Црвен крст Прилеп во акција-Промоција на хумани вредности

13046340_10207621027656241_1000758143_n

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)   претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци,  потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работаат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Под раководство на наставничката по македонски јазик и литература Моника Трајкоска, во саботата на 16.04.2016 год. во просториите на училиштето ,,Добре Јованоски” се одржа ,,Хуманитарно литературно читање” на тема ,,Мир (соживот,толеранција,хуманост) на кое учествуваа 33 учесници со свои лични творби напишани во проза или поезија при што донираа симболична сума на пари, а останатите ученици од училиштето несебично донираа прехрамбени производи и хигиенски средства. Најдобрите три литератутни творби беа наградени со дипломи за освоено прво, второ и трето место. Исто така во понеделник на 18.04.2016 година во ООУ „Јонче Смугрески“ во с. Обршани се одржа ликовно – литературен конкурс каде што исто така најдобрите три од литературниот и ликовниот конкурс беа наградени со дипломи, а средствата  од литературното читање и ликовниот конкурс ќе бидат наменети за помош на ранливо семејство од нашиот град.

Во текот на цилкусот 2015 година обуката ја поминаа 1247 младинци, и беа изработни 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 28 950 волонтерски часови.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности  (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на МЦМС во рамки на Програмата Цивика Мобилитас финансирана од Швајцарсака агенција за развој и соработка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.