Груевски денеска со набиена агенда во прилепско

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски деес ќе оствари посета на Општина Долнени. Според најавата Груевски ќе присуствува на повеќе настани.

 

gruevski-gragani5-640x438

Во 12:30 Груевски ќе присуствува на камен темелник за изградба на локален пат с. Дупјачани – с. Небрегово, а потоа ќе ја поети спомен куќата на Блаже Коневски во Небрегово.

Агендата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со увид во активности при реконструкција на Дом на култура  Ропотово, изградба на повеќенаменско игралиште и  средба со жителите на Ропотово.

Планирано е тој да изврши увид и во активности за изградба на регионалниот пат с. Ропотово – с. Црнилиште – с. Лажани.

Посетата на општина Долнени ќе ја заврши со  посета на реконструираниот монашки конак и партерно уредување во Манастирскиот комплекс “Св. Преображение” во с. Зрзе и посета на патниот правец с. Костинци – с. Зрзе – Манастир “Св. Преображение”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.