дома блог страница 5360

ФОТО – Графити и нагрдување на прилепската Стара Чаршија, резултат од протестите на СДСМ

IMG_6098

Протестите на СДСМ кои од вчера започнаа да се одвиваат и во Прилеп резултираa со нагрдување на прилепската Стара Чаршија. Денеска осамнаa графити на новите плоштади во центарот на градот. Прилепчани згрозени! Ако ова е начинот на изразување на некакво незадоволство, тогаш не е ни чудно што собирите на СДСМ во Прилеп секогаш биле малку посетени, а прилепчани дистанцирани од ваквите деструктивни случувања.

Ако ова е целта и на наредите протести кои се закажани уште за вечерва, граѓаните велат дека жестоко ќе се спротистават на ваквото деструктивно и примитивно однесување.

Градот доживеја ренесана во изминатата декада и доби нов лик, кој сега на малкумина луѓе им смета, гневни дека во нивно време Прилеп беше црна дамка и заборавен руиниран град.

IMG_6110

IMG_6085

IMG_6086

IMG_6087

IMG_6090

IMG_6092

IMG_6093

IMG_6103

IMG_6107

И да, #НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР, од вакви хулигани кои повремено се појавуваат, го реметат редот и мирот и ги нагрдуваат јавните површини, приватниот имот и културното наследство на градот.

 

Александар Георгиоски

СООПШТЕНИЕ !

1

Поради одржување на јавен собир кај кружниот тек Карпалак, сообраќајот ќе биде во прекин од 19 часот до 20:30 часот. Поради тоа автобусите на Јавниот Градски Превоз на сите три линии, со сообраќање ќе завршат во 19:00 часот, односно со последното тргнување во 18:30 часот.

Ви благодариме на разбирањето

Со почит ЈГП

Страшно: Силување среде бел ден ја згрози Битола

policijalenta20146 (1)

Младо момче од Битола ќе одговара за силување. Се работи за 22-годишниот Г.А. кој на петти месецов во атарот на селото Мусинци во општина Могила, среде бел ден во 14 часот со употреба на физичка сила извршил полови дејствија врз 29-годишна девојка од Албанија.

Тој ќе одговара за делото.

Аркан да беше жив, Вељко ова не смееше да го помисли, а не да го направи

1 (1)

Вељко е полнолетен и сам одговара за своите постапки. Меѓутоа, што мислите ако беше Аркан жив којзнае како би реагирал на ваквите пропагирања од неговиот син.

Еве што објави Вељко на социјалните мрежи.

2

БАГЕРОТ ПОБЕДА РУШИ СЕ ПРЕД СЕБЕ – НАПЛАТЕН ДОЛГОТ И НА ГОСТИВАР

12998360_10209266953094839_4126268449862433283_o

Ново блескаво издание на црвено-белите момчиња. На стадионот Кукуш во Турново вчера, фудбалерите на Победа во последниот натпревар како домаќини надвор од Прилеп, го збришаа Гостивар со убедливи 3-0. Така наплатено му е на уште еден од нашите должници во текот на првенството, а листата на тие кои што си ги платија долговите е скусена на уште двајца противници….Но, за нив кога ќе дојдат на ред за наплата…. Попладнево далеку од Прилеп беше вистинско задоволство и гордост да си дел од експедицијата на Победа во Турново. Не само заради победата, заради петтиот во низата триумфи, туку заради односот на самите играчи кон своите обврски, кон клупските бои, кон иснтитуцијата која ја преставуваат – ФК ПОБЕДА.

13002342_10209266955974911_1594754997126003234_o

12991032_10209266954174866_3823748779404721955_n

Во сите 90 минути на одличниот терен во Турново го сомлеа противникот. Гостиварци беа како грогиран боксер. Треба и мора да бидат презадоволни што во мрежата на ветеранот Петровски завршија само 3 топки, можеше лесно да пукне петарда, но и вака е добро, одлично, 3 гола, за 3 бода. Трите бода значат конечно, самостојно запоседнување на лидерската позиција на табелата во Втората лига. Блескавата пролет на Победа со тоа продолжува. Ако есеноска на 14 кола беа освоени 19 бодови, сега исто толку 19 бодови се освоени во 9 кола, од кои во тек е серијата од 5 последователни победи. Серија која никој и не помислува дека ќе прекине. Следен на ред е фенерџијата Кожув, в сабота во Миравци.

13015423_10209266957294944_690093816399083663_n

13012852_10209266952454823_7679083195848310650_n

13012852_10209266955494899_89721544429749456_n

По топло-ладно играта есеноска, тренерот Дарко Крстески апелираше на далеку поголема мобилност, да се проба да се врзат 2, па 3, се врзаа 4, а денес и пет победи во низа.  Тоа ќе продолжи сигурно. Црвено-белите пукаат од самодоверба, играат своја препознатлива игра, ги газат противниците, без притоа да им дадат и малку шанса или лажна надеж. Браво момци, но нема место за еуфорија, цврсто со двете нозе на земја. Оваа серија од 5 победи ве доведе на чело на табелата и сега треба да се издржи до крај. Во спортот важи правилото: “Полесно е да стигнеш на врвот, отколку да останеш на највисоката позиција”.

13029561_10209266958734980_7728753198414089680_o

Сега сите ќе се стремат на лидерското место. Со своите игри пролетва лидерското место го заслуживте, а во него се вградија сите избраници на стручниот штаб, клупскиот менаџмент на чело со Претседателот Гоце Ингилизов и Спортскиот директор Јовица Обрадовиќ и секако спонзорите со условите кои ги обезбедуваат. Но, како одминува времето обврските се и ќе бидат поголеми. Но чекор по чекор следен на дневен ред е фенерџијата Кожуф. Иако одамна отпишан никој и не смее да помисли дека Кожуф ќе биде лесен противник, затоа што во спортот нема лесни противници, а најтешки се оние натпревари за кои ќе се помисли дека однапред се добиени. Со ладни глави, без еуфорија, со ист пристап да се влезе и во овој натпревар, со максимална сериозност и желба да се освојат нови 3 бода и потоа да се дочека премиерниот натпревар оваа 2016-тта година со Љубанци, на 30-тти април, на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев, Патот кон Првата лига е отворен, трасиран, треба да се остане на овој колосек, на овој вистински правец и со Божја помош, но и верба во себе, со СРЦЕ НА ТЕРЕН, на 14-тти мај цел Прилеп да го слави враќањето во елитата.

Во Прилеп се одржа спортско-музички хепенинг насловен како “Прилеп со љубов за Македонија“

IMG_6021

Вечерва, Паркот на “Могилата на непобедените” беше претесен да ги собере сите љубители на добрата забава, убавото дружење и позитивната енергија на спортско-музички хепенинг насловен како “Прилеп со љубов за Македонија”, во организација на повеќе здруженија на граѓани од градот Прилеп.

Организаторите се одлучија преку спортските игри, дружење, акробации и музика да направат вистински хепенинг. Настанот беше збогатен со натпревари во: баскет, мал фудбал и одбојка. За музичкиот дел се погрижија локални ди – џеи, а случувањата беа збогатени и со точки на магионичари, актери, додека за најмладите имаше и Дизни ликови.

Прилепчани, уште еднаш покажаа како се сака Прилеп, како се сака нашата земја.

ФОТО – Еве како Ван Дам реагира кога во кафана ќе му засвират народно

Жан Клод Ван Дам е светски популарен и го има поминато целиот свет. На интернет се споделува фотографија на која глумецот ужива во еден угостителски објект, додека му свират музичари.

Наводно, сликата е направена во една кафеана во Бугарија. Ван Дам седел на масата и слушал музика.

Погледнете како:

Zan-Klod-Van-Dam-2

“РЕЗЕРВНА МАКЕДОНИЈА НЕМАМЕ” – OПШТОНАРОДЕН СОБИР

13023189_10207725629873164_1439313413_n

Утре 20.04.2016 (среда) со почеток од 19:00 до 20:00 часот, пред споменикот “Карпалак” во центарот на Прилеп, ќе се одржи ОПШТОНАРОДЕН СОБИР со наслов “Резервна Македонија немаме”.

Настанок ќе биде проследен со музика, поезија и драма, а целта на ваквиот собир е да се покаже дека мнозинството граѓани во Прилеп се против насилство, деструкција, уништување и анархија.

Сплотени како едно да покажеме дека оваа држава е се што имаме и дека цело срце и душа го даваме за единство, напредок, мир и спокој.

Да им кажеме НЕ на погубните политики и на негативните струи кои државата ја туркаат во нереди и хаос.

Панчо ДНК: Со кршење и хулиганство не стигнуваме никаде, изборите да си го покажат крајниот епилог

panco (1)

Владимир Блажев или како што сите го познаваме Панчо од ДНК, се огласи преку социјалните мрежи по повод насилните протести кои се случуваат во нашата земја.

Тој го осудува и насилното однесување на демонстрантите кон полицијата, а порачува дека најдемократски начин е изборите да си го покажат крајниот епилог. Вели дека нема ништо против протести, но кажува НЕ за насилно однесување.

-…Сакам само да кажам дека со КРШЕЊЕ , ДЕМОЛИРАЊЕ , ВАНДАЛИЗАМ и ХУЛИГАНСТВО нема нигде да стигнеме . Факт е дека секој има право на свое мислење ама не значи дека ако на некој не му се допаѓаат нешто што е направено дека треба да се демолира. Сакав да прашам зашто не го корнеме, асвалтот или демолираме улиците и автопатиштата што никогаш не биле подобри од кога памтам за себе во Македонија . Често патувам па мислам дека сум компетентен да кажам . А можеби треба и градскиот стадион да го демолираме бидејќи е ” ГРД ” и сите оние спортски терени и игралишта ширум Македонија. Пак ќе кажам , нај човечки е и нај демократски ( колку што се разбирам во политика а не многу ) изборите да си го покажат крајниот епилог . Протести ДА одлично FREE WORLD , ама НЕ кршење , уништување и вреѓање на нашата полиција која само си ја извршува својата должност . И они се нечиви деца , сопрузи , татковци , мајки , роднини ………. Државата ни е полна со меѓусебна омраза и поделеност и затоа никогаш нема да идеме напред . Мојот апел е да има мир и соживот и да излеземе сите на избори и демократски и човечки да ја решиме работата.

Прочитајте го целиот статус на Панчо..

panco-dnk-za-protesti-640x684

Средното економско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ со нови инвестиции

IMG_5682

Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ и го најави новиот проект за средното економско училиште кое добива 137.000 евра за обнова на зградата и фасадата на училиштето со термоизолација, покривната конструкција и дограмата за штедење на енергијата.

IMG_5669

IMG_5657

IMG_5665

IMG_5668

„Станува збор за областа на енергетската ефикасност и заштита на животната средина, проект аплициран на третиот повик од ИПА-програмата за прекугранична соработка со Грција“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Винета Иваноска, раководител на одделението за локален економски развој при локалната самоуправа, информираше дека со овој проект се опфатени пет општини, Прилеп и Велес од Македонија и Лерин, Ираклија и Висалтија од нашиот јужен сосед.

IMG_5821

IMG_5687

IMG_5691

IMG_5811

IMG_5817