дома блог страница 5232

Интензивно се работи на улиците „Димче Антулески“ и „Велко Јанкулоски – Стариот“

6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-11

Во населба Варош, интензиво се работи на целосна реконструкција на улицата “Димче Антулески”. Истата треба да се состои од две коловозни ленти и тротоарни линии. Оваа инвестиција ќе чини четири милиони денари средстава обезбедени од страна на ЕЛС Прилеп во должина од 400 метри. Со новиот слој на асвалт улицата „Димче Антулески“ ќе добие нов лик, а воедно ќе се овозможи поголема безбедност на граѓаните кои ја користат истата. Улицата преставува главна сообраќајница која ги поврзува населбата Точила со населбата Варош.

Во моментот интензивно се работи и на улицата „Велко Јанкулоски – Стариот“ во должина од 350 метри.

6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-1 6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-2 6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-3 6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-5 6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-6 6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-7 6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-10 6310-intenzivno-se-raboti-na-ulicite-dimce-antuleski-i-velko-jankuloski--stariot-960x600-12

 

#ПрилепНаТочак организира велосипедско дружење со пикник на Могила

13754210_1756238841328290_2125372140219529501_n

Возењето велосипед е многу тренди во последно време. Ем се рекреираме, не ја загадуваме околината, можеме да уживаме во природата, а богами и да се извозиме до некое малку посвежо место, да се изладиме од горештиниве. Значи супер! Арно ама, не е целта само да се повозиме до некаде, туку и да го искористите тоа место за дружење, забава и релаксација.

А има ли подобар начин да го изведете сето тоа, од организирање на пикник? Секако дека нема. За тоа во среда на 27-ми јули земи го својот точак, опреми го со намирници за пикник и одиме!

Во минатото не секој имал можност да има автомобил и со него да оди на пикник, но за тоа скоро секој поседувал точак кој го користел за таа намена.

Вака инцијативата #ПрилепНаТочак ја опишува својата 26-та Критична маса, или 26-то велосипедско дружење. Придружете се!

Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.

Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.

Од јуни 2014-та се случува еднаш месечно и во Прилеп!

Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Прилеп е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност, од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До сега, прилепчани возеа на различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.

Да излезиме повторно на улиците со нашите велосипеди, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!

Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! Прилеп може да стане подобар град!

 

ЛЕТЕН САЕМ НА КНИГА ВО КРУШЕВО

Традиционално како и секоја година,се одржува Летен саем на книга во Крушево. Саемот на книга се одржува во просториите на Домот на култура’’ Наум Наумоски – Борче’’, а љубителите на книги ќе имаат избор од повеќе издавачки куќи. Саемот започнува на 27.07 и ќе трае до 10.08. Сите вљубеници во книгата ќе можат да го посетат во овие денови од 10 ч до 22 часот.

untitled

Во деновите додека трае саемот ќе има и неколку промоции на книги од наши автори. На читателите останува да го посетат и да ги збогатат домашните библиотеки со нови наслови !

 

Сопственичката му даде да јаде брокула: Неговата реакција ќе ве насмее на глас – ВИДЕО

Screenshot_5-85

Можеби некои од вас го познаваат … главната улога  во ова видео Ерик Легендата, симпатичен папагал чии авантури ги следат илјадници луѓе на интернет.

Овој пат сопственичката му дала да јаде брукула, а неговата реакција е урнебесна!

Погледнете го видеото:

А.Г.

Девојки од руските социјални мрежи: Фотографии кои ќе ве остават вчудоневидени

Screenshot_1-131-640x406

Русите се познати по своите лудории. Ви ги пренесуваме најлудите фотографиии кои се пронајдени на руските социјални мрежи.

Погледнете ја галеријата во продолжение:

ruske-djevojke-9 ruske-djevojke-1 ruske-djevojke-2 ruske-djevojke-3 ruske-djevojke-4 ruske-djevojke-5 ruske-djevojke-6 ruske-djevojke-7 ruske-djevojke-8

 

ФОТО: Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ тргна кон Крушево

1

Група коњаници, членови на коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ денеска го почнаа маршот во чест на празникот Илинден. Годинава, седми пат ќе поминат пат долг околу 200 километри по маршрута по која било пренесено првото црешово топче, од Бигорскиот манастир до илинденско Крушево.

