дома блог страница 5376

Kина го активира одбранбениот пакт со Русија: Путин известен дека подморници тргнале кон САД, а еве и зошто

Што се однесува до протколот и процедурите кои мораат да се испочитуваат после повикувањето на член 9, претседателот Путин ги повикал министерството за одбрана и министерството за внатрешни работи да почнат со сите припреми за проценување на опасноста и делувањето, со цел да се заштити Русија и нејзините граѓани во потенцијалните воени зони.

kina-podmornica-640x360

Во Кремљ кружи извештај на министерството за одбрана дека Кина по прв пат во последните 15 години се повикала на член 9 на Кинеско-Рускиот договор за пријателство, известувајќи ја Русија дека започнала “офанзивно/дефанзивно” воено делување со цел да се заштитат клучните национални интереси, што исто така уклучува и поставување на подморници близу до западната обала на Пацификот.

Според овој извештај, Кина се повикала на член 9 на наведениот договор пред 24 часа откако што претседателот на Кина Си Џи Пинг, го предупредил претседателот на САД Барак Обама, дека Кина цврсто ќе го брани својот суверенитет и своите права во Јужнокинеското море.

Членот 9 на договорот за пријателство наведува: “Во случај да дојде до ситуација во која,   во било која од страните на договорот ќе се смета дека мирот и националните интереси на таа држава се загрозени, или дојде до соочување со закана на агресија, двете страни моментално ќе одржат преговори за елиминирање на таквите закани”.

Во званичните документи пратени до претседателот Путин, кинеските власти навеле дека клучните интереси на Кина се загрозени заради:

  1. Секојдневните воени провокации против Кина од страна на САД во Јужнокинеското море.
  2. Можноста да Хилари Клинтон, која се закани со војна против Кина и која е најомразената жена во Кина, стане претседател на САД.
  3. Можноста да Доналд Трамп, кој не ја исклучил можноста за војна против Кина, стане претседател на САД.
  4. Дирекните закани за нуклеарна војна против Кина од страна на Северна Кореја, САД и нивните сојузници.

Истовремено, Кина покренала еден економски потег против САД и нивните сојузници со тоа што воведе нов даночен систем за сите прекуокеански трговии, што американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп планира да го направи доколку стане претседател.

Се наведува дека Кина исто така се припрема за војна поради тоа што поставува единици кои ќе ги евакуираат нејзините граѓани од евентуално зафатените територии по потреба, но и поради тоа што воспоставила огромна воена база во Африка, од каде планира да спречи американска агресија на Блискиот исток  и дека планира да постави нуклеарни проектили со најголем домет во светот.

Она што е потполно неверојатно е дека американските граѓани воопшто не знаат за овој договор, ниту за можниот конфликт кој би можело да прерасне во Трета светска војна.

A.Г.

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО КРУШЕАНИ И УЛИЦА ВО ОБРШАНИ

1-702x336

Деновиве започнаа активностите за градба на нова канализацона мрежа во населеното место Крушеани со пари добиени од АФПЗРР во кој проект е вклучена изградба и канализациона мрежа во Славеј во вкупна вредност од околу 16.000.000 денари. Со реализацијата на овие проекти ќе се реши долгогодишниот проблем на двете населени места а општината после Кривогаштани ќе има нови две населени места со изградена канализациона мрежа.

Исто така започнаа градежните активности за асфалтирање на улицата ”Капетан Игор Ѓорески” во Обршани со пари обезбедени од светска банка во висина од 12.000.000 денари а покрај оваа улица ќе се асфалтира улицата во Бела Црква што населеното место го поврзува со Воѓани и улица Илинденска во Кривогаштани кои до крајот на летото ќе бидат целосно ставени во употреба.

2-300x200

Стевананџија: Заев има интегритет – нула, ако воопшто знае што е тоа

Могерини објавила соопштение дека зборувала со Заев во кое дипломатски кажува дека му рекла да не ги бојкотира изборите и да си најди начин да се отплетка од тоа што се заплетка самиот. Се разбира нејзините локални претставници ќе му помагаат, ама Заев треба на време да почне да се престројува. На првиот прес остави простор за тоа, на вториот уште повеќе. Не му е лесно на човекот, особено кога од два ментора ќе прими два различни сигнали. И тоа се случува, иако не пречесто, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на својот Фејсбук профил.

