дома блог страница 5252

ВИДЕО – Бидете внимателни: Еве како од стари прават нови гуми

Guma-prevaraКако што знае секој одговорен возач, гумите се потрошна роба и мораат да се заменат кога ќе дојде време за тоа, меѓутоа, одредени луѓе се спремни да ги ризикуваат животите за да заштедат пари.

На интернет се појави видео од Финска на кое можеме да видиме како од истрошени гуми се прават нови.

Погледнете за каква измама станува збор:

А.Г.

Кери: САД ќе примат 10.000 сириски бегалци

keri

САД ќе примат 10.000 сириски бегалци оваа фискална година како што и веќе вети претседателот Барак Обама, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, а пренесува МИА.

Тој синоќа додаде дека САД наскоро ќе примат 10.000 загрозени бегалци избрани од кампови на ОН чие населување во државата го одобриле американските безебедносни и разузнавачки служби.

Тоа е шест пати повеќе бегалци отколку што примивме минатата фискална година, изјави синоќа Кери.

Американската фискална година трае од 1 октомври до 30 септември. Активитсти го критикуваа Вашингтон дека премногу споро прифаќа луѓе кои бегаат од конфликти.

Еврообврзница ќе внесе свеж капитал во стопанството

Македонија се подготвува да ја издаде петтата евробврзница во својата историја. Преку неа треба да се внесе свеж капитал во земјава и да се гарантира нормален тек на економијата во време на политичка криза, пишува Лидер.

 

evra-640x320

-Инјекцијата на свеж капитал ќе се одрази позитивно врз стопанството, особено врз градежниот сектор. Вложувањата во капитални инвестиции носат поттик и економски раст, вели претседателот на градежната комора при ССК, Роберт Хот.

Со еврообврзницата од 650 милиони евра треба да се покрие буџетскиот дефицит за оваа и за следната година, да се вратат стари долгови, а за сметка на тоа ќе се намали и домашното задолжување.

-Еврообврзницата, како должничка хартија од вредност, треба да овозможи дополнителни финансиски средства кои ќе бидат искористени за рефинансирање на претходни задолжувања, а дел и за капитални проекти. Од нив се очекуваат приходи во иднина, бидејќи се работи за долгорочни проекти што носат приноси на долг рок, објаснува универзитетската професорка, Оливера Ѓеоргиевска Трајковска.
Според дел од економистите, со парите ќе се обезбеди макроекономска стабилност и ќе се поттикне растот.

-Еврообврзницата може на подолг рок да даде поголема стабилност за финансирање на некои започнати проекти, а најдобро е тие средства да се канализираат во капитални средства за да дадат позитивни ефекти во националната економија. Колку е поголем обемот на средствата што се бара, каматната стапка би требало да биде помала, вели економистот, Влатко Пачешкоски.

Повеќе пари за компаниите

Со издавањето еврообврзница ќе се намали домашното задолжување, што значи дека помалку ќе се користат домашните извори на финансирање, а со тоа ќе се остават повеќе средства за кредитирање на приватниот сектор.

-Несомнено дека еден дел од средствата ќе влезат во стопанството, а ова ќе значи прилив на нови финансии, зголемување на ликвидноста на стопанството, тековно финансирање на нивните потреби, како и проширена репродукција која во крајна линија ќе значи создавање основа за сервисирање на долговите, по основ задолжувањето со новата еврообврзница,  објаснува професорката Ѓеоргиевска Трајковска.

Зошто еврообврзница?

Владата ја објави одлуката за издавање еврообврзница на вредност до 650 милиони евра. Процедурата треба да биде затворена годинава, а парите со камата ќе се враќаат во период од 10 години.

-Министерството за финансии плаќа камата на еврообврзницата еднаш годишно. Ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската берза за хартии од вредност, се вели во одлуката од Владата.

Сепак, крајниот износ на задолжувањето и висината на каматата ќе зависат од понудата и од побарувачката.
-Странските инвеститори се уште имаат доверба во Македонија, ова ќе значи и набавка на финансиски средства со помала каматна стапка. Друга придобивка е можноста за искористување на овие средства за забрзан економски раст, а сите пари кои ќе останат непозајмени на домашниот пазар, ќе останат на располагање и сето тоа би дало дополнителен импулс на домашната економија, објаснува професорот Илија Груевски.

Макроекономска стабилност во време на криза, економски раст и развој, непречен тек на економските активности, пари за стопанството се само дел од ефектите кои ќе се постигнат со парите од еврообврзницата.

Каков е историјатот на Македонија?

Кога е во прашање историјатот на Македонија, досега се издадени четири еврообврзници. Првата е издадена во 2005-та година, во време на СДСМ, на износ од 150 милиони евра. Рокот на враќање и беше 10 години (ја вративме во 2015), а каматата изнесуваше 4,5%, што значи дека вкупно е вратено 217,5 милиони евра.