По подготовките во селото Зубовце, коњаниците попладнево поминаа низ соседното село Тумчевиште и продефилира низ Гостивар. Благослов и желби за успешен марш во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ добија благослов од митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.

2

Продолжија кон Бигорскиот манастир каде учесниците симболично ќе положат комитската заклетва и ќе добијат благослов од монашкото братство и архимандритот Партениј.

3

Групата својот пат ќе гопродолжи преку планината Бистра, селата Кнежино, Козица, Цер и, според планот, на 2-ри август, со останатите ученсици од други краеви на Македонија, ќе се приклучи на прославата на Мачкин Камн близу Крушево.

Годинашниот 7. коњанички марш го организира здружението на граѓани „Бигорски манастир-патот на црешовото топче“ во чест на дел од историјата на Македонија кога монаси и локално население испраќале помош за востаниците и изработувале топчиња.

Сообраќајна незгода на патот Прилеп – Градско: Две лица се здобија со тешки повреди

maxresdefault

Две лица се тешко повредени во страшната сообраќајка која се случи утрово на патот Прилеп- Градско. Во 7 часот и 30 минути возило „Форд Тразнит“ сопственост на прилепска компанија излетало од коловозот поради дождот кој правел проблеми.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајца сопатници, 63-годишниот Ц.П. и 60-годишниот Т.С. кој по укажаната лекарска помош е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Возачот Ж.Р. минал без повреди.

Извршен е увид на местото на несреќата.

 

Ја фатил за гради, па ја истепал – нападнато 17-годишно девојче во Битола

Вчера околу 12.00 часот на ул.„Бистра“ во Битола, седумнаесетгодишно девојче, кое било во друштво со нејзиниот другар Д.Ј., биле пресретнати од В.К. (46). Тој застанал пред малолетничката и со рака ја фатил во пределот на градите.

bitola-1

Другарот на девојчето со раце го отурнал В.К., кој извадил синџир и го удрил Д.Ј. во пределот на главата. Потоа уште неколку пати го удрил девојчето во пределот на раката и лицето, а исто така, уште неколку пати го удрил Д.Ј.

По пријавувањето на настанот, од страна на полициски службеници од ПС-Битола, В.К. е пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

СВЕДОШТВО: Пред мене хотелот „Македонија“ се урна како кула од карти

Од архивата на ДВ: Дел од написите во германскиот печат за катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963. Сведоштва на германски туристи кои го преживеале разурнувачкиот потрес.

zemjotresot-63-godina-vo-skopje

Македонскиот главен град по шест потреси – урнатина“ (Дер Тагесшпигел – Западен Берлин), „Тежок земјотрес во Македонија“(Зиддојче Цајтунг од Минхен), „Валјак на смртта“ – (Хамбургер Абендблат), „Земјотрес го опустоши Скопје“ (Нојес Дојчланд – Источен Берлин) – се само дел од насловите што осамнаа на првите страни на весниците на 27 јули 1963 година, ден по катастрофалниот земјотрес во Скопје. Секаде, без исклучок, се наведува дека станува збор за стихија со големи размери која го погодила главниот град на Македонија во 5 часот и 17 минути. Различни се, меѓутоа, податоците за бројот на жртвите. Од над 1.000 кои ги наведува во првиот извештај „Дер Тагесшпигел“, до над 5.000 загинати колку што споменува „Зиддојче Цајтунг“ во ударниот текст на насловната страница на двобројот, повикувајќи се на информации од Радио Белград и Танјуг. Според реномираниот дневен весник од Минхен „Југословенската влада веднаш со вонреден воз кон Скопје ги испратила сите расположливи средства за помош“. Како сведоштво за катастрофата „Зиддојче Цајтунг“ ја пренесува приказната на АП од Белград за двете германски туристки Ингеборг Вајс од Бремен и Ингеборг Шупке од Делменхорст кои со голема среќа ја избегнале смртта.