111

Почнува игранката. Покрај разноразните барања кои ќе доаѓаат до ВМРО-ДПМНЕ од меѓународниот фактор во деновите кои следат, со цел да му угодат на Заев, и да му направат алиби да оди на избори и покрај тоа што кажа дека нема да оди, а при тоа да реализираат некоја своја замисла и цел, им треба уште една работа. Односно на Заев му треба. Тоа е јавно да се покаже колку многу преставници на меѓународната заедница му се јавиле или се виделе со него за да го убедуваат да оди на избори, напиша Стевананџија.

stevanandjija

-Каде и да е, кога ќе дојде денот за објавување на реалноста, Заев меѓудругото објаснуваќи зошто ја сменил одлуката, треба да може да каже, со кого се разговарал и кој се му гарантирал дека ќе има фер избори. Демек, не го нагазиле, туку му гарантирале, и ете тоа се причините заради кои прифатил да ја смени претходната одлука. Плус ако успее да издејствува нешто од ВМРО, ете причина да објави триумф и уште една победа.
Кутриот не разбира дека преку неговите барања кои му ги дошепнуваат тие си остваруваат или барем се обидуваат да остварат свои цели. На крај покрај имињата на странците кои го охрабриле и му гарантирале, од еден од неговите ментори ќе добие задача да каже дека и претседателот на ДИК му дал некави гаранции, затоа што на еден од менторите на Заев кој патем речено целосно го контролира претседателот на ДИК, потребно му е на неговата кукла да и се зголемува авторитетот. Демек и тој претседателот на ДИК е значаен фактор. Прочитана книга. Инаку претседателот на ДИК од она што го знам е многу горд што ја има добиено улогата на кукла во куклениот театар на еден од менторите. Човекот е импресиониран што од никој и ништо наеднаш почнаа да го викаат на разни настани во разни амбасади и да му прават муабет некои кои до вчера ги гледал само на телевизија и не сонувал дека ќе ги запознае а камоли да разговараат сериозно со него. Свесен дека оваа работа еден ден ќе помине тој ми личи дека веќе работи на тоа да ја добие следната негова тезга. Полн е со надеж. Тотално не го интересира што ќе биде со државата туку што ќе каже и помисли за него менторот, од кого очекува понатамошна подршка во неговата лична кариера. Верува дека ако не го изневери менторот, ако како верно кученце цупка по него, односно ако му биде верен слуга, тој нема да го заборави, и ќе му фрла по некоја коска и во иднина. Спремен е да прочита се што ќе му напише менторот без воопшто претходно да размисли за содржината, ризиците и последиците за земјата. Интегритет – нула. Ако воопшто знае што е тоа. И ако воопшто му значи, пишува пратеникот на својот Фејсбук профил.

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Стоп за хаосот во МВР и МТСП

Владата на Република Македонија за спроведување на изборите одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои се донесени во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година. Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка, се вели во соопштението од Владата.

top1vlada

Согласно член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше.

Врз основа на официјални информации и акти кои беа доставени и разгледувани во законска процедура, беше констатирано дека министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со противзаконски и еднострано донесените акти ги повредиле и работеле спротивно на членот 46 ставовите 2 и 3 од Законот за Владата, а во врска со членот 47 од Законот за Владата. При носењето на овие еднострани и противзаконски акти министрите не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата и затоа Владата ги поништи овие нивни акти.

Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи.

Интегрален текст од соопштението на Владата

Наскоро 7 дневни железнички линии на релација Скопје-Битола

6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-5-800x533

Новите возови кои по после историски долг период го обновија возниот парк на Македонски Железници, ја зголемуваат и дневната понуда на железнички превоз помеѓу поврзаните со пруга градови.

Од Македонски Железници информираат дека од 1-ви јуни на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје ќе сообраќаат 7 линии, или на секои 2 до 3 часа по еден воз.

Ќе сообраќаат 3 патнички и 4 експресни гарнитури.

Ова е од огромно значење за жителите на Пелагонискиот регион, кои ќе имаат плус поврзаност со главниот град.

Да потсетиме дека благодарение на владината одлука возовите секој четврток бесплатно ги користат студентите, а секој прв и трет викенд во месецот е бесплатен за младите до 28 години.

Поволности има и за пензионерите, кои патуваат бесплатно со воз секој втор викенд во месецот.

