дома блог страница 5369

ВИДЕО: Од преголема радост Зидан остана без панталони

Зинедин Зидан не го криеше воодушевувањето откако Роналдо го комплетираше хет-трикот и го одведе Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, но настрадаа панталоните на францускиот стратег.

zidan-1-520x338

Погледнете го смешниот момент од синоќешниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“.

Нови инвестиции во ОУ „Рампо Левката“

1

Реновирани санитарни јазли, кабинет по хемија и отварање на нова училница во подрачното училиште во населено место Селце, денеска беа испромовирани како нови инвестиции во ова основно училиште. Вредноста на оваа инвестиција чини 1.500.000 денари средства обезбедени од Локалната самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети ОУ „Рампо Левката“ и посочи дека Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да инвестира во образованието.

11 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Моќен напиток против акни

lice-650x320

Доколку сакате чиста кожа треба да се негувате однадвор, но и одвнатре.

Во тоа ќе ви помогне напивката направена според рецептот на Абигејл Џенкинс, козметичарка која се грижи за кожата на многу славни дами.

Состојки:

– сок од половина лимон
– половина од помала краставица
– грст свеж спанаќ
– два помали листа кељ
– мала лажичка семки од коморач
– мала лажичка изрендан свеж ѓумбир
– едно јаболко или круша за засладување
– 2 дл вода
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, добро измешајте додека состојките не се соединат и потоа испијте.

Краставицата е богата со витамин А и калиум, ги смирува акните и ја „лади“ кожата.
Семките од коморач и ѓумбир – дејствуваат антивоспалително.
Лимонот го детоксифицира црниот дроб и му помага да се ослободи од токсините кои предизвикуваат воспаленија на кожата.
Спанаќот и кељот се богати со хлорофил и антиоксиданти, ѝ помагаат на кожата да закрепне.

Директорот на ФБИ открива како да ја заштитите приватноста на компјутерот

Одговарајќи на многу прашања поврзани со приватноста за времена гостувањето на еден универзитет во Охајо, директорот на американското Федерално истражно биро Џејмс Коми посочи дека „апсолутната приватност“ го ограничува спроведувањето на законот.

dzejms-komi-640x432

Меѓутоа Коми најмногу внимание привлече со изјавата дека својата лична приватност на интернет ја штити со поставување на леплива трака преку камерата на својот лап-топ.

-Таа работа еден ден ја видов на вести и одлучив да ја применам. Видов дека некој многу попаметен од мене поставува леплива трака преку камерата, вели Коми.

Тој додава дека не е неразумно да се грижите поради веб камерата бидејќи многу сопственици на лаптоп компјутери не се ни свесни дека некој од далеку, без нивно знаење, бо можел да ја активира камерата и на тој начин да ги гледа и прислушува.

Бо Мекејлеб пред сензационален трансфер во македонски клуб?!

Управата на МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде да го убеди Лестер „Бо“ Мек Кејлеб во следната сезона да заигра во дресот на актуелниот македонски првак, објавува Македонски спорт.

Bo-McCalebb-640x437

-Според информациите кои доаѓаат од добро упатени извори блиски до клубот, натурализираниот македонски бек во текот на наредниот месец треба да дојде во Скопје и, веројатно, тогаш ќе биде финалната рунда од преговорите, кога и ќе се знае резултатот дали Мек Кејлеб наесен ќе заигра за МЗТ.  Американецот со македонски пасош во моментов е во Франција каде што игра за Лимож, но на тимот „не му цветаат розите“ и, најверојатно, сезоната ќе им заврши на 10 мај. На шест кола до крајот на регуларната сезона, Лимож заостанува три победи зад осмопласираниот Нантер, и има само теоретски шанси да се избори за место во плејофот. Ако со обврските кон Лимож, Мек Кејлеб заврши на 10 мај, тој уште утредента би можел да дојде во македонската престолнина, објавува весникот.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.

