дома блог страница 5367

Кошаркарите на OOУ “Рампо Левката” повторно на првото место

13014881_10207694026483099_1848766489_n (1)

Машката кошаркарска екипа од шесто одделение на ООУ “Рампо Левката” – Прилеп, одново со прво место и трофеј од општинскиот натпревар. На натпреварот кој се одржа на 14.04.2016 година, во нивното училиште, екипата го одбрани приматот најдобри од минатата година.

Улога во нивниот успех имаат наставниците Кирил Овезоски и Ристо Јачев, кои им помогнаја на учениците достојно да го претстават своето училиште.

Сосем случајно се вратил во собата на бебето и за малце не се онесвестил кога го видел ова!

Постојат многу пресвртници во животот: прв бакнеж, диплома, средба со сродна душа, брак и секако дете.

Но, без разлика на сите убави работи и среќни моменти кои ги носи новороденчето, тие со себе носат и мал “гаден” дел, а овој татко очигледно не се подготвил за тоа!

А.Г.

СКАНДАЛ: Студенти со навреди упаднаа во кабинетот на Каракамишева и Климовски

1301637510154262994439750561193333ouykm67i76i76 (1)

Студенти кои навредувале и се заканувале пред малку влегле во кабинетот на професорите Тања Каракамишева и Саво Климовски. Во моментот на упадот од страна на студентите во кабинетот била само професорката Каракамишева.

Таа за Пресс24 потврди дека се случил инцидент за кој повикала полиција.

Навредлива порака била испишана и на вратата на нејзиниот кабинет.

Ова е упадот од предмалку:

Прес на Груевски: Додека стојам нема да му дозволам на Заев власт без избори

gruevski4-1hyt478ty47tytt8745t5445 (1)

Предмалку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по одлуката на претседателот Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза, истакна дека партијата силно се оградува од одлуката.

Според него, одлуката помага на СДСМ и е спротивна на нивните заложби, бидејќи според ВМРО-ДПМНЕ тој кој направил криминал треба да одговара.  Тој додава дека Заев и Верушевски треба да одговараат бидејќи за нивните дела има цврсти докази, а народот знае кому да му верува.

– Интересот на СДСМ е во земјата да има анархија, а наш интерес е земјата да оди напред и демократијата да функционира, одлуките на фер и демократски избори да ги носат граѓаните, вели Груесвки на пресот и додава дека додека стои на нозе нема да дозволи да има власт без избори.

-Тие и онака планираа да прават протести, секој ден со цел влошување на атмосферата и ескалација на состојбите, а со крајна цел избегнување на изборите. Заев не криеше дека нема да оди на избори, тоа беше негова стратегија. Сега само малку ќе ја изменат реториката искористувајќи ја одлуката на претседателот како главна причина за избегнувањето на изборите и ќе го прават она што го планираа- деструкција, говор на омраза, истурање гнев, насилства, хаос, криза, сеење лаги и манипулации од типот дека списоците не биле прочистени и дека нема услови за избори и слични лаги со кои сакаат да сокријат дека немаат поддршка од мнозинството граѓани кое се должи на нивната безидејност и деструкција, рече Груевски.

Втор јавен оглас за самовработување

IMG_5046

Денеска во просториите на Локалната самоуправа беше презентиран Вториот јавен оглас за самовработување, каде беа повикани сите евидентирани невработени лица кои активно бараат работа и кои сакаат да го решат своето вработување со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување, да се пријават во работните клубови на Бирото за вработување во Прилеп каде редовно се евидентираат како невработени лица. Заинтересираните невработени лица пријави можат да поднесат најдоцна до 30.04. 2016 година, а за подетални информации можат да ги посетат и web страните:  www.avrm.gov.mk и www.samovrabotuvanje.mk.

IMG_5062

Пронајден човечки череп во близина на преминот Стража

Вчера околу 13 часот, на земјено проширување покрај магистралниот пат Гостивар-Кичево, половина километар до бензинската пумпа на Стража, граѓанин кој запрел тука, забележал човечки череп и веднаш се јавил во Полициската станица Гостивар.

pronajden-cerep

За кусо време на посоченото место испратена е увидна екипа, која во консултација и координација со јавен обвинител, извршила комплетен увид.

Човечкиот череп кој бил беа долна вилица и со 14 релативно сочувани заби е фотодокумениран, подигнат и по наредба на јавен обвинител ќе се вештачи, за да се утврди кому припаѓа и колку е стар, односно од кое време потекнува.

Местото на кое е пронајден черепот од вчера полициски соодветно се обезбедува и планирано е негово целосно пребарување, евентуално да се пронајдат и други остатоци.

Пролетно чистење: Пет работи што веднаш треба да ги исфрлите од гардароберот

plahar

Гардароберот не е музеј каде што ќе чувате се и сешто! Ако планирате да го средувате гардароберот еве едно мало олеснување. Овие пет работи треба да ги фрлите затоа што само ви заземаат простор.

Џемперите што ве пецкаат

Можеби ве греат и убаво ви стојат, но се изработени од ангора или некој друг материјал што ве иритира и ја надразнува вашата кожа. Бидете искрени, носењето на овој џемпер прави да се чувствувате непријатно дури и кога под него ќе облечете памучна маица, па зошто тогаш да го чувате?

