Градоначалникот и заменик министерот садеа тутун заедно со тутунарите од Црнилиште (ФОТО)

Во екот на подготовките за новата тутунска сезона, заменик-министерот Албрим Хоџа и градоначалникот на Општина Долнени, Блерим Ислами, денеска беа во посета на селото Црнилиште, каде заедно со локалните земјоделци го означија почетокот на садење на жолтото злато.

Тие го посетија семејството Селмани, каде одблиску се запознаа со секојдневната работа и предизвиците со кои се соочуваат тутунопроизводителите. Домаќинот Есмир Селмани со скромно гостопримство ги пречека гостите, а жителите на селото ја поздравија посетата, истакнувајќи дека ретко високи функционери се симнуваат на терен и директно земаат учество во земјоделските активности.

Од посетата беше посочено дека годинава има зголемен интерес за одгледување тутун, а надлежните најавија дека поддршката за земјоделците ќе продолжи и во наредниот период.

„Тутунот останува важен економски столб за многу семејства, а нашата обврска е да бидеме присутни на терен и да ги слушнеме потребите на земјоделците“, било посочено за време на посетата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.