Се вклучи црвениот аларм: Путин ќе објави тајни документи со кои ќе ја збрише западната елита!

putin-640x396

Претседателот на Русија, Владимир Путин, одлучилда обелодени низа документи од периодот од 1930. до 1989. година во кои се наоѓаат некои интересни имиња.

Се чини дека објавувањето на Панамските документи ќе има соодветен одговор. Соросовите платеници мислат дека е доволно да најмат 400 новинари кои ќе испратат инкриминирачки документи во 80 различни држави, но сигурно не се надевале дека Путин има кец во ракавот.

Според наводите од Кремљ, рускиот претседател  потпишал декрет за објавување на документи кои содржат многу интересни имиња и кои ќе ја шокираат западната јавност.

НЕКА СЕ СПРЕМИ НАТО И ЦЕЛИОТ ЗАПАД – ДОАЃА S-500

Рускиот одбрамбен систем S-500 ќе ги надиме сите до сега познати ракетни штитови, вклучително и рускиот S-400 и американскиот Patriot advanced kapabiliti 3 и сосема ќе го затвори небото на одалеченост до 600 километри. Овој противвоздушен ракетен систем со голем домет ќе може да пресретне не само аеродинамитни цели, како што се авиони и хеликоптери, туку и балистички и крстаречки проектили.

7RIA-326641-Preview

Руските воени извори наведуваат дека S-500, кој е во фаза на довршување, во наредните две години ќе добија нови нечујни радио станици.

Радио станиците на претходните ракетни системи работеја на порано одредени фрекфенции со што се зголемувала веројатноста од следење и пресретнување на информациите, додека кај новите системи такви ситуации нема да бидат возможни.

Системот целосно ќе го надмини моментално најнапредниот комплекс “S-400 триумф”, кој се истакнал во операцијата “Воздушно- космичка сила” во Сирија, покривајќи ја целата територија на земјата, со што се направила “зона забранета за летови”.

S-500 може да препознае цели на висина и до 50 километри, како и при најмали висини од 50 до 100метри.

S-500 може да открие и истовремено да гаѓа до десет балистички цели, како и да гаѓа боеви глави на надвоздушни проектили.

A.Г.

Намалете ги трошоците: Трикови за смалување на сметките за струја

 

Со промената на некои навики во домаќинството можете значително да заштедите на струја без стандардот на живеење воопшто да ви страда поради тоа.

Struja-uticnica

Главните потрошувачи на струја во домаќинството се клима уредот, печките, електричниот шпорет, пералните.

На клима уредот најлесно се заштедува така што ќе ја смалите температурата на ладење. Само еден степен заштедува и до 3% енергија. Исто така, ако алиштата ги перете на 40 наместо на 60 степени, ќе трошите напола помалку енергија. Доколку го исклучувате шпоретот неколку минути пред крајот на припремањето на храна, заштедувате, бидејќи храната и понатаму се приготвува додека уредот се лади.

Да заштедите можете и ако ги намалите стварите кои ќе ги пеглате. Веројатно не сакате да одите згужвани, но не е потребно да ја пеглате постелнината и кујнските крпи.

Ладилникот и замрзнувачот исто така трошат многу струја, затоа што цело време работат. Иако не можете да ги исклучите, можете да заштедите ако малку ја смалите температурата на ладење.

Штедните или LED светилките трошат и до 80% помалку струја од обичните, а траат десет пат повеќе.

  1. Планирајте

Кога можете, припремајте оброци за два, три дена одеднаш.

  1. Исклучувајте ги апаратите

Не оставајте ги уредите на чекање туку исклучете ги од струја. На пример телевизорот и понатаму троши 24% енергија иако е угаснат. Се проценува дека околу 6% струја во домаќинството се губи од уредите кои се ставени на ‘stand by’.

  1. Внимавајте на температурата

Внимавајте вратата на ладилникот да не ви биде предолго време отворена, затоа што ќе мора повторно да ја лади внатрешноста, а тоа не може без додатно трошење на енергија.

  1. Ладилникот на најладно место

Ставете го ладилникот на најладното место во вашиот дом. Пазете да не се изложува на сонце и светлина. Ладниот простор резултира со помало трошење на струја, затоа што степен помалце на кој ладилникот треба да лади значи и смалување на потрошувачката на струја и до 6%.

