дома блог страница 5250

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух.

 

kozma-i-damjan

Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни.

Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

(Видео)ПУТИН СЕ СРЕТНА СО ОТЕЦ МЕТОДИЈ: Втора средба помеѓу Македонскиот монах во Русија и Владимир Путин!

Отец Методиј од Валаамскиот Манастир на Руската православна црква, кој е по потекло од Македонија повторно имаше срдечна средба со рускиот претседател Владимир Путин.

111

Но наместо со бакнување рака, како што тоа го направи минатиот пат, сега Отец Методиј во манастирот во Валаам го пречекал Путин со широко срдечна прегратка.
Фотографијата на својот фејсбук профил, со коментар „Беше забавно. Отец Методиј го сака Претседателот“ ја сподели игуменот на Валаамскиот манастир, Епископот Панкртиј.

putin_monah_makedonski2

Инаку средбата на Отец Методиј и Владимир Путин се случила викендов, кога манастирот го чествува патрониот празник.
Во манастирот во посета бил и Патријархот Кирил.

Фестивалската сцена блесна во полн сјај: Прилеп ве очекува! Еден е фестивалот!

IMG_20160713_211136

Утре започнува четринаесеттото издание на Пиво Фест во Прилеп. Градот е подготвен во четирите фестивалски денови да пречека и да угости повеќе од 350.000 гости.

Вечерва блесна во полн сјај и фестивалската сцена, а штандовите веќе се поставени. Одлична атмосфера и фестивалско раположение се чувствува насекаде.

Прилеп ве очекува на највкусната скара, различен избор на пиво и забава каква што има само во градот под Марковите Кули.

IMG_20160713_211228

IMG_20160713_211136

А.Г.

Овие хороскопски знаци никогаш нема да ве изневерат

ljubov-mazzi-650x396

Од сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежнеат кон сигурна врска, полна со љубов, во која нема место за неверство.

Ракот никогаш не е целосно среќен сè додека не оствари длабока емотивна врска, а кога ќе се заљуби секогаш размислува долгорочно.

Во потрага е за личност со која ќе гради дом и ќе основа семејство. Ракот несебично дава и исто толку многу бара. Желен е за внимание, сака да му се докажува љубовта, но секогаш возвраќа во иста мера.

Кога ќе наиде на проблем во врската, не го избегнува туку го решава, бидејќи не сака ништо да застане на патот на љубовта.

Не ни помислува на изневерување како „метод“ за решавање на проблемот затоа што е лојален до самиот крај.

Сепак Ракот не е единствениот хороскопски знак познат по верноста. Верноста е препознатлив знак и за следните знаци:

Бик – сигурен и стабилен.

Вага – има вроден копнеж за правда и чесност па сака хармонична врска.

Девица – чувствителна и „традиционална“ во љубовта.

Јарец – трпелив, ќе работи на врската колку и да е потребно.

Германија бара 20.000 работници: Годишна плата од 50.000 евра

nemacka-berlin-evri-620x350 (1)

Германија во овој момент има голема побарувачка на работна сила на пазарот, односно неопходни им се 21.327 работници.

Работните места се најразлични, од работа во IT секторот, кој е доста популарен последниве години, до работа во областа на маркетингот и управувачките работи.

На сајтот jobsinnetwork.com можете да ја погледнете комплетната понуда и списокот на работни места за кои се потребни работници.

Инаку, просечната годишна плата во Германија се движи од 40.000 до 50.000 евра во зависност од областа во која сте вработени.

Пукање среде центарот: Едно лице погодено со куршум во главата (ВИДЕО)

123 (1)

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа маж кој е ранет во нога, а околу него се наоѓаат луѓе кои притрчале во помош, но одеднаш се случил нов пресврт на целата ситуација.

Во турскиот град Бурса се случил незаборавен злочин. Повозрасен маж среде центарот му пукаше во глава на човек кој веќе бил ранет и лежел на тротоарот.