Втората еврообврзница ја издадовме во 2009-та година (во екот на кризата) на сума од 175 милиони евра, со рок на враќање од 3,5 години и камата од 9,8%, што значи дека вкупно сме вратиле 235 милиони.
Третата еврообврзница ја издадовме до 2014-та на сума од половина милијарда евра со историски најниска камата од 3,97% и рок на враќање од 7 години.

Република Македонија ја издаде четвртата еврообврзница во ноември 2015 година на износ од 270 милиони евра, со камата од 5,125% и рок на отплата од пет години. Побарувачката од инвеститорите беше 2,5 пати повисока, а четвртата македонска еврообврзница ја запишаа над 100 инвеститори.

Каква е состојбата со долгот на земјава?

Според последните податоци на Министерството за финансии, а кои се однесуваат на првиот квартал од годинава, државниот долг на крајот на март изнесувал 3,5 милијарди евра, што претставува 36,8 проценти од БДП.
Јавниот долг, пак, изнесува 4,3 милијарди евра или 45 проценти од БДП. Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа (по Естонија, Луксембург, Бугарија и Латвија), што ги побива тезите пласирани од опозицијата и од експерти блиски до нив дека на Македонија е се заканува грчко сценарио. Напротив, Македонија е држава во која внимателно се води сметка за долгот на земјата.
-Благодарение на водењето прудентна фискална политика, Република Македонија останува умерено задолжена земја со државен долг којшто е далеку понизок од пропишаниот мастришки критериум до 60% од БДП, вели министерот за финансии, Кирил Миноски.

Тоа го покажуваат и податоците. Во првиот квартал, државниот долг е намален од 38% на 36,8%, а јавниот долг е намален од 46,5% на 45%.

Ако се анализира структурата на јавниот долг, надворешниот јавен долг изнесува 2 милијарди 879,5 милиони евра, внатрешниот 1 милијарда 452,5 милиони евра.

Се намалува домашното задолжување

Во ребалансот сумата за домашното задолжување е преполовена. Денеска за враќање на стари долгови, ќе се обезбедат 8,6 милиони евра, односно 4 пати повеќе од тоа што се повлече вчера. На вчерашната аукција на хартии од вредност беа понудени 3 и 12 месечни записи. Банките во целост ги откупија едногодишните записи, а интересот за 3 месечните записи беше помал. Тоа резултираше со нов вкупен заем од 2, 3 милиони евра.

-На овој начин остануваат повеќе средства за кредитирање и раздвижување на стопанството, на тој начин ќе се зглеми ликвидноста на компанииите, а економијата ќе заживее. Значи на тој начин се ослободуваат дополнителни средства во банкарскиот сектор кои ќе се користат за кредитирање, велат експерите.

Инаку, уделот на банките во кредитирање на Владата се намалува, а расте учеството на осигурителните друштва и пензиските фондови.

ВИДЕО – Што ќе се случи ако косата ја измиете со Кока-Кола ?

Screenshot_3-50-640x370

Сите ние, некој повеќе, некој помалку, сме запознати со чудотворното дејство на Кока-Колата. Освен што е одлично освежување, овој напиток можеме да го користиме за чистење на одводи, за отстранување на рѓа…. и слично.

Живееме во такво време во кое е нормално да се види како луѓето испробуваат  и ја мијат својата коса со Кока-Кола, со цел да добијат подобар изглед.

Всушност, прво во јавноста се појави информација дека англиската глумица Суки Ватерхаус, косата ја мие со Кока-Кола и така добива прекрасен изглед.

После тоа Јутуберката Елко, мораше да го испроба истото и да се увери дека тоа е вистина.

Еве ги и резултатите:

А.Г.

Рецепт за здраво ледено кафе

ledeno-kafe-625x396

Иако е со прекрасен вкус, токму кафето може да биде вистински извор на непотребни калории и јагленхидрати (најчесто шеќери).

Затоа кога нарачувате кафе побарајте истото да биде без шеќер, со засладувач и без дополнителен шлаг или пена.  Најдобра опција е сами да ги го подготвите кафето, а еве еден брз рецепт како сами да направите здраво ледено кафе!

Состојки:

  • ½ филџан сварено црно кафе или обично инстант кафе, оладено
  • 2 децилитри бадемово млеко (студено)
  • Дополнителен засладувач по желба
  • ½ лажичка протеински прашок (по желба)
  • Повеќе издробен мраз/ ситни коцкисчки
  • малку цимет

Постапка:

Сите состојки измиксајте ги во блендер, додадете уште мраз ако треба (а треба затоа што надвор е жешко), ставете цевка и уживајте во кафето.

 

Малите братчиња од прилепско се затруле со Дијазепам

Две деца од Дебрешта денеска со амбулантно возило се пренесени од Прилеп, откако испиле апчиња Дијазепам.

 

detska-klinika-520x317

Затруените дечиња, братчиња на возраст од 4 и 5 години се наоѓаат на Клиниката за детски болести во Скопје, и нивната состојба е стабилна, а децата се будни.

Семејството утринава ги донеселе децата во болницата во Прилеп, каде е направена детоксификација, но сепак децата се пренесени во Скопје со амбулантно возило.

Во Детската клиника им е укажана севкупна лекарска помош. Од тука велат дека за среќа се работело веројатно за помало количество на апчиња, пренесе ТВ Нова.

Од Клиниката упатуваат апел до семејствата каде има деца, апчињата да се чуваат подалеку од дофат на децата.

Затруени деца од прилепско, итно пренесени на Детска клиника во Скопје

Две братчиња од прилепското село Депрешта, на возраст од четири и пет години, се во стабилна состојба, по укажаната медицинска помош на детската клиника во Скопје, каде попладнево итно биле пренесени од прилепската болница.

 

brza-pomos-3-640x463

Лекарите во прилепската болница ги направиле потребните интервенции за детоксикација и веднаш ги испратиле децата на понатамошен третман на скопските клиники.

Децата испиле апчиња дијазепам, а сега се во стабилна состојба и веројатно веќе утре ќе бидат пуштени на домашно лекување, дознава ТВ Нова од болнички извори.

Две струмички фирми фатени во финансиски криминал тежок 316.000 евра

5000evra1

Управата за финансиска полиција во соработка со Основното јавно обвинителство во Струмица успеа да открие и да документира финансиски криминал во струмичките фирми ТД Пакетов Еуро Градба ДООЕЛ Струмица и ТД Кетрин Ем ДООЕЛ исто така од Струмица кои со финансиски криминал успеале да го оштетат Буџетот на Република Македонија за сума нешто поголема од 316.000 евра, информираат од Управата.

Како што посочуваат од финансиската полиција, пријавените сопственици и управители на двете струмички фирми се осомничени дека подолг временски период поголемиот дел од своето работење во делот на трговија со градежни материјали, играчки и друга стока увезена од Кина го вршеле на незаконски начин се со цел да не пријават и да не платат даноци во државната каса.

Пријавените се сомничат дека вршеле продажба на увезените производи во кеш на разни купувачи без притоа да ја евидентираат извршената продажба во сметководството на фирмите и без да пресметаат и платат данок согласно позитивните законски прописи што важат во Република Македонија. Подолг временски период, струмичките бизнисмени биле комотни во своето поведение па не поднесувале завршни сметки за фирмите, не поднесувале ДДВ пријави и на крајот за да спречат можност да бидат откриени, ја уништиле и целокупната книговодствена евиденција и документација со која располагале правните лица, се вели од соопштението.

Како што посочуваат од Управата, постои сомнение дека во случајот се вклучени и едно лице по кое ИНТЕРПОЛ има распишано потерница, како и еден штипски нотар познат по матните зделки со фирмите осомничени за финансиски криминал.

Со цел избегнување на одговороста, пријавените Р.Ј и М.Ј. го примениле веќе добро разработениот рецепт за прикривање на финансиски криминал, па формално една од струмичките фирми ја префрлиле на извесно лице Стојан Кондев Илиев од Благоевград-Република Бугарија, лице за кое со помош на ИНТЕРПОЛ Бугарија е потврдено дека е лице со лажен идентитет а патната исправа која е употребена во македонските институции е добро изработен фалсификат. Во текот на предистражната постапка утврдено е дека формалниот пренос на сопственоста на фирмата која е вмешана во тежок финансиски криминал е извршен кај нотар во Штип кој од поодамна и е познат на Финансиската полиција како учесник во повеќе матни зделки со фирми осомничени за финансиски криминал, велат од Управата.

Инаку од Финансиската полиција најавија дека ќе продолжат со истражување и на останатите фирми кои се сопственост на пријавените струмички бизнисмени како и на фирмите со кои осомничените фирми имале чести бизнис релации се со цел утврдување дали и овие фирми се вмешани во матните зделки на пријавените.

НЕВЕРОЈАТНА ПЛАВУША: Наташа Беквалац покажа зошто е една од најзгодните пејачки

Популарната Наташа Беквалац низ годините важи за една од најзгодните пејачки на Балканот, а доколку постои некој кој мисли дека не е така, сексипилната Наташа ќе го освои со најновата објава на Инстаграм и ќе се увери дека греши.

natasa_bekvalac_instagram

Пејачката моментално е во Будва, а на Инстаграм објави кратко видео во кое таа е облечена во секси црн едноделен костим за капење, и како што навела во коментар, спремна е за на плажа.

Погледнете како изгледа српската пејачка и зошто многумина и завидуваат:

А.Г.

Ако добиете ваква порака веднаш избришете ја: Нов вирус се шири низ Европа

Нов малвер може да ги имитира популарните апликации како што се WhatsApp, Viber и други, со цел да дојде до вашите лични информации.

 

virus-1-640x361

Вирусот стигнува преку порака на корисникот, на која има линк, а кога ќе кликнете на него малверот автоматски се инсталира.

Еве како изгледа пораката: „Не можеме да ја извршиме вашата нарачка. Ве молиме проверете ги податоците ОВДЕ“.