел се рекламира дури и на ирските веб страници и продавници за користена стока со слоганот „Beat the Boss phones‟. Слоганот се однесува на тоа дека ирските затвори имаат скенери кои не ги регистрираат овие мобилни телефони.
„Мобилните лесно можат да се прокриумчарат, а затворениците картичката ја кријат во уста или ја голтаат. Мобилните се направени од пластика‟ – изјавил еден затвореник од Ирска.
Бос столицата е дизајнирана да детектира предмети како оружје, мобилни и дрога која затворениците ја внесуваат во телото. На столицата се наоѓа метален детектор кој го скенира целото тело. Со овој уред во ирските затвори е намален бројот на одземени мобилни телефони, но тие сепак измислуваат нови начини како да ги прокриумчарат.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје денеска ќе биде отворен третиот Саем за вработување и пракса „Контакт“.
Саемот го организараат студентите од ФЕИТ и од Факултетот за информатички науки и комуникацики технологии (ФИНКИ).
„Контакт“ е отворен за сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои преку бесплатни модули, ќе можат да ги подобрат своите вештини, да се запознаат со кариерните можности, како и да разговараат со претставници со компании кои ќе се претстават Саемот.
Се проценува дека овој проектил има домет од 13.500 километри и дека е прв таков во арсеналот на Пекинг кој може да лансира неколку боеви глави во било кој дел на САД од територијата на Кина.
Воените експерти предупредуваат дека Кина поставува интерконтинентални балистички проектили кои ќе бидат во можност да дофрлат до Америка.
Во моментот кога кинескиот претседател Си Џи Пинг се состанал со претставниците на Вашингтон по повод самитот за нуклеарна безбедност, воените експерти му поставиле прашања за кинеските нуклеарни проектили DF-41.
“Со оглед на бројот на реални тестови, потполно е рационално да се шпекулира дека DF-41 проектилите ќе бидат поставени во кинеските стратешки ракетни бази во 2016 година”, рече Ричард Фишер, висок истражувач на Центарот за меѓународни процени и стратегии.
За разлика од претходните кинески проектили, DF-41 може да биде поставен на подвижни мобилни лансери.
До 2008 година се евидентирало дека Кина има само 20 нуклеарни боеви глави. Меѓутоа Фишер тврди дека Кина поседува негде помеѓу 200 до 400 боеви глави.
Секако, тоа е уште далеку од тоа што го поседува САД, за која се верува дека поседува околу 4.760 нуклеарни боеви глави.
“Можеме да очекуваме забрзан пораст на кинеските нуклеарни боеви глави кои можат да дофрлат до САД”, вели Фишер.