Имено, мажот се појавил со пиштол и му пришол на ранетиот  човек кој лежел на плочникот и го убил со еден куршум во главата.

За сега не е познато кои се причините за ова страшно дело, а се шпекулира дека станува збор за крвnа освета на татко чии син бил повреден од тој човек.

Погледнете го видеото:

Пристигна тажна вест: Михаел Шумахер, 2,5 години по тешката несреќа…

123 (1)

Како што пренесуваат медиумите во Германија, Михаел Шумахер во моментов има помалку од 45 килограми, а заздравувањето иде многу споро.

Светскиот првак во формула 1 се наоѓа во кома веќе 21 месец.

Неговата здравствена состојба и понатаму е непроменета, бидејќи популарниот Шумахер од доживеа несреќа за време на скијање на 29.12.2013 година во ски центарот Марибел во Франција.

Во моментов тој се наоѓа во Швајцарија со екипата на професионални доктори и физиотерапевти кои се грижат секојдневно за него.

Пејачката анонимна, песната катастрофа: Овој хит вади и до 10.000 евра бакшиш

Пејачката Марина Далиповиќ вели дека со својот голем хит „Вад, вади паре“ дневно зема и до 10.000 евра бакшиш.

 

pejacka-pari-640x386

Таа истакнува дека нејзините колеги благодарение на изведувањето на оваа песна исто така заработуваат големи суми пари, пеејќи по свадби, крштевки, полнолетства и останати прослави.

-Гостите даваат се до последен динар на оваа песна, а да можам да бидам добра и до 10.000 евра за ден, посебно на ромските свадби. Кога ќе почнат првите тактови, настапува хаос. Луѓето полудуваат кога ќе ја слушнат. Провокативна е, ги мами да извадат пари и тоа редовно го прават. Даваат се што имаат. Добивав и прстени, брачни понуди, сешто. Дури ми велеле и: „Немам повеќе, се ти дадов, единствено кожава да ја извадам“, а јас им велам „Нема врска може и гратис“, опишува Марина.

Пејачката вели дека колегите постојано се фалат како добро заработуваат кога се пее нејзиниот хит. Таа открива дека некои и ја навредувале дека е спонзоруша поради оваа песна:

-Јас не сум спонзоруша. Луѓето не сфаќаат дека песната ја напишав од шега. Оние кои имаат пари ја сакаат, а оние кои немаат, тешко им паѓа и не ја сакаат, вели Далиповиќ.

Иако добро заработува, Марина вели дека сепак нема доволно пари да издаде албум за Гранд, и дека тоа го посакува.

-Пример ми се Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ, би сакала да ги имам нивните кариери и да траам како нив двете, вели пејачката.

ВИДЕО: Паѓаат како покосени на улица, новата зомби дрога е најопасна досега

Триесет и три лица паднаа среде улица во Њујорк по консумирањето на новата синтетичка дрога К2, позната и како „зачин“ или зомби дрога.

 

marihuana-640x432

Сведоци раскажуваа дека овие дрогирани луѓе изгледале како зомби, а итната помош сите ги однела во болница. К2 е вид на синтетичка марихуана која и покрај забраната многу е раширена низ Америка во последните години.

-Се личеше како на свени од филмовите за зомби. Навистина ужасно. Оваа дрога ги парализира луѓето, рече Брајан Артур кој гледал како луѓето паѓаа по улица.

K2 е посебно популарна меѓу бездомниците, а специфична е по тоа што кај луѓето предизвикува целосно губење на контрола врз движењето па по консумирањето луѓето лутаа, а често и паѓаат на под.

Фејсбук е под детална истрага

Американското Министерство за правда поднело петиција на суд против Фејсбук…

 

fejs

Тужбата е поради истрага што ја спроведуваат владините органи, затоа што компанијата решила да премести дел од имотот во Ирска, со цел да плаќа понизок данок. Фејсбук е само една ИТ компанија која сака да плаќа помали даноци во земјите како што е Ирска.

Даночната полиција неодамна во Париз и Мадрид исто така влезе во просториите на Гугл.