Повелете на четиридневен спектакл во Прилеп: ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ !

3

Млади и атрактивни баварки и баварци заедно со пивскиот воз и велосипед, продефилираа низ градските улици, најавувајќи го почетокот на фестивалот.

4

„На гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а за да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот“, посочи Бранко Нешкоски организатор на Пиво фест.

8

5

6

7

Пивофестот не е само обичен фестивал туку голема туристичка атрација на градот и на Република Македонија. Очекуваме од 350.000 до 400.000 гости колку што стандардно го посетуваат фестивалот. На Пивофест има 3 во едно, а тоа се: преку 40 видови пиво, квалитетната скара и добрата забава во текот на сите четири фестивалски дена.

10

9

Хотелските капацитети и приватното сместување се скоро исполнети, а место се бара и во околните градови. Поради добрата услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Инаку на прес конференцијата од страна на пиварите беше потенцирано дека годинашниот ,,Пивофест,, ќе биде во знакот на многуте изненадувања.

12

13

Фаестивалеската треска започнува утре на 14.07 со настапот на групите Crossroad Blues Band, Raphael, Тропико Бенд и Fly Project.

2

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.