„Кусо по 5 часот го напуштивме хотелот Македонија за да одиме со автобус до аеродромот. Само што одминавме дваесеттина чекори почна да тресе. Потрчавме и видовме како хотелот во кој ноќевавме се урна како кула од карти. Се упативме кон плоштадот до камениот мост каде наидовме на голема група луѓе кои земјотресот ги разбудил од сон. Многумина не беа ни облечени. Не знаеме колку долго бевме на плоштадот, но знаеме дека не покри облак прашина од кој добри 15 минути ништо не се гледаше. Конечно го најдовме и автобусот што требаше да не одведе до аеродромот. Беше осамен и покриен со прашина и со камења од околните куќи. Конечно стасавме на аеродромот и стартувавме. Стјуардесата беше наметната со чаршаф зашто немаше време ни да се облече!?“.
На насловната страница на „Дер Тагесшпигел“ од 27 јули осамна текстот: „Македонскиот главен град по шест потреси – урнатина“. „Југословенскиот град Скопје, главниот град на Македонија со 122.000 жители, во петокот изутрината беше опустошен од катастрофален земјотрес. Според последните извештаи има над 1.000 загинати, а бројката на повредените е се’ уште нејасна: меѓу 6.000 и 8.000. Илјадници се водат за исчезнати. 75 проценти од градот е уништен. Многу граѓани останаа под урнатините на сопствените домови“, се вели во текстот каде посебно акцентот е ставен на урнатиот хотел „Нова Македонија“ каде имало 300 мртви.

Во дневниот весник од ГДР „Нојес Дојчланд“ насловниот текст на 27 јули е „Земјотрес го опустоши Скопје“.„Југославија е во знак на грозоморната природна катастрофа“, пренесеува весникот од Источен Берлин кој како извор ги користел информациите од Танјуг, наведувајќи дека катастрофалниот потрес траел меѓу 15 и 20 секунди, по што следувале уште три.

32946

Во деновите по катастрофалниот земјотрес германскиот печат и натаму ги пренесува впечатоците и сликите од кобното утро, но се осврнува и на посетата на Тито на Скопје, брзината на реагирањето, помошта која се упатувала од федерацијата, но и од светот. Во неделното издание на „Дер Тагесшпигел“ (Западен Берлин) од 28 јули два носечки текста на насловната страница „Нови потреси во Македонија“ и „ Надеж на човештвото“ се посветени на Скопје. Како се наведува во еден од нив „Сојузниот германски претседател Хајнрих Либке го замолил францускиот амбасадор во Бон, на југословенската влада да и’ го пренесе сочувството на гераманската влада. Со оглед на прекинатите дипломатски односи меѓу Бон и Белград, Франција ги застапувала интересите на Сојузна Република Германија во Југославија“.

Истиот ден „Берлинер Зајтунг“ (Источен Берлин) во текстот „Катастрофата на Скопје“ вели дека земјотресот го уништил третиот по големина град во Југославија .Како извор се користат проценките на белградска „Борба“: „загинале 2010 лица – од 200.000 жители на градот. Сликата на градот кој беше еден од најубавите и најстарите сега е грозоморна. Железничката станица е урнатина, Домот на армијата, банката, театарот, хотелите – ништо повеќе не постои. Претседателот на Министерскиот совет на ГДР, Ото Гротевол испратил телеграма на сочувство до Петар Стамболиќ, претседател на Сојузниот извршен совет на СФРЈ. Во рамките на владата на ГДР е формиран комитет за помош на жртвите од земјотресот. Како прва мерка ќе се организира испраќање транспорт со медикаменти, медицински апарати, санитетски материјал, шатори, кебиња. Се апелира за помош кои граѓаните може да ја уплатат како донација на посебна сметка.“

 

Тито во Скопје

„Околу 10.000 војници, полицајци, пожарникари, лекари, медицински сестри и техничари од сите страни на земјата вложуваат напори да ги погребаат мртвите и да им’ дадат прва помош на преживеаните. Децата се веќе евакуирани. Југословенскиот претседател Тито во саботата стаса во погодениот град за да стекне сопствена слика за потребните мерки за помош “ ( пренесува „Дер Тагесшпигел“).
Неделникот „Шпигел“ речиси седмица по катастрофата во текстот „Армијата не одговори“, критички се осврнува на спората реакција на народната армија, која била концентрирана на бугарската граница. Текстот „Шпигел“ го започнал со посетата на Тито на Скопје и неговиот дијалогот со Лазар Колишевски пред урнатините на хотелот „Македонија“. „Тито прашал: Тука како некој да заборавил да го армира бетонот? Лазар Колишевски, шеф на Југословенскиот народен фронт само беспомошно климнал со главата. Неговот лице уште повеќе се смрачило кога Претседателот препрашал: Зошто всушност тука никој не работи? Една катастрофа е навистина доволна. И сега уште овој хаос!“
И „Нојес Дојчланд“ известува: .„Тито во областа погодена со земјотрес“. Акцентот весникот, меѓутоа, го става на солидарноста:

Помошта за разурнатиот град стигнува од секаде. Од сите делови на Југославија во Скопје се упатени групи за помош кои пристигаат со авиони, со возови, со автомобили и багери. Во една фабрика за преработка на дрво во Марибор сите 1.800 вработени дарувале крв за Скопје. Вработените од фабриката за автомобили во истиот град (ТАМ) донирале три дневници. Во Сараево група швајцарски туристи дарувала крв. 12 шведски лекари го засилиле југословенскиот медицински тим, а бугарскиот Црвен крст испратил 40 лекари и 50 медицински сестри, како и вакцини, крв и санитетски материјал. Американскиот Црвен крст донирал 10.000 долари, како и плазма и лекови од Западна Германија. Шатори и кебиња пристигнале и од Норвешка“.

plostad_sloboda_po_zemjotresot_vo_skopje-800x580

Преселбата на Скопје била опција!

На 29 јули „Зуддојче цајтунг“ пренесува дека според изјавата на шефот на македонската републичка влада Александар Грличков „Југословенските и странските специјалисти проверуваат дали Скопје ќе биде обновено на истото место каде што е срамнето со земјата“. Иако се’ уште не била доенсена одлука, Грличков не ја исклучил опцијата: Скопје да биде обновено на друго, посигурно место. Пет дена подоцна, на 3 август „Дер Тагесшпигел“ пренесе: „Скопје нема да се пресели!“.
„Од земјотресот уништениот главен град на Македонија Скопје, ќе биде обновен на истото место, но ќе биде поголем и поубав. Оваа одлука во петокот ја донеле членовите на југословенската влада. Ова на претставниците на печатот им’ ја потврдил Генералниот југословенски конзул во Минхен, Крстиќ. Според видувањата на сеизмолозите нема закани од нови катастрофи. Една преселба не е возможна, зашто градот е извонредно значаен сообраќаен јазол . По расчистувањето на урнатините ќе бидат изградени ниски објекти. Модерното и ново Скопје ќе се протега пошироко од сегашните граници“, пренесе минхенскиот весник.

Во германскиот печат во првите седмици по катастрофата се провлекуваат и информации за помошта од страна на двете германски држави. Така до 6 август 1963 граѓаните на Сојузната република Германија донирале 600.000 германски марки за жртвите на Скопје. Освен ова Црвениот крст обезбедил уште прехрамбени производи во вредност од 300.000 марки. Активна била и Дијаконијата, а Баварија била ангажирала во градбата на бараки. Голем бил придонесот и на ДДР: покрај првата материјална помош, биле формирани работни групи кои требало да разработат програма за прифаќање на деца, млади и возрасни. Медиумите од двете германски држави инаку ја истакувале големата солидарност од светот и планот до почетокот на зимата за половина од населението на Скопје да се изградат живеалишта.

Меѓу бројните стории за Скопје вреди да се спомене и онаа на „Зиддојче Цајтунг“ во која земјотресот е повод да се опише дел од историјата на Македонија. Во текстот под наслов „Град на нови фабрики и стари минариња“, авторот Карл Е. Бухала потсетил дека со својата мудра политика Тито успеал да го деактивира фитилот на „бурето барут на Балканот“. На Скопје – авторот гледа како на град каде низ истријата се среќавале светови и кулури. „Само стотина метри ја делеле црквата Цв. Спас со прекрасниот ореов иконостас од турскиот амам од 15 век на Даут Паша со 13 куполи кој бил претворен во галерија“. Се споменуваат и Вардар, плоштадот со градската кафеана, старата чаршија, театарот, индустриските и станбени населби на периферијата, но и „Македонското прашање“, Балканските војни, поделбите, Пиринска и Егејска Македонија. И сето ова во викенд изданието на „Зиддојче Цајтунг“ од пред половина век (27-28 јули 1963).

„Викиликс“ објави 20 илјади имејла: Kако е местена победата на Kлинтон над Сандерс

Речиси една и пол година, од јануари 2015 до мај 2016, американската Демократска партија работела на дискредитирање на кампањата на нивниот кандидат, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, во корист на фаворизирање на кампањата на Хилари Kлинтон, пренесува ДНЕВНИК.

EA12283BF9432C41A894528A7EB9BFAD

За ова се доказ 20.000 имејла што ги објави „Викиликс“, во кои е очигледен огорчениот презир на Демократската партија кон Сандерс. Работата во корист на Kлинтон била завршена многу пред луѓето преку гласање да го кажат крајниот збор.

„Викиликс“ ги лансира имејловите во пресрет на првата партиска конвенција на демократите, која почна вчера во Филаделфија, Пенсилванија, на која се очекува поранешната државна секретарка на САД да биде официјално прогласена за демократски кандидат за американски претседател.

Содржината на пораките се преписки меѓу вработените во партијата, во кои тие расправаат на кој начин да се справат со популарноста на Берни Сандерс, нарекувајќи го предизвик на кандидатурата на Kлинтон. Па, така, наместо партијата да работи непристрасно, во интерес и на Сандерс како реален кандидат, всушност самите демократи свесно ~ го трасирале патот на Kлинтон до нејзино номинирање за претседателски кандидат.

Стратегија за рушење на Сандерс

На пример,. во еден од имејловите, испратен од заменик-директорот за комуникации на демократите, Ерик Вокер, кон неколкумина високи партиски функционери, тој им соопштува дека, всушност, Сандерс водел во Род Ајленд.

– Ако таа се покаже како посупериорна на ова избирачко место, тимот на Берни ќе полуди и ќе манифестира недолично однесување. Потоа веројатно ќе се жалат, пишува Вокер во електронската пошта.

Наместо објективен непристрасен партиски однос кон Сандерс, демократите разговараат за него со презир, но и за неговите гласачи не водејќи грижа дека всушност тоа се гласови и на контото на партијата.

– Се прашувам има ли воопшто добра приказна за Берни, неговата кампањата беше хаос, му пишува заменик-директорот на комуникации Марк Постенбах на својот претпоставен, Луис Миранда, како надоврзување на потегот на претседателката на Демократскиот национален комитет, Деби Васерман Шулц, која го оневозможи пристапот на Сандерсовиот тим до досиејата на гласачите во базата на податоци.

Друг синџир имејлови, пак, открива како Чак Тод од телевизијата MSNBC и членови од редовите на демократите заговараат на кој начин да се дискредитира повикот на Мика Бржежински од истоимениот медиум, Васерман Шулц да поднесе оставка.

Договаран поразот на Сандерс

Повеќето од објавените имејлови се на седум истакнати члена на партијата. По објавување на имејловите, адвокатската фирма Бек и Ли од Флорида поднесе тужба против Васерман Шулц и Демократската партија.

Во другите имејлови јасно е видливо како партијата се обидува со пари собрани, како што некои медиуми ја нарекуваат“ од „Kлинтоновата машина за перење пари“, да ~ наштетат на кампањата на Сандерс.

Без оглед на тактиката на прибирање финансиски средства, имајќи го предвид тоа дека и двете големи кампањи дадоа збор дека ќе стојат настрана од партиските фондови, самата партија требаше да се изземе наместо да работи само во корист на Kлинтон, констатираат низа медиуми.

Имејловите претставуваат крај за демократијата во Демократската партија, се вели во објавата на „Викиликс“, и доказ дека партијата е лично инволвирана во потиснување на Сандерсовата кампања и фаворизирање на Kлинтон.

– Повеќе гласови беа дадени за Kлинтон, ама само по иницијатива на врвот на партијата така што Сандерс не само што мораше да се бори против Kлинтоновата кандидатура, ами и против целиот естаблишмент на демократите. Гласачите почнуваат да стануваат свесни дека нивните гласови се од мала важност за лидерството – се вели во објавата на „Викиликс“.

Тимот на Сандерс барал приватен авион во замена за неговата поддршка кон Хилари

На 5 јуни во хотел во Лос Анџелес, каде што тимот на Сандерс ја минал ноќта за време на својата кампања, пронајден е т.н. меморандум со наслов „Kрај на играта“, во кој луѓето од тимот бараат приватен авион од ДП во замена за Сандерсовата поддршка кон Хилари кога по конвенцијата ќе треба да продолжи нејзината претседателска кампања во трката против кандидатот на републиканците – Доналд Трамп.

Ова е само уште еден од доказите дека и на самиот Сандерс му било јасно дека се работи во насока на намалување на моќта на неговиот кампус како што се наближувала големата национална конвенција.