Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, Фото Кино клубот „Прилеп“ ја отвори изложбата на уметничка фотографија насловена „Јордан Зазоски – Зазо“. Оваа изложба, информираат од клубот прераснува во традиција, каде членовите на ФКК „Прилеп“ ги претставуваат своите фотографски дела кои ги создале во претходната година.
Годинава, акцентот е ставен кај помладокот на клубот, што всушност е и новата движечка сила на ФКК „Прилеп“. Тие преку низа активности, работилници и со нивната постојана присутност во светот на фотографијата, веќе се градат како препознатливи автори – нивните дела освојуваат се поголем број награди и признанија, велат од Фото кино-клубот „Прилеп“.
Изложба на Фото киноклубот „Прилеп“
Македонска фолкерка го загуби мобилниот, во него имало поголи фотки од овие (ФОТО)
Џесика Палашоска утрово го изгубила својот мобилен телефон и сега стравува некој да не ги злоупотреби разголените фотки кои се наоѓаат во него.
Фолкерката се плаши да не заврши како Дара Бубамара и цела Македонија да ги види нејзините голи фотки.
– Имам голи фотки како и секоја девојка што има. Страв ми е некој да не ги злоупотреби, па да завршам и јас како Дара Бубамара, вели Палашоска.
Сексапилната фолкерка напиша статус и на Фејсбук преку кој апелира чесниот пронаоѓач да и го врати телефонот, а ветува и награда.
– Утрово додека џогирав во паркот го изгубив мобилниот телефон „ајфон 6″ во златна боја, ве молам доколку го пронајдете, пишете ми во инбокс. За чесниот пронаоѓач следува награда, стои во нејзиниот пост.
Ноќен живот Прилеп – Caffe Virus, The Gallery House Pub & Jazz Club Take 5 – 08.04.2016
[Best_Wordpress_Gallery id=”205″ gal_title=”NokenzivotPrilep_08042016″]
Виолетов леб – нов хит во светот
Белиот леб веќе подолго време се смета за главен непријател на линијата и здравјето, тој е поврзан со дебелината и високиот крвен притисок кај луѓе.
Професорот Жоу Веибиао од Универзитетот во Сингапур пронашол начин на решавање на тие проблеми, задржувајќи ја текстурата и вкусот на лебот. На светот тој му го претстави најновиот хит во исхраната – виолетов леб кој е многу поздрав од белиот леб.
Жоу сакал да пронајде начин да ја промени формулата на лебот, но сепак да го задржи неговиот одличен вкус и мекост. Резултат на неговото истражување е виолетовиот леб, за кој вели дека е направен од целосно природни состојки.
Тој започнал со екстракција на антоцијанин, природен син пигмент од црниот ориз, кој може да се пронајде и во боровинките и во грозјето, изоставувајќи го неговото скробно соединение. Антоцијанинот го вмешал во тестото и добил леб кој е далеку подобар за човечкото тело отколку белиот.
Кога лебот ќе се испече на 200 степени, 80 отсто од антиоксидантите на антоцијанинот остануваат сочувани. Ова соединение реагира и со ензимите на скробот од брашното, поради што виолетовиот леб се вари 20 отсто полесно од обичниот, што овој производ веднаш го лансира на листата на супер-храна.
Уште една од причините што виолетовиот леб се наоѓа на таа листа и тоа што во суштина е најголемиот проблем што премногу брзо се вари во организмот, што му овозможува на шеќерот директно да оди во крвотокот.
– Доколку сакате да уживате во текстурата на лебот и да го забавите варењето, ова веројатно е најдбриот начин – објаснил Веибиао и додал дека преку виолетовиот леб внесувате исто количество на скроб и пченично брашно, па нутритивната вредност останува иста. Клучната идеја е да го забавите ослободувањето на енергијата,за да може калориите да ги трошите во тек на подолг временски период – истакнал тој.
За антоцијаните се верува дека позитивно влијаат на дебелината и помагаат во превенција на кардиоваскуларните и невролошките болести , па дури и ракот.
Овој леб се уште не е достапен во продажба, но професорот работи на соработка со престижните производители на храна, со цел што поскоро да се најде во супермаркетите.
Во тек конкурсот за стипендии за постдипломски студии во Франција
Францускиот институт во Скопје информира дека е во тек конкурсот за стипендии за македонски студенти за постдипломски студии во Франција за академската 2016/2017 година.
Станува збор за вкупно шест стипендии што секоја година ги доделува Владата на Франција преку Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје.
Краен рок за пријавување е 30 април 2016, а се работи за студии на ниво Мастер и Докторат во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.
Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска Влада им овозможува да имаат и други бенефиции.
Повеќе информации за пријавување за стипендии се достапни во Францускиот институт во Скопје или на следниот линк.
Како да се ослободите од стриите на природен начин?
Борбата со стриите е навистина тешка и долга, но вие можете да ја намалите нивната видливост и тоа на природен начин.
