Утре во Прилеп ќе се одржи Спортско – музички хепенинг „Прилеп со љубов за Македонија“

13007313_10206384063183019_6168380183913316395_n

Утре вторник 19.04.2016 година, со почеток од 18:00 часот во паркот на “Могилата на непобедените”, ќе се одржи спортско-музички хепенинг насловен како “Прилеп со љубов за Македонија”, во организација на повеќе здруженија на граѓани од Прилеп.

Како резултат на случувањата во изминатите неколку недели во нашата држава, организаторите се одлучија преку спортски игри, дружење, акробации и музика, да направат вистински хепенинг, преку кој ќе се пренесе позитивна енергија и добра мисла.

Настанот ќе биде збогатен со натпревари во: баскет, мал фудбал и одбојка. За музичкиот дел ќе има диџеи, а случувањата ќе бидат збогатени и со точки на магионичари, актери, додека за најмладите ќе има Дизни ликови.

Наместо да се шири омраза кон граѓаните и институциите, повелете да бидете сведоци на спортско-музичкиот хепенинг “Прилеп со љубов за Македонија”, кој ќе претставува вистинска празнична атракција.

Од организаторите ги повикуваат сите фудбалери, атлетичари, баскетџии, одбојкари, ракометари да бидат дел од овој настан.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.