дома блог страница 5251

Почна обновата на опожарените конаци на Трескавец

Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец. Изведувач на градежните работи е српската фирма „Кото“.

 

elizabeta-kanceska-milevska-640x294

Увид во градежните работи во манастирскиот комплекс денеска изврши министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Таа изјави дека Министерството за култура за обновата на конаците одвоило два милиони евра.

-Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трексавец е од највисок ранг споменик на култура. Рокот е три години. Засега се тече според планот. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежни работи. Од фирмата „Кото“ велат дека ќе се потрудат да ги забрзаат градежните работи и да ги изградат конаците според сите стандарди, рече Канческа Милевска.

Паралелно Прилепскиот Завод и Музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од 13 век.

Според министерката Канческа – Милевска, елаборатот за сите зафати треба да биде готов следната недела.

– Одредена превентивна заштита е потребна, а проектите треба да бидат готови крајот на годината. Идната година да започнеме со конзервација, додаде Канческа Милевска.

Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да се заврши до 2018 година.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески изјави дека обновата на манастирот значи многу за општината, односно за развојот на манастирскиот туризам.

Посочи дека манастирот е еден од најубавите на Балканот и е многу посетуван. – Постојано вложуваме во развојот на културниот туризам, додаде Ристески.

Отец Калист истакна дека за МПЦ е важна и изработката на проектите за црквата, трпезаријата и магерницата.

Командир-комита: вака се колнеа патриотите дека ќе ја бранат Македонија

На интернет утрово се појави фотографија на која командирот на крушевската полиција Благојче Димшоски бакнува кама и револвер, веројатно при посетата на некој музеј.

 

dimsoski-640x853

„Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе се покорувам на старешините и без приговор ќе ги извршувам неговите заповеди, дека никому нема да му ги издавам ни со збор, ни со дело работите на Организацијата и сето она што од денес натаму ќе го чујам, видам и разберам по делото. Во противен случај, нека бидам убиен од еден од другарите со револверот или камата што овде ги целивам“ – ова е текстот на заклетвата која во ваков ритуал ја положувале членовите на ВМРО кога станувале дел од Организацијата.

Симболиката на чинот, кој е историски значаен и семакедонски, ги вознемири медиумите под контрола на опозицијата кои и во оваа прилика се обидоа да пронајдат политика и скриени пораки.

За овие медиуми не се прифатливи фотографии на кои се гледа како се колнат патриотите дека ќе ја бранат Македонија, туку се прифатливи фотографии на кои квази-патриоти прават селфи со смешкање на места каде што гинат патриотите.

zaev-selfi-640x366

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија манастирот Трескавец

9

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија манастирот Трескавец и се запознаа со тековните градежни активности. Фирмата „Кото инженеринг“ од Белград ги обновува опожарените конаци на манастирот „Трескавец“ и истите работат со полна пареа.

1

2

3
Министерката Милевска во својата изјава посочи дека интензивно се работи на обнова на опожарените конаци кои ќе се обновуваат според изготвениот проект и треба да ја задржат автентичноста.

7

5

Според градоначалникот Марјан Ристески, манастирот Трескавец со изградбата на новите конаци се повеќе ќе го зголеми културниот и манастирскиот туризам.

Претставниците од фирмата „Кото инженеринг“ посочија дека имаат големо искуство во реставраторско-конзерваторски работи, обнова на манастири, соработувала и со УНЕСКО и ЕУ.

Проектот е работен за да се врати автентичноста на самиот манастир, не она што луѓето го паметат пред пожарот, туку според автентична слика на конаците од најстарите фотографии. Најстарата фотографија е од 1846 година на која се сликани прилепските еснафи посочи монахот Калист.

15

10

12

Повелете на четиридневен спектакл во Прилеп: ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ !

3

Млади и атрактивни баварки и баварци заедно со пивскиот воз и велосипед, продефилираа низ градските улици, најавувајќи го почетокот на фестивалот.

4

„На гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а за да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот“, посочи Бранко Нешкоски организатор на Пиво фест.

8

5

6

7

Пивофестот не е само обичен фестивал туку голема туристичка атрација на градот и на Република Македонија. Очекуваме од 350.000 до 400.000 гости колку што стандардно го посетуваат фестивалот. На Пивофест има 3 во едно, а тоа се: преку 40 видови пиво, квалитетната скара и добрата забава во текот на сите четири фестивалски дена.

10

9

Хотелските капацитети и приватното сместување се скоро исполнети, а место се бара и во околните градови. Поради добрата услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Инаку на прес конференцијата од страна на пиварите беше потенцирано дека годинашниот ,,Пивофест,, ќе биде во знакот на многуте изненадувања.

12

13

Фаестивалеската треска започнува утре на 14.07 со настапот на групите Crossroad Blues Band, Raphael, Тропико Бенд и Fly Project.

2

 

ПРОНАЈДЕНИ ПРВИТЕ АРТЕФАКТИ НА ”ВРБЈАНСКА ЧУКА” ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

2-702x336

Пред околу недела дена група археолози започнаа со археолошко истражување на место викано ”ВРБЈАНСКА ЧУКА” за кое се претпоставува дека крие докази за почетоците на обработката на земјоделските површини и изградбата на првите земјени куќи на просторите на Пелагонија. Во изминатите неколку денови откриени се неколку земјени предмети за кои се претпоставува дека се стари околу 8 илјади години, кои докажуваат дека луѓето во тоа време користеле камени секири за обработка на дрвото и земјата каде веќе се пронајдени и првите остатоци од гробови и коски како и  земјени куќи кои се градени во тој период и претставуваат доказ за постоењето на првата цивилизација на овие простори.

1-200x300

Археолошките работи ќе продолжат и во наредниов период, кога и ќе се прошири површината за истражување за пронаоѓање што повеќе докази за минатото. При крајот на месец jули, работната група ќе ја посетат странски експерти од таа област, за добивање на конкретни податоци, за пронајдените артефакти и остатоци.

4-300x200

3-300x200

 

 

Груевски денеска со набиена агенда во прилепско

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски деес ќе оствари посета на Општина Долнени. Според најавата Груевски ќе присуствува на повеќе настани.

 

gruevski-gragani5-640x438

Во 12:30 Груевски ќе присуствува на камен темелник за изградба на локален пат с. Дупјачани – с. Небрегово, а потоа ќе ја поети спомен куќата на Блаже Коневски во Небрегово.

Агендата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со увид во активности при реконструкција на Дом на култура  Ропотово, изградба на повеќенаменско игралиште и  средба со жителите на Ропотово.

Планирано е тој да изврши увид и во активности за изградба на регионалниот пат с. Ропотово – с. Црнилиште – с. Лажани.

Посетата на општина Долнени ќе ја заврши со  посета на реконструираниот монашки конак и партерно уредување во Манастирскиот комплекс “Св. Преображение” во с. Зрзе и посета на патниот правец с. Костинци – с. Зрзе – Манастир “Св. Преображение”.

ГАЛЕРИЈА – Мал рај на Могила: Закуски, пијалоци, роденденски забави, по најниски цени во градот

DSCN0955Markukule

Oд неодамна на барање на граѓаните на Прилеп, во “Паркот на револуцијата” или “Могилата на непобедените”, отворено е ресторанче – ланч бар, кое нуди вкусни закуски, сладолед, и освежителни пијалоци. Ресторанот го раководи Терминалот на ЈКП Комуналец – Прилеп и функционира доста успешно во првите речиси два месеци од кога е отворен.

DSCN0978Markukule

За стотиците секојдневни посетители во паркот, ова е уште една супер новина,  која се вклопува во колоритот на можности за одмор и рекреација, кој го нуди паркот.

DSCN0957Markukule

DSCN0956Markukule

Центите се достапни за сечиј џеб, што значи за малку пари убаво ќе се нагостите и освежите.

Доколку отидете навечер ќе наидете на полни маси и многу луѓе, а ќе ве опие мирисот на вкусните пици кои ги приготвуваат мајсторски раце.

Цените се следни:

DSCN0982

Она што особено го краси местото е одморот кој ќе добиете, свежината на воздухот, убавите пејсажи на околу од прекрасно уредените тревници, цвеќето, фонтаните … едноставно поразлично и попријатно место за излез од секојдневито.

Во склоп на ланч барот има и детски парк, во кој покрај многуте играчки, нишалките, лизгалките ….., најатрактивен и секогаш преполн е замокот на воздух, во кој секојдневно “лудуваат” до замор многу деца.

Тука можете да ги организирате роденденските забави за вашите најмили, на чист воздух, со толку многу можности за забава, со убаво декорирани масички и столчиња во различни бои и по најниски цени во градот. За само 900 денари децата добиваат луда забава во траење од еден час и триесет минути.

[Best_Wordpress_Gallery id=”314″ gal_title=”MogilaRodendeni”]

Маркукуле беше во посета на една роденденска забава и она што го видовме не остави без здив. Рој “палавковци”, насмеани, разџагорени, исполнети од она што го имаат на располагање, во трк да стасаат и да се посветат на секоја играчка, до последниот атом енергија, а на крајот носталгични и желни за уште само пет минути, да останат и додатно да си поиграат.

Раководителот на Терминалот во ЈКП Комуналец,  Мартин Ачкоски,  е задоволен од начинот на кој функционира ресторанчето и прави напори за секогаш да постои беспрекорна организација и задоволни лица.

Покрај погоре наведеното Терминалот нуди и кетеринг служба за различни свечености, при што минималната цена за порција е 85 денари. За повеќе информации обратете се на телефонскиот број: 076/869-904

Ние ќе речиме секоја чест за домаќинското работење, за досетливоста и за ширењето на олку позитивна енергија наоколу.

 

A.Г.

Имате килма уред? Еве како да заштедите на електрична енергија

Klima-uredjaj-ff-600x397Претераното трошење на електрична енергија не само што чини повеќе, туку исто така го зголемува загадувањето и испуштањето на фосилни горива, што придонесува за глобалните климатски промени.

Поради тоа, важно е да се знае на кој начин најдобро да се користи клима уредот со цел максимално да се заштеди на електрична енергија.

Можеби ќе ви се чини како непотребно трошење на електрична енергија кога го вклучувате и исклучувате клима уредот, но на тој начин ќе заштедите доста на пари, а клима уредот на тој начин работи подобро.

Всушност, системот на разладување на просторот најефикасен е кога работи со полна брзина, отколку кога работи во кратки периоди со помала брзина, со цел да се одржи константна температура во текот на целиот ден.

Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја избрка влагата од вашиот дом.

Електична енергија може да се заштеди и доколку термостатот на клима уредот го подесите на повисока температура (разликата помеѓу собната температура и надворешната не смее да биде поголема од 7 до 10 степени).

Според некои податоци, клима уредот троши 3 до 5 % помалку енергија со секој  степен погоре на термостатот.

За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени целзиусови, додека не сте дома.

А.Г.

Круна на глава и црвени гаќички: Дунавка Трифуновска во центар на внимание на Охридско лето

Македонската манекенка Дунавка Трифуновска, мис во кралството Тајланд, ги сврте сите погледи кон себе на Охридско Лето. Во придружба на господин кој носеше кошула во истата боја како и нејзиниот фустан, на отворањето на Охидското лето, зад претседателот Иванов седеше Дунавка, која ги собра сите погледи со црвените гаќички.

1dunavka-640x743th54y54y54

Дунавка се појави со круна на главата.

Замислете фудбалски меч, а потоа низ теренот поминува воз: Звучи чудно, но погледнете!

Voz-fudbal-PS-600x405Мислевме дека имаме видено се на фудбалските терени низ Македонија, но во Словачка постои стадион каков што нема нигде во светот.

Замислете гледате фудбалски меч на кој вашиот клуб постигнува гол, но вие тоа нема да го проследите, затоа што погледот ви го прекрива воз кој поминува низ теренот.

Тоа може да им се случи на навивачите на Татран од словачкиот град Чирни Балог. Всушност, стадионот нема атлетска патека, но затоа има пруга, која поминува помеѓу теренот и трибините.

Погледнете:

А.Г.