Овие намирници треба да ги јадете за стриите да бидат помалку видливи:
1. Мешунки – протеините кои се наоѓаат во гравот, грашокот и леќата го поттикнуваат производството на колаген во телото.
2. Чај – течностите го хидрираат телото заради што кожата изгледа позатегната, а антиоксидансите ги зачувуваат клетките здрави и неоштетени.
3. Храна богата со цинк – цинкот е неопходен за производство на колаген и го сочувува ткивото здраво. Цинкот исто така е клучна состојка за заздравување на кожата, затоа почесто консумирајте месо, риба, бразилски ореви, кикирики, тофу, јаткасти плодови и овес.
4. Вода – за кожата да може да остане еластична, телото мора да биде хидрирано.
5. Рибино масло – витаминот Д игра клучна улога во спречувањето епидермисот да се растегне, односно да се направат стрии на растегнатата кожа. Рибиното масло е еден од најбогатите извори на витамин Д и најлесно се наоѓа во туната.
6. Портокал – портокалите се богати со вода и помагаат да се пополни просторот помеѓу клетките на кожата заради што се минимизира видливоста на стриите. Плус, витаминот Ц ја прави кожата помазна, а антиоксидансите ги заздравуваат евентуалните рани.
7. Боровинки и гоџи – витамините и останатите хранливи вредности имаат моќно дејство како антиоксиданси кои го штитат телото од слободните радикали кои се делумно одговорни за стриите. Додајте ги овие зрна во појадокот или вечерата за да го задржите здравјето на кожата.
8. Сладок компир – богат со витамин А, слаткиот компир помага телото да создаде нови клетки кожа кои ја намалуваат видливоста на веќе постоечките стрии.
9. Брокула – уште еден плод богат со витамин Ц кој е клучен за производство на колаген.
10. Сардина – богата со омега 3 масни киселини, ги намалува можните воспаленија кои се поврзани со оштетувањето на кожата. Маслото од нив кожата ја прават помека и мазна.
11. Јајца – Без разлика дали ги варите или пржите, јајцата се корисни во борбата против стрии. Тие се одличен извор на протеини, кои се есенцијални за младоликата кожа.
Facebook воведе нова опција
Марк Цукерберг денеска објави дека опцијата Facebook Live ќе им биде достапна на сите корисници. Видеото станува сè позначаен дел од Facebook, така што во иднина ќе гледаме многу повеќе видеа во живо.
Од социјалната мрежа најавија дека Facebook Live ќе добие многу нови можности за што поголем број од 1,6 милијарди корисници да можат да снимаат и пренесуваат видео во живо.
Корисниците сега ќе можат во живо да емитуваат видео на Facebook од различни настани, со активирање на различни филтери, реакции и коментари.
Корисниците од 60 земји ќе можат да пренесуваат видео во живо, а на мобилната апликација ќе има посебен дел од кој ќе може да се види што се пренесува во живо.
Полицијата во шок: Издувал 4,14 промили алкохол во крвта
Видно пијан велосипедист застанала полициската патрола во градот Сента, во Србија.
Дрегерот покажал, а анализата на крвта потврдила дека велосипедистот има 4,14 промили алкохол. Тоа според зборовите на сообраќајците е една од најголемите количини алкохол измерени кај некој велосипедист.
Тој бил исклучен од сообраќајот и одредено му е задржување во болница поради трезнење, а возењето во ваква состојба предвидува казна од 100.000 до 120.000 српски динари или најмалку 15 дена затвор.
Кралицата Елизабета ќе слави роденден – организација каква што немате видено досега
Британската кралица Елизабета Втора на 12 мај ќе го прослави својот 90. роденден, а на списокот на имиња на уметниците кои ќе ги забавуваат гостите се Кајли Миног, Џејмс Блант, Џес Глин и оперската пејачка Кетрин Џенкинс. Најавени се вкупно 1.500 учесници.
Прославата на роденденот на кралицата ќе трае четири дена во Виндзорската палата, викенд резиденцијата на кралицата оддалечена 40 километри од Лондон.
Меѓу изведувачите ќе биде соул пејачката Беверли Најт, актерот Мартин Клус и ѕвездата на серијата Волф хол, Демијан Левис.
На прославата ќе биде раскажана приказната за животот на кралицата, од нејзиното раѓање во 1926 година, преку крунисувањето во 1953 година и 60 години владеење.
Гостите ќе ги забавува и пејачот Џејмс Блант, ѕвездата на „Војна на ѕвездите“, глумецот Џон Бојег, актерот, Џон Картер и други.
Организирана поворка со повеќе од 900 коњи со учество на 1.500 уметници ќе биде дел од прославата на кралицата
































