  1. Приклучете ја машината за перење алишта на топла вода

Ако е возможно, приклучете ја машината за перење алишта, како и онаа за перење садови, на доводот со топла вода, затоа што тие уреди најмногу трошат на затоплување на водата.

  1. Внимавајте на големината на садовите

Големината на садовите прилагодете ги на количината на храна која ја приготвувате. Ако храната ја ставите во преголем сад, ќе потрошите и повеќе енергија.

7. Исклучувајте го компјутерот

Кога не го користите секогаш исклучувајте го компјутерот. Ако веќе мора да биде уклучен, исклучете го само мониторот.

  1. Не ги оставајте полначите во штекер

Некои полначи за мобилни телефони, лаптопи, таблети …. продолжуваат да трошат струја и откако ќе ги исклучите од уредот кој сте го полнеле. Затоа извадете ги после користењето.

  1. Пократко туширајте се

Смалете го времето за туширање на помалку од 5 минути. Избегнувајте и капење во када, затоа што со туширање трошите и до пола помалку енергија, отколку со капење.

A.Г.

ФОТО ПРЕД И ПОТОА: Реконстуирани железничките станици на Коридорот 10

Заврши реконструкцијата на шесте железнички станици на Коридорот 10. Реконструирани се железничките станици во Велес, Прилеп, Градско, Демир Капија, Неготино и Табановце.

 

zeleznicka-stanica-prilep-640x640

железничка станица Прилеп (пред и потоа)

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на Фејсбук објави фотографии од железничките станици, пред и по реконструкцијата.

zeleznicka-stanica-demir-kapija-640x640

железничка станица Деми Капија (пред и потоа)

zeleznicka-stanica-tabanovce-640x640

железничка станица Табановце (пред и потоа)

zeleznicka-stanica-gradsko-pred-640x640

железничка станица Градско (пред)

zeleznicka-stanica-gradsko-potoa-640x640

железничка станица Градско (потоа)

zeleznicka-stanica-negotino-pred-640x640

железничка станица Неготино (пред)

zeleznicka-stanica-negotino-potoa-640x640

железничка станица Неготино (потоа)

zeleznicka-stanica-veles-pred-640x640

железничка станица Велес (пред)

zeleznicka-stanica-veles-potoa-640x640

железничка станица Велес (потоа)

Оваа година ќе се реконстуираат уште четири железнички станици во рамки на истиот проект и тоа во Битола, Чашка, Богомила и Гевгелија. Проектот се реализира во соработка со ЕУ и чини околу 2 милиони евра.

Започнат е вториот циклус од огласот за самовработување на АВРМ

agencija1

На 05.04. 2016 година започна вториот циклус од огласот за самовработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, преку кој граѓаните ќе можат да аплицираат за неповратни финансиски средства со цел да отпочнат свој сопствен бизнис.

Условите за добивање на грантот се лицето да е активен барател на работа и да има одржлива бизнис идеја, лесно изводлив и реален бизнис план.

Бенефитите на лицата се тоа што добиваат неповратни средства кои што можат да ги искористат во опрема и репроматеријали. За отпочнување за секој бизнис потребни се средства и Владата ги субвенционира невработените лица со 185 илјади денари неповратни средства со можносот за вработување на уште едно лице во бизнисот  и дополнителни 92 илјади денари. Заинтересираните    невработени   лица на овој   Јавен   оглас, пријави   можат   да   поднесат   најдоцна   до  30.04. 2016  година    во центарот за вработување во Прилеп. Деновиве Агенцијата за вработување има зголемена работна активност, што е резултат на новообјавените огласи од мерките на оперативниот план на Владата на Република Македонија како што се:

– Обука за возачи за Ц и Е категорија
– Обука од областа на туризмот
– Обука од областа на обезбедувањето
– Програма за самовработување на лицата со инвалидност
– Обука за основни вештини за вработување на млади лица до
29години (компјутери и странски Јазици).