дома блог страница 5233

Облачно, нестабилно, со пороен дожд и грмежи- еве какво време не очекува до петок

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, со пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот и во западните делови. УВ-индексот ќе изнесува 7, а температурата ќе се движи од 20 до 31 степени.

poroen-dozd

Во Скопје ќе биде променливо облачно, нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

MAРКУКУЛЕ АНКЕТА: Дали СДСМ овојпат ќе го почитува договорот или повторно ќе бега од изборно соочување?

Изминатиот период преку нашиот портал ги запрашавме читателите по што најмногу ги потсетува Прилеп во 2005 година.

Па така 50 % од испитаниците кои одговориле на анкетата Прилеп го паметат по тополите пред Комерцијална Банка, 24% на Прилеп во 2005 година се сеќаваат на уништениот “Парк на револуцијата”,  на 14% пред очи им иде не асфалтираната населба Варош, а 12% од испитаниците Прилеп во 2005 година го паметат по старата општинска зграда.

Анкетата за наредниот период гласи: Дали СДСМ овојпат ќе го почитува договорот или повторно ќе бега од изборно соочување?

[democracy id=”14″]

Неделен хороскоп: Што ве очекува до 1-ви август?

horoskop-nova-650x396

Дознајте што ви подготвиле ѕвездите за последната недела од овој месец. Дали сега е време да започнете нешто ново, да трошите или да штедите…

Овен

Ова е добра недела за купување нова облека, за да се „подновите“. Исто така оваа недела би било добро да ги завршувате нештата што сте ги започнале. Посветете се на средувањето на документите. Важна е организацијата на работата. Грижете се повеќе за вашето време, но најдете време и за забава. Посветете му се и на вашето хоби, тоа ќе ве опушти.

Бик

Задоволни сте од напредокот на работата. Потрудете се да бидете одговорни, не трошете премногу пари за работи што не ви требаат. Бидете внимателни каде оставате документи оваа недела. Прилично добро се чувствувате и одлично сте расположени. Позитивни сте. Односите со членовите на семејството се подобруваат. Конечно, на крајот на оваа недела ќе престанат несогласувањата со партнерот и со соработниците.

Близнаци

Одлично сте расположени. Не се оптоварувајте со премногу работа. Планирајте патување, ако сте во можност. Помалку зборувајте за  вашите планови содругите. Бидете практични.  Неделава средете го домот, фрлете ги нештата што не ви требаат.

Рак

Оваа недела сте желни за нови победи. Сакате да започнете некои работи поврзани со бизнисот и сега е вистинското време за тоа. Една жена може да биде од помош. Ќе бидете попрактични  и порационални од вообичаеното, па затоа потрудете се да не трошите енергија на негативни луѓе. Не позајмувајте пари на другите. Не треба да се правдате пред другите. Страствени сте.

Лав

Супер се чувствувате. Посветете се на себе си. Сега е време за работа, усовршување, започнување курс. Прочитајте ги книгите што планирате да ги прочитате долго време. Завршувајте го започнатото. Важно е да не дојдете во конфликт со надредените, туку да знаете која е вашата улога. Конечно, на крајот на оваа недела ќе има страст и во вашиот живот и може да влезат некои интересни луѓе. Важно е да не се враќате на старото.

Девица

Позборлести сте од вообичаеното. Добро се чувствате. Само бидете сигурни дека нема премногу да ги критикувате другите луѓе. Гледајте ја вашата работа, кој има потреба од совет ќе побара. Можни се проблеми во сообраќајот, па дури и некои казни. Возете полека. Ќе имате повеќе енергија оваа недела. Некои обврски на работа, што не сте ги завршиле на време и сега повторно може да ви бидат проблем. Би било добро да расчистите што е она што го сакате од односот со партнерот, ништо да не премолчувате ако сте во врска. Слободно, нема потреба за промена на статусот, не се идеални аспектите за нешто ново.

Вага

Потрудете се да се дружите повеќе. Контактите со другите прават да се чувствувате одлично и полни со елан. Иако, да бидеме реални, парите ги трошите во согласност со вашите способности. Немојте да се нервирате ако нештата не одат како што сте испланирале. Ова не е добра недела за купување на некои поголеми работи, сега е време за работа, заштеда. Не се прејадувајте.

Скорпија

Оваа недела треба да се донесат некои важни одлуки поврзани со работата. Мора да се искористи новата шанса за работа. Женско лице може да ви биде од помош. Семејството ви е голема поддршка. Потрудете се да се насочите на блиските луѓе. Во моментов можно е некое реновирање на домот, уредување или дури и купување на некои нови апарати или мебел. Ќе бидете помалку нервозни по викендот.