А.Г.

“Наша земја Македонија”, нова песна на прилепскиот рок бенд “Бен Хур”

asdasd

Прилепскиот рок бенд Бен Хур издаде нова песна. Овој пат нешто сосем поинакво од досегашната нивна работа. Песната насловена како “НАША ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА” е посветена на нашето богато и славно минато. Текстот на Душко Темелкоски, кој овојпат се јавува како главен вокал, е вообличен преку музиката и аранжманот на гитаристот Борче Шабаноски, во чие студио е и снимена самата песна.

Видео записот на песната го реализираше “Фабрика продукција” од Скопје, на две препознатливи локации поврзани со минатото на Прилеп, итоа Паркот на револуцијата и манастрискиот комплекс Св. Архангел Михаил во населбата Варош, додека пак главниот дел се снимаше на сцената во Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Учество во видео записот зедоја: Александра, Марија, Елена, Емилија, Адела, Тамара, Леонарда, Ангелина, Викторија, Тамара, Анастазија и Стефани, како детски хор.

Слушнете ја песната и погледнете го видео записот!

Две годишно девојче со раскрвавена глава пренесено во болница во Прилеп

Во Градската болница-Прилеп, во Хирушко одделение во 15:20, М.Џ. од с. Канатларци-Тополчани, донел двегодишно девојче со повреда на главата и крварење на белите дробови.

 

bolnica

Поради сериозноста на повредите  истата е препратена во Клиничкиот центар во Скопје.

 

Во склоп на “Крали Марко болдеринг маратонот”, најмладите искусија одење на јаже

IMG_0684

”Застанете на тенката растегната линија и ставете ги вашите способности, лични граници и самодоверба и погледнете каде ќе ве поведе вашиот ум и тело“, беше говорено на вчерашната работилница, која е дел од спортски настан од светски калибар „Krali Marko Boulder Maraton 2016“.

IMG_0689

IMG_0682

Словенските слеклајн мајстори од Љубљана сношти во стара чаршија кај градскиот часовник пред љубителите на  дисциплина насловена како „Highline Meeting“ ги презентираа своите искуства на работилницата насловена како слеклајн.

IMG_0696

IMG_0694

Оваа работилница беше наменета за сите кои сакаа, во добро друштво од искусни „slackline“ мајстори да доживеат една нова спортска дисциплина, целосна вежба на телото и умот. Сесиите беа идеални за оние кои сакаа да го зголемат својот баланс и мускулни рефлекси, притоа јакнеејќи ја целокупната мускулатура со цел да стекнете подобра свест, контрола и телесна координација како и правилно држење на телото.

IMG_0729

IMG_0705

IMG_0709

IMG_0713

IMG_0714

 

Денеска целосно се доисплатени субвенциите за тутунопроизводителите

Денеска се исплатени субвенции за предадениот тутун после 15-ти јануари. Со тоа тутунарите и оваа година навремено ги добија заслужените средства.

tutn-proizvodstvo

Силните владини заложби за помош и поддршка на земјоделците покажуваат одлични резултати.

Целиот произведен тутун беше откупен, па во моментов се откупени  околу 20.000 тони.

Просечната цена на задоволство на тутунопроизводителите е 186 денари, а тие добиваат и дополнителни 60 денари државни субвенции за секој откупен килограм. Збирно, тутунарите во Македонија добиваат по 4 евра за килограм тутун.

Досега беа исплатени 10 милиони евра за произведувачите на тутун кои го предадоа истиот до 15-ти јануари годинава, а денеска се исплатија уште 500 милиони денари субнеции за тутунопроизводителите, кои својот род го предадоа до крајот на откупот.

Лазаров: Би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО! (ВИДЕО)

-Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО, напиша на социјалните мрежи капитенот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров.

Време е!Сонот на оваа генерација на ракометари и врвни спортисти…
Сонот на сите претходни генерации…
Сонот на целиот македонски народ..

„Од кога знам за себе играм ракомет, ракометот е мојот живот. Репрезентативниот дрес го носам 19 години и време да ставиме круна на се што постигнавме јас и моите другари од репрезентацијата изминативе десетина години. Пласманот на ОИ за нас како мала држава е многу повеќе од спорт, затоа треба да бидеме сплотени како никогаш до сега и да ја извојуваме најголемата победа во историјата на македонскиот екипен спорт. Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО“