дома блог страница 5368

СДСМ им порача на полицајците: Куманово да ви се деси! (ВИДЕО)

Дивеењето на хулиганите на СДСМ и Сорос вечерва кулминираше со целосно демолирање на народната канцеларија на претседателот на Р.Македонија, палење на инвентарот, кршење на прозорците на Министерството за правда, но и со порака до полициските службеници кои ги спречија хулиганите да влезат во Собранието, „Куманово да ви се деси“. Таканаречените борци за демократијата покажаа што всушност и посакуваат на Македонија. Дополнително Зоран Заев во вечерашното гостување во Топ Тема на телевизија Телма најави дека се поставени сериозни темели за украинско сценарио во Македонија.

ФОТО: Хулиганите на СДСМ и СОРОС почнаа да палат и да каменуваат

Околу сто дежурни демонстранти на СОРОС го започнаа протестот пред зградата на СЈО. Тие втор ден протестираат против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за помилување на политичари и нивни соработници кои се дел од нелегално прислушуваните разговори, јавува Република.

palenje-kanc

Толпата која почна да се собира околу 18 часот ја сочинуваат членови на невладини организации и здруженија и граѓани под закрила на СДСМ и финансирани од СОРОС.

palenje-kanc1

Протесниот марш од пред зградата на СЈО заврши пред Канцеларијата на претседателот, каде што почнаа да дивеат, да палат и да каменуваат, како што се гледа и од објавените фотографии. На канцеларијата на претседателот беше фрлен запален факел и направена е материјална штета.

palenje-kanc2 palenje-kanc3

Втор ден полицијата не пружа отпор.

МАКЕДОНИЈА СЕ КРЕНА: Масовен протест против Заев, СДСМ и Верушевски (ВИДЕО ДРОН)

dronce-640x480

Од судот се спасивте, од народот нема, гласи еден од транспарентите на масовниот протест на ГДОМ против аболицијата на Зоран Заев, Зоран Верушевски и СДСМ.

-Има една суштинска разлика меѓу нас и нив, тука се сите Македонци, а таму некаде се собрани бивши југословени кои сакаат да живеат во мртва држава. Каде се тие, таму и ние, оти не се само тие народ во оваа земја. Нас нè интересира само Република Македонија и нема да дозволиме никој да чепне ниту една буква од тоа свето име. И како што кажа колегата од границата „Ова е моја земја и јас сум спремен и да умрам за неа“, и ова не е само фраза, вели актерот Тони Михајловски кој е дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Минатата година Македонија беше соочена со најдиректна закана за нејзината безбедност. Четири долги години луѓе вработени во државната безбедност контролирани и диригирани од Зоран Верушевски ја подривале безбедноста на Македонија, со една и единствена цел да ја оцрнат Република Македонија, да ги оцрнат функционерите што се на власт, да ги урнисат институциите, Република Македонија да ја стават на колена.

Ова вечерва го истакна аналитичарот Александар Пандов кој е дел од Граѓанското движење за одбарана на Македонија кое попладнево органзираше протест пред Собрание поради аболицирањето на Заев и Верушевски.

-Зоран Заев и Зоран Верушевски се двајцата главни актери за ова. Тие се крвници на Република Македонија, тие се луѓе кои си ја продале душата за долари, луѓе кои не бираат средства како да дојдат на власт. Сакаат исто сценарио од 2001-ва. Нивниот обид сега е да ставиме рака меѓу себе, Македонци меѓу Македонци да се тепаме, вели Пандов.

ИМПРЕСИВНО ВИДЕО – Руската војска се подготвува за парадата на Денот на слободата

Денот на победата е еден од најценетите празници во Русија. Како што се доближува датумот 9-ти Мај, руската војска активно се подготвува за брилијантна парада, на Црвениот Плоштад во Москва.

Воздушната група на крајот од видеото е формирана од Руските Витези и акробатскиот тим “Стрижи”, кои летаат во авиони Su-27(поголемите) и MiG-29 (помалите).

А.Г.

СОУ “Ѓорче Петров” на гости во Ниш, ја реализираа третата АЦЕС средба

Од 6-ти до 9-ти април се реализира третата, и последна средба во рамките на проектот АЦЕС. Градот Ниш, Р. Србија, ја имаше честа да го заокружи кругот на средбите и активностите предвидени од трите партнерски училишта. На оваа средба целиот АЦЕС тим од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, поддржан од директорот г-дин Дејан Димоски, на чело со координаторот Елизабета Милошеска – професор по англиски јазик, како и 15 ученици, го посетија партнерското училиште од градот Ниш, Р. Србија.

12932652_10205822484341989_1890589145868136352_n

На средбата присуствуваа и партнери од градот Вац, Унгарија. И оваа средба беше во знакот на активностите на темата “Солидарност” и мотото „Насмевката е најголем подарок“.

Домаќините од Ниш приредија срдечно добредојде и од се срце се потрудија престојот кај нив да остави силен впечаток. “Деновите поминати кај нив зрачеа со искрено гостопримство и поминаа како еден миг. Секој момент беше исполнет со нови доживувања и впечатоци и зачинет со нивната љубезност и гостопримливост”, раскажуваат професорите.

12122481_10205822484381990_4273187276743659223_n

“Додека траеше работилницата со учениците, раководена од професорката по социологија Нада Арсов, ние, наставниците од партнерските училишта, остваривме средба со директорот на училиштето, г-нот Милорад Вељковиќ и ги посетивме сите значајни места во Деловно – правното училиште, училниците, наставата и просториите, каде учениците ја реализираат практичната настава.

12963625_10209274288605206_2771570645527478201_n

Споделивме драгоцени искуства со нашите колеги и се разбира со учениците. Денот продолжи со посета на знаменитости на градот Ниш, како Тврдината и Археолошкиот музеј.  Попладнето бевме почестени со извонреден музички концерт, подготвен од учениците на ова училиште, хорот и сето тоа под раководство и диригентство на професорката по музика Наташа Жикиќ. Впечатоците се незаборавни. Уживавме во музичките изведби на хорот и на изведувачите. Свое учество на концертот зеде и играорната група од нашето домаќин – училиште. Со своја традиционална национална танцова изведба учествуваа и ученички од Медицинското училиште од градот Вац, а од нашето училиште ученикот Александар Здравков изведе неколку музички нумери, во придружба на Тамара Тодороска.

12933066_10209274325726134_6368277046403351943_n

Наредниот ден беше резервиран за посета на повеќе значајни културно – историски знаменитости на градот Ниш. По посетата на Концентрациониот логор од Втората Светска војна, којшто се наоѓа во непосредна близина на Ниш, го посетивме и споменикот на Стеван Синѓелич во месноста Чегар, а потоа и познатата „Челе – кула“ изградена од черепи на борци за слобода. Овие посети не оставија без коментар и ни помогнаа да се зацврсти во нас идеалот за слободата, за да знаеме да ја цениме оти ја имаме. Потоа следеше посета на манастирот Св.Петка, каде се восхитивме од чудотворната икона на Св. Петка и од изразот на нејзините очи. Манастирот се наоѓа во непосредна близина Ниш, а потоа ја посетивме и познатата Нишка Бања.

На оваа последна средба ги сублимиравме сите реализирани хумани активности, го проценивме ефектот од нивната реализација и заеднички се согласивме дека партнерството ќе резултира со подолгорочна соработка и размена на пријателства и искуства. Тоа се и најголемите придобивки од проектот АЦЕС. Имено, поентата е да се воспостави конекција што ќе трае и ќе се негува во иднина. Контактот ќе продолжи во долгорочно пријателство на повеќе основи меѓу партнерските училишта. А нашето досегашно искуство всушност и го покажува тоа.

12936579_10205822484421991_5712736784052997936_n

Ниш го напуштивме со солзи на очите и со срца загреани од убави спомени и впечатоци. И ние возрасните и учениците си ветивме дека партнерството ќе го продолжиме во искрено и трајно пријателство.

