дома блог страница 5361

ФОТО ГАЛЕРИЈА – ПРИЛЕП, ОД ГРАД ОСТАВЕН НА ЗАБОРАВОТ НА ВРЕМЕТО, ДО МОДЕРНА И УРБАНА СРЕДИНА ЗА ЖИВЕЕЊЕ

DSCN7477 Markukule.mk

Во изминатата декада градот под Марковите Кули доживеа целосна ренесанса. Од град кој живуткареше и се наоѓаше на работ на заборавот, кој освен сивилото на бившиот социјалистички режим немаше друго обележје, Прилеп прерасна во модерна, урбана средина, град во кој може да се ужива и има што да се посети и види.

Речиси и да не постои место, ќоше, простор, што не доби нов лик, што не се осовремени и што не доби нов дух. Можеме слободно да речеме дека прилепчани живеат во една нова епоха, кога се зборува за инфраструктурната уреденост, разубавувањето и грижата за градот.

[Best_Wordpress_Gallery id=”216″ gal_title=”ПРИЛЕП_ПАРКОВИ”]

Прилеп е пример во државата, Прилеп е создадено ремек дело, што постојано се надоградува и збогатува.

Покрај фестивалските манифестации и културни случувања, асфалтираните улици и патишта, новите инфраструктурни и културолошки објекти, градот е особено атрактивен за време на пролетниот период, кога се ќе раззелени и расцути.

Новите парковски површини, фонтани, езерца, зелени насади, а особено јапонските цреши, му даваат на градот еден нов шмек, модерен и современ лик.

DSCN7489 Markukule.mk

DSCN7491 Markukule.mk

DSCN7457 Markukule.mk

Прилеп доби ново руво благодарение на Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески, кои пристапија на еден патриотски начин кон градот и го возобновија духот и приматот на град херој.

Се надеваме дека на најсликовит начин ви ги доловивме убавините на градот под Марковите Кули.

This photo is taken by AllWinner's v3-sdv

Она што ни преостанува нам, е да го негуваме ова што го добивме, да го користиме на човечки и цивилизиран начин, да се гордееме и сите заедно да придонесуваме со идеи, за уште поубав, поурбан и помодерен Прилеп.

 

А.Г.

Репертоар на театарот ,,Војдан Чернодрински,, Прилеп

Plakat def.

Сабота, 23  април 2016 – 20.00 часот

,, ХАМЛЕТ ОД ГОРНО ДУПЕНИ,, – во режија на Кирил Петрески

DSCN8530

Влезници на Билетарницата на театарот во четврток, петок и сабота од 10 до 13 и од 18 до 20 часот.

Резервации на 428 644 или 076 442 378

 

Црвен крст Прилеп во акција-Промоција на хумани вредности

13046340_10207621027656241_1000758143_n

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)   претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци,  потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работаат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Под раководство на наставничката по македонски јазик и литература Моника Трајкоска, во саботата на 16.04.2016 год. во просториите на училиштето ,,Добре Јованоски” се одржа ,,Хуманитарно литературно читање” на тема ,,Мир (соживот,толеранција,хуманост) на кое учествуваа 33 учесници со свои лични творби напишани во проза или поезија при што донираа симболична сума на пари, а останатите ученици од училиштето несебично донираа прехрамбени производи и хигиенски средства. Најдобрите три литератутни творби беа наградени со дипломи за освоено прво, второ и трето место. Исто така во понеделник на 18.04.2016 година во ООУ „Јонче Смугрески“ во с. Обршани се одржа ликовно – литературен конкурс каде што исто така најдобрите три од литературниот и ликовниот конкурс беа наградени со дипломи, а средствата  од литературното читање и ликовниот конкурс ќе бидат наменети за помош на ранливо семејство од нашиот град.

Во текот на цилкусот 2015 година обуката ја поминаа 1247 младинци, и беа изработни 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 28 950 волонтерски часови.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности  (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на МЦМС во рамки на Програмата Цивика Мобилитас финансирана од Швајцарсака агенција за развој и соработка.

ГДОМ организира масовен собир пред Собрание во четврток

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во четврток вечер ќе организира масовен собир за одбрана на државата.

protest-gdom1-1-640x360 (1)

Како што дознаваме, собирот ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија и на истиот граѓаните ќе побараат одржување на избори за излез од кризата во која се наоѓа земјата, прекин на хаосот, дивеењето по улиците и уништувањето на спомен обележјата.

Минатата недела ГДОМ организираше мирни собири во Скопје на кои присуствуваа огромен број на граѓани кои бараат предвремени избори за излез од кризата во која се наоѓа Македонија. Масовна поддршка, Граѓанското движење доби и вчера на собирите во Велес, Битола и Штип каде граѓаните јасно кажаа „Да“ за избори и „Не“ на сценаријата за продолжување на кризата и бескрајна агонија во Македонија.

 

Навивач го изведе најдоброто бегство во историјата, редарите се фрлаа во празно (ВИДЕО)

Зенит го доби саботното дерби со Спартак Москва со убедливи 5:2, но покрај одличната голеада во Санкт Петербург, во изминативе неколку часа вистински хит и атракција на социјалните мрежи е еден гостински фан кој извел незаборавен слалом на „Петровски“ стадионот.

navivac-moskva

Навивачот на Спартак приредил незаборавна забава на трибината каде се наоѓале гостинските фанови, а тоа може да се заклучи од следното видео на кое се гледа неговото епско бегство од обезбедувањето и полицијата на стадионот.

Храбриот фан успеа да ги направи смешни редарите и полицајците кои се најдоа пред трибината, а посебно комичен е моментот кога двајца од нив ќе се удрат и ќе паднат како покосени по неверојатното бегство на младото момче.

Денес сончево и топло, од утре опаѓање на температурата

soncevo-10-17068

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност не очекува и во текот на денешниот ден. Ќе дува умерен, во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен.

Утринската температура ќе се движи од осум до 13, а дневната од 26 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево  со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.

Од утре опаѓање на температурата

Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе има значително опаѓање на дневната температура за 7 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието.

Потоа до крајот на неделата ќе биде стабилно и суво со дневни температури во рамките на просекот за овој период од годината.

Купил патики, но не ги пробал – кога дошол дома останал во шок

patiki (1)

Пред да купиме патики нормално е, и логично да ги пробаме пред да ги платиме. Сепак, едно момче од Австралија тоа не го направило, па за малку ќе платело голема цена.

Имено, детето си ги одбрало своите омилени патики кои од магацинот во кутија му ги донел продавачот. Кога дошло момчето дома имало што да види…

Погледнете што се наоѓало во една од патиките…

ВИДЕО: Подгответе ги највкусните пуканки на светот

Сè што ви е потребно се пуканки, изрендан пармезан, маслиново масло и мешавина од зачини составена од рузмарин, босилек и оригано.

Погледнете го видеото и веднаш пробајте ги овие пуканки за кои многумина велат дека се највкусни на светот.

20 неверојатни грешки од филмовите, кои не сте ги виделе, а ќе ве насмеат до солзи

Ако сте љубител на филмови (а кој не е?) тогаш вас веројатно ве интересираат и сите грешки кои завршиле во финалниот производ. Тоа е веројатно единствената работа која филмаџиите ги сакаат повеќе од самите филмови.

Малите грешки кои никој нема да ги примети, дури ни режисерите се додека не стане прекасно, имаат и тоа како голема вредност ако самите ги воочите.

Во видеото кое следи погледнете 20 неверојатни грешки од филмските достигнувања:

А.Г.

Отишле да ловат риби со рачни бомби. Она што следело ќе го паметат до крајот на животот

Риблолов со рачни бомби? Двајца “генијалци” од Русија одлучиле во водата да фрлат неколку рачни бомби, со надеж да уловат по некоја риба.

Бомбата која еден од нив ја изпуштил од гумениот чамец, експлодирала порано од тоа што требало, па потоа дошло до голема експлозија.

За среќа никој не е повреден.

А.Г.