дома блог страница 5370

Хакерите открија: Еве како да видите кој ви го посетува профилот на Фејсбук

 

Хакерите со години на Фејсбук ги лажат корисниците така што им ветуваат дека на лесен и едноставен начин можат да сознаат кој им го гледа нивниот профил. Секако, таква апликација не постои, но постои еден трик со чија помош може да се дојде до овие информации со малку вложен труд.

fb-slika

Прво што треба да направите е да го вчитате вашиот профил и да кликнете со десниот клик било каде настрана.

После тоа, изберете “View page source info”. Ќе ви се прикаже HTML код. Немојте да се плашите, туку притиснете “Ctrl и F” истовремено.

Во горниот десен агол ќе ви се појави мал прозор за пребарување. Тука напишете “InitialChat” и притиснете Еnter. Селектирајте го првиот број во листата се до “-2”, копирајте го, и потоа во нов прозор поставете после www.facebook.com/xxxxxxx каде што “xxxxxxx” е место за копираниот број. Кога ќе го ископирате бројот притиснете Enter.

Ќе ви се појави профилот на особата со која сте разменувале пораки во изминатите денови на Фејсбук.

Немојте да бидете разочарани, “InitialChatList” е вредност која покажува со кого најчесто разменувате пораки. Меѓутоа, хакер кој го открил ова тврди дека ако ги прегледате првите 50 броеви, порано или подоцна ќе ви се покаже профил со кого не разменувате пораки, што значи дека тој/таа ви го гледа вашиот профил.

A.Г.

Премиера на “Хамлет од Горно Дупени”

DSCN8536 (1)

,,Хамлет од Горно Дупени,, во режија на Кирил Петрески е новата претстава која  премиерно ќе биде прикажана во среда 13 април од 20 часот на сцената на театарот ,,Војдан Чернодрински,,. Претставата е работена според текстот ,,Хамлет од Долна Мрдуша…,, од Иво Брешан, драмски текст напишан  уште во 1965 година.

Оваа гротескна трагедија е травестија на познатата комедија од  Шекспир ,,Хамлет,,. Се работи за еден од најдобро напишаните драмски текстови во тој период од редот на т.н.,,политички театар,,. Поставуван е во многу театри низ Македонија и низ поранешните ју простори. Во прилепскиот  театар овој текст двапати е поставуван. Текстот во прилепскиот театар се поставува по 45 години од неговата празиведба, а  претставата го прикажува целиот апсурд на еден општествен поредок и воопшто на власта.

DSCN8527 (1)

-Го прикажува и местото на човекот како двигател на општествената машинерија, но и како нејзин роб. Современиот Хамлет е исправен пред предизвиците кои му ги носи животот и пред товарот на своите одлуки и компромиси, товар кој не му дозволува да живее достоинствено. На сцената се отвора еден нов свет каде што политиката навлегла длабоко во секоја пора од животот. Меѓутоа наспроти фактот што е неизбежна, политиката во оваа претстава не е во фокусот, туку служи  како основа врз која се отвораат и се развиваат универзални и вечно актуелни теми – вели режисерот Кирил Петрески.

Играат Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски, Марија С.Илијеска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски, Михајло Миленкоски…

Сценографијата е на Зоран Николовски, костимограф  е Даниела Настоска, а музиката Томе Темелкоски.

Plakat def.

Навивачката група Мајмуни повикува на мобилизација за Пелагониското дерби

12805857_10208160750609505_9203935164955171829_n

За сабота 16.04.2016 година, закажано е Пелагониското дерби помеѓу Победа и Пелистер. После трите последователни победи на победашите, еуфоријата во градот се разгоре и се очекува сигурен пласман во Првата фудбалска лига за наредната сезона. За тоа да се случи потребно е победничкиот ритам да продолжи, а токму Пелистер е шанса за таков исчекор. Навивачката група Мајмуни повикува на општа мобилизација, и присуство на што поголем број фанови на овој натпревар. Тргнувањето за проследување на натпреварот е закажано во 14:00 часот пред Реклами.

А.Г.

ВИДЕО – Голман во Бразил постигна гол од својот казнен простор

Голманов ја опали топката од својот казнен прстор и за несреќа на противничкиот голман, таа заврши во неговата мрежа. Асистент при погодокот беше силниот дожд. Босанскиот голман Асмир Бегович има постигнато ист ваков погодок во англиската Премиер Лига.

А.Г.

САД испраќаат повеќе воени бродови и летала во Јужното Кинеско Море

111

Заедничките воени маневри, први од ваков обем од како лани Филипините ја обновија воената соработка со САД, се изведуваат во провинцијата Палаван, чиј брег излегува на Јужното Кинеско Море, а сценариото на вежбата е ослободување на насилно окупирана нафтена платформа од страна на радикални милитантни групи.

Локацијата на воените маневри и сценариото предизвикуваат негодување во Кина, која смета дека двете работи се непотребни провокации и долевање масло на огнот разгорен поради актуелните спорови околу сувереноста над територијата на Јужното Кинеско Море.

Ова море, богато со риба и големи резерви гас и нафта, Пекинг целосно го прогласи за своја територија, а барања за сувереност над делови од коралните гребени и лагуни имаат и Филипините, Виетнам, Тајван, Малезија и Брунеи.

САД најавија дека и по завршувањето на воените маневри на Филипините бродови, авиони и хеликоптери од Пацифичката флота ќе ги придружуваат филипинските воени, рибарски и комерцијални бродови што пловат низ Јужното Кинеско Море.

Неколку пати овие бродови навлегуваа и во заштитените кинески води на оддалеченост помала од 19 километри. Најачести приближувања се до неколкуте вештачки острови на кои Кина изгради воени и цивилни објекти и до нафтените платформи за кои противниците на целосниот кинески суверенитет тврдат дека се илегални.

Сосотојбата се комплицира бидејки од минатиот месец во споровите е вклучена и Индонезија. Обидот на индонезиската крајбрежна стража да приведе кинески рибарски брод фатен во илегален риболов, беше спречен од неколку помоќни и поопремени кинески воени бродови, а Пекинг и Џакарта се уште разменуваат дипломатски ноти за свое гледање на инцидентот.

Денешните медиуми во југоисточна Азија потсетуваат на неодамнешната изјава на кинескиот претседател Си Џинпинг, дадена неодамна во Вашингтон, во која тој рече дека Пекинг ги почитува меѓународните правила за слободна пловидба, но дека ќе ја брани својата сувереност над Јужното Кинеско Море

Тој додаде вдека Кина нема да прифати ниту еден чин на нарушување на нејзините права и безбедност и ако некој ќе се обиде тоа да го објасни како акт на докажување на слободата на пловидбата.

Детокс бомба – пијалок од кој заздравува цело тело

detoks-pijalak

Ова е рецепт за напиток со кој целосно ќе заздрави вашето тело и ќе се чувстувате подобро, со повеќе елан, а најважната состојка е ѓумбирот.

Ова е доза за еден месец, а залихата слободно може да ја замрзнете во фрижидер.

Состојки:

2,5 зелени, сечкани лути пиперчиња

3,5 лажички рендан ѓумир

кора од два големи портокали

3 лажички алги во прав

450 милилитри сок од бозел

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека состојките не се издедначат.

Подрачното училиште во Мажучиште со нова инвестиција

1

Реконструкцијата во подрачното ОУ „Климент Охридски“ во н.м Мажучиште, опфати комплетна санација на објектот. Во ова подрачно основно училиште извршена е и целосна реконструкција во внатрешноста на училишната зграда, се со цел подобрување на условите за изведување на наставата. Градежните активности околу реновирањето опфатија: нови подови од линолеум, комплетно малтарење на ѕидови со абрип, спуштање на тавани со плочи од кнауф, поставување на нова електрична инсталација, нова дограма и внесување на тоалетите во училишната зграда. Целосната реконструкција е финансирана од буџетот на општина Прилеп во износ од 1.100.000 ден.

[Best_Wordpress_Gallery id=”210″ gal_title=”Подрачното училиште во н.м Мажучиште со нова инвестиција”]

Груевски: Ќе се ангажираат 131 дефектолог во училиштата-исполнето уште едно ветување

Со цел јакнење на стручните служби во основните и средните училишта во Република Македонија, Владата донесе одлука од 1 септември 2016 година во македонскиот образовен систем да бидат ангажирани вкупно 131 дефектолог.

gruevski-fb-kicevo

Со ова, како што објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот профил на социјална мрежа Фејсбук, се исполнува уште едно големо наше ветување дадено при неодамнешната посета на општина Кичево.

Одлуката, донесена минатата недела на редовна владина седница, важи за сите училишта кои го известиле Министерството за образование и наука дека имаат потреба од ваков кадар, заради тоа што имаат одреден број ученици со извесни посебни образовни потреби на кои им е неопходна соодветна стручна помош и поддршка во насока на правилен развој и тек на образование.

Изборот на дефектолози ќе се реализира на транспарентен начин, односно по пат на јавни конкурси за вработување, кои ќе бидат етапно објавувани, а во нив ќе бидат назначени сите подетални информации за условите и критериумите за аплицирање и обезбедување на соодветниот работен ангажман.

– Ова беше барање кое многу често беше поставувано на теренските посети, ја увидовме потребата и донесовме одлука која има повеќекратна функција. Освен тоа што ќе се вработи професионален кадар, нивната работа ќе биде и додадена вредност во образовниот процес, особено важна за оние на кој им е потребна нивната помош. Се работи за повеќедецениски проблем и хроничен недостаток на ваков кадар. Сега тоа ќе биде минато. Продолжуваме да работиме за граѓаните и да решаваме што е можно повеќе проблеми. Да создаваме работи кои се од реална корист. Зборот си е збор и тој мора да се исполни!, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот профил на Фејсбук.

Падна руски борбен хеликоптер во Сирија, пилотите загинаа

mi-28-n-650x396

Рускиот воен хеликоптер Mi-28N, познат под називот „ноќен ловец“ се сруши во Сирија, додека во текот на ночта го надлетувал Хомс, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Б92.

Руското министерство наведува дека леталото не е соборено.

Во текот на ночта хеликоптерот на руските воздухопловни сили имаше несреча и двата члена на посадата ги загубија животите, се соопштува.

Телата на двајцата пилоти се пронајдени и пренесени во базата Хмемим.

Истрагата за причините за падот на хеликоптерот е во тек.

Хеликоптерот Mi-28N е двоседен борбен хеликоптер наменет за пронаоѓање и уништување на воздупните цели при мали брзини и непријателска опрема. Опремен е со ракети воздух – земја и ракети воздух-воздух.

Расцветаа јапонските цреши

1

Со доаѓањето на пролетта, расцветаа 26-те Јапонски цреши кои беа засадени во чест на поп иконата Тоше Проески. Од многуте простори кои биле предложени, бил одбран центарот на Прилеп на плоштадот „Александрија“, веднаш до новата општинска зграда. Јапонските цреши се одлични и претставуваат еден прекрасен декор во централното градско подрачје кои вечно ќе потсетува на неговото големо дело.

3 2