Им благодариме на нашите домаќини за срдечното гостопримство и прекрасно поминатите мигови, коишто се преточија во незаборавни спомени”, завршуваат со својот исказ од СОУ “Ѓорче Петров”.

ВИДЕО – Фатен најголемиот питон на светот

Oгромен питон, подолг од осум метри и тежок речиси 250 килограми фатен е во Малезија, а медиумите и агенциите наведуваат дека се верува дека ова е најголемиот рептил кој се нашол во заробеништво.

Работниците кои граделе нов надвожњак во Пенанг, кој е популарна туристичка дестинација, го пронашле овој питон, под дрво и одма повикале помош.

За фаќањето на змијата било потребно околу половина час, а набрзо се појавиле снимки на луѓе со фатениот питон, каде се гледа за колкава змија се работи.

А.Г.

Повикала полиција за да и достават пица. Мислеле дека е шега, но токму тоа и го спасило животот….

Полицијата, пожарникарите и брзата помош се екипи кои имаат стресна работа. Тие мораат секој позив да го земат многу озбилно: позивите на шала, позивите од луѓе кои сакаат само разговор и озбилните вонредни ситуации. Понекогаш е тешко да се направи разлика помеѓу лажните позиви и позивите како овој. Текстот кој следува е вистинска приказна.

je-li-sve-u-redu-da-li-imate-hitan-slucaj-da-imam-6

Жена се јавила во полиција и им рекла дека сака да порача пица, но разговорот се развил во многу озбилна ситуација од самата порачка на пица.

“Имав позив кој започна многу глупаво, но всушност беше навистина озвилен”, раскажува еден полицаец:

– 911 повелете?

– 123 Мејнстрит

– Во ред, што е толку итно?

– Сакам да порачам пица

 Убаво, помислив дека е нова шала”, раскажува операторот.

– Жал ми е, се јавувате на 911

– Да, знам. Може ли да добијам голема пица со салама, печурки и феферони?

– Мммм, жал ми е, дали знаете дека се јавувате кај диспеџер?

Да, за колку време ќе биде готова?

– Дали е се во ред, дали имате итен случај?

– Да, имам

– И не можете да зборувате за тоа затоа што има некој во собата со вас?

– Да, точно

– Имам патрола на километар од вас. Дали поседува оружје во куќата?

– Не

– Можете ли да останите на телефон?

– Не, се гледаме наскоро, фала ви

Кога пратиле патрола, виделе дека во базата на податоци дека и претходно имало позиви за насилство во ова семејство.

policija-je-usla-u-kucu-i-videli-su-plave-modrice-na-zeni-i-pijanog-coveka-policija-ga-je-11

Полицијата влегла во куќата и виделе сини модринки на жена и пијан човек. Полицијата го уапсила, кога жената објаснила дека ја тепал неколку пати таа вечер.

“Се служеше со одличен трик. Ова е дефинитивно еден од најзначајните позиви кои сум ги примил”, вели диспеџерот.

Овој позив и го спаси животот на жената.

A.Г.

НЕВЕРОЈАТНО: Човек го шета своето НЕВИДЛИВО КУЧЕ низ градот

kuce600x400

Запознајте го најчудното куче на светот, ова кученце кое е голема атркција во Нагано и е исто како и другите кучиња, јаде, се гали, лае, но само не се гледа.

Луѓето остануваат шокирани кога ќе го видат кучето, но се ќе ви стане јасно кога ќе дознаете кој е неговиот сопственик.

Мајка му забрани на својот син да прими хемотерапија: Приказна која го крена светот на нозе (ВИДЕО)

Анџела Киско, мајка на три деца од Австралија предизвика лавина коментари на интернет откако донесе одлука да не му дозволи на својот шестгодишен син Ошин да добие третман со хемотерапија.

dete-hemoterapija

Имено, на детето во декември минатата година му е дијагностициран медулобластом, тумот на малиот мозок кој се појавува кај децата во раното детство. Лекарите препорачале и зрачење, но Анџела и нејзиниот сопруг Колин не дозволуваат да се спроведе овој третман, иако тоа е веројатно единствената надеж дека детето може да преживее.

„Да можам да го разберам тој третман, не би имала ништо против и тоа му го реков на онкологот. Тие лекуваат рак со нешто што самото по себе е канцерогено и навистина не разбирам како тоа може да му помогне“ – објасни Анџела.

Поради овој случај се дигна голема расправа во јавноста, па на крајот реагираше и судот. После заседување, одлучено е дека детето мора да добие терапија која може да му го спаси животот, без оглед на противењето на неговите родители.

„Попрво би го лекувала Ошин со азиски алтернативни методи. Не сакам мозокот на моето дете да биде спржен од радијација. Нуспојавите се ужасни и штетни и воопшто не знам како тоа можат да го наречат третман. Како родител, своето дете го познавам подобро од било кој лекар“ – упорна е Анџела.

Од друга, австралискиот неврохирург доктор Брајан Овлер тврди дека шансите Ошин да преживее се 60 отсто, доколку отиде на операција, а после тоа добие третман со зрачење и хемотерапија.

„Ризикот е секогаш присутен, но многу деца го преживуваат и туморот и третманот и продолжуваат да живеат среќно и здраво“ – изјави Овлер.

Но, Анџела и Колин остануваат при своето мислење и изјавуваат дека попрво би го ставиле Ошин под палијативна грижа, отколку постојано да го малтретираат со заминувања во болница.

„Децата со медулобластом поминуваат години и години низ тортура, медицински третмани и повторно враќање на болеста, а сето тоа за да добијат евентуално пет години живот. Би сакала на Ошин да му овозможам мир, љубов и среќа додека можам“ – изјави мајката.

На судењето лекарите истакнаа дека детето има уште неколку месеци живот доколку не ја добие терапијата, но искрено изјавија дека шансите да проживее подолго од пет години се многу мали.

„Шансите да преживее подолго од пет години со хемотерапија се околу 30 отсто, а со хемотерапија и зрачење околу 50 отсто“ – наведоа лекарите.

И покрај малите шанси, судијата донесе одлука дека на детето мора да му се овозможи лечење и истакна дека во текот на наредните години може да се случат многу работи кои би придонеле за промена во начинот на лекување.

На прашањето поради која причина никако не сака да нејзиниот син да ја добие единствената можна терапија, Анџела изјави дека знае како сето тоа изгледа, бидејќи нејзината мајка и маќеа починале од канцер.

„Тоа е вистински пекол и за болниот и за семејството. Детето во текот на тој процес како да не е живо. Постојано е под седативи, исцрпено и скоро несвесно, на работ на смртта. Тоа повеќе ми наликува на нацистички методи“ – заклучи мајката.

ВИДЕО: Ќе бидете ли доволно храбри да го изгледате овој настап на талент-шоу?

Многумина сакаат да гледаат талент-шоуа, бидејќи имаат можност да видат извонредни настапи, а ако се лоши, барем можат да се насмеат на илузиите кои некои луѓе ги имаат за своите способности.

rizik-talen-soi-640x331

Сето ова важи, ако со ваквите обиди за докажување не биде загрозен нечиј живот.

Така, гледачите на литванското шоу „Суперталенти“ беа сведоци на настап, што навистина е тешко да се гледа, кој деновиве се шири низ социјалните мрежи.

Во него самоуверен фрлач на ножеви ги покажува своите „вештини“. Откако му било тешко да ја погоди зголемената карта и лубеница, веројатно било време некој да го прекине, но тоа никој не го сторил, па тој го насочил ножот кон неговиот помошник.

Од сета оваа „манифестација на талент“ помошникот се здобил со неколку повреди, а ако се има предвид ваков фрлач на ножеви веројатно тоа бил негов среќен ден.