Стрелец

Потрудете се да не се нервирате околу работата. Дајте се од себе, но најдете време за одмор. Тоа ќе ви биде приоритет оваа недела. Олеснете си себе си. Не си правете притисок за работите што не можете да ги промените. Ќе имате повеќе енергија отколку за време на викендот и подобро се чувствувате. Занимавајте се со спорт. Некое патување ќе ви дојде добро.

Јарец

Одете на некое кратко патување. Бидете внимателни каде ги оставате документите. Сеуште премногу се нервирате за пари, но тоа ќе заврши на крајот на оваа недела. Направете план на работа за неделава. Организирајте се подобро и внимавајте на роковите. Страствени сте. Не дозволувајте љубомората ја загрози вашата врска со вашиот партнер. Слободните припадници на знакот се склони кон авантури.

Водолија

Партнерските односи ви се одлични. Ако сте слободни, преку соработниците можете да запознаете некого што ќе ви се допадне. Прекрасно се чувствувате. Од средината на неделата ќе биде во уште подобро расположение. Најдобро е да не планирате никакви големи купувања. Направете обид да заштедите пари, ако воопшто е можно. Можни проблеми со грбот и со циркулацијата.

Риби

Конечно вниманието ќе го пренасочите на работата. Бидете сигурни дека нема да влезето во конфликт со другите колку и да сте напнати, игнорирајте ги работите што ви пречат. Бидете внимателни да не се преморувате, бидејќи тоа може да влијае на вашето здравје. Некое машко лице може да ви направи проблем на работа. Не правете повеќе работи во исто време. Комуникацијата со вашиот партнер ќе се подобри со текот на викендот.

ФОТО: Убавините на Македонија објавени во престижниот „Лос Анџелес Тајмс“

Убавините на Македонија вчера се најдоа во престижниот весник „Лос Анџелес Тајмс“.

ohrid-4

-Истражете ги пештерите. Прошетајте по тврдините од 6-ти век. Уживајте во свежа риба. Задоволствата од недоволно истражената Македонија, наведува весникот, под објавената фотографија од балканскиот бисер- Охрид.

image-0-02-01-9a3303707fb3e2d35e0528bf8af5e2313a2e975905b22e2e0dc47ec8970f3535-V

Македонија- балканска земја, помеѓу Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Косово, е едно од најубавите изненадувања на Европа. Беше дел од Југославија до независноста во 1991 година, додава весникот и им порачува на сите да го посетат Охрид и Македонија.

ohrid-mak

ВИДЕО – Застана да му остави пари на скитникот: Потоа остана и без пари и без автомобил

111

Дечкото застана со автомобилот кога пред него виде човек кој пита, но она што му се случи потоа со брзина на светлината го остави и без пари и без автомобил, а на крајот дури и без телефон.

Секако се работи за шега, но ваквите ситуации се реалност, особено во Бразил, како што и стои во написот на видеото.

А.Г:

ГУСТО ВО ТОРИНО: После Игуаин Јувентус носи ново скапо засилување

LILLE, FRANCE - JULY 01: Radja Nainggolan (C) and Axel Witsel (R) of Belgium react after Wales' second goal during the UEFA EURO 2016 quarter final match between Wales and Belgium at Stade Pierre-Mauroy on July 1, 2016 in Lille, France. (Photo by Matthias Hangst/Getty Images)

LILLE, FRANCE - JULY 01: Radja Nainggolan (C) and Axel Witsel (R) of Belgium react after Wales' second goal during the UEFA EURO 2016 quarter final match between Wales and Belgium at Stade Pierre-Mauroy on July 1, 2016 in Lille, France.  (Photo by Matthias Hangst/Getty Images)

Иако сеуште ништо не е официјално, и покрај тоа што судбината на Пол Погба сеуште не е позната, се поизвесно е дека младиот Французин за астрономски 120 милиони евра, ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

Јувентус не е познат како клуб кој фрла пари на скапи засилувања, но веќе се согласија да ја исплатат откупната клаузула за Гонзало Игуаин во висина од 94,7 милиони евра, а како што тврди Football Italia, Јуве е на чекор да го доведе во своите редови и Аксел Витсел, играчот на Зенит. Во написите на италијанските спортски медиуми се вели дека Јуве за него би платил 24 милиони евра.
Дека играчот на Зенит е на чекор да ја напушти Русија, вчера потврди и тренерот на клубот кој призна дека примиле три официјални понуди за него. Интер и Евертон се уште заинтересирани за белгиската ѕвезда, но сепак Витсел се одлучил да игра во Лигата на шампиони, па поради тоа го одбрал италијанскиот шампион.

А.Г.

РУСКИ ЅВЕР! Ова е најбрзото блиндирано возило – ни удар од минофрлач не му може ништо – ФОТО+ВИДЕО

rusko_terensko_vozilo

Познато е дека од Русија доаѓаат вистински чуда кога се во прашање теренските возила. Но, овој пат се надминале себе си.

Коmbat T-98 е блиндирано руско теренско возило на компанијата “Kombat Armouring” сместена во Санкт Петербург. Со максимална брзина од дури 180км/час претставува најбрзо возило од ваков тип во светот.

Она што особено е интересно, поточно неверојатно кај овој автомобил е тоа што е имун на директен погодок од минофрлач.

Погледнете го ова чудо!

5 1 2 3 4

А.Г.

Скинатите фармерки станаа минато – се појави нов фантастичен тренд

fwetjhtk

Искинатите фармерки кои со години беа хит  кај девојките  повеќе не се тренд бидејќи овој модел на фармерки доби конкуренција.

Во прашаење се скинати фармерки во комбинација со накит.

Погледнете…

tewyhtrjytkyul

htjtykyulfi

Aмериканската морнарица издаде чуден оглас: Бара војници кои имаат искуство со играта “Покемон Гoу”

48283_vojska01-reuter-hugh-gentry_ff

Интересен оглас на американската морнарица го привлече вниманието на целиот свет.

Дали прочуената американска морнарица има проблеми да ги пополни своите редови или не? Токму таа се одлучила на прилично необичен начин да ги повика младите во своите редови.

Знаејќи дека играта Покемон ги полуде младите, војската на САД смета дека може да ја искористи таа предност.

46574_melanija02-reuter-sam-mircovich_ff

Всушност, во нивниот оглас пишува: “Дали сакате да ја играте играта Покемон Гоу? Дали сакате да ја играте по целиот свет? Американската морнарица ви овозможува да го поминете целиот свет и ви дозволува да играте Покемон Гоу, а со тоа да станете и господар на Покемоните”.

Mногумина на социјалните мрежи не беа сигурни дека се работи за вистински оглас, но многумина тврдат дека е вистина.

Проценете сами:

А.Г.

Истражување: Дали ќе ослабете ако престанете да јадете леб

leb

Ако планирате да го намалите количеството леб или целосно да го отфрлите од исхраната, еве кои промени можете да ги очекувате:

Лебот може да ви обезбеди нутријенти како што се витамин Б и железо. Меѓутоа, доколку го јадете во големи количини, ќе внесите премногу калории и ќе добиете и некој килограм вишок.

Ако се прашувате колку можете да ослабете доколку започнете да го избегнувате лебот, одговорот е дека тоа зависи од тоа колку леб јадете сега.

Ако елиминирањето на лебот подразбира само избегнување на тост за доручек, немојте да очекувате драстични промени во тежината, но ако го избегнувате лебот при целодневната исхрана, тогаш ќе изгубите повеќе килограми.

Калориите во лебот

Ако лебот го јадете со секој оброк, тогаш значително ќе го зголемите количеството на калории во организмот.

За да знаете колку би можеле да ослабите со избегнување на лебот, морате да знаете колку дневно калории внесувате со конзумирањето на леб.

Белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 калории по парче од 30 грама, додека интегралниот леб содржи 247 калории, а парче од овој леб содржи 74 калории на 30 грама.

Умерено губење на килограми

“Доколку го намалите внесувањето на калории од 100 до 500 дневно, а со тоа сте физички активни 30 до 60 минути, тоа е добар начин да го изгубите вишокот на килограми”, порачуваат нутриционистите др. Алан Тичендал и Џони Добс од Универзитетот на Хаваите.

Доколку вообичаено јадете парче леб за доручек, нешто повеќе за ужина и сомун за ручек, како и уште едно парче леб за вечера, имајте на ум дека со самото внесување на лебот внесувате 454 калории дневно, односно 3.178 неделно.

Тоа е многу калории!

Дали е вредно да се намали количеството на леб во дневната исхрана?

Ова прашање ќе си го постави секој вљубеник во лебот – дали некој килограм помалку е вреден за да се исфрли лебот од исхраната?

Да резимираме – ДА! Се чувствувате многу подобро и ќе можете да јадете многу други нешта!

А.Г.