Претесна облека

Ги чувате пантолоните од средно училиште и повторно би сакале да ги облечете и да докажете дека и понатаму имате витка линија. Ова не се само ваш сон, за ова сонува секоја дама. Но, ако продолжите да ја трупате облеката од деновите кога сте биле средношколка, веројатно нема да имате место за новата и модерната облека. Ако едно парче облека не сте го носеле повеќе од една година, веројатно нема веќе ниту да ви треба. Подарете го или фрлете го во ѓубре.

Старо одело за на работа

Некогаш во ова одело можеби сте биле најголема заводничка на работното место, но неговиот крој и модел одамна излегле од мода, а ткаенината се излижала од постојаното перење и носењето на хемиско чистење. На ова парче облека местото му е во кантата за ѓубре, без воопшто да се двоумите.

Градници на кои им излегла жицата

Ако морате рачно да ја подесувате локацијата на жицата на вашиот омилен градник, тоа е доказ дека имате старо парче долна облека на кое што му поминал рокот на траење. Наместо тоа купете нешто ново што ќе ви даде совршена потпора и нема да морате да се грижите дали ќе се повредите.

Парчето облека за кое што знаете дека никогаш нема да го облечете

Ова парче облека во продавница изгледало фантастично, но кога стасавте дома сфативте дека сте избрзале. Нема смисла да ги чувате нештата што никогаш нема да ги облечете. Подобро е да ги подарите на пријателката или на некоја хуманитарна организација.

 

ФОТО: Каква е состојбата денеска по насилните протести на хулиганите на СДСМ?

hulihani

Хулиганите на СДСМ вчеравечер го демолираа Министерството за правда, а полицијата приведе најмалку десеттина. Има и повредени новинари и фоторепортер, а интервенирала и Брзата помош. Епилогот од насилниот протест на СДСМ се и повредени граѓани, демолирани објекти и искршени автобуси. Кршење, палење, демолирање на се што ќе им се најде пред очи е дел од насилното сценарио.

Насилните демонстранти кои дивееја влегоа и во Канцеларијата на на претседателот Ѓорѓе Иванов во центарот на Скопје и целосно ја искршија откако цел инвентар го изнесоа надвор.

Денеска кај Канцеларијата на претседателот можат да се видат искршени стакла кои говорат за хаосот кој вчера го направија хулиганите на СДСМ.

Screenshot_1

Фото:
ПРЕСС24

7 продукти богати со протеини кои може да ги јадете како замена за месо

jajca

Месото содржи протеини неопходни за нормално и здраво функционирање на организмот и затоа ако се одлучите да го исфрлите од исхраната, мора да ги внесувате преку други продукти.

Тофу сирењето

Има 7гр протеини на секои 100гр. Се прави од соја и е исклучително здраво, а плус тоа и лесно се припрема. Извадете го од пластичниот сад, исцедете го вишокот течност и спремете го за готвење.

tofusirenje

Леќата

Многу вкусна и се прави полесно од останатите јадења, бидејќи не мора да се подготвува специјално пред готвењето. Едно пакување од 100гр леќа содржи 9гр протеини. Може да се најде во конзерва, но и во вреќички. Потребни се само 30 минути за нејзино подготвување.

leka6

Киноата

Уште еден од продуктите кои содржат многу протеини. Сто грама зготвена киноа содржи 4гр протеини. Има одличен вкус, а може да биде замена и за тестенини и ориз, како прилог на главното јадење, но одлично е и ако се користи за салата или чорби. Се подготвува слично како оризот во вода. Потоа, може да додадете зготвен зеленчук и ќе добиете совршено здрав оброк.

kinoa

Гравот

Содржи голема количина на протеини. Вкусен е во сите варијанти. Може да го подготвите како чорба, густ или за салата. Бидејќи тешко се вари, најдобро е да го ставите една ноќ да престои во вода, па следниот ден да го сварите.

grav4

Јајцата

Одлични за почеток на денот како појадок. Секое јајце содржи околу 6гр протеини, па се одлична замена за месо. Иако се од животинско потекло, не се забранети за вегетаријанците. Постојат различни начини за припрема на јајца, па подгответе ги како и да сакате.

jajca54

Безмасно сирење

Освен што е богато со протеини – е и нискокалорично, па е идеално ако внимавате на линијата. Одлично е како додаток во свежи салати, а може да го јадете и со препечен леб. Поснато вакво сирење е Сремското кое содржи – 13гр протеини  на 100гр е и нискокалорично.

sremsko

Семките од тиква

Здрави грицки кои ќе ви ги овозможат потребните витамини. Околу 30гр семки содржат 7гр протеини. Лесно се подготвуваат, едноставно потпечете ги на тефлонска тава без масло со малку сол. Сепак, не претерувајте со нивна консумација, бидејќи се многу калорични.

semki

Турција го наруши воздушниот простор и територијалните води на Грција

turcija

Турски воени авиони и бродови извршиле нови нарушувања на грчкиот воздушен простор и територијални води, при што тоа се случило пет пати за помалку од 20 часа, пишува „Катимерини“ под наслов „Анкара ја поттикнува напнатоста во регионот“.

Весникот наведува дека втор ден турски ловци Ф-16 навлегле во грчкиот воздушен простор во реонот меѓу островите Лезбос, Хиос и Инусес. Малку подоцна турски авиони го нарушиле воздушниот простор над островот Кастелоризо и зоната за летови над Атина.

Грчките власти регистрирале и нарушувања на територијалните води на земјата во реонот на островот Инусес, каде што околу час и половина брод на турската крајбрежна стража останал во грчки територијални води без одобрение, по